валкање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Oct 2019 21:31:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png валкање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дозволете им на децата да се извалкаат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dozvolete-im-na-decata-da-se-izvalkaat-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dozvolete-im-na-decata-da-se-izvalkaat-2/#respond Wed, 30 Oct 2019 21:48:51 +0000 https://kurir.mk/?p=258069

Тешко дека можеме да спречиме едногодишно дете за време на прошетката да не собере нешто од улица или да не пикне во уста нешто од подот. Тоа обично ги доведува мајките до лудило. Дали е оправдано? Во текот на сезоната на настинки или некои други вируси многу е важно на децата често да им се мијат рачињата и да им се бришат со антибактериски марамчиња или гелови. Тоа е факт, но… Стручњаците се сложуваат со тезата дека инфекцијата со одделни болести е легитимна причина за грижа на родителите, но исто така повеќето се согласуваат дека целокупното општество прилично претерува кога станува збор за заштита на децата од микроби. Еве што велат стручњаците за тоа колку чисто опкружување му е потребно на вашето дете за да биде здраво. Правила на хигиена Сигурно сте ја слушнале тезата дека изложувањето на бебето на микроби може во иднина да делува како заштита од болести како што се алергиите и астмата во подоцнежниот живот. Ваквиот начин на мислење се нарекува и „хипотеза на хигиената“ која го поддржува мислењето кое вели дека кога е изложеноста на детето на паразити, бактерии и вируси во раната возраст ограничено, шансите за да добие астма, алергии и автоимуни болести во текот на подоцнежниот живот се поголеми. Докажано е дека децата кои раснеле на село со постари браќа и сестри и оние кои од најрана возраст оделе во јасли, процентуално, помалку страдаат од алергии. Исто како што на мозокот на бебето му е потребна стимулација за да се развие нормално, исто така на системот за имунитет му е потребен допир со секојдневно главно безопасни микроби за да зајакне, да научи да се прилагодува и регулира. Научниците откриле дека децата кои биле изложени на животински измет до втората година имале повеќе случаи на диареја, но и многу малку воспалителни состојби во организмот во подоцнежната возраст Воспалителните процеси се поврзани со настанувањето на многу сериозни болести како што се Алцхајмеровата болест, дијабетесот, срцевите заболувања… Научниците одамна престанале да веруваат дека имунитетот има врска само со алергиите, автоимуните болести и астмата, и се верува дека е поврзан со воспаленија како и со дегенеративни болести и токму од таа причина, изложеноста на микроби е многу важна во раната возраст. Чистење на бактериите, добра или лоша идеја? Повеќето бактерии кои демнеат не само што се безопасни туку се со нас со векови. Бидејќи однесувањето на луѓето во текот на вековите се менувало така и приличен број на бактерии кои живеат во цревата исчезнале. Тие бактерии извршуваат многу важни функции, но поради модерниот начин на живот се измениле или исчезнале. Кога премногу чистиме и го стерилизираме опкружувањето во кое се наоѓа бебето, за да го заштитиме од болести, ние на некој начин му ја намалуваме шансата за имунитет, да зајакне на природен начин и на тој начин ги спречуваме децата да дојдат во допир со природните микроорганизми кои се всушност добри за нив. Исто така, постои шанса да се отиде премногу во друг правец што исто така не е добро, па така доста кои луѓе веруваат во „хипотезата на здравјето“ тврдат дека микробите од нечистотијата се во целост добри за здравјето. Стручњаците не се согласуваат со тоа затоа што тврдат дека тие микроби се целосно небитни зашто се адаптирани да преживеат ви нечистотијата, а не во човековиот организам. Што треба да направат родителите? Потребно е да внимавате на своите деца, чувајте им го здравјето, но и најдете баланс, без претерување. Посоветувајте се со лекарот дали е потребно баш секогаш детето да пие антибиотици кои лошо влијаат на добрите бактерии и воедно на способноста од јакнење на имунитетот и неговата можност да се бори против болести. Кога станува збор за изложеност на бебињата на микробите во опкружувањето не мора баш толку да внимавате и да стерилизирате сѐ со што детето ќе дојде во допир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dozvolete-im-na-decata-da-se-izvalkaat-2/feed/ 0