Ване Цветанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Apr 2023 11:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ване Цветанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бришачи, замрзнувачи и новоосвестенковци https://arhiva.kurir.mk/kolumni/brishachi-zamrznuvachi-i-novoosvestenkovtsi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/brishachi-zamrznuvachi-i-novoosvestenkovtsi/#respond Mon, 03 Apr 2023 11:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=819469

Нов ден, нов северен резил. Таче меѓу серија „замрзнувања“ во Веро, брише ли брише. Ване се освести, Дунавка во жалост. Груби игра ли игра фудбалче, директор на железници стана келнер, а зелените дуевци и уште позелени во умот есдесовци сфаќаат дека се насанкаа со желбата за хрватски устав. Ок, знаеме дека оваа банда собрана на „Илинденска“ бр.2 веќе одамна не е ни влада, туку само збир на антимакедонски помагала, човеколики алатки кои сесрдно помагаат во бришењето на колективната меморија на Македонецот и создавање на некоја измислена северизирана направија. Бришачи на меморија, исто ко што престолонаследникот Таче експресно го избриша видеото со безусловна поддршка на лузерот Мило Ѓукановиќ. Истиот оној Мило кај кој Ќуран така случајно добил докторска титула, тогаш како „малиот“ на амбасадорот Таче (оригиналот), во време кога татко му ја претставувал Македонија во Црна Гора... И така, од резил за поддршка, но и од пуста навика стекната со континуираното бришење македонски национални одередници, Бришачот Таче (неоригиналот) ја избриша поддршката кон милиот му Мило. Таксират или саде лоша „пиши-бриши“ навика на довчерашниот анонимус  црпнат од министерството за финансии со задача да доизбрише еден напатен народ. Веројатно, улогата на бришач на сопствената нација на некој друг и би му пречела, но не и на човечето кое ја продолжи мисијата на Муртинхаузен, хохштаплер за кој, до појавувањето на Ќуран, мислевме дека е најбезбразното нешто што може да се испили на овие простори. Арно, ама, не било така. Можело и полошо, докажа бришачот Таче. Премиер кој во популистички евтин наплив половина мандат мина во Веро пипкајќи леб и јајца, за да последниве денови го спречуваат да не пипка и женски влошки. Пак, по пуста навика. А на новокомпонираните владејачи во Македонија се’ мора да им се нацрта, за да не ја утнат пустите. Замислете ја само обуката на недоветните во владините подруми или на Бихаќка. Она што државата го сведочи по маркетите е вториот талент на Таче. Таче Замрзнувачот, колку тоа гордо и државнички звучи, а? Замрзни ова, замрзни она, пипни ова, пипни она, малку хи-хи-ха-ха  со Бектеши, па муабетче со некоја наместена баба активистка, па упс - ќе ти се погоди и некоја тетка што не е од „твоите“, а шансите се многу големи, нели? И додека Таче ги замрзнуваше цените на се’ и сешто, на продукти кои да беше вистински премиер не ни смееја толку да се качат до небо, повторно провеја чувството на веќе видено. Дежа ви, по којзае кој пат. Не случајно... Епа, дотичниот замрзнувач е само наследник на комуњарската ергела „лева рука - десни џеб“ политиканти и замрзнувачи заради кои Македонија минативе три децении е замрзната, ѓоамити во длабоко. И додека сите околу нас одат напред и ги развиваат своите држави, саде ние така „замрзнати“ стоиме во место, левитираме, тапкаме, а одвреме-навреме и се враќаме назад. Ендемска лимбо ситуација во која ние така уникатно стоиме заглавени/замрзнати во времето. Ако не верувате во моќта на есдесовското замрзнување, само сетете се на мизеријата на Албанија пред 10-15 години, елементарната непогода во Бугарија до пред 15-20-на години кога на одмор со една просечна плата минувате како богови, па и на Вучиќ и неговиот идол. Тие сите отидоа многу напред, ние се вративме назад. Сето благодарение на замрзнувачките афинитети на бедотијата од политичари, кои за сметка на своите кариери и џебови ја жртвуваа и ден-денес ја жртвуваат Македонија. И додека насила посадениот премиер кој никогаш и не требаше тоа да биде, бришеше постови за кои великодушно плаќа по 26 илјади евра месечно, еден друг довчерашен пајташ и функционер на Заев сфати дека бил Бугарин. Фатен со 75 илјади евра криминал, Ване пребега во Бугарија и соопшти дека е репресиран Бугарин. Не дека украл 75 илјади евра, неееее, веројатно насила му ги ставиле во џеб за да го прикажат во лошо светло. Реално, треба да му испратиме благодарница што призна дека не е Македонец, големо олеснување. Поголем срам и резил од него како претставник на која и да е  нација немало и нема да има. А не’ чини „само“ 75 илјади евра. Ве тера искрено да се запрашате, колку евра/долари/рубљи/јуани/фунти да им дадеме на актуелниве властодршци, да собереме сите, колку ќе не чини за да им ги наполниме џебовите за да пребегаат и тие, „сфаќајќи“ дека не се Македонци? Колку и да чини, мислам дека се исплати. Кога ќе размислат пак тие, подобро тоа да го сторат сега, од позиција на властодршци. Наскоро доаѓаат избори, бегање нема. А кога ќе траснат од власт, следува одговорност. Без неа, ништо нема поента. Бадијала сите Кацарски, Абазовци, Јовевци и останати судско-обвинителски апаратчици. Направете ни услуга, аман, полнете ненаситните душички и џебови, „сфатете“ кои сте и фатете џенем. Оти, и онака, Македонци, дефинитивно не сте...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/brishachi-zamrznuvachi-i-novoosvestenkovtsi/feed/ 0
Ване Цветанов побегнал во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vane-tsvetanov-pobegnal-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vane-tsvetanov-pobegnal-vo-bugarija/#respond Sat, 01 Apr 2023 13:22:53 +0000 https://kurir.mk/?p=818854

Поранешниот функционер Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 000 евра. Бегството го пријави синоќа во телевизиско интервју за бугарската телевизија Нова. – Жртва сум на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси. Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години – вели новоосвестениот Бугарин во интервјуто. На прашањето на новинарот дали ќе се врати во Македонија, тој рече: – Не верувам. Она што го направив е избор и нема враќање назад – категоричен е тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vane-tsvetanov-pobegnal-vo-bugarija/feed/ 0
Ване Цветанов доби кривична пријава за патувањето со Дунавка на товар на институцијата во која работел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vane-cvetanov-dobi-krivichna-prijava-za-patuvanjeto-so-dunavka-na-tovar-na-institucijata-vo-koja-rabotel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vane-cvetanov-dobi-krivichna-prijava-za-patuvanjeto-so-dunavka-na-tovar-na-institucijata-vo-koja-rabotel/#respond Fri, 18 Nov 2022 14:38:05 +0000 https://kurir.mk/?p=762994

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за „злоупотреба на функцијата“ на Ване Цветанов, како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата, за противправна имотна корист од вкупно 4.656.876 денари (75.722 евра), во период од неколку години. Меѓу неколку дела, тој се товари за заеднички службени патувања со својата невенчана сопруга Дунавка Трипуновска. Со својата партнерка потрошил 93.800 денари, а ја ангажирал како советник за да може да патуваат заедно во странство. -Исто така, тој ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, па без претходна Одлука за потреба од ангажирање на надворешно лице донесена од страна на Советот на телото, последователно склучил 3 Договори за ангажирање на надворешен советник за специјални цели во телото со Д.Т., која била негова невенчана сопруга, без предвиден надоместок за ангажираното лице. Притоа овие договори биле искористени и како основa за заеднички службени патувања во странство, за што по основ на дневници за службени патувања и патни и дневни трошоци, од сметката на телото неосновано и противправно биле исплатени парични средства во вкупен износ од 93.800 ден. (1.525 евра), се наведува во соопштението. Цветанов, според МВР, без тендер набавил стоки и услуги во вкупен износ од 2.272.684 ден. (36.954 евра). Навацил стоки и услуги од 430.515 ден. (7.000 евра) за кои постои основано сомнение дека нема реална оправданост за набавка на истите за потребите на телото. Неосновано ангаќирал надворешни лица за сума од 1.803.237 ден. (29.321 евро). Иако веќе телото имало апликативен софтвер, набавил уште еден за 56.640 ден. (921 евра). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vane-cvetanov-dobi-krivichna-prijava-za-patuvanjeto-so-dunavka-na-tovar-na-institucijata-vo-koja-rabotel/feed/ 0
Ја ангажирал сопругата да му помага во работењето: Ване Цветанов разрешен од раководната позиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-angaziral-soprugata-da-mu-pomaga-vo-rabotenjeto-vane-cvetanov-razreshen-od-rakovodnata-pozocija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-angaziral-soprugata-da-mu-pomaga-vo-rabotenjeto-vane-cvetanov-razreshen-od-rakovodnata-pozocija/#respond Tue, 15 Mar 2022 19:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=647808

Владата на денешната седница го разреши Ване Цветанов од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Разрешувањето доаѓа брзо по информациите во јавноста дека Цветанов, како Претседател на оваа државната институција, ја ангажирал сопствената жена, Дунавка Трифуновска да му помага во работењето. Очекуваме и официјална потврда од Владата, по завршување на седницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-angaziral-soprugata-da-mu-pomaga-vo-rabotenjeto-vane-cvetanov-razreshen-od-rakovodnata-pozocija/feed/ 0
ПУКНА ТИКВАТА: Заврши убавата љубовна приказна на Ване Цветанов и Дунавка Трифуновска https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pukna-tikvata-zavrshi-ubavata-ljubovna-prikazna-na-vane-cvetanov-i-dunavka-trifunovska/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pukna-tikvata-zavrshi-ubavata-ljubovna-prikazna-na-vane-cvetanov-i-dunavka-trifunovska/#respond Tue, 22 Jun 2021 17:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=526791

Пукна тиквата помеѓу познатата манекенка Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција. Цветанов на Фејсбук реши да сподели со своите пријатели дека убавата љубовна приказна завршила. -Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна. Дунавка е прекрасна личност, искрено ѝ ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш… Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена, а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца. Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси!, напиша Цветанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pukna-tikvata-zavrshi-ubavata-ljubovna-prikazna-na-vane-cvetanov-i-dunavka-trifunovska/feed/ 0