Ван де Бек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jan 2022 09:14:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ван де Бек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ван Де Бек ја одбил првата понуда која стигнала на негова адреса https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-de-bek-ja-odbil-prvata-ponuda-koja-stignala-na-negova-adresa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-de-bek-ja-odbil-prvata-ponuda-koja-stignala-na-negova-adresa/#respond Mon, 17 Jan 2022 09:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=620193

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Дони Ван Де Бек ја одбил првата понуда која стигнала на негова адреса. Холанѓанецот не е задоволен со минутажата на „Олд Трафорд“, па постои можност во јануари да ја промени средината со цел да добие поголем простор за докажување на теренот. Ралф Рангник во неколку наврати посочи дека сака да го задржи фудбалерот од средниот ред во своите редови, но барем досега не му дал доволно шанса за да ги покаже своите квалитети. Медиумите во Англија пренесуваат дека Ван Де Бек добил понуда следните шест месеци да ги помине во Њукасл како позајмен фудбалер. Сепак, самиот фудбалер ја одбил оваа понуда затоа што сметал дека Њукасл не е идеалното место за негово понатамошно развивање. Засега тој ќе остане во Манчестер Јунајтед, но не се исклучува можноста да си оди од клубот во следниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-de-bek-ja-odbil-prvata-ponuda-koja-stignala-na-negova-adresa/feed/ 0
На Ван де Бек веќе му здодеа да ја грее клупата на Јунајтетд, почнати се преговори со гигант од Серија А https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-van-de-bek-vekje-mu-zdodea-da-ja-gree-klupata-na-junajtetd-pochnati-se-pregovori-so-gigant-od-serija-a/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-van-de-bek-vekje-mu-zdodea-da-ja-gree-klupata-na-junajtetd-pochnati-se-pregovori-so-gigant-od-serija-a/#respond Tue, 12 Oct 2021 15:17:33 +0000 https://kurir.mk/?p=577870

Според „Ла Стампа“, агентот на Ван де Бек почнал преговори за можен трансфер на својот клиент во Јувентус. Холандскиот фудбалер од средниот ред никако да добие нормална шанса од Оле Гунар Солшер, неговата минутажа во Манчестер јунајтед е незначителна. Ваквата негова ситуација станува неподнослива, па агентот веќе има задача да му најде нов клуб. Информациите од Италија велат дека веќе се почнати преговори со Јувентус. Трансферот би бил на позајмица со обврска за целосен трансфер. Ван де Бек го преферира Јувентус бидејќи таму е и неговиот пријател со кој заедно играше во Ајакс, Матијс Де Лихт. Интерес за Ван де Бек има и од Интер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-van-de-bek-vekje-mu-zdodea-da-ja-gree-klupata-na-junajtetd-pochnati-se-pregovori-so-gigant-od-serija-a/feed/ 0
Ван де Бек нема да го напушти Манчестер јунајтед https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-de-bek-nema-da-go-napushti-manchester-junajted/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-de-bek-nema-da-go-napushti-manchester-junajted/#respond Tue, 26 Jan 2021 10:30:33 +0000 https://kurir.mk/?p=459964

Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек нема намера да го напушти клубот. Според „Атлетик“, тренер на тимот, Оле-Гунар Солскјер, разговарал со фудбалерот пред натпреварот од 18. коло на Премиер лигата против Фулам (2:1) на 20 јануари. Специјалистот сакаше да ја разјасни ситуацијата и да го увери играчот дека ќе добие шанса да се докаже. Овој разговор беше краток, но и тренерот и играчот од средниот ред беа задоволни од начинот на кој се одвиваше. Ван де Бек е уверен дека неговата минутажа ќе се зголемува како што напредува сезоната. Фудбалерот беше убеден дека Јунајтед верува во него и категорично одби да размисли за изнајмување или продажба во текот на зимскиот преоден рок. Кога страните преговараа за трансфер на фудбалерот во Манчестер јунајтед, клубот забележа дека гледа долгорочна перспектива во него, а во првата сезона се очекува тој да одигра околу половина од натпреварите. Во Јунајтед, професионалноста на Ван де Бек е високо ценета, а Солскјер ги издвојува лидерските квалитети на играчот. Минутажата на Холанѓанецот многу зависи и од тоа дали играчот од средниот ред Пол Погба ќе го напушти тимот, чиј договор со Манчестер јунајтед истекува во јуни 2022 година. Дваесет и тригодишниот Ван де Бек оваа сезона настапи на 10 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-de-bek-nema-da-go-napushti-manchester-junajted/feed/ 0