вакцинирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 12:55:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вакцинирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе се укинат сите задолжителни мерки за Ковид-19 во Македонија, останува само препораката за вакцинирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-se-ukinat-site-zadolzhitelni-merki-za-kovid-19-vo-makedonija-ostanuva-samo-preporakata-za-vaktsinirane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-se-ukinat-site-zadolzhitelni-merki-za-kovid-19-vo-makedonija-ostanuva-samo-preporakata-za-vaktsinirane/#respond Mon, 08 May 2023 12:55:02 +0000 https://kurir.mk/?p=831839

Комисијата за заразни болести ќе му препорача на Министерството за здравство и на Владата да бидат укинати сите задолжителни мерки за Ковид-19, а тоа се задолжително носење маски во болниците, јавниот превоз, аптеките и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби. Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција рече дека ова следува по последниот состанок на Светската здравствена организација на која Советот за итности препорача укинување на итната состојба за Ковид-19. Предлогот се однесува и на тоа Ковидот да се третира како вообичаена заразна болест која ќе биде на ниво на другите болести. -Препорачуваме и понатаму луѓето кои ќе прават посети во болници или оние кои ќе се најдат во болница за каква било друга услуга или интервенција се уште да користат заштитни маски особено доколку се во високата ризична група на граѓани кои имаат повеќе болести, кои се над 65 год итн. бидејќи носењето маски ни укажа на тоа колку може да се превенираат интрахоспиталните инфекции, рече Мехмедовиќ. Тој информира дека се намалува бројот на заразени од Ковид-19 кои се регистрираат на неделно ниво, а рекордно најниско ниво на заболени од ковид е регистриран минатата недела-  66 заболени. Во последниот извештај нема починати, а оние кои се заразени се лесни случаи кои не се на респираторна поддршка. Ковидот, како што рече Мехмедовиќ, ќе остане да биде присутен меѓу нас, прогласување на крајот на сите мерки не значи дека веќе нема да го има и ќе треба да внимаваме. Се уште стојат препораките за вакцинација против Ковид-19. Според Мехмедовиќ, тоа е една од методите којашто не доведе во ситуација да направиме колективен имуминтет. На Комисијата се разговарало и за тоа во иднина како треба да се водат извештаите за Ковид-19 и дали треба да бидат тие на неделно или на месечно ниво.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-se-ukinat-site-zadolzhitelni-merki-za-kovid-19-vo-makedonija-ostanuva-samo-preporakata-za-vaktsinirane/feed/ 0
Француски ХАС препорачува вакцинирање на ризични групи лица против мајмунски сипаници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-has-preporachuva-vakciniranje-na-rizichni-grupi-lica-protiv-majmunski-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-has-preporachuva-vakciniranje-na-rizichni-grupi-lica-protiv-majmunski-sipanici/#respond Fri, 08 Jul 2022 15:26:53 +0000 https://kurir.mk/?p=702421

Француската национална здравствена управа (HAS) денеска препорача проширување на кампањата за вакцинација против мајмунски сипаници, нагласувајќи дека оние кои се изложени на најголем ризик од заразување со вирусот преку сексуален контакт треба да ја примат вакцината. Мажите кои имаат сексуални односи со други мажи и транс лицата кои имаат повеќе сексуални партнери треба да се вакцинираат, наведува ХАС, додавајќи дека вакцината треба да ја примат и лица кои се занимаваат со проституција. Досега ХАС препорачуваше само реактивна вакцинација, што значи дека штом ќе се потврди случај на мајмунска сипаница, вакцината треба да се даде на возрасни лица кои биле во контакт со заразеното лице. Со оглед на ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и тешкотиите во следењето на контактите на заразените лица, ХАС сега препорачува превентивна вакцинација за некои групи за кои вели дека се изложени на посебен ризик. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-has-preporachuva-vakciniranje-na-rizichni-grupi-lica-protiv-majmunski-sipanici/feed/ 0
Државата Флорида спротивно сојузните власти – нема да препорачува вакцинирање здрави деца против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drzavata-florida-sprotivno-sojuznite-vlasti-nema-da-preporachuva-vakciniranje-zdravi-deca-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drzavata-florida-sprotivno-sojuznite-vlasti-nema-da-preporachuva-vakciniranje-zdravi-deca-protiv-kovid-19/#respond Tue, 08 Mar 2022 07:20:22 +0000 https://kurir.mk/?p=643041

Здравствените власти на американската сојузна држава Флорида ќе постапуваат спротивно упатствата на Центарот за контрола и превенција на болести на САД најавувајќи дека нема да препорачуваат вакцинирање здрави деца против Ковид-19. Највисоките претставници на здравствениот сектор на Флорида пред медиумите нагласија дека таквата одлука се базира врз студии што покажуваат многу мал број смртни случаи од Ковид-19 кај здрави деца, но и зголемен ризик од појава на миокардитис кај млади лица последица на несакани ефекти од вакцинирањето. -Флорида ќе биде првата сојузна држава што официјално ќе застане против употребата на вакцини за Ковид-19 за здрави деца, изјави главниот државен хирург д-р. Џозеф Лападо. Студија со податоци од здравствените досиеја на државата Њујорк објавена минатата седмица сугерира дека вакцината на „Фајзер/Бионтек“ е помалку ефикасна во спречувањето на инфекцијата со Ковид-19 кај деца на возраст до 11 години отколку кај повозрасните млади, со намалување на хоспитализирањата за околу 50 отсто. Според Извештајот на Сојузната агенција за превенција на болести објавен во јануари, вакцината покажала 91-процентна ефикасност во спречувањето на ретки, но сериозни поствакцинални состојби кај децата. Тука пред се се посочуваат органски воспаленија како Мултисистемски воспалителен синдром регистриран поствакцинално кај млади на возраст меѓу 12 и 18 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drzavata-florida-sprotivno-sojuznite-vlasti-nema-da-preporachuva-vakciniranje-zdravi-deca-protiv-kovid-19/feed/ 0
Зголемен бројот на заразени ученици – Комисијата за заразни болести повика младите да се вакцинираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-zarazeni-uchenici-komisijata-za-zarazni-bolesti-povika-mladite-da-se-vakciniraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-zarazeni-uchenici-komisijata-za-zarazni-bolesti-povika-mladite-da-se-vakciniraat/#respond Tue, 15 Feb 2022 14:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=631716

Д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, по нејзиниот денешен состанок, истакна дека има зголемување на нови случаи на заболени со ковид-19 меѓу децата од шест до 14 години, главно меѓу оние кои ја следат наставата со физичко присуство, но нема простор за загирженост. – Апелираме буквално да се следат протоколите за настава со физичко пристуство, а учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето – подвлече Петличковски, соопштувајќи дека се отвораат дополнителни три пунктови за тестирање во Скопје – во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар. На овие пунктови тестирањата ќе може да се закажуваат од матичен лекар. Кумулативниот леталитет од ковид-19, од почетокот на болеста до денес, е три отсто, соопшти денеска претседателот на Петличковски. Како што рече, одговорајќи на новинарски прашања, во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци. -Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци – информира Петличковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-zarazeni-uchenici-komisijata-za-zarazni-bolesti-povika-mladite-da-se-vakciniraat/feed/ 0
Во соседството казна од 100 евра за сите лица постари од 60 години ако не се вакцинирани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sosedstvoto-kazna-od-100-evra-za-site-lica-postari-od-60-godini-ako-ne-se-vakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sosedstvoto-kazna-od-100-evra-za-site-lica-postari-od-60-godini-ako-ne-se-vakcinirani/#respond Fri, 14 Jan 2022 14:01:32 +0000 https://kurir.mk/?p=619371

Во Грција од недела стапува на сила нова епидемиолошка мерка. Владиниот портпарол Јанис Економу изјави за новинарите дека невакцинираните лица постари од 60 години ќе треба да плаќаат по 100 евра месечно. Тој објасни дека оваа мерка е неопходна, бидејќи девет од 10 смртни случаи од корона припаѓаат на таа возрасна група. Дополнително, седум од 10 интубирани пациенти во одделенијата за интензивна нега ковид се постари од 60 години. Осум од десет се невакцинирани, додава тој за „Економист“. Атина на крајот на ноември објави задолжителна вакцинација за лицата постари од 60 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sosedstvoto-kazna-od-100-evra-za-site-lica-postari-od-60-godini-ako-ne-se-vakcinirani/feed/ 0
Турција од денеска започнува имунизација со својата вакцина „Турковак“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-od-deneska-zapochnuva-imunizacija-so-svojata-vakcina-turkovak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-od-deneska-zapochnuva-imunizacija-so-svojata-vakcina-turkovak/#respond Thu, 30 Dec 2021 07:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=614733

Турција денеска почнува со аплицирање на турската вакцина против Ковид-19 Турковак, објави државната ТРТ Хабер, цитирајќи ги здравствените власти. Министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека вакцината може да се даде и како засилувачка доза, без разлика каква вакцина била дадена претходно. Оние кои сакаат да се вакцинираат со овој препарат можат да закажат термин во градските болници во државата од каде ќе започне вакцинацијата. И самиот Коџа вчера ја прими вакцината Турковак како засилувачка доза, заедно со членовите на специјализираниот научен совет за контрола на коронавирусот. Турската вакцина Турковак доби одобрение за итна употреба минатата недела. Со воведувањето на Турковак, Турција стана деветта земја во светот што произведува сопствена вакцина против КОВИД-19. Досега во државата се аплицирани 130.656.206 дози вакцина против коронавирус. Вкупно 56,87 милиони луѓе биле имунизирани со најмалку една доза, 51,53 милиони со две дози, а 18,34 милиони примиле трета доза вакцина додека 83,01 отсто од возрасната популација се вакцинирани со две дози, покажуваат официјалните статистички податоци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-od-deneska-zapochnuva-imunizacija-so-svojata-vakcina-turkovak/feed/ 0
Со ова темпо Африка ќе вакцинира 70% од населението дури во 2024 година, смета СЗО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-ova-tempo-afrika-kje-vakcinira-70-od-naselenieto-duri-vo-2024-godina-smeta-szo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-ova-tempo-afrika-kje-vakcinira-70-od-naselenieto-duri-vo-2024-godina-smeta-szo/#respond Tue, 14 Dec 2021 15:13:04 +0000 https://kurir.mk/?p=608433

Африка ќе успее да вакцинира 70 проценти од своето население дури до август 2024 година, покажуваат предвидувањата на Светската здравствена организација, која повторно побара да се забрза кампањата за вакцинација, која значи „спасување на многу животи“. Прагот од 70 проценти се смета за клучен за контрола на пандемијата, потсети Регионалната канцеларија на СЗО за Африка на денешната редовна онлајн прес-конференција. Но, до 13 декември, само дваесет африкански земји вакцинираа најмалку 10 проценти од населението, само шест достигнаа 40 проценти и две (Маурициус и Сејшели) 70 проценти. – Со оваа динамика, СЗО проценува дека ќе треба да се чека до мај 2022 година за Африка да има 40 отсто вакцинирани и до август 2024 година за да достигне 70 отсто, додаваат од Африканската канцеларија на СЗО. – Но, можеме да спасиме уште многу животи ако го забрзаме темпото на вакцинација на почетокот на 2022 година, рече регионалната директорка Матшидисо Моети. СЗО-Африка, исто така, додава дека минатата недела бројот на новозаразени со Ковид-19 скокнал за 83 отсто, што може да се припише на новата варијанта на омикрон, која првпат беше откриена на 24 ноември во Јужноафриканската република. Бројот на новозаразени се удвојува на секои пет дена, што е најбрзо темпо од почетокот на годината, предупредува СЗО, но додава дека сепак има „помалку смртни случаи“ од претходните бранови на епидемијата. „Бројот на починати е дури 19 отсто помал од претходната недела“, додава организацијата. „Сметаме, со внимателен оптимизам, дека бројот на смртни случаи и сериозни болести ќе остане низок во овој бран, но поради бавното темпо на вакцинација во Африка, тој ќе биде многу поголем отколку што треба“, рече Моети. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-ova-tempo-afrika-kje-vakcinira-70-od-naselenieto-duri-vo-2024-godina-smeta-szo/feed/ 0
БУРНИ РЕАКЦИИ: Матичните лекари контра владината мерка, народот изреволтиран: „Филипче ќе претерува до кога му се може“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/burni-reakcii-matichnite-lekari-kontra-vladinata-merka-narodot-izrevoltiran-filipche-kje-preteruva-do-koga-mu-se-moze-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/burni-reakcii-matichnite-lekari-kontra-vladinata-merka-narodot-izrevoltiran-filipche-kje-preteruva-do-koga-mu-se-moze-foto/#respond Wed, 01 Dec 2021 12:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=602468

30 денари од пациент за матичните лекари доколку 70% од нивните пациенти се вакцинираат. Оваа предлог одлука беше донесена официјално на 122-та Седница на Владата на Република Македонија, а има за цел да ги стимулира граѓаните да се вакцинираат. https://kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-oficijalno-donese-odluka-30-denari-po-vakciniran-pacient-za-matichnite-lekari/ Уште кога беше даден самиот предлог, во јавноста се појавија бурни реакции и критики како од народот така и од самите матични лекари кои сметаат дека ваквата одлука е понижувачка, несоодветна и крајно непристојна. Лекарите велат дека досега вршеле едукација врз своите пациенти околу вакцинацијата со цел да се заштитат, без притоа да бараат финансиски награди или слични стимулации.
- Матичните лекари ќе го добијат бонусот за пациентите кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 на крајот на пролетта – почетокот на летото 2022 година, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој кажа дека најголем број на пациенти кои ги има еден матичен лекар е 2.500, во просек околу 1.000 пациенти, и дека не е сума која треба да се занемари. Др. Анкица Станоевска излезе со контра предлог на оваа владина одлука:
- 30-те денари од вакциниран осигуреник наместо на сметка на ординациите да бидат подарени на Министерството за здравство и Фондот за да обезбедат бесплатни ПЦР тестови за пациентите, изјави таа за ТВ Сител.
Др. Станоевска вели дека нема лекар што за половина евро ќе убедува некој да прими вакцина а од друга страна две години матичните мака мачат како да стигнат до термини за тестирање на цели семејства кои немаат можност да одат на приватно. Очекува нејзините колеги да се согласат со предложеното. Лидија Чолакова Дервишова, претседателката на Сојузот на матични лекари гледа голема нелогичност во однос на како би го постигнале тоа, а и посочи дека немаат намера да прават нешто што е против законот и против уставот.
-Има докторка која почина три дена по примена вакцина, пациенти со хашимото, срцеви заболувања, автоимуни заболувања или едноставно лошо се чувствуваат после примена прва доза и кои не смеат да примаат вакцина. Здравјето на нашите пациенти и Хипократовата заклетва ни се на прво место, така што предлогот на Владата е непристоен, вели Дервишова. -Нашите пациенти две години слушаат корона и за вакцини така да доволно се информирани, доволно свесни, се консултираа изминатите две години, секој пациент со својот матичен лекар и нормално тие кои што сакаа и можеа се вакцинираа, дополнува таа.
Од друга страна, матичниот лекар и претседател на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти, доктор Ненад Лазаров, пак поставува прашање: „Топ шоп“ телеоператори треба да бидеме наместо лекари?
– Ниеден пациент не сум разубедил, а сум настапувал аргументирано. Ако не сака, не сака. Првото нешто што ќе ми го каже е ,,јас да се вакцинирам, а ти да кркаш 30 денари по пациент”. Не понижуваат, ни велат да потпишеме дека нема да им се случи нешто од вакцината. Како да му сугерирам некому да се вакцинира, навистина не ми е јасно. Како „Топ шоп“ телеоператори треба да бидеме наместо лекари. Не знам како би убедил некого да се вакцинира, од тие што се разубедени дека не сакаат, освен со рестрикции и ограничен пристап до јавни сервиси. Не сакаат најчесто од небулозни причини, а после кога ќе дојдат болни да ги лекувам, се каат, вели доктор Лазаров во изјава за порталот „Слободен печат“.
Тој додава дека не е во ред здравствените власти на матичните лекари да им ја префрлаат топката за неуспешно спроведената вакцинална кампања. Др. Лазаров претходно преку својот Фејсбук профил му порача на Министерот Филипче за 30 денари да дојде тој да натера некого за да вакцинира. Реакциите и критиките од македонскиот народ исто така не стивнуваат. Во продолжение неколку од многуте негативни коментари поставени по социјалните мрежи во врска со Владината одлука. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, до 27 ноември, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина. М.А.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/burni-reakcii-matichnite-lekari-kontra-vladinata-merka-narodot-izrevoltiran-filipche-kje-preteruva-do-koga-mu-se-moze-foto/feed/ 0
Владата официјално донесе одлука: 30 денари по вакциниран пациент за матичните лекари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-oficijalno-donese-odluka-30-denari-po-vakciniran-pacient-za-matichnite-lekari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-oficijalno-donese-odluka-30-denari-po-vakciniran-pacient-za-matichnite-lekari/#respond Tue, 30 Nov 2021 19:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=602144

Владата на Република Македонија денеска ја оддржа својата 122-та седница. Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од КОВИД-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата денеска донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-oficijalno-donese-odluka-30-denari-po-vakciniran-pacient-za-matichnite-lekari/feed/ 0
Еве колку македонски граѓани се вакцинирани во изминатите 24 часа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kolku-makedonski-gragjani-se-vakcinirani-vo-izminatite-24-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kolku-makedonski-gragjani-se-vakcinirani-vo-izminatite-24-chasa/#respond Tue, 16 Nov 2021 09:41:48 +0000 https://kurir.mk/?p=595987

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.961 дози вакцини, од кои 1.721 се аплицирани како прва доза, 1030 се ревакцинирани, а 2.210 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 15 ноември вкупно се вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kolku-makedonski-gragjani-se-vakcinirani-vo-izminatite-24-chasa/feed/ 0