валандово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Aug 2023 14:06:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png валандово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЈП “Комунален сервис“ – Валандово тоне во долгови https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jp-komunalen-servis-valandovo-tone-vo-dolgovi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jp-komunalen-servis-valandovo-tone-vo-dolgovi/#respond Tue, 22 Aug 2023 14:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=869644

Срамно, жално и неодговорно... Многу епитети можат да се кажат за работењето на ЈП „Комунален сервис“ - Валандово од доаѓањето на “живот“ во  Валандово.  На денешната седница на Совет, на јавното претпријатие му беа доделени два милиони денари за да се плати струјата која ЕВН сака да ја исклучи, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ Валандово. Струјата на ова претпријатие веќе два пати досега била исклучувана.  ЈП „Комунален сервис“ тоне во долгови од 2018-та година. Во продолжение слушнете ги деталите од прес-конференцијата: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jp-komunalen-servis-valandovo-tone-vo-dolgovi/feed/ 0
На 28 мај ќе се одржи 36. издание на Фолк фест „Валандово“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-28-maj-ke-se-odrzhi-36-izdanie-na-folk-fest-valandovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-28-maj-ke-se-odrzhi-36-izdanie-na-folk-fest-valandovo/#respond Wed, 17 May 2023 13:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=835374

Триесет и шестото издание на Фолк фест „Валандово“ ќе се одржи на 28 - ми овој месец во фестивалската сала „Јанко Узунов“, а на фестивалската сцена ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски песни. Ова беше соопштено на денешната прес конференција што се одржа во Валандово, на која беа споделени информациите за Фестивалот и за тоа до каде се подготовките за ова издание. Според градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, подготовките течеле во најдобар ред. -Фолк фест „Валандово“ е национална вредност, Фестивалот е македонскиот идентитет и практично тоа го покажува низ песните кои на секоја веселба, па дури и тага во државата се составен дел.Сите ние сме растеле со фестивалот и затоа наша обврска е да го негуваме и развиваме и колку што е можно Фестивалот да биде се подобар. За Валандово е една од најзаначајните манифестации, бидејќи кога ќе се спомне Валандово се мисли на Фолк фест и затоа е значењето е, би рекол, историско, рече валандовскиот градоначалник. Тој информираше дека пред главната фестивалска вечер е планирано да се одржат две воведни вечери на Градскиот плоштад на 26 и 27 мај. -На овие вечери ќе настапат „Распеани валандовчани“, Јоце Панов, Жељко Самарџиќ, Ефто Пупиновски, Ана Бекута и „Куку леле“. Се надевам дека ќе имаме добра предфестивалска програма, којашто ќе биде вовед во 36.издание на Фестивалот, додаде Костадинов. Уметничкиот директор на Фестивалот, Живоин Глишиќ, информираше дека на Јавниот конкурс пристигнале повеќе нови песни, а жирито одбрало 20. -Не е лесно да се изберат композиите за фестивалот. Можеби некоја нема да биде избрана и затоа некои композиции си го наоѓаат местото, а некои не, но секогаш има место за добри композиции, рече Глишиќ. Тој објави дека наградата за животно дело годинава ќе му се додели постхумно на пејачот Ѓоко Дончев, а во паузата на гласањето на фестивалската вечер ќе биде изведен омаж за починатиот музичар, Милан Завков. На денешната прес конференција со жребка беше одреден редоследот на настапите на исполнителите, а наградите се доделуваат со гласање на публиката во салата и стручното жири. И годинава водители на Фолк фест „Валандово“ се Ирена Спировска и Ѓорги Калајџиев, со директен пренос на МРТВ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-28-maj-ke-se-odrzhi-36-izdanie-na-folk-fest-valandovo/feed/ 0
Земјотрес попладнево регистриран во Валандово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zemjotres-popladnevo-registriran-vo-valandovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zemjotres-popladnevo-registriran-vo-valandovo/#respond Sat, 08 Oct 2022 16:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=742906

Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14 часот и 19 минути на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Богданци, Струмица, Валандово и околината]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zemjotres-popladnevo-registriran-vo-valandovo/feed/ 0
Македонски доктор доброволно замина за да им помага на бегалците од Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-doktor-dobrovolno-zamina-za-da-im-pomaga-na-begalcite-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-doktor-dobrovolno-zamina-za-da-im-pomaga-na-begalcite-od-ukraina/#respond Tue, 08 Mar 2022 13:11:34 +0000 https://kurir.mk/?p=643346

Докторот Даниел Кировски од Валандово замина на граничниот премин меѓу Бугарија и Романија за да им пружа медицинска помош на бегалците од војната во Украина, каде ситуацијата ескалира и принудува се поголем број луѓе да ги напуштаат своите домови. Националната асоцијација на доброволците собрала над 70 лекари, меѓу нив и валандовчанецот, д-р Кировски, кои доброволно и бесплатно ги прегледуваат и им пружаат медицинска помош на бегалците од кризните региони во Украина кои пристигнуваат во прифатните центри на границата меѓу Бугарија и Романија. -Од долгото и мачно патување бегалците најчесто имаат проблеми со алергии, респираторни болести и дијареа, но голем број од нив имаат и онколошки како и ревматични болести. Се надеваме дека оваа војна што побрзо ќе заврши, а со неа и бегалските маки, рече д-р Кировски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-doktor-dobrovolno-zamina-za-da-im-pomaga-na-begalcite-od-ukraina/feed/ 0
Приведено младо лице од Валандово, за него била распишана потерница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-mlado-lice-od-valandovo-za-nego-bila-raspishana-poternica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-mlado-lice-od-valandovo-za-nego-bila-raspishana-poternica/#respond Wed, 01 Dec 2021 08:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=602322

На 30.11.2021 во 16.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги - Скопје, на место викано „Горно село“, Општина Богданци, го лишија од слобода Н.А.(24) од Валандово. За него била распишана Централна потерница за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија. Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-mlado-lice-od-valandovo-za-nego-bila-raspishana-poternica/feed/ 0
До 17 часот во Валандово, Гевгелија и Дојран гласале над 50 отсто од граѓаните https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-17-chasot-vo-valandovo-gevgelija-i-dojran-glasale-nad-50-otsto-od-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-17-chasot-vo-valandovo-gevgelija-i-dojran-glasale-nad-50-otsto-od-gragjanite/#respond Sun, 17 Oct 2021 16:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=580893

Во општина Гевгелија, заклучно со 17 часот, според информацијата на ОИК, на избирачките места излегле 52,9 отсто од евидентираните граѓани со право на глас или 10.096 граѓани од вкупно 19.076 колку што се запишани во гласачкиот список. Претседателот на ОИК, Митко Ризов, истакна дека на избирачкото место 0345 гласањето после 19 часот ќе биде продолжено за еден час и 40 минути колку што утрово било прекинато поради проблеми со апаратот за биометриско отчитување на податоци. На останатите 35 избирачки места во општина Гевгелија за Локалните избори гласачкиот процес ќе заврши во 19 часот. Во општина Валандово, од запишаните 9.992 граѓани до 17 часот на 24 избирачки места гласале 5.229 граѓани, односно 52,34 отсто, а во општина Богданци излезноста изнесува 48,65 отсто, поточно на гласање на 12 избирачки места излегле 3.218 граѓани. Во најмалата по број на жители општина Дојран, процентот на излезност изнесува 62,34 отсто или гласале 1.669 од вкупно запишаните 2.678 граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-17-chasot-vo-valandovo-gevgelija-i-dojran-glasale-nad-50-otsto-od-gragjanite/feed/ 0
Мицкоски: Создаваме нова иднина основана на надеж и шанси за обичниот човек https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-sozdavame-nova-idnina-osnovana-na-nadez-i-shansi-za-obichniot-chovek/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-sozdavame-nova-idnina-osnovana-na-nadez-i-shansi-za-obichniot-chovek/#respond Thu, 07 Oct 2021 19:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=575044

Од власта видовме баш се, и чувме баш се. Ама програма не видовме. Како велат дека се најдобри а немаат ниту програма. Напишале некои скрипти од 4-5 страни и излегуваат без програма на избори. Мислат раката на срце и се завршила работата. Сигурно кога седнале да се подготвуваат за избори си рекле, што ќе ни е програма кога немаме ниту отчет, зошто и за едното и за другото треба да се помачат, вели Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг од Валандово. Мицкоски рече дека програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија содржи 14.835 проекти, повикувајќи ги граѓаните да создадат нова иднина, иднина основа на надеж и шанси за обичниот човек. -Програмите кои ние ги нудиме содржат вкупно 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Поточно, гарантираме изградба или реконструкција на 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини, дигитализација за ефикасни општини и многу други конкретни дела, рече тој. Затоа нам ни треба да создадеме нова иднина. Нова иднина основана на надеж и шанси за обичниот човек. Надежта е способност да се види светлината и покрај сите темнини. Иднина и надеж која ќе донесе промени, проекти и победи. Иднина која ќе стави крај на сите порази и неуспеси во изминатите години.Иднина и надеж која ќе ја смени сликата за македонската политика. Иднина и надеж која ќе ги направи општините да им служат на народот. Иднина и надеж која ќе значи почит за земјоделецот. Иднина и надеж каде работникот ќе биде повисоко од политичарот, порача Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-sozdavame-nova-idnina-osnovana-na-nadez-i-shansi-za-obichniot-chovek/feed/ 0
Мицкоски: Не верувајте на оние изјави на Заев со кои ја плаши јавноста дека ако дојде ВМРО ќе се кара со соседите, тоа е порака на очајник https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-ne-veruvajte-na-onie-izjavi-na-zaev-so-koi-ja-plashi-javnosta-deka-ako-dojde-vmro-kje-se-kara-so-sosedite-toa-e-poraka-na-ochajnik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-ne-veruvajte-na-onie-izjavi-na-zaev-so-koi-ja-plashi-javnosta-deka-ako-dojde-vmro-kje-se-kara-so-sosedite-toa-e-poraka-na-ochajnik/#respond Thu, 07 Oct 2021 19:18:35 +0000 https://kurir.mk/?p=575031

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Валандово порача да не се верува во зборовите на Заев дека доколу ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт дека ќе се скара со соседите, порачувајќи дека тоа се пораки на очајник. -И не верувајте на оние изјави на Заев со кои ја плаши јавноста дека ако дојде ВМРО ќе се кара со соседите. Тоа е порака на очајник. Тоа и сега коленичи и има пуста желба дека со некакво волшебно стапче од надвор ќе биде спасен, рече Мицкоски. -Јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме најдобри односи со соседите, затоа што ќе ги почитуваме, но нема да ги лажеме дека се ќе им потпишеме и нема да се срамам да барам да не почитуваат и тие нас. Затоа барам и реципроцитет, за се што бараат од нас, дециден е Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-ne-veruvajte-na-onie-izjavi-na-zaev-so-koi-ja-plashi-javnosta-deka-ako-dojde-vmro-kje-se-kara-so-sosedite-toa-e-poraka-na-ochajnik/feed/ 0
Мицкоски: Заев отвори 1000 проблеми, кога потпишуваше договори не гледаше подалеку од носот и влезе во тежок офсајд, распродавајќи идентитет, историја, нешто кое никој претходно не го направил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-otvori-1000-problemi-koga-potpishuvashe-dogovori-ne-gledashe-podaleku-od-nosot-i-vleze-vo-tezok-ofsajd-rasprodavajkji-identitet-istorija-neshto-koe-nikoj-prethodno-ne-go-napravil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-otvori-1000-problemi-koga-potpishuvashe-dogovori-ne-gledashe-podaleku-od-nosot-i-vleze-vo-tezok-ofsajd-rasprodavajkji-identitet-istorija-neshto-koe-nikoj-prethodno-ne-go-napravil/#respond Thu, 07 Oct 2021 18:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=574991

Се однесува како опозиција, а го опљачка народот. Се расправа за некое минато време кое никогаш нема да се врати, како што и неговото нема да се врати после 17-ти октомври. Тој е во минатото, и се бори со замислени ветерници и затоа изгледа отсутно. Неговото мало сутра, таков тип на примитивизми не врви повеќе, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Валандово. Тој додаде дека Зоран Заев отворил 1000 проблеми, потпишувајќи договори распродавајќи го идентитетот и историјата, нешто што никој претходно не се осмелил да го направи. -Впрочем тој отвори 1000 проблеми и во моментот кога храбро и лесно потпишуваше договори не гледаше подалеку од носот и не можеше да предвиди дека влегува во тежок офсајд, распродавајќи идентитет, историја, нешто што никој претходно не го направил, вели Мицкоски. -Заев ги создаде проблемите со Бугарија а викаше дека ќе не внесе во ЕУ, само договорот да се потпише. 52 месеци, речиси 5 години истите работи. Креира тензии во општеството преку амнестирање на криминалот и заедно со ДУИ се истото лице и опачина, изјави Мицкоски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-otvori-1000-problemi-koga-potpishuvashe-dogovori-ne-gledashe-podaleku-od-nosot-i-vleze-vo-tezok-ofsajd-rasprodavajkji-identitet-istorija-neshto-koe-nikoj-prethodno-ne-go-napravil/feed/ 0
Узунов: Создаваме нова иднина – Индустриска зона во Валандово и прочистителна станица се меѓу приоритетите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-sozdavame-nova-idnina-industriska-zona-vo-valandovo-i-prochistitelna-stanica-se-megju-prioritetite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-sozdavame-nova-idnina-industriska-zona-vo-valandovo-i-prochistitelna-stanica-se-megju-prioritetite/#respond Thu, 07 Oct 2021 18:28:59 +0000 https://kurir.mk/?p=574979

Во следните четири години ќе ја водам општината со реален концепт и суштински развој на економски, општествен, културен, и спортски план, со правилен пристап во користењето на ресурсите и можностите. Најпрво ќе направиме анализа и ревизија за тоа како е работено до сега, да знаеме каква е реалната состојба во општината, за потоа да се изгради динамика за реализација на програмата. Начелата од кои ќе се водам ќе бидат чесност, посветеност, и отчетност, а во раководењето на општината ќе бидам искрен, темелен, и ефикасен, порача Тони Узунов кандидат за градоначалник на општина Валандово на денешниот митинг. Узунов, вети дека уште во првите 100 дена ќе започне со реализација за уредување на изворски дол од Градскиот пазар месноста Извор. Она по што се разликува нашата програма е остварливоста и како извадок од истата би навел дека во првите 100 дена ќе започнеме со реализација за уредување на изворски дол од Градскиот пазар до месноста Извор со регулирање на суводолицата како кеј со придружни, урбани, партерни и хортикултурни содржини. Реконструкција на фудбалското игралиште во Брајковци, во мултифункционален спортско рекреативен објект и Уредување на пешачката патека во населеното место Марвинц, рече Узунов. Узунов вети и индустриска зона, пречистителна сала, спортска сала во склоп на училиштето, нов извор за водоснабдување, доизградување и модернизација на водоводниот систем, атмосферска канализација, повеќенаменско детско игралиште во Чалакли и многу други проекти за граѓаните во сите населени места во Валандово. Оваа програма е само почеток на суштинскиот развој, која континуирано ќе се надоградува. Еве само дел од проектите. Индустриска зона во месноста „СУВА РЕКА“ , зона за „МАЛО СТОПАНСТВО“, проект „ПОЛСКИ ПАТ“ и проекти за поддршка на земјоделецот, бидејќи од кафулиња и фонтани не се живее. Изградба на административен станбено-деловен комплекс во зградата позната како „НОВО СОБРАНИЕ“, систем за греење и ладење во спортската сала во Валандово, пречистителни станици. За Пирава - капела со придружна просторија, Спортска сала во склоп на училиштето, реновирање на младински дом. За Јосифово - нов извор за водоснабдување, доизградување и модернизација на водоводниот систем, атмосферска канализација. За Удово - изградба на трибина и реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен, повеќенаменско детско игралиште, и решавање на проблемот со атмосферските води. За бојмиските села - реконструкција на фудбалско игралиште, и подобрување на водоснабдувањето во сите села. Канализациски системи во Раброво, Грчиште, и Горна Маала. Повеќенаменско детско игралиште во Чалакли. Уредување на просторот до џамијата во Башибос. Асфалтирање на улици во Дедели и Казандол. Предвидени се проекти од секторите култура, спорт, образование, животна средина, социјална заштита, туризам, потенцираше Узунов. Узунов ја побара поддршката, порачувајќи дека има визија и решение како Валандово да стане енергетско независна општина. Ова се само дел од проектите во програмата и може уште долго да ги редам, но надвор од неа имам визија и решение како Валандово да стане енергетски независна општина без надомест за улично осветлување и уште многу други работи, изјави Узунов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-sozdavame-nova-idnina-industriska-zona-vo-valandovo-i-prochistitelna-stanica-se-megju-prioritetite/feed/ 0