валентин манасиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Mar 2023 12:39:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png валентин манасиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Манасиевски: Му подаруваме реквизити за антистрес терапија на вицепремиерот Груби и упатуваме порака за поддршка и понуда за помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-mu-podaruvame-rekviziti-za-antistres-terapija-na-vitsepremierot-grubi-i-upatuvame-poraka-za-poddrshka-i-ponuda-za-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-mu-podaruvame-rekviziti-za-antistres-terapija-na-vitsepremierot-grubi-i-upatuvame-poraka-za-poddrshka-i-ponuda-za-pomosh/#respond Sun, 12 Mar 2023 12:39:20 +0000 https://kurir.mk/?p=810954

(Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Валентин Манасиевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ) Вицепремиерската функција и успешното водење на најважното министерство во државата бараат големи напори и вистинска жртва. Многупати, оваа жртва во интерес на граѓаните се манифестира преку појава на нервоза и стрес. Сериозно сме загрижени за овие појави кај премиерот, простете, првиот вицепремиер, господинот Артан Груби. Сигурни сме дека макотрпната работа во интерес на народот и двоењето од својот џеб влијаат на неговото здравје и токму поради тоа упатуваме поддршка и нудиме помош. Како човек не би бил под стрес, кога како успешен претприемач и иноватор истовремено раководи со десетици бизниси. Како човек би бил целосно мирен кога во својот живот е оставен само со огромен фамилијарен дуќан на улица Македонија, еден скромен хотел на Попова Шапка, а единствени приходи обезбедува од провизии за минијатурни проекти како изградба на автопати. Почитуван г. Груби. Веруваме дека човек кој храбро се бори за иднината на Македонија, без притоа да има личен бенефит, не треба да се остави да ги помеша спомениците на Адем Јашари и Дража Михајловиќ. Послужете се со оваа антистрес терапија и бидете сигурни дека младите секогаш ќе бидат на ваша страна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-mu-podaruvame-rekviziti-za-antistres-terapija-na-vitsepremierot-grubi-i-upatuvame-poraka-za-poddrshka-i-ponuda-za-pomosh/feed/ 0
Манасиевски: УМС му спреми пакетче на директорот на ФЗОМ, топка, сет кофички и лопатки за да си заигра на убавите песочни плажи на Атлантикот, додека тука системот крахира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-ums-mu-spremi-paketche-na-direktorot-na-fzom-topka-set-kofichki-i-lopatki-za-da-si-zaigra-na-ubavite-pesochni-plazhi-na-atlantikot-dodeka-tuka-sistemot-krahira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-ums-mu-spremi-paketche-na-direktorot-na-fzom-topka-set-kofichki-i-lopatki-za-da-si-zaigra-na-ubavite-pesochni-plazhi-na-atlantikot-dodeka-tuka-sistemot-krahira/#respond Sat, 25 Feb 2023 10:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=804895

Додека здравствените работници скоро 2 месеци не можеа да земат плата, додека системот на податоци беше хакиран, додека пациенти секојдневно умираат поради неспособноста на власта за купување на лекови, додека млади лекари си заминуваат на работа во странство, директорот на ФЗОМ во ова време невреме заминал на одмор во САД, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски 0д ВМРО-ДПМНЕ. Не знаејќи како да се соочи со реалноста, на директорот Фатон Ахмети најлесно му било да оди во САД и сето ова време да седи на плажа, пиејќи коктели и да игра со песок. Затоа, ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска спремивме едно пакетче за директорот. Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му здосади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото и да го загубиме и за крај чадор и крема за сончање за да не му изгори кожата бидејќи неговата кожа е поскапа од кожата на македонските граѓани, истакна Манасиевски. Власта на СДС - ДУИ и нивниот кадар не ги интересира животот на граѓаните. Додека тонеме на секое поле од општеството, овие мислат само на луксуз и лични интереси, додаде тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-ums-mu-spremi-paketche-na-direktorot-na-fzom-topka-set-kofichki-i-lopatki-za-da-si-zaigra-na-ubavite-pesochni-plazhi-na-atlantikot-dodeka-tuka-sistemot-krahira/feed/ 0
Манасиевски: Ние младите нема НЕМО да стоиме на страна и да бидеме НЕМИ набљудувачи, ќе кажеме НЕ на францускиот предлог и пад на оваа ненародна влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-nie-mladite-nema-nemo-da-stoime-na-strana-i-da-bideme-nemi-nabljuduvachi-kje-kazeme-ne-na-francuskiot-predlog-i-pad-na-ovaa-nenarodna-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-nie-mladite-nema-nemo-da-stoime-na-strana-i-da-bideme-nemi-nabljuduvachi-kje-kazeme-ne-na-francuskiot-predlog-i-pad-na-ovaa-nenarodna-vlada/#respond Wed, 13 Jul 2022 19:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=704736

„Низ историјата, Македонија постојано се борела за независна држава. Сите сакале да ја распарчат и да ја уништат. Секој сакал да зграби што поголем дел од Македонија. А, сега, некој одвнатре сака тоа да ни го земе! Да не порекне! ЕПА НЕМА ДА ВИ ДОЗВОЛИМЕ. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, Крсте Мисирков, Цар Самоил, Гоце Делчев, Браќата Миладиновци, Јане Сандански, Дамјан Груев, Питу Гули, Панко Брашнаров, Петре Пирузе, Чернодрински, Ченто, оставиле македонски печат на МАКЕДОНСКАТА историја и тоа никој не може да го смени. Биле, се и ќе бидат МАКЕДОНИЈА! Без нив, ништо од ова денес немаше да го имаме“, нагласи Валентин Манасиевски на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Манасиевски посочи дека владата во Софија, е таа која денес го спори јазикот, идентитетот, а истите тие биле сојузници на фашистите.

„Истите тие кои сакаат да ни ја земат историјата, тие се бореа против нас пред повеќе од 50 години. Тие никогаш нема да бидат администратори. Тие сакаат да ја нема Македонија и да ја нема нашата историја, бидејќи сме трн во нивните очи! Нашата богата историја покажува колку е нивната слаба. Колку секогаш тие биле на погрешната страна“, рече Манасиевски.

Тој истакна дека Гоце Делчев рекол дека ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи од Македонија, тој се лаже и себеси и другите. Затоа денес е потребно востание на умот, на разумот, на демократијата. Ова е историски момент – но за себе и на светот да му се покаже дека граѓаните не сме мали во умот, дека не се македончиња, туку горди Македонци.

„Ова не се протести само за просто отфрлање на францускиот предлог, ова се и ПРОТЕСТИ ЗА ПАД НА ОВАА АНТИМАКЕДОНСКА ВЛАДА!!! Какви Македонци се овие од Владата? Каков Македонец е Маричиќ? Каков Македонец е Османи? Каков Македонец е Ковачевски? Што направија тие истите за младите изминативе скоро шест години!? Освен срам, депресија, безпарица, преживување, зголемена младинска невработеност, зголемено иселување? Што направија!? НИШТО! Ама буквално ништо! Не можат да се пофалат со ниту една странска инвестиција! Ниту со нови работни места! Ниту со подобра иднина на младите! ОВИЕ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ НЕРАБОТНИЦИ И НАЈНЕСПОСОБНИ ЛУЃЕ ШТО МАКЕДОНИЈА ГИ ИМАЛА НЕКОГАШ“, нагласи Манасиевски.

Тој потсети дека пред неколку години, истата оваа власт, вети враќање на младите во Македонија! А, сега истите тие, ќе ги ОСТАВАТ МЛАДИТЕ БЕЗ СОПСТВЕНА ДРЖАВА! Како да не се исселуваат младите, кога го губат чувството на припадност кон својата држава поради националното обезличување што овие го приредуваат години наназад!

„Ние младите нема НЕМО да стоиме на страна и да бидеме НЕМИ набљудувачи. Активно ќе бидеме вклучени, да кажеме НЕ на францускиот предлог и пад на оваа ненародна влада! Ние младите ќе бидеме водачи на овие процеси! МЛАДИТЕ ЌЕ СИ ЈА ЗАШТИТАТ ДРЖАВАТА! ЗА ДА ИМАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА! ТУКА ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО МАКЕДОНЦИ, КОИ ГОВОРАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК! Затоа, ги повикувам сите млади да ни се приклучат и рамо до рамо да бидеме во првите редови“, потенцира Манасиевски.

„Браќа и сестри, во ова време невреме, кога сакаат да ни го одземат идентитетот, јазикот, достоинството, потребно ни е обединување. И леви и десни. И мажи и жени. И млади и стари. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати. Сите треба да бидеме едни до други. Бидејќи тука сме родени и растени. Сме се образувале, заљубувале, играле, радувале, тажеле. Ова парче земја ни дало се што ни е потребно во животот. Е сега е време и ние да и вратиме на нашата татковина! Ние не сме ниту Грци, ниту Бугари! Ние сме горди Македонци и тоа така ќе остане! Не сакам моето дете да остане без држава! Не смееме да дозволиме нашите поколенија да бидат ништо друго освен горди Македонци! Сите заедно да упатиме јасна порака! Не за францускиот предлог! Не за бугарскиот предлог! Не за ултиматуми! Не за менување на историјата и учебниците! ЕДНО ГОЛЕМО ДА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА“, повика Манасиевски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-nie-mladite-nema-nemo-da-stoime-na-strana-i-da-bideme-nemi-nabljuduvachi-kje-kazeme-ne-na-francuskiot-predlog-i-pad-na-ovaa-nenarodna-vlada/feed/ 0
Манасиевски: За Ковачевски златни чинии, за народот скапа струја и недостаток на парно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-za-kovachevski-zlatni-chinii-za-narodot-skapa-struja-i-nedostatok-na-parno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-za-kovachevski-zlatni-chinii-za-narodot-skapa-struja-i-nedostatok-na-parno/#respond Sat, 15 Jan 2022 11:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=619626

Свесни за кризата во која се наоѓа државата, како одговорни граѓани решивме и ние да донесеме подарок на мандатарот Ковачевски. Доволно добивавме подароци од власта во форма на поскапена струја, поскапено парно, поскапени производи во маркетите, решивме и ние да вратиме, изјави денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст од изјавата на Манасиевски: -Почитувани медиуми, почитувани граѓани на Македонија, Свесни за кризата во која се наоѓа државата, како одговорни граѓани решивме и ние да донесеме подарок на мандатарот Ковачевски. Доволно добивавме подароци од власта во форма на поскапена струја, поскапено парно, поскапени производи во маркетите, решивме и ние да вратиме. Бидејќи јавноста дозна дека владата набавува нов прибор за јадење со позлатени чинии, лажици, виљушки, ножеви за новиот мандатар, ние решивме да ги поштедиме од трошоци и таквиот прибор да му го подариме во име на граѓаните. Еве владата не мора да троши 37 илјади евра, кои се рамни на 140 месечни плати на еден работник, туку нека го искористи овој позлатен прибор, ако веќе премиерот мора да јаде со златни лажички, виљушки, чинии. Слатки нека му се октоподот, шкампите, лигњите и бранцинот во новите позлатени чинии. Народот можеби во својот дом ќе нема греење, можеби ќе нема леб, ама луксузот во владиниот кабинет не смее да трпи. Одговорноста на народот е голема и затоа ќе воведе мерки на народно штедење, ќе се откаже од поскапената храна, ќе се покрива со јамболии, ќе плаќа поскапи сметки, но овие чинии никогаш не смеат да останат празни. Доволно ќе биде мандатарот Ковачевски секогаш кога ќе јаде од полните златни чинии да се сети барем на миг на овој народ кој сето тоа му го овозможил. На народот му остана шегата, за да не заплаче. Велат секоја шега е половина вистина, но овој пат тоа е полна и болна вистина, рече Манасиевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-za-kovachevski-zlatni-chinii-za-narodot-skapa-struja-i-nedostatok-na-parno/feed/ 0
Манасиевски: Денешните избори во СДСМ се севернокорејска демократија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-deneshnite-izbori-vo-sdsm-se-severnokorejska-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-deneshnite-izbori-vo-sdsm-se-severnokorejska-demokratija/#respond Sun, 21 Mar 2021 11:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=485578

Со денешните избори во СДСМ севернокорејската демократија се повеќе и повеќе продира во Македонија. Кој сака, нека честита, изјави денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека никој во СДСМ не смеел да се спротивстави на единствениот кандидат на изборите, Зоран Заев. -Затоа 69-те илјади гласачи на СДСМ денес на гласачкото ливче имаат едно име кое мора да го заокружат. Ако не го заокружат, веројатно им следи службена белешка од партиското обвинителство и суд и престој на современиот Голи Оток. Како во најдобрите времиња на комунизмот и тоталитаризмот, партијата која се нарекува демократска одржува избори на кои се гласа за само еден кандидат. Онака како што СДСМ ја гледа демократијата во својата партија, така ја гледа и во државата. Затоа не ја води Македонија кон ЕУ, туку ја води кон Северна Кореја, истакна Манасиевски. *Зоран Заев денес не само што е единствениот кандидат и единствениот претседател, веројатно е и единствениот потпретседател, генерален секретар, и веројатно единствен домар во седиштето на Социјал демократскиот сојуз на севернокорејска Македонија. *По ист принцип Зоран Заев ја води и Владата на Република Македонија. Не само што е премиер, туку е и нагазувач на судството, креатор на хаосот во финансиите, координатор на партизираните органи на државата, веројатно координатор и на посредниците во набавката на вакцините и воедно единствен и главен виновник за состојбата во која се наоѓа државата денес. -На гласачите кои на ливчето имаат да бираат меѓу Зоран и помеѓу Заев им честитаме за поддршката на севернокорејската диктатура и режимот кој веќе не е ниту хибриден. Им порачуваме дека вакви избори со еден кандидат недемократите од СДСМ може да си одржуваат на секои 2-3 недели и да си го бираат Заев, но наскоро ќе дојде денот кога ќе мора да се соочат со вистинската волја на граѓаните и поразот на катастрофалните политики на нивниот црпнат диктатор. Како симбол на обидот за воведување севернокорејска диктатура во Македонија, пред владата го оставаме ова уметничко дело наречено „Споменик на лудилото“, кое треба да ги потсети и сите кои денес го гласаат единствениот кандидат, но и сите кои некогаш му верувале на овој човек, за каков човек се работи и какви вредности промовира и пропагира. Севернокорејска диктатура во Македонија, никогаш повеќе, вели Манасиевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-deneshnite-izbori-vo-sdsm-se-severnokorejska-demokratija/feed/ 0
Манасиевски: Еден лист од тревата на Шилегов на плоштад чини 1 евро, затоа му даваме цела тепсија со трева која чини помалку од евро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-eden-list-od-trevata-na-shilegov-na-ploshtad-chini-1-evro-zatoa-mu-davame-cela-tepsija-so-treva-koja-chini-pomalku-od-evro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-eden-list-od-trevata-na-shilegov-na-ploshtad-chini-1-evro-zatoa-mu-davame-cela-tepsija-so-treva-koja-chini-pomalku-od-evro/#respond Sat, 16 May 2020 13:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=346602

Денеска сме пред објектот на градот Скопје, дојдовме бидејќи чувме дека градоначалникот Петре Шилегов и покрај тоа што е љубител на многу земски задоволства е љубител и на скапа зелена трева, по примерот на онаа наседена во стогиот центар на градот, во популарното трло на плоштадот кое чини неверојатни 530 илјади евра. И плус уште толку за зелениот кров на ГТЦ, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Ова зелено задоволство на Шилегов, скопјани ги чини 1.1 милиони евра. Затоа ние дојдовме да му понудиме тепсија трева кој целата чини помалку од едно евро, а ние во духот на солидарноста ја даваме бесплатно. Оваа тепсија трева е далеку поефтина од златната трева во трлото на плоштадот, каде што веројатно еден лист чини 1 евро. Ова е македонска корова трева, која им пркоси на минливи и фрустрирани политичари. Оваа слично како и тревникот на плоштадот може да се користи повремено за овци, а може и да трчка по некое зајче од познатата раса муртиногејт. Но шегата на страна, нервозниот Градоначалник Петре Шилегов и неговиот тим длабоко се заглавија во овој скандалозен и скап проект. Еднаш велат Градот Скопје гради, еднаш велат анонимни граѓани саделе трева. Се прашуваме дали утре и задутре некој анонимен граѓанин нема да изгради нова платформа на Матка, зграда сред паркот или кафана на покривот на ГТЦ и Петре Шилегов нема да отиде тоа да го презентира пред медиумите како свој нов прескап проект?, прашува Манасиевски. -Народот вели не за кого е речено, туку за кого е печено, со здравје милионската трева. Туку господине Шилегов, до каде е оставката, или уште планираш да ќе ги мачиш скопјани, а и скопјани да се мачат со тебе?, прашува Манасиевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-eden-list-od-trevata-na-shilegov-na-ploshtad-chini-1-evro-zatoa-mu-davame-cela-tepsija-so-treva-koja-chini-pomalku-od-evro/feed/ 0
Манасиевски: „Блескаме“, буџетот е полн, дојдоа инвестиции на Фејсбук и Гугл, 600 илјади иселени одамна се вратија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-bleskame-budzetot-e-poln-dojdoa-investicii-na-fejsbuk-i-gugl-600-iljadi-iseleni-odamna-se-vratija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-bleskame-budzetot-e-poln-dojdoa-investicii-na-fejsbuk-i-gugl-600-iljadi-iseleni-odamna-se-vratija/#respond Wed, 01 Apr 2020 10:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=325487

На овој голем ден и денешен празник за владата на Заев, дојдовме да кажеме дека навистина „блескаме“. „Блескаме“ со тоа што буџетот е полн, секој граѓанин ќе добие по 500 евра минимум од државата, а ако Вице пушти срце, можеби и повеќе, истакна Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. интегрален текст од изјавата на Манасиевски Блеска и жицата на Зоран на која во Грција свират песни во кои ја слават неговата мудрост и непопусливост, а во Бугарија ги слават блескавите подароци. Блескаво го славиме и влезот во ЕУ, само датумот ни фали, а откако ќе се дознае, спремни сме за ново селфи. Човекот име смени, евро да земи. Оваа година е посебно блескава - народот ги зема ваучерите за инвертер клими, здравството е бесплатно за сите особено во новиот клинички центар, а посебни честитки доаѓаат за инвестициите на Фејсбук и Гугл, за кои мораме дури и да увезуваме работници бидејќи не остана невработено лице во Македонија. Секој ден го славиме животот за сите, а кога ќе заборавиме на тоа тука се прес-конференциите да не потсетат како добро се живее тука. Нема сомнежи за криминален профит со тендери дури и во време на пандемија, трас-трас судството блеска според насоките на големиот лидер, а како што гледаме и 600-те илјади иселени се вратија дома бидејќи живот како во Македонија нема на друго место. Блескави се магичните трикови на Зоран Заев и неговите врвни економисти, кои успеваат за само две недели ликвидниот буџет да го претворат во една огромна црна дупка. Нивното визионерство се уште не е препознаено од никого во светот, па другите влади погрешно даваат огромна помош на своите граѓани во овие моменти. Но, ќе дојде еден ден кога сите ќе клекнат пред блескавиот Заев и ќе му се поклонат, како што таков голем лидер заслужува. Но за среќа секогаш Заев е во чекор за Луј Витон декор. Дури и ако случајно банкротираме, и банкротот ќе биде прекрасен, блескав и ќе биде пример за тоа како треба да банкротира една земја. Светол пример и вистинска лекција по економија која ја одржува лично Зоран Заев. Знаеме дека големиот лидер седи во оваа зграда зад мене, не гледа и бдее, размислувајќи колку сме неблагодарни што го имаме, несвесни за неговото грандиозно дело и блескав лик. На таков човек можеме само да му се заблагодариме затоа што несебично се вложи себеси за нашиот напредок, оставајќи по едно од секои две евра државни пари, за да има и народот што да јаде. Неговата комедија станува наша државна трагедија. На денот на шегата и лагата, денот на Заев, тука сме пред оваа зграда за да кажеме сега и никогаш повеќе. Среќен 1 април. Не ти благодариме, но паметиме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-bleskame-budzetot-e-poln-dojdoa-investicii-na-fejsbuk-i-gugl-600-iljadi-iseleni-odamna-se-vratija/feed/ 0
Манасиевски: Мувлосана храна, ужасни санитарни јазли, расипани лифтови и тон ѓубре се слика од секојдневието во студентските домови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-muvlosana-hrana-uzasni-sanitarni-jazli-rasipani-liftovi-i-ton-gjubre-se-slika-od-sekojdnevieto-vo-studentskite-domovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-muvlosana-hrana-uzasni-sanitarni-jazli-rasipani-liftovi-i-ton-gjubre-se-slika-od-sekojdnevieto-vo-studentskite-domovi/#respond Wed, 11 Dec 2019 10:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=275959

Во текот на вчерашниот ден студентите од „Стив Наумов“ на овие ладни температури беа оставени без парно греење. Системот за греење откажа откако пукнаа цевките, по што вода се разлеваше низ ходниците на студентскиот дом, а студентите смрзнуваа цела ноќ, истакна Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати од пред Студентскиот дом „Стив Наумов“. -Студентските домови се руина, а студентите се оставени сами на себе да живеат во нехуманите услови. Не само што состојбата не се подобрува, туку условите никогаш не биле полоши. Мувлосана храна, ладна вода за капење, без струја, без греење, ужасни санитарни јазли, расипани лифтови и тон ѓубре се слика од секојдневието во студентските домови, рече Манасиевски и додаде: „Владата покажа колку и се важни студентите и условите во коишто живеат со ребалансот на буџетот со кој скрати дури 100 милиони евра предвидени за изградба и реконструкција на студентски домови. Студентскиот стандард и условите во коишто живеат студентите за власта беа уште една изборна измама. Да потсетиме дека Владата во јуни годинава донесе одлука за итна реконструкција на „Стив Наумов“, па му требаше 4 месеци на директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски да изработи техничка документација за санација. Па шест месеци подоцна повторно прашуваме: До каде се новите лифтови, до каде е решението за новите тоалети, до каде е репарацијата на кровот на „Стив Наумов“? До каде е обезбедувањето на човечки услови во домовите?“. Наместо студентски град и хумани услови за живот, подвлекува тој, имаме влада којашто „ЌЕ“ изгради, „ЌЕ“ реновира, „ЌЕ“ санира и „ЌЕ“ обезбеди услови за подобар живот на студентите. -Неспособноста на студентските челници оди дотаму што важно за нив е само нивниот кариезирам, а не обезбедувањето на човечки услови во студентски домови. Функционерите од власта, доколку еден ден поминат во студентскиот дом „Стив Наумов“, ќе сфатат зошто над 70% од младите си заминуваат, по Студентските домови не блескаат туку тонат во мизерија. Блескаат само лагите за студентските градови кои власта велеше дека ќе ги гради во Скопје, Штип, Битола и Тетово. Со лагите што блескаат и мизерниот живот на македонскиот студент нема да се вратат младите. Напротив тие заминуваат во се поголем број, затоа што власта не успеа да обезбеди човечки услови во студентските домови и подобрување на студентскиот стандард. Со промена на власта, студентите ќе го добијат заслужениот достоинствен стандард. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-muvlosana-hrana-uzasni-sanitarni-jazli-rasipani-liftovi-i-ton-gjubre-se-slika-od-sekojdnevieto-vo-studentskite-domovi/feed/ 0
Манасиевски: Јанева должи одговорност и одговор пред македонските граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-janeva-dolzi-odgovornost-i-odgovor-pred-makedonskite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-janeva-dolzi-odgovornost-i-odgovor-pred-makedonskite-gragjani/#respond Fri, 19 Jul 2019 11:13:09 +0000 https://kurir.mk/?p=220136

Катица Јанева за неполни четири години од раководењето со СЈО има земено околу 150.000 евра од парите на граѓаните како плата. Најголем дел од граѓаните толку пари немаат видено за целиот свој живот, но и тоа е малку за ликови како Јанева, па истите се инволвирани во рекетарски скандали со функционери и јавни личности од СДСМ. Катица Јанева исчезна. Ни за 150.000 евра не чувствува одговорност пред медиумите и граѓаните. Си отворила боледување, а се пишува дека заминала од Македонија, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ кој додаде: „За нејзино што поскоро враќање и оздравување, во име на граѓаните, на Катица Јанева и оставаме чанта од марката на Луј Витон. Не е баш оригинал какви што си купува нејзиниот пријател Боки 13 но се наоѓа на пазарите во Македонија. Прочитавме дека нејзините драги лица ги обожаваат овие марки на чанти, а особено кога се наполнети со по милиони евра. Се надеваме дека таа ќе побрза да дојде да си го подигне подарокот.“ -Патем чантата не тежи многу и во неа нема пари, туку само парчиња безвредна хартија со ликови на оние за кои се зборува дека се вмешани во рекетот. Јанева должи одговорност и одговор. Одложената оставка не е решение на скандалот. Јанева може да го повтори делото, да избега или да влијае врз сведоците. Затоа нејзината одговорност треба да биде истражена во итна постапка, а таа да ја однесе оваа чанта кај нејзиниот пријател, потенцираше Манасиевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manasievski-janeva-dolzi-odgovornost-i-odgovor-pred-makedonskite-gragjani/feed/ 0
УМС на ВМРО-ДПМНЕ им остави рекет на Кики и Фрики пред Собранието на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-na-vmro-dpmne-im-ostavi-reket-na-kiki-i-friki-pred-sobranieto-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-na-vmro-dpmne-im-ostavi-reket-na-kiki-i-friki-pred-sobranieto-na-republika-makedonija/#respond Thu, 18 Jul 2019 11:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=219743

Зоран Заев, главата на вториот октопод на СДСМ, крие кои се Кики и Фрики од рекетарските приказни. Зоран Заев ги крие бидејќи се високи функционери и негови блиски соработници кои доколку се соочат со правдата може и самите да почнат да говорат за криминалите на нивниот шеф. Овие два лика, според информациите во јавноста, директно се поврзуваат со аферата за организирано рекетирање заедно со приведениот Бојан Јовановски познат како Боки 13, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Еве да им помогнеме на органите на прогонот и на Зоран Заев да се сетат кои се Кики и Фрики. Нашите информации велат дека двајцата имаат пратенички имунитет и дека се дел од владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија. Доколку Јавното обвинителство продолжи да глуми дека не е од тука и дека не ги знаат Кики и Фрики, тогаш постои сериозна опасност дека ќе земат уште поголем залет за да си го наплатат стресот и вознемирувањето, потенцира Манасиевски. Тој додава дека Кики и Фрики, Вимблдон заврши, а светски рекет број 1 остана Новак Ѓоковиќ. Сте запнале да го надминете во пресрет на УС Опен ама малку сте се збуниле. Подобро пробајте во мешани двојки ама на тениски терен. -Рекетот користете го за тенис, а не за изнуда на пари. Не и треба на Македонија рекет број 1 како вас, Зоран Заев или Боки 13. Ова е РЕКЕТ, ама целосно легален и дозволен. Овој РЕКЕТ им го оставаме и очекуваме дека ќе го користат правилно и со тоа ќе го подобрат своето психо-физичко здравје, а за досегашното практикување на рекетот ќе им се суди без можност за челинџ, бидејќи ги истрошија сите кредити, истакна Манасиевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-na-vmro-dpmne-im-ostavi-reket-na-kiki-i-friki-pred-sobranieto-na-republika-makedonija/feed/ 0