ванчо ѓорѓиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Feb 2023 15:43:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ванчо ѓорѓиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓорѓиев со докази против бугарската пропаганда: Делчев го чкртнал Уставот на организацијата каде пишувале Бугари, тој е Македонец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgiev-so-dokazi-protiv-bugarskata-propaganda-delchev-go-chkrtnal-ustavot-na-organizatsijata-kade-pishuvale-bugari-toj-e-makedonets/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgiev-so-dokazi-protiv-bugarskata-propaganda-delchev-go-chkrtnal-ustavot-na-organizatsijata-kade-pishuvale-bugari-toj-e-makedonets/#respond Sat, 04 Feb 2023 15:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=796135

На денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО, се обрати професорот Ванчо Ѓорѓиев. Тој посочи дека Гоце Делчев го има чкртнано делот во Уставот на организацијата каде пишувало Бугарска и Бугарин па пишал Македонец. „Автоголот на Бугарската историографија е кога тие редовно кога зборуваат за тие теми тие се повикуваат за еден Устав и правилник на бугарски македонско одрински револуционерни комитети , при што прават едно антидатирање на овој документ и подметнуваат дека наводниот документ е напишан лично од Гоце Делчев, во тој Устав и член стои дека во таа организација член може да биде секој Бугарин и оттука се обидуваат да извлечат име на организацијата“, рече Ѓорѓиев. Тој додаде дека играјќи си понатаму со тој Устав, Бугарите отидоа до таму што заборавија од каде почнаа со фалсикувањето и со подметнувањето. „Таму се вели дека Гоце Делчев вршел корекции на овој Устав во 1902 година, каде има ракопис на Гоце Делчев како чкртал по него, а што пречкртал всушност тој ? Името каде стои бугарска и Бугарин па пишал Македонец“, дециден е Ѓорѓиев. Ѓорѓиев потенцираше да се запрашаат Бугарите каков е тој парадокс тоа да Гоце пишал Бугарин па го чкртнал па пишал Македонец. Штом Гоце ги избришал Бугарите од уставот, тогаш и ние нема да ги внесеме- порача тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgiev-so-dokazi-protiv-bugarskata-propaganda-delchev-go-chkrtnal-ustavot-na-organizatsijata-kade-pishuvale-bugari-toj-e-makedonets/feed/ 0
Ѓорѓиев: Имав закани од еден функционер, неговата појава во комисијата за историја се знаеше зошто беше https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-imav-zakani-od-eden-funkcioner-negovata-pojava-vo-komisijata-za-istorija-se-znaeshe-zoshto-beshe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-imav-zakani-od-eden-funkcioner-negovata-pojava-vo-komisijata-za-istorija-se-znaeshe-zoshto-beshe/#respond Thu, 02 Jun 2022 17:33:43 +0000 https://kurir.mk/?p=685769

Во комисијата за историја во даден момент се напушти принципот на консензуално носење на одлука. Зборувам за внатре во македонскиот дел од комисијата за историја. Две од препораките се донесени без моја согласност и тоа личи на мало насилство и тоа беше основната причина зошто се повлеков и тоа беше под влијание на политиката, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа професорот по историја Ванчо Ѓорѓиев кој беше дел од комисијата. -Имав закана од еден лик, тој е колатерална штета затоа што тој е службеник, висок функционер, го сожалувам во која улога се најде затоа што тој сам по себе не може да биде дел од комисијата, се најде како фенер на последната средба како контрола и тогаш се случи напуштањето на принципот и тоа присуство се знаеше зошто беше, истакна Ѓорѓиев. Тој посочи дека целодневно присуство на тој функционер било некоректно но се гледало како со ишарет дава сигнали и како под влијание на тоа присуство се кршат принципите. -Тој човек само спроведуваше одлуки. Никој не демантираше дека тоа лица од еден скопски ресторан заедно со други членови на комисијата се јавуваше кај мене. Тоа беше моментот кога ја напуштив комисијата, рече Ѓорѓиев. Професорот посочи дека после неговото напуштање на комисијата и соопштението за јавност следел и заканувачкиот разговор. -Откако излезе моето соопштение во јавност следеше разговорот по телефон каде меѓу другото беше тоа неговото „лично ќе ти се одмаздам за ова“. Тој е подреден и на министерот и на владата, изјави Ѓорѓиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-imav-zakani-od-eden-funkcioner-negovata-pojava-vo-komisijata-za-istorija-se-znaeshe-zoshto-beshe/feed/ 0
Ѓорѓиев: Целта на Бугарија е демакедонизација на Македонија, ние не треба да прифаќаме секакви идеи, достоинството не смее да се помине https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-celta-na-bugarija-e-demakedonizacija-na-makedonija-nie-ne-treba-da-prifakjame-sekakvi-idei-dostoinstvoto-ne-smee-da-se-pomine/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-celta-na-bugarija-e-demakedonizacija-na-makedonija-nie-ne-treba-da-prifakjame-sekakvi-idei-dostoinstvoto-ne-smee-da-se-pomine/#respond Thu, 02 Jun 2022 17:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=685735

Во Македонија се појавија информации дека Макрон е клучен играч, но не е така, се зависи од бугарските фактори каде ставот е јасен недвосмислен, и нема простор за натамошно очекување дека тоа прашање во блиска иднина може да се разреши, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, професорот по историја на Филозофски факултет, Ванчо Ѓорѓиев. - Доволно е само да потсетиме дека уште пред 3 години ја имаме рамковната позиција во бугарскиот Парламент, па го имаме оној објаснувачки меморандум кој беше испратен до Брисел каде таксативно се наведени бугарските барања и на крај коалициониот договор во бугарската влада. И оттука нема никој да отстапи, затоа што ако се случи тоа во Бугарија нема да има влада која ќе се распадне, истакна Ѓорѓиев. Тој додаде дека прашањето ќе остане такво, бидејќи никој во Бугарија нема да отстапи од позициите, дури тие се заоструваат, гледаме од пред ден два бугарскиот претседател споменува и референдум за некакво изјаснување на бугарската јавност која е сериозно наелектризирана по ова прашање. - Бугарија е членка на ЕУ и таа ништо не губи, а користејќи ја алатката вето секогаш ќе се однесува како што се однесува и нема да отстапат. Но тоа не значи дека ние по секоја цена треба да прифатиме секакви идеи. На Македонија и е потребен влезот во ЕУ, но има достоинство и принципи преку кои не смее да се помине. Другите ќе ве почитуваат толку колку самите ќе се почитувате, потенцираше Ѓорѓиев. Професорот истакна дека она што се бара од Бугарија е премногу и дека целта е демакедонизација на Македонија. - Бугарија спроведува кон нас една специјална операција која што главна цел демакедонизација на Македонија, а алатката преку која ја спроведува е ветото. Постои и скриена опасност, тоа е играње на рати. Тоа значи дека за секој самит на ЕУ кај нас да има спуштање на жицата, нагласи Ѓорѓиев. Тој посочи дека иако сега е ставен фокусот на правата на Бугарите во Македонија, сите други барања стојат и не се повлечени, туку тоа е само барање повеќе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-celta-na-bugarija-e-demakedonizacija-na-makedonija-nie-ne-treba-da-prifakjame-sekakvi-idei-dostoinstvoto-ne-smee-da-se-pomine/feed/ 0
Ѓорѓиев: Зошто го бираа тој тајминг да отстапат од црвените линии зацртани во резолуцијата во парламентот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-zoshto-go-biraa-toj-tajming-da-otstapat-od-crvenite-linii-zacrtani-vo-rezolucijata-vo-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-zoshto-go-biraa-toj-tajming-da-otstapat-od-crvenite-linii-zacrtani-vo-rezolucijata-vo-parlamentot/#respond Tue, 09 Nov 2021 19:17:25 +0000 https://kurir.mk/?p=593338

Не знам на што темелат дека престанокот со работа во комисијата е политички мотивирано, јас ги прашувам зошто тие тој тајминг го бираа за да отстапат од црвените линии зацртани во резолуцијата усвоена во македонскиот Парламент, вели историчарот проф. Ванчо Ѓорѓиев кој беше де од историската комисија со Бугарија за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија. Тој вели дека неговото заминување од Комисијата предизвика различни реакции, но тој останал доследен дека заради чувствителноста на моментот нема да излегува со изјави. - Изборите поминаа, и со оглед на вчерашната изјава на Османи ред е да го кажам своето. Јас не оперирам со терминот оставка, ако следевте, го искористив терминот „престанувам со работа“ во комисијата. Оставка може да поднесе избран или именуван функционер, кој застапува управен орган и институција, јас бев само член на експертска комисија и затоа не го користам терминот оставка, туку престанок кој е валиден од 22 октомври, рече тој. Тој за изјавата на Османи дека не поднел оставка туку е разрешен вели дека е триумфалиситичка, но, вистината е дека Османи ја манипулира јавноста. - На 28.10 имам заверен документ во МНР, изјава со која ги информирам дека престанувам официјално со моето учество во комисијата, потенцираше Ѓорѓиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-zoshto-go-biraa-toj-tajming-da-otstapat-od-crvenite-linii-zacrtani-vo-rezolucijata-vo-parlamentot/feed/ 0
Ѓорѓиев: Високиот претставник од МНР ми рече „да знаеш за ова лично ќе ти се одмаздам“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-visokiot-pretstavnik-od-mnr-mi-reche-da-znaesh-za-ova-lichno-kje-ti-se-odmazdam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-visokiot-pretstavnik-od-mnr-mi-reche-da-znaesh-za-ova-lichno-kje-ti-se-odmazdam/#respond Tue, 09 Nov 2021 19:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=593336

Професорот Ванчо Ѓорѓиев кој си замина од историската комисија со Бугарија за „Тема на денот“ на Сител вели дека по неговата најава дека ја напушта комисијата и откако објави дека висок функционер во МНР се мешал во работата на комисијата добил и закани и за тоа го повикува министерот Османи да спроведе истрага. - Бидејќи Османи кој се однесува во случајот кон мене како во османско време како кадија, судија, извршител. Јас ќе го поканам и обзнанив дека откако заминав дека висок функционер од МНР се закануваше и лично кон мене откако не ме разубеди да се вратам, а потоа во вториот разговор од 43 секунди тој рече „да знаеш за ова лично ќе ти се одмаздам“. Ѓорѓиев вели дека на состанок во се барало од комисијата да оди во Бугарија со физичко присуство да се одржи средбата и за тоа лично инсистирале Османи заедно со високиот функционер од министерството иако од бугарската страна било укажано дека е непожелно да има физичка средба заради ковид состојбата. - Јас ќе го потсетам министерот да се присети на таа средба и го прашувам да одговори што бараше високиот функционер во просторијата каде се одржуваше средбата?, вели Ѓорѓиев. Тој додаде дека исто така од тој претставник било барано да се вметнат измени за Цар Самоил кои се блиски до ставовите на Бугарија, а не на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-visokiot-pretstavnik-od-mnr-mi-reche-da-znaesh-za-ova-lichno-kje-ti-se-odmazdam/feed/ 0
Ѓорѓиев открива: Висок претставник на МНР за Цар Самоил нудел идеи кои ги апсолвираат погледите и ставовите на бугарската историографија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-otkriva-visok-pretstavnik-na-mnr-za-car-samoil-nudel-idei-koi-gi-apsolviraat-pogledite-i-stavovite-na-bugarskata-istoriografija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-otkriva-visok-pretstavnik-na-mnr-za-car-samoil-nudel-idei-koi-gi-apsolviraat-pogledite-i-stavovite-na-bugarskata-istoriografija/#respond Tue, 09 Nov 2021 19:01:58 +0000 https://kurir.mk/?p=593331

Професорот Ванчо Ѓорѓиев за „Тема на денот“ на Сител откри детали од последната средба на состанокот на историската комисија, кога тој се повлече од комисијата. Тој вели дека на таа средба висок претставник на МНР понудил идеи за решение за Цар Самоил кое ги асполвира погледите и ставовите на бугарската историографија и притоа се занемаруваат ставовите на македонската историографија. - Темата за која разговаравме беше Цар Самоил. Белешките кои ги разменувавме отстапуваа од сето она кое досега е разговарано, а предлог идеите кои беа понудени од високиот функционер на МНР се разликуваат од она што е дискусија водена цела година по тоа прашање. Ги асполвира погледите и ставовите на бугарската историографија и притоа се занемаруваат ставовите на македонската историографија. За моето тврдење постои документација, записниците, а приказната и темата за која говориме е тема долга повеќе од една година, еден ден јавноста ќе види кој какви ставови застапувал, рече Ѓорѓиев. Тој потенцира дека еден ден тоа ќе го покажат архивите. - За сите идеи кои ги разменуваме и одлучиме тоа да е став на македонската страна се одлучуваше колективно, а во случајот немаше таков консензус членовите на комисијата имаа две забелешки, рече тој. Ѓорѓиев ги повика другите членови на комисијата да не виткаат кичма и побара политиката да се тргне настрана од комисијата, бидејќи има сериозни политички притисоци особено од бугарска страна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-otkriva-visok-pretstavnik-na-mnr-za-car-samoil-nudel-idei-koi-gi-apsolviraat-pogledite-i-stavovite-na-bugarskata-istoriografija/feed/ 0
Алфа дознава: Методија Белевски од МНР вршел притисок во Комисијата, му се заканувал на Ѓорѓиев за оставката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-doznava-metodija-belevski-od-mnr-vrshel-pritisok-vo-komisijata-mu-se-zakanuval-na-gjorgjiev-za-ostavkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-doznava-metodija-belevski-od-mnr-vrshel-pritisok-vo-komisijata-mu-se-zakanuval-na-gjorgjiev-za-ostavkata/#respond Sun, 24 Oct 2021 19:05:08 +0000 https://kurir.mk/?p=584755

Првиот човек на Директоратот за билатерални односи со европски држави, Методија Белевски бил високиот функционер од МНР кој вршел политички притисоци врз одлуките на мешовитата комисија за историја, откриваат за Алфа високи дипломатски извори од Министерството. Според брифингот кој го добиле, Белевски инструкциите ги добивал од повисоките инстанци во МНР, а неговата задача била да влијае на она што членовите на Комисијата треба да го донесат како дел од заедничката историја со Бугарија. Истите извори велат дека Белевски бил дел и од делегацијата на последната посета на македонските власти во Софија и е една од врските со тамошните институции, што се потврдува и од официјалните видеа објавени на каналот на Влада пред три месеци. Од Алфа, побарале официјален став и од МНР за информациите, дали Белевски е дипломатот кој беше посочен дека вршел политичко влијание при носењето на одлуките во Комисијата, но и дали Министерството ќе ја преиспита работата на историчарите и ќе преземе чекори по обвинувањата на членот на Комисијата, Ванчо Ѓорѓиев кој ја напушти работата на истата. Одговор стигна од МНР, ама не тоа што телевизијата го побарала. Сепак од министерството не ја демантираат нивната информација дека Белевски е дипломатот кој е директно поврзан со скандалот кој го објави професорот Ѓорѓиев. -Министерството на ниту еден начин досега не бил дел од научната работа на Комисијата, уште помалку во создавањето содржина во рамките на работата на Комисијата…Загрижува фактот што очигледно работата на Комисијата стана предмет за дневно полички натпревар во изборен контекст, што ги загрозува кревките суштинските придобивки од нивната работа, стои во дел од одговорот од МНР. А откако професорот Ванчо Ѓорѓиев си даде оставка од заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, телефонски добил закана од висок функционер во мнр, објави порталот пресинг. Според сведочењето на професорот откако им соопштил на своите колеги дека ја напушта комисијата, се слушнал телефонски со дипломатот, кој се обидувал да го разубеди за професорот да го преиспита својот став и да продолжи со работата поради чувствителноста на политичкиот момент. Но, со оглед дека Ѓорѓиев останал на своето, подоцна повторно му заѕвонил функционерот и му се заканил директно со зборовите „Да знаеш, за ова лично ќе ти се одмаздам“. Инаку професорот Ѓорѓиев, додал дека смета оти „високиот функционер“ не настапува лично, туку дека е пренесувач на инструкции и пораки од повисоки инстанци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-doznava-metodija-belevski-od-mnr-vrshel-pritisok-vo-komisijata-mu-se-zakanuval-na-gjorgjiev-za-ostavkata/feed/ 0
Висок функционер од МНР му се заканувал на проф. Ванчо Ѓорѓиев со лична одмазда?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visok-funkcioner-od-mnr-mu-se-zakanuval-na-prof-vancho-gjorgjiev-so-lichna-odmazda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visok-funkcioner-od-mnr-mu-se-zakanuval-na-prof-vancho-gjorgjiev-so-lichna-odmazda/#respond Sat, 23 Oct 2021 13:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=584252

Вчерашната оставка на проф.д-р Ванчо Ѓорѓиев од заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања предизвика вистинска бура на домашната политичка сцена и во севкупната јавност, пишува „ПресингТВ“. На крајно сериозните обвинувања од страна на проф.Ѓорѓиев за мешање на висок функционер на МНР во работата на комисијата и напуштање на ставовите во Резолуцијата на Собранието за македонските црвени линии во преговорите со Бугарија од сдтрана на нејзините членови, следуваа, најблаго речено, безлични реакции од засегнатите институции, а министерот за надворешни работи, Бујар Османи, најави и истрага за случувањата и целиот настан. Во потрага по дополнителни информации, со цел да му помогне на министерот Османи во истрагата, Пресинг ТВ го контактираше професорот Ванчо Ѓорѓиев. Тој принципиелно ни кажа дека, како што сторил и со сите заинтересирани медиуми во текот на вчерашниот ден, поради чувствителноста на политичкиот момент засега ќе се воздржи од коментирање на сите изјави. Меѓутоа, сепак тој за „Пресинг ТВ“ додаде дека е згрозен и загрижен поради постапката на „високиот функционер“. Притоа откри дека вчера (22.10.2021), час и половина по неговото заминување од МНР, откако им соопштил на неговите колеги дека ја напушта работата на Комисијата, во 10,25 часот му се јавил „високиот функционер“ при што настојувал да го разубеди да го преиспита својот став и да се врати и да продолжи со работа во Комисијата, токму поради чувствителноста на политичкиот момент. Според професорот Ѓорѓиев, овој разговор траел точно 18 минути и 30 секунди. Подоцна, откако професорот Ѓорѓиев го објави своето Соопштение до македонската јавност, во 12,51 повторно му заѕвонил „високиот функционер“. Овој пат разговорот траел само 43 секунди. Во овој краток период „високиот функционер“, меѓу другото, на професорот му рекол „Да знаеш, за ова лично ќе ти се одмаздам“. Професорот Ѓорѓиев, сепак смета дека „високиот функционер“ не настапува лично, туку дека е пренесувач на инструкции и пораки од повисоки инстанци. Дека нешто се случувало во работата на комисијата, на извесен начин потврди и копретседавачот од бугарска страна, Ангел Димитров. Тој нагласува дека „до попладнето завчера се надевал оти македонските историчари ќе променат нешто во својот однос, откако бугарската страна одново направила некакви отстапки и извесни компромиси. Но, вчера нешто се смени и денеска (односо вчера н.з.) се забележа враќање кон традиционалните ставови на нашите колеги во последните две години“. Според него, до вчера до пладнето историчарите работеле на формулации на текстот за цар Самоил. -Направивме напори да постигнеме согласност и по тоа прашање, но македонските историчари откажаа. Малку тешко ќе излеземе од 10-11 век и не гледам желба кај нашите колеги да ја напуштат сопствената интерпретација за историското време, изјави Димитров. Случајно или не, тајмингот што го споменува Димитров и промената на ставот нна македонските историчари, се совпаѓа токму со времето на реакцијата на проф. Ѓорѓиев. Останува отворено прашањето што прво прифатиле, па потоа од тоа се откажале македонските историчари, зашто проф.Ѓорѓиев во образложението на неговата оставка меѓу другото наведе дека се напуштени македонските црвени линии и се прифаќа нешто што е спротивно на македонските национални интереси?! Ако според тврдењата и на останатите членови на комисијата и на македонските политичари до сега е постигната согласност за цар Самоил, зошто тогаш не се објави прифатената содржина и зошто постојано се врти во круг токму прашањето околу оваа историска личност? Дека содржината од протоколите ќе биде објавена многу скоро изјави уште лани премиерот Зоран Заев во контроверзното интервју за агенцијата БГНЕС. Но, до ден денес тоа не е сторено. И во овој период не станува збор само за личноста на цар Самоил, туку за целото средновековие во кои меѓу другото влегува и прашањето за Охридската архиепископија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visok-funkcioner-od-mnr-mu-se-zakanuval-na-prof-vancho-gjorgjiev-so-lichna-odmazda/feed/ 0
Мицкоски за оставката на Ѓорѓиев: Имаме јасна резолуција која ги штити нашите позиции, очекувам личните и политички интереси на власта да се стават на страна, апелирам на трезвеност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-ostavkata-na-gjorgjiev-imame-jasna-rezolucija-koja-gi-shtiti-nashite-pozicii-ochekuvam-lichnite-i-politichki-interesi-na-vlasta-da-se-stavat-na-strana-apeliram-na-trezvenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-ostavkata-na-gjorgjiev-imame-jasna-rezolucija-koja-gi-shtiti-nashite-pozicii-ochekuvam-lichnite-i-politichki-interesi-na-vlasta-da-se-stavat-na-strana-apeliram-na-trezvenost/#respond Fri, 22 Oct 2021 12:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=583784

Шокирачки е што некој помеѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет, да ја продава Македонија, на сметка на тоа да опстане политички, изјави денес при посетата во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за оставката на професорот Ванчо Ѓорѓиев од историската комисија со Бугарија поради политичко мешање и не придржување до резолуцијата.

Мицкоски истакна дека имаме јасна Резолуција изгласана во македонското Собрание и очекува личните и бизнис интереси да бидат оставени на страна. Тој апелира до членовите на комисијата на трезвеност, патриотски чувства затоа што се ова чувствителни моменти за македонскиот народ и за Македонија и да внимаваат што преговараат и што потпишуваат.

- Веднаш повикувам не само до тие политичари кои вршат притисок, туку и до останатите членови на историската комисијата која преговара,  да ја следи постапката на професорот Ванчо Ѓорѓиев, затоа што треба да се свесни дека слугувањето на тие кои ја продаваат Македонија ќе биде запишано во историјата, ама на темната страна, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека оваа влада која не се штедеше да ја распродава Македонија и македонскиот идентитет се ближи кон својот крај.

- Немојте да бидете дел од тој крај, дециден е Мицкоски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-ostavkata-na-gjorgjiev-imame-jasna-rezolucija-koja-gi-shtiti-nashite-pozicii-ochekuvam-lichnite-i-politichki-interesi-na-vlasta-da-se-stavat-na-strana-apeliram-na-trezvenost/feed/ 0
Историчарот Ѓорѓиев поднесе оставка од историската комисија: Заев прави притисоци за распродажба на идентитетот меѓу двата изборни круга! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istoricharot-gjorgjiev-podnese-ostavka-od-istoriskata-komisija-zaev-pravi-pritisoci-za-rasprodazba-na-identitetot-megju-dvata-izborni-kruga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istoricharot-gjorgjiev-podnese-ostavka-od-istoriskata-komisija-zaev-pravi-pritisoci-za-rasprodazba-na-identitetot-megju-dvata-izborni-kruga/#respond Fri, 22 Oct 2021 10:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=583658

Раководејќи се од професионалниот интегритет и личните принципи, ја известувам македонската јавност дека од денес, 22.10.2021 година, ја напуштам работата во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнува историчарот Ванчо Ѓорѓиев. Одлуката е мотивирана од следниве околности:  
  1. Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на  XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР;
  2. При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања; при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година;
  3. Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност;
  4. Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси;
  5. Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја „виткаат кичмата“, стои во неговото соопштение до јавноста.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istoricharot-gjorgjiev-podnese-ostavka-od-istoriskata-komisija-zaev-pravi-pritisoci-za-rasprodazba-na-identitetot-megju-dvata-izborni-kruga/feed/ 0