ван гог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 17:18:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ван гог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Сејачот“ на Ван Гог полеан со зеленчукова супа во Рим https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sejachot-na-van-gog-polean-so-zelenchukova-supa-vo-rim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sejachot-na-van-gog-polean-so-zelenchukova-supa-vo-rim/#respond Fri, 04 Nov 2022 17:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=755923

Во Палатата Бонапарта во Рим, активисти за борба против климатските промени истурија супа од зеленчук врз сликата на Винсент Ван Гог „Сејач“. Ремек-делото со наслов „Сејач“ инаку е заштитено со стакло, а е изложено во Палацо Бонапарта во центарот на Рим. Кон средината на минатиот месец, активисти од еко-групата „Just Stop Oil“ истурија супа од домати со врз „Сончогледи“, ремек-делото на Ван Гог изложено во Националната галерија во Лондон. Овој пат во Рим, тројцата активисти, кои влегле во музејот откако купиле билети, наводно се поврзани со групата „Ultima Generazione“. „Артемисија“ – компанијата задолжена за организација на изложбата, за новинската агенција АГИ соопшти дека делото на Ван Гог не е оштетено. Инцидентот е најнов во серијата протестни дејствија што еко активистите ги презедоа во Рим во последниве месеци, од лепење на рацето на дела во музеите на Ватикан до редовни блокади на патиштата низ главниот град. Во јули, демонстрантите се залепија за стаклото пред прославената слика на Ботичели „Примавера“ во галерија во Фиренца. Не е направена никаква штета на ремек-делото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sejachot-na-van-gog-polean-so-zelenchukova-supa-vo-rim/feed/ 0
ВИДЕО: Истурија супа од домати на сликата „Сончогледи“ на Ван Гог, вредна 87,5 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-isturija-supa-od-domati-na-slikata-sonchogledi-na-van-gog-vredna-87-5-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-isturija-supa-od-domati-na-slikata-sonchogledi-na-van-gog-vredna-87-5-milioni-evra/#respond Fri, 14 Oct 2022 17:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=745487

Активистите на еко-групата Just Stop Oil истурија супа од домати врз „Сончогледи“, ремек-делото на Ван Гог во Националната галерија во Лондон. Демонстрантите фрлија две конзерви супа од домати „Хајнц“ на делото насликано во 1888 година, чија вредност се проценува на 87,5 милиони евра. „Што е повредно, уметноста или животот? Дали е поважно од храната? Од правдата? Дали повеќе се грижите за заштита на сликата или нашата планета и луѓето?“, велат активистите. Обезбедувањето потоа ги изведе сите посетители надвор и ја затвори галеријата. Од Националната галерија потврдија дека сликата била покриена со заштитно стакло и останала во добра состојба, а дека само рамката претрпела помали оштетувања. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-isturija-supa-od-domati-na-slikata-sonchogledi-na-van-gog-vredna-87-5-milioni-evra/feed/ 0
Скандал во Националната галерија: Истуриле супа врз ремек делото на Ван Гог кое вреди 72,5 милиони фунти (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-nacionalnata-galerija-isturile-supa-vrz-remek-deloto-na-van-gog-koe-vredi-72-5-milioni-funti-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-nacionalnata-galerija-isturile-supa-vrz-remek-deloto-na-van-gog-koe-vredi-72-5-milioni-funti-video/#respond Fri, 14 Oct 2022 11:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=745329

Активисти на организацијата „Just stop oil“ фрлија супа од домати врз ремек-делото на Ван Гог „Сончогледи“ во Националната галерија. Две жени влегле во собата во галеријата на плоштадот Трафалгар околу 11 часот, јавуваат странските медиуми. Тие ја фрлиле две конзерви супа од домати врз сликата, чија вредност се проценува на 72,5 милиони фунти, пишува СкајЊуз. - Што вреди повеќе? Уметноста или животот? Дали вреди повеќе од храната? Вреди повеќе од правдата?, извика еден од активистите. Оние кои се нашле на лице место не можеле да поверуваат што се случува. Погледнете го клипот: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-nacionalnata-galerija-isturile-supa-vrz-remek-deloto-na-van-gog-koe-vredi-72-5-milioni-funti-video/feed/ 0
Автопортрет на Ван Гог откриен зад друга позната негова слика https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtoportret-na-van-gog-otkrien-zad-druga-poznata-negova-slika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtoportret-na-van-gog-otkrien-zad-druga-poznata-negova-slika/#respond Fri, 15 Jul 2022 11:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=705694

Скриен автопортрет на Винсент ван Гог е откриен зад една од неговите слики, покриен со слоеви лепило и картон повеќе од еден век. Непознатата слика е откриена кога конзерватори направиле преглед со рендген-зраци на сликата „Главата на селанка“ од 1885 година, пред претстојната изложба. Ван Гог честопати употребувал веќе искористени платна за своите слики, поради заштедување. Скриената слика се наоѓа на задниот дел од платното, покриена со картон, соопшти Националната галерија на Шкотска. Веројатно околу 1905 година, кога „Глава на селанка“ била позајмена на изложба во музејот „Штеделик“, во Амстердам, е одлучено платното да се залепи на картон пред да се урами, според претпоставките. Во тоа време „Главата на селанка“ најверојатно се сметала за „подовршена“ од автопортретот на Ван Гог. Сликата претрпела и неколку измени додека не била префрлена во Шкотска во 1951 година. Не е ова првпат скриени слики од познати уметници да бидат откриени под други дела. Напредната технологија за сликање и 3-Д печатењето, на пр., помогнаа да се открие слика со гола жена под површината на слика на Пабло Пикасо минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtoportret-na-van-gog-otkrien-zad-druga-poznata-negova-slika/feed/ 0
Ван Гог, Игор Џамбазов и Фиц на третото издание на фестивалот “Skopje Unplugged” https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/van-gog-igor-dzambazov-i-fic-na-tretoto-izdanie-na-festivalot-skopje-unplugged/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/van-gog-igor-dzambazov-i-fic-na-tretoto-izdanie-na-festivalot-skopje-unplugged/#respond Thu, 03 Jun 2021 09:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=518516

Фестивалот на акустична музика, во организација на ЈУ „Универзална Сала“ и Град Скопје, “Skopje Unplugged”, го подготвува своето трето издание, кое ќе се одржи во петок, (25-ти јуни), на кровот на паркингот во „Сити Мол“, со почеток во 18:30 часот. Полека, но сигурно, “Skopje Unplugged” се наметнува на македонската мапа на музички фестивали и прераснува во препознатлив бренд на тн. “boutique” фестивал, со посебен акцент и третман на публиката. Исто така, “Skopje Unplugged” е единствениот фестивал кој третира исклучиво акустична музичка изведба и со тоа, создава едно посебно доживување за уживателите на живиот звук. Оваа година на фестивалот ќе настапат милениците на македонската публика, регионалните рок легенди Ван Гог. Уште позанимливо е дека бендот за прв пат ќе се претстави во акустично издание, по незаборавниот настап во Белградска Арена, кој се одржа по повод 30 годишнината од нивното постоење. Публиката ќе има можност да ужива и во настапот на неповторливиот шоумен и еден од најактивните домашни музичари, Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе Бенд, а ќе можат и заедно со Фиц да ги испеат безвременските хитови на Студени Нозе. Со почеток во 18:30 часот на 25-ти јуни, фестивалот го најавуваме како најголемата After-work rooftop sunset забава, која на самиот почеток на летото го означува враќањето на фестивалската сезона, после особено тешката година. Поради почитување на протоколите препорачани од Владата и надлежните институции, влезниците ќе бидат во строго ограничен број, со единствена цел – запазување на сите мерки на претпазливост. Билетите може да се купат на билетарата во МКЦ, или електронски, на линкот https://bileti.mkc.mk/index.php?id=823,  со промотивна цена од само 500 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/van-gog-igor-dzambazov-i-fic-na-tretoto-izdanie-na-festivalot-skopje-unplugged/feed/ 0
Фронтменот на „Ван Гог“ погоден со шише во глава: Потоа направил нешто несекојдневно (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/frontmenot-na-van-gog-pogoden-so-shishe-vo-glava-potoa-napravil-neshto-nesekojdnevno-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/frontmenot-na-van-gog-pogoden-so-shishe-vo-glava-potoa-napravil-neshto-nesekojdnevno-video/#respond Sun, 28 Jul 2019 20:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=223932

За време на настап во Сараево, Ѓуле од Ван Гог бил погоден со шише во главата. Откако го примил ударот, стоел шокиран неколку секунди, а потоа решил да го прекине настапот и да направи нешто несекојдневно. Тој ја повикал личноста која го фрлила шишето да се качи на сцената. „Верувајте, во рокенролот е дозволено публиката да го сподели своето воодушевување со бендот. Не е ни прв ни последен пат едно шише за вода, пиво, играчка или цвеќе да долета кон бината“, изјавил тој за босанските медиуми.   Извор: Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/frontmenot-na-van-gog-pogoden-so-shishe-vo-glava-potoa-napravil-neshto-nesekojdnevno-video/feed/ 0