валута – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 09:33:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png валута – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Итни мерки во Израел за спас на националната валута: Продава 30 милијарди девизни резерви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itni-merki-vo-izrael-za-spas-na-natsionalnata-valuta-prodava-30-milijardi-devizni-rezervi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itni-merki-vo-izrael-za-spas-na-natsionalnata-valuta-prodava-30-milijardi-devizni-rezervi/#respond Mon, 09 Oct 2023 09:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=886858

Банката на Израел денеска објави дека ќе продаде до 30 милијарди долари девизни резерви за поддршка на домашната валута – шекел. „Банката во наредниот период ќе работи на пазарот со цел да ја ублажи нестабилноста на курсот на шекелот и да ја обезбеди потребната ликвидност за натамошно правилно функционирање на пазарот“, се вели во соопштението на Централната банка на Израел. Покрај програмата од 30 милијарди долари, банката додаде дека ќе обезбеди ликвидност на пазарот преку SWAP механизмите на пазарот, во вредност до 15 милијарди долари. Израелската валута ослабе во однос на доларот по упадот на палестинските милитанти од движењето Хамас и сега е на најниско ниво во последните 7 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itni-merki-vo-izrael-za-spas-na-natsionalnata-valuta-prodava-30-milijardi-devizni-rezervi/feed/ 0
Хрватска го воведе еврото како официјална валута https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-go-vovede-evroto-kako-oficijalna-valuta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-go-vovede-evroto-kako-oficijalna-valuta/#respond Fri, 13 May 2022 17:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=676448

Хрватскиот парламент денеска со мнозинство гласови го усвои Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска. За законот гласаа 117 пратеници, 13 беа против, а еден воздржан, пишува хрватски Индекс. Еврото треба да стане официјална валута во Хрватска на 1 јануари следната година, а пред целосно да ја замени куната, од 5 септември цените би се изразувале во двете валути. Плаќањето во двете валути би требало да трае и следната година. Пред гласањето, во Парламентот дел од опозицијата повторно се спротивстави на воведувањето на еврото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-go-vovede-evroto-kako-oficijalna-valuta/feed/ 0
Денеска во центарот на Загреб се собираат потписи за да се заштити куната како валута https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-vo-centarot-na-zagreb-se-sobiraat-potpisi-za-da-se-zashtiti-kunata-kako-valuta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-vo-centarot-na-zagreb-se-sobiraat-potpisi-za-da-se-zashtiti-kunata-kako-valuta/#respond Sun, 24 Oct 2021 13:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=584628

Референдумската иницијатива „Да ја заштитиме хрватската куна“ денеска почна да собира потписи на плоштадот Бан Јелашиќ во Загреб за распишување референдум, со кој, како што велат, сакаат да му овозможат на хрватскиот народ да одлучи за сопствената валута. Потписи ќе се собираат на повеќе од 250 локации низ Хрватска, а граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат Уставот да содржи одредба во која ќе биде наведено дека паричната единица на Република Хрватска е куната, која се дели на сто липи и дека одлуката за промена на паричната единица во Хрватска, гласачите ја носат на референдум, објави Хина. – Го претставивме ова прашање пред еден месец, и во тие денови ниту еден правен или уставно-правен експерт не го критикуваше. Се подготвувавме долго време и веруваме дека тоа е направено конкретно и добро и не е спротивно на меѓународните договори кои Хрватска ги потпиша со Европската унија, изјави Марко Милановиќ Литре, претседател на организацискиот одбор и пратеник во Собранието од Хрватските суверени. Тој очекува дека Уставниот суд ќе треба да го потврди тоа прашање кога ќе соберат доволен број потписи. – Во овој момент се прави обид за насилно воведување на еврото, без да се испита јавното мислење на граѓаните и тоа сакаме да го промениме, истакна Милановиќ Литре. Министерството за правда и администрација претходно денеска соопшти дека треба да се соберат 368.867 потписи за да се распише референдум „Да ја заштитиме хрватската куна“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-vo-centarot-na-zagreb-se-sobiraat-potpisi-za-da-se-zashtiti-kunata-kako-valuta/feed/ 0
Биткоинот стана официјална валута во Салвадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-stana-oficijalna-valuta-vo-salvador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-stana-oficijalna-valuta-vo-salvador/#respond Tue, 07 Sep 2021 11:25:54 +0000 https://kurir.mk/?p=560525

Пркосејќи на предупредувањата на големите економии и финансиски регулатори, но и несогласувањето на мнозинството население на таа централноамериканска земја, Салвадор стана првата земја во светот во која биткоинот се користи како официјална валута, што аналитичарите веруваат дека може да влијае на позицијата на криптовалутите во глобалниот финансиски систем, објави Радио Слободна Европа. Салвадор од денеска е првата земја која го прифати биткоинот како легално средство за плаќање, со планови за користење вулканска геотермална енергија за напојување на „рударењето“ на дигиталната валута, пишува лондонски „Тајмс“. Биткоинот, заедно со американскиот долар, усвоен во Салвадор во 2001 година и ќе продолжи да се користи како „референтна валута“, станува официјална валута на најмалата централноамериканска држава и според законот мора да се прифати како плаќање кога ќе се понуди, освен ако добавувачите или примателите немаат технологија за извршување трансакции. Нема да подлежи на данок на капитална добивка, па дури може да се искористи и за плаќање даночни придонеси. Владата формираше фонд од 150 милиони долари во Развојната банка на Салвадор, кој ќе се користи за претворање на биткоинот во американска валута. Сепак, додава „Тајмс“, 70 проценти од населението не користи банки. Исто така, за користење биткоин е неопходен пристап до Интернет, а само 45 проценти од земјата е поврзана. Повеќето жители на Ел Салвадор не се согласуваат со владината одлука за усвојување на биткоинот како легално средство за плаќање, а многумина не знаат како да ја користат дигиталната валута и се недоверливи кон овој проект, покажа истражувањето на Централноамериканскиот универзитет Анкетата, исто така, покажа дека повеќето испитаници сметаат дека главните корисници на употреба на биткоин ќе бидат богатите, странските инвеститори, владата и бизнис лидерите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-stana-oficijalna-valuta-vo-salvador/feed/ 0
Куба од 1 јануари укинува една од двете валути https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-od-1-januari-ukinuva-edna-od-dvete-valuti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-od-1-januari-ukinuva-edna-od-dvete-valuti/#respond Fri, 11 Dec 2020 07:40:13 +0000 https://kurir.mk/?p=441820

Куба планира од почетокот на следната година да укине една од двете валути, информира вчера на државната телевизија претседателот на оваа карипска држава, Мигуел Дијаз-Канел, пренесе ДПА. -Од 1 јануари во оптек ќе биде само една валута – пезос, најави претседателот, додавајќи дека обединувањето на валутата ќе создаде подобри услови за гарантирање еднакви можности и социјална правда за сите граѓани на Куба. Курсот на валутата ќе биде 24 пезоси на еден американски долар. Социјалистичката островска држава од 1994 година има систем на двојна валута. Покрај официјалната национална валута, во платежните трансакции, главно од странските туристи, се користи и конвертабилниот пезос и неговата вредност приближно е еквивалентна на американскиот долар. Куба во јули го укина 10-процентиот данок за купување долари, што беше во сила од 2004 година, поради недостигот од приходи од туризмот за време на пандемијата на коронавирусот. Оттогаш, одредени производи во некои продавници можат да се плаќаат и со картичка во американска валута, додава ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-od-1-januari-ukinuva-edna-od-dvete-valuti/feed/ 0
Биткоинот повторно станува јака валута https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-povtorno-stanuva-jaka-valuta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-povtorno-stanuva-jaka-valuta/#respond Mon, 16 Nov 2020 11:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=430145

Биткоинот постојано се сметаше за неуспешен проект, но во последните неколку недели, најстарата и најголема криптовалута во светот повторно зајакна поради надежите за нагло зголемување на побарувачката, велат аналитичарите. На почетокот на коронакризата, биткоинот се сметаше дека е голем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади американски долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше до границата од десет илјади долари, до пред неколку недели, пишува Дојче веле. Во меѓувреме, најважната криптовалута не само што успеа да ја надомести драстичната загуба од пролетта, туку нејзината цена се зголеми за повеќе од 53 проценти од почетокот на септември. Само во октомври, биткоинот доби вредност од околу 30 проценти, пренесува СЕЕбиз. Аналитичарот Тимо Емден вели дека поради неизвесниот изборен резултат во САД и во потрага по алтернативни можности за инвестирање – некои инвеститори прибегнале кон криптовалути. Тој смета дека на овој начин, инвеститорите сакале да се заштитат од турбуленциите на берзата. Исто така, крипто-валутите во моментов се повеќе се тема на разговор на ниво на централните банки. На пример, Европската централна банка (ЕЦБ) е скептична во однос на биткоинот, но размислува за воведување на дигиталното евро. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-povtorno-stanuva-jaka-valuta/feed/ 0
Зимбабве планира да воведе нова валута https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimbabve-planira-da-vovede-nova-valuta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimbabve-planira-da-vovede-nova-valuta/#respond Sun, 13 Jan 2019 09:02:57 +0000 https://kurir.mk/?p=151585

Во следните 12 месеци Зимбабве ќе воведе нова валута. Тоа го изјави министерот за финансии Мтули Нкубе откако недостиг на американски долари причини хаос во финансискиот систем предизвикувајќи затворање на фирми и закани за протести. Зимбабве се откажа од својата парична единица во 2009 година поради хиперинфлација и ги прифати американскиот долар и други валути вклучително и фунтата и јужноафриканскиот ранд. Во 2008 година инфлацијата беше 500 милијарди проценти, највисоко ниво во светот за држава што не е во војна. Во 2016 година беше воведена заменска валута со цел да биде запрен недостигот од долари, но нејзината вредност исто така беше уништена. Претседатлот Емерсон Мнангагва е под притисок за оживување на економијата, но недостигот од долари ги поткопува напорите за привлекување странски инвеститори. Според централната банка, има помалку од 400 милиони долари во оптек. Во државата има недостиг од гориво, а компаниите се присилени да купуваат долари „на црно“ со вредност повисока од 370 отсто од нормалната МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zimbabve-planira-da-vovede-nova-valuta/feed/ 0
Пад на вредноста на фунтата и акциите на берзата по оставките во Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-vrednosta-na-funtata-i-akciite-na-berzata-po-ostavkite-vo-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-vrednosta-na-funtata-i-akciite-na-berzata-po-ostavkite-vo-britanija/#respond Thu, 15 Nov 2018 11:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=128095

Вредноста на фунтата утрово на Лондонската берза е намалена за повеќе од 1,0 отсто во однос на доларот и еврото, а цените на акциите се намалуваат по информациите за оставки на британски министри поради нацрт-договорот за Брегзит. Британската валута на многу волатилното тргување падна за еден процент во однос на доларот, на 1,2839 долари и за 1,3 отсто во однос на еврото, на 88,23 пени. Сепак, падот на фунтата помогна индексот на Лондонската берза ФТСЕ 100, која главно се однесува на извозниците, да зајакне за 0,3 отсто. Оставките во британската Влада се одразија и на цените на акциите и деловните сектори во Велика Британија, кои инаку се чувствителни на настаните околу Брегзит. Вредноста на акциите на градежните и малопродажните компании и домашните банки длабоко потона, при што индексот на Лондонската берза ФТСЕ 250 падна за 1,0 процент при рано тргување. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-vrednosta-na-funtata-i-akciite-na-berzata-po-ostavkite-vo-britanija/feed/ 0
Пред 10 години создаден биткоинот- ова е приказната за тоа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pred-10-godini-sozdaden-bitkoinot-ova-e-prikaznata-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pred-10-godini-sozdaden-bitkoinot-ova-e-prikaznata-za-toa/#respond Thu, 01 Nov 2018 09:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=122168

Пред десет години анонимен криптограф ги изложи принципите на автономна „онлајн“ валута, која би постоела надвор од дофатот на владите и централните банки. Денес, нестабилноста на биткоинот ги полни насловните страници, но технологијата која стои зад него ветува длабока промена. Дигиталната валута биткоин е еден од најголемите финансиски феномени на нашето време. И додека нејзината повремена рекордна пазарна вредност ги разгорува соништата за брзо богатење  овогодишниот пад ги поттикна стравовите дека се би можело да се распрсне како балон од сапуница. Го покрена Сатоши Накамото- никој не знае кој е тој Биткоинот пред десет години беше покренат од анонимен криптограф, кој под името „Сатоши Никамото“ ги објави принципите на автономните дигитални пари. Неговите идеи беа револуционерни: нема контрола од централните банки, нема национални граници. Наместо тоа, механизам наречен блокчејн ќе ја обезбедува довербата и сигурноста во системот. Грубо речено, блокчејн е јавно достапна картотека на трансакции кои се снимаат една по друга. Доколку некој се обиде да го наруши овој синџир, тоа веднаш ќе биде видливо, бидејќи е достапно преку повеќе записи. Така, на пример, овој систем не дозволува користење виртуелни пари повеќе од еднаш. Биткоините се генерираат, односно „рударат“, со помош на комплексни компјутерски математички процеси. Количината на биткоини е ограничена и што повеќе „рударите“ се приближуваат до лимитот тоа постапката ќе биде покомпликувана. Прогласот на Сатоши е објавен по пат на мејлинг листа во ноември 2008 година. Два месеци подоцна е создаден софтверот. Вложувањата почнаа со колапсот на инвестициската банка Леман брадерс, која западна во криза. Од никаде се појави биткоинот како алтернатива. Се верува дека Сатоши Накамото поседува околу милион биткоини, што е околу 6,3 милијарди долари – богатство кое остана недопрено. Мистеријата за неговиот или нејзинот идентитет е голема загатка која многумна се обидуваат да ја решат. Сатоши само виртуелно комуницираше со своите колеги од светот на биткоинот пред целосно да се повлече во изолација. Беше потребно одредено време за биткоинот да добие замав. Во почетокот беше само игралиште за компјутерските експерти. Легенда за пицата вредна милиони Во приказната која влезе во легендите, некој програмер наводно со десет илјади биткоини платил достава на две пици во 2010 година. На врвот на еуфоријата за биткоини минатата година, таа достава би чинела 190 милиони долари, а дури и денес, по значителното опаѓање на вредноста на крипто валутата, тој несреќник за две пици би платил 63 милиони долари. Едни од првите кои профитираа од оваа крипто валута се „онлајн“ криминалците. На црните интернетски пазари, како што е Силк роуд, биткоинот можеше да се користи за купување дрога и оружје. Во раните денови, биткоинот се карактеризираше со брза флуктуација на вредноста, што привлече бројни шпекуланти. На самиот почеток вредноста на биткоинот се движеше од неколку евра до неколку десетици и обратно. Вниманието на јавноста и лимитираниот број биткоини, кој достигнува бројка од околу 21 милион единици, доведе до вистинска златна грозница во последните неколку години. Вредноста на валутата се зголеми уште повеќе. Поради точно одредениот број единици биткоини кои ги одреди Сатоши се покомплексниот и процес на рударење кому му е потребна голема енергија има потреба од користење фарми на сервери. На Исланд, кој има евтина геотермална енергија, се разви цела индустрија на рударење. Изгуби две третини од вредноста Биткоинот годинава изгуби две третини од својата вредност, но чувството на златна грозница сè уште не минува. Би можеле да пројдат уште 20 години пред да се произведат сите можни единици биткоини. Меѓутоа, технологијата која стои зад биткоинот, блокчејн, привлече најголем интерес кај банките и другите инситуции од музичката до автомобилската. А тоа е затоа што значително придонесува за безбедноста на онлајн трансакциите. Критичарите на блокчејн велат дека ланчаниот систем е бавен и гломазен, но заговорниците на технологиите тврдат дека тие проблеми можат да се решат и оти нивната потенцијална безбедносна добробит е огромна. – Технологијата е сè уште во раните години на развој, треба да созрее за да може да се развие, да се користи во други цели, изјави професор Кристоф Мајнел, експерт за интернет технологија и системи од Универзитетот во Потсдам. Финансиската индустрија споделува сличен поглед на оваа технологија: „Блокчејн има потенцијал да го смени начинот на кој купуваме и продаваме, соработуваме со Владата и ја потврдуваме автентичноста на сè – од сопственост до потекло на органскиот зеленчук“,  напишаа од инвестициската банка Голдмансакс. Блокчејн нуди едноставен и безбеден начин на верификација на речиси секој вид трансакција, со што воедно ја отстранува потребата од посредник или централизирани точки на потврда. Станува збор за технологија која би можела да растресе голем број индустрии, доведувајќи ги во прашање долгогодишните деловни модели, од осигурување до недвижнини. Индекс- Загреб]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pred-10-godini-sozdaden-bitkoinot-ova-e-prikaznata-za-toa/feed/ 0
Ердоган ги повика државите каде што се зборува турски јазик да тргуваат со националните валути https://arhiva.kurir.mk/makedonija/erdogan-gi-povika-drzavite-kade-shto-se-zboruva-turski-jazik-da-trguvaat-so-nacionalnite-valuti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/erdogan-gi-povika-drzavite-kade-shto-se-zboruva-turski-jazik-da-trguvaat-so-nacionalnite-valuti/#respond Mon, 03 Sep 2018 11:06:12 +0000 https://kurir.mk/?p=95683

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, денеска истакна дека зависноста на меѓународната трговија од американскиот долар треба да се намали бидејќи тоа стана пречка за Турција, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган присуствуваше на шестиот Самит на Советот за соработка на земјите од турското говорно подрачје во Културниот центар „Рук Ордо“ во Киргистан, каде што оредложи „тргување со сопствени валути, а не со американски долари“.

Турскиот претседател истакна и дека настаните докажале оти Турција и нејзините пријатели не треба да ја одлагаат борбата против терористичката организација ФЕТО.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар од 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени, смета Анкара.

Терористичката организација ФЕТО стои зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

Ердоган додаде дека „оваа терористичка организација се организирала преку образовни институции ширум светот, како и во Турција“.

Домаќин на Самитот во Културнот центар „Рук Ордо“ е киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков.

Турција, Азербејџан, Казахстан и Узбекистан на Самитот се претставени од своите претседатели, додека Унгарија, која на Самитот е како држава-набљудувач, ја претставена премиерот.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/erdogan-gi-povika-drzavite-kade-shto-se-zboruva-turski-jazik-da-trguvaat-so-nacionalnite-valuti/feed/ 0