Валентино Роси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 21:45:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Валентино Роси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Валентино Роси се враќа на патеките https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-se-vrakja-na-patekite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-se-vrakja-na-patekite/#respond Thu, 22 Dec 2022 21:45:19 +0000 https://kurir.mk/?p=779375

Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси е именуван за фабрички возач на БМВ во Светскиот ГТ шампионат за автомобили, објави германскиот тим. Роси (43) се повлече од Мото ГП шампионатот на крајот на минатата година. Тој минатата сезона возеше во Светскиот ГТ шампионат за тимот на WRT Audi. Германските медиуми потсетуваат дека следната сезона WRT ќе соработува со БМВ, а Роси покрај трките на издржливост ќе учествува и на тестирање на автомобили. - Нема потреба Роси да биде претставен. Како еден од најуспешните мотоциклисти на сите времиња, тој влезе во историјата. Неговите успеси на тркачката патека и неговата личност со право го направија жива легенда, изјави директорот на BMW Motorsport, Андреас Рос. Роси (43) има освоено девет титули во три класи во мотоциклизам. Вкупно постигна 115 победи, а на подиумот беше 235 пати.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-se-vrakja-na-patekite/feed/ 0
Денеска во Валенсија Валентино Роси се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беа синоним со неговото име https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/deneska-vo-valensija-valentino-rosi-se-zboguva-od-sportot-i-natprevaruvanjeto-koe-za-mnogumina-bea-sinonim-so-negovoto-ime/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/deneska-vo-valensija-valentino-rosi-se-zboguva-od-sportot-i-natprevaruvanjeto-koe-za-mnogumina-bea-sinonim-so-negovoto-ime/#respond Sun, 14 Nov 2021 10:58:38 +0000 https://kurir.mk/?p=595291

Денеска во Валенсија легендата Валентино Роси се збогува од спортот и натпреварувањето кое за многумина беа синоним со неговото име. Денот е обележан со симболи. Валентино и Валенсија го имаат истиот латински збор во коренот, а збирот на цифрите од датумот на кој ќе ја возат последната трка дава 46 (14 + 11 + 21). Единствениот кој освои титули, девет од нив, во сите четири класи, возеше во 44,4 отсто од сите ГП шампионати во историјата, постигна вкупно 115 победи и 235 подиуми. Сепак, неговото наследство ќе ги надмине сите рекорди. Последен пат ја освои титулата во 2009 година, освојувајќи ја трката пред четири години, но и понатаму е најпопуларен. Вечниот Петар Пан, со својата харизма, го претвори моторниот спорт од страст на група лудаци, во љубов на милиони ширум светот, која ги држи италијанските баби заковани на малите екрани во недела. Синот на мотоциклистот Грацијан бил познат како „искушението на Тавулија“, гратче низ чии улици уште како момче ги „возело“ моторите, а кое денес е место за аџилак на моторџиите. По две титули во класите 125 и 250 кубика (1997 и 1999 година), во 2000 година преминува во „кралската класа“, кога го зема прекарот Il Dottore (доктор). Најпознат по успесите на Јамаха, тој менуваше мотоцикли за да докаже дека не победува поради нив. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/deneska-vo-valensija-valentino-rosi-se-zboguva-od-sportot-i-natprevaruvanjeto-koe-za-mnogumina-bea-sinonim-so-negovoto-ime/feed/ 0
Валентино Роси најави пензионирање https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-najavi-penzioniranje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-najavi-penzioniranje/#respond Fri, 06 Aug 2021 13:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=547308

Еден од најдобрите возачи во историјата на мотоциклизмот, Италијанецот Валентино Роси (42) најави дека заминува во спортска пензија на крајот на оваа сезона. – Одлучив да се повлечам. За жал ја почнувам последната половина од сезоната како возач во Мото ГП. Тоа е тежок момент и поприлично тажен, изјави Роси на средба со новинарите спроти трката во Австриј а. – Следните години мојот живот ќе се промени. Беше тоа многу долго патување, но исполнето со многу забава, додаде летендарниот италијански мотоциклист, кој освои вкупно девет светски титули во сите категории и забележа 115 победи. Оваа сезона, меѓутоа, Роси е далеку од самиот врв со само еден пласман меѓу најдобрите десет возачи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-najavi-penzioniranje/feed/ 0
Кога ја започнаа врска ги избриша сите проблематични фотографии, сега повторно провоцира – девојката на Роси не се откажува од танга https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koga-ja-zapochnaa-vrska-gi-izbrisha-site-problematichni-fotografii-sega-povtorno-provocira-devojkata-na-rosi-ne-se-otkazuva-od-tanga/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koga-ja-zapochnaa-vrska-gi-izbrisha-site-problematichni-fotografii-sega-povtorno-provocira-devojkata-na-rosi-ne-se-otkazuva-od-tanga/#respond Thu, 15 Jul 2021 12:52:14 +0000 https://kurir.mk/?p=537228

Еден од најславните мотоциклисти во светот, Валентино Роси, моментално се наоѓа на летување во Хрватска, во друштво на неговата девојка Франческа Софија Новело. На Инстаграм Роси објави неколку фотографии од Хвар, а објавите на неговата девојка открија дека уживаат во одморот.
„Едно од најдобрите искуства во мојот живот“, напиша 26-годишната манекенка.
Валентино Роси е повеќекратен светски шампион во мотоциклизам. Има освоено 9 шампионски титули и е еден од најуспешните возачи на мото трки на сите времиња. Франческа е познат топ модел за рекламирање долна облека. Пред врската со 42-годишниот Роси, таа често објавуваше разголени фотографии, но како што стана нивната врска посериозна, така фотографиите беа отстранети од нејзиниот Инстаграм.
Парот се запозна на трка, а Франческа од 19 години почна да се појавува на светските мото трки, со што и започна нејзината кариера. „Тоа беше работа како и секоја друга. Фаза во мојата кариера на којашто сум горда. Кога имате 19 години не е лесно да работите со луѓе кои ве гледаат во задник додека минувате или ве допираат по задникот додека се фотографирате. Мото-спортот е машка средина, затоа мора да бидете свесни на себе“, изјави во една прилика.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koga-ja-zapochnaa-vrska-gi-izbrisha-site-problematichni-fotografii-sega-povtorno-provocira-devojkata-na-rosi-ne-se-otkazuva-od-tanga/feed/ 0
Валентино Роси позитивен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-pozitiven-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-pozitiven-na-koronavirus/#respond Thu, 15 Oct 2020 17:58:40 +0000 https://kurir.mk/?p=416935

Возачот на Јамаха, Валентино Роси е позитивен на коронавирусот, објави новинарот Сајмон Патерсон. Ова е втор случај вкупно кај возачите, и прв во кралската класа. Досега, ниту еден позитивен случај на новиот вирус не влијаеше на продолжението на шампионатот. – За жал, утрово кога се разбудив не се чувствував добро. Коските ме болеа и имав лесна треска, веднаш отидов на лекар и двапати бев тестиран. Брз ПЦР-тест покажа дека сум негативен, исто како и тестот што го направив. во вторникот. Но, вториот тест што го добив во 16 часот беше за жал позитивен. Разочаран сум што ќе ја пропуштам трката за Големата награда на Арагон. Посакувам да бев оптимист за тоа, но сигурен сум дека нема да возам. Тажен сум и лут затоа што дадов сè од себе да го следам протоколот. Иако мојот тест во вторникот беше негативен, јас останав во самоизолација по враќањето од Франција. Така е и не можам да сторам ништо за да ја сменам ситуацијата. Сега ќе ги следам сите совети на лекарите и се надевам дека наскоро ќе бидам многу подобар, напиша Роси на Твитер. Италијанецот викендов ќе ја пропушти трката за Големата награда на Арагон, а засега нема подетални информации за неговата состојба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-pozitiven-na-koronavirus/feed/ 0
Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-kje-ja-vozi-20-sezona-vo-moto-gp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-kje-ja-vozi-20-sezona-vo-moto-gp/#respond Thu, 01 Oct 2020 08:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=410967

Еден од најуспешните мотоциклисти во историјата, Валентино Роси потпиша со тимот на Петронас СРТ Јамаха за сезоната 2021 година, според официјалната веб-страница на Мото ГП. Така, сезоната-2021 година ќе биде 20-та за 41-годишниот Италијанец во „кралската класа“. Роси е седумкратен елитен шампион во мото ГП. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/valentino-rosi-kje-ja-vozi-20-sezona-vo-moto-gp/feed/ 0
Тој е најголемиот заводник на денешницава, но денес не се разделува од 15 години помладата убавица – јасно е и зошто https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toj-e-najgolemiot-zavodnik-na-deneshnicava-no-denes-ne-se-razdeluva-od-15-godini-pomladata-ubavica-jasno-e-i-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toj-e-najgolemiot-zavodnik-na-deneshnicava-no-denes-ne-se-razdeluva-od-15-godini-pomladata-ubavica-jasno-e-i-zoshto/#respond Sat, 13 Jun 2020 17:20:39 +0000 https://kurir.mk/?p=357472

Валентино Роси бил фотографиран како разменува нежности со младата девојка Франческа Софија Новело. Популарниот италијански моторџија и првак во светот, Валентино Роси, отсекогаш ја имаше титулата на еден од најпосакуваните мажи во светот на спортот, кој не можел да биде со една жена, меѓутоа очигледно со текот на годините некои работи се смениле. Така денес, 41-годишниот Валентино неодамна бил фотографиран како разменува страсти и нежности со 15 години помладата девојка Франческа Софија Новело, од која што ретко кога го тргнува својот поглед, а судејќи по фотографиите јасно е и зошто. Парот бил уловен за време на пловењето во луксузната јахта, во друштво на нивните пријатели. Парот е заедно од 2018-та година, а сè укажува на тоа дека ''дивиот'' Валентино во Софија ја нашол својата сродна душа, затоа што од самиот почеток на врската тие се неразделни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toj-e-najgolemiot-zavodnik-na-deneshnicava-no-denes-ne-se-razdeluva-od-15-godini-pomladata-ubavica-jasno-e-i-zoshto/feed/ 0
Маркез му подаде рака на Роси, погледнете ја реакцијата на Валентино (Видео) https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/markez-mu-podade-raka-na-rosi-poglednete-ja-reakcijata-na-valentino-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/markez-mu-podade-raka-na-rosi-poglednete-ja-reakcijata-na-valentino-video/#respond Fri, 07 Sep 2018 09:52:07 +0000 https://kurir.mk/?p=97588

Овој викенд на програмата е трката за Големата награда на Сан Марино и Римини која всушност е домашна на најпопуларниот возач во Мото ГП шампионатот, Валентино Роси, а токму „Докторот“ се погрижи за една необична ситуација на денешната прес-конференција со која традиционално стартуваат возбудувањата во „кралската класа“. Добро познато е дека Маркез и Роси својата прва војна на патеката ја имаа во 2015 година на трката за Големата награда на Малезија, случувања по кои славниот италијански возач го обвини Шпанецот за директен виновник што не ја освои јубилејната 10-та титула во сите категории. Нивната нетрпеливост траеше навистина долго, но сепак во еден момент успеаја да се смират страстите, но тоа траеше само до почетокот на оваа сезона кога Маркез на трката во Аргентина го турна Роси кој подоцна одби да го прифати извинувањето. Оттогаш, двајцата се немаат поздравено ниту еднаш на мото-трките и покрај тоа што неколку пати го делеа подиумот, а денеска еден од новинарите го запраша Маркез дали има проблем да му подаде рака на Роси. Шпанецот истакна дека нема никаков проблем и му подаде рака на Италијанецот, но сепак Валентино одмавна со главата и го остави Шпанецот да виси со раката. – Нема потреба да се ракуваме, ние сме добро. Немаме никаков проблем, – истакна Роси откако ситуацијата на пресот стана доста деликатна.  

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/markez-mu-podade-raka-na-rosi-poglednete-ja-reakcijata-na-valentino-video/feed/ 0
Маркез бара прошка од Валентино Роси https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/markez-bara-proshka-od-valentino-rosi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/markez-bara-proshka-od-valentino-rosi/#respond Wed, 18 Jul 2018 10:56:12 +0000 https://kurir.mk/?p=78152

Валентино Роси и Марк Маркез се во расправија веќе три години, откако двајцата возачи имаа сериозен инцидент во Австралија и Малезија, а оваа година во Аргентина повторно го отворија тие рани. Страстите се смирија и по Аргентина, но Маркез во интервју за Кориере дело Спорт, ја префрли топката кај Роси, порачувајки дека од негова страна е се простено. „Не зависи тоа само од мене, туку и од Роси. Во Аргентина се случи проблем во трка, а барав прошка. Казнет сум со одземање на бодови и што уште треба јас да сторам“, прашува Маркез. Двоецот имаше инцидент во Малезија 2015 година, тоа веројатно беше и најкрупниот меѓу нив, бидејки на таа трка, Роси буквално по излетувањето од позиција која му гарантираше успех, буквално ја загуби титулата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/markez-bara-proshka-od-valentino-rosi/feed/ 0
Девојката на Валентино Роси се соблече на јахта, папараците ја „изедоа“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/devojkata-na-valentino-rosi-se-sobleche-na-jahta-paparacite-ja-izedoa-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/devojkata-na-valentino-rosi-se-sobleche-na-jahta-paparacite-ja-izedoa-foto/#respond Thu, 12 Jul 2018 20:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=76228

Папарацо фотографите го уловија славниот Валентино Роси во прилично интересна ситуација на неговата јахта во италијанскиот град Пезаро. Легендата на MotoGP го искористи одморот и убавите денови да ѝ се посвети на својата избраничка, а несвесни дека се на мета на фотографи, прилично се заиграа… Тие уживаа во размена на нежности, а 22-годишната Франческа Софија Новело дури и го соблече горниот дел од костимот за капење, притоа заземајќи прилично провокативни пози. Инаку, Роси веќе неколку месеци ја дели постелата со оваа манекенка, а таа од славниот Италијанец е помлада дури 15 години. Ја нарекуваат „италијанската Брук Шилдс” поради сличноста со американската актерка. Моментално има повеќе од 120.000 фанови на Инстаграм, а нејзината популарност расте од ден во ден. Тамошните медиуми пишуваат дека Франческа го препородила Валентино. 39-годишниот мотоциклист се колнел дека засекогаш ќе остане ерген и дека нема жена која ќе го смири. Сепак, Франческа тоа го променила, барем на некое време, бидејќи спортистот во целост ѝ е верен и посветен. А ако подобро ги погледнете нејзините фотографии, ќе ви биде јасно зошто го полудела Валентино. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/devojkata-na-valentino-rosi-se-sobleche-na-jahta-paparacite-ja-izedoa-foto/feed/ 0