Ванг Ји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 11:31:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ванг Ји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ванг Ји: Израелските акции во Газа излегоа „надвор од рамката на самоодбрана“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-ji-izraelskite-aktsii-vo-gaza-izlegoa-nadvor-od-ramkata-na-samoodbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-ji-izraelskite-aktsii-vo-gaza-izlegoa-nadvor-od-ramkata-na-samoodbrana/#respond Sun, 15 Oct 2023 11:31:08 +0000 https://kurir.mk/?p=889030

Израелските акции во Газа излегоа „надвор од рамката на самоодбрана“ и израелската Влада мора „да престане со колективното казнување на луѓето во Газа“, рече денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонскиот разговор со неговиот саудиски колега, принцот Фајсал бин Фархан. „Израел треба сериозно да ги послуша повиците на меѓународната заедница и генералниот секретар на ОН и да престане со колективното казнување на народот во Газа“, додаде Ванг Ји. Ова се досега најострите коментари на официјален Пекинг за последниот конфликт меѓу Израел и Хамас, кој избувна по саботниот масакр врз израелските цивили на југот на таа земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-ji-izraelskite-aktsii-vo-gaza-izlegoa-nadvor-od-ramkata-na-samoodbrana/feed/ 0
Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salivan-se-sretna-so-kineskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vang-ji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salivan-se-sretna-so-kineskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vang-ji/#respond Sun, 17 Sep 2023 18:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=878856

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Малта во обид да ги стабилизира билатералните односи. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Саливан и Ванг имале „искрени, значајни и конструктивни разговори“. Ова е нова дискусија на високо ниво во серијата консултации меѓу американските и кинеските претставници, кои го подготвуваат теренот за средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг подоцна оваа година. Саливан и Ванг последен пат разговараа во мај во Виена. Овој месец Бајден го изрази своето разочарување што Си го пропуштил форумот на Г20 во Индија, но додаде дека „ќе успее да се види со него“. Следна таква можност е самитот за Азиско-пацифичка економска соработка, кој е закажан за ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salivan-se-sretna-so-kineskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vang-ji/feed/ 0
Шефот на кинеската дипломатија од Сингапур ја почнува турнејата во југоисточзна Азија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-kineskata-diplomatija-od-singapur-ja-pochnuva-turnejata-vo-jugoistochzna-azija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-kineskata-diplomatija-od-singapur-ja-pochnuva-turnejata-vo-jugoistochzna-azija/#respond Thu, 10 Aug 2023 06:16:41 +0000 https://kurir.mk/?p=865252

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска од Сингапур ја започна турнејата низ три земји од Југоисточна Азија, соопшти кинеската амбасада во Сингапур. Во рамки на тридневната турнеја на шефот на кинеската дипломатија, предвидени се посети и на Малезија и Камбоџа. „Кина очекува во рамките на посетата да ја зајакне својата стратешка комуникација со овие три земји од Југоисточна Азија“, соопшти вчера кинеското Министерство за надворешни работи. Ванг Ји ќе остане во Сингапур до утре, со закажани средби со министерот за надворешни работи на Сингапур Вивијан Балакришнан и со премиерот на Сингапур Ли Сиен Лунг, се вели во соопштението на сингапурското Министерство за надворешни работи. Сингапур, Малезија и Камбоџа се членки на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН), која е во преговори со Кина за да подготви правила за управување со тензиите поврзани со територијалните спорови околу Јужното Кинеско Море. Сингапур е важен финансиски центар во регионот и има добри односи и со Пекинг и со Вашингтон. Утре, Ванг ќе отпатува за Малезија, каде што е предвидено да се сретне со премиерот Анвар Ибрахим. Турнејата на кинескиот министер ќе заврши во Камбоџа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-kineskata-diplomatija-od-singapur-ja-pochnuva-turnejata-vo-jugoistochzna-azija/feed/ 0
Ванг апелира Русија и Украина да не дозволат прелевање на судирот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-apelira-rusija-i-ukraina-da-ne-dozvolat-prelevanje-na-sudirot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-apelira-rusija-i-ukraina-da-ne-dozvolat-prelevanje-na-sudirot/#respond Sat, 24 Sep 2022 20:01:59 +0000 https://kurir.mk/?p=737033

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во денешниот говор на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН ги повика Украина и Русија да не дозволат „прелевање“ на војната. – Ги повикуваме сите заинтересирани страни да го спречат прелевањето на кризата и да ги заштитат легитимните права и интереси на земјите во развој, истакна Ванг, додавајќи дека приоритет е „олеснување на мировните преговори“. Кинескиот министер за надворешни работи апелираше на „мирно решение на украинската криза преку фер и прагматични разговори“. Кина е официјално неутрална, но западните земји понекогаш ја обвинуваат дека е премногу помирлива кон Русија. Во Њујорк, Ванг се сретна со својот украински колега Дмитро Кулеба, кому му пренесе дека Пекинг повикува на почитување на „територијалниот интегритет на сите земји“. Ванг за време на говорот го спомена Тајван, наведувајќи дека Кина мора „цврсто да се бори против сепаратистичките активности на Тајван и да преземе решителни активности за да се спротивстави на надворешното мешање“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-apelira-rusija-i-ukraina-da-ne-dozvolat-prelevanje-na-sudirot/feed/ 0
Ванг: Посетата на Пелоси на Тајван е „неодговорен и крајно ирационален“ потег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-posetata-na-pelosi-na-tajvan-e-neodgovoren-i-krajno-iracionalen-poteg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-posetata-na-pelosi-na-tajvan-e-neodgovoren-i-krajno-iracionalen-poteg/#respond Thu, 04 Aug 2022 07:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=713851

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ја нарече посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД „маничен, неодговорен и крајно ирационален“ потег, објави државната телевизија СиСиТиВи (CCTV). Ванг на состанокот на министрите за надворешни работи на АСЕАН во Пном Пен, Камбоџа, рече дека Кина направила најголеми дипломатски напори за да ја спречи кризата, но никогаш нема да дозволи да бидат повредени нејзините суштински интереси. – Сегашните и идните мерки на Кина се неопходни и навремени одбранбени контра мерки, внимателно разгледани и оценети, насочени кон зачувување на националниот суверенитет и безбедност, во согласност со меѓународното и домашното право, рече Ванг. Бродови на кинеската морнарица и воени авиони на кратко утрово ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец, изјави тајвански извор запознаен со ова прашање. -Околу 10 бродови на кинеската морнарица ја преминаа централната линија и останаа во областа од средата навечер до четвртокот, а повеќе кинески воени авиони на кратко ја преминаа централната линија во четвртокот наутро, рече официјалниот претставник. -Тајван распореди ракетни системи за следење на активностите на кинеското воздухопловство во близина на централната линија, а бродовите на тајванската морнарица останаа блиску до централната линија за да ја следат кинеската поморска активност, рече претставникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-posetata-na-pelosi-na-tajvan-e-neodgovoren-i-krajno-iracionalen-poteg/feed/ 0
Шефот на дипломатијата на Кина во прва посета на Сеул од 2015 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-diplomatijata-na-kina-vo-prva-poseta-na-seul-od-2015-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-diplomatijata-na-kina-vo-prva-poseta-na-seul-od-2015-godina/#respond Wed, 04 Dec 2019 07:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=273038

Шефот на кинеската дипломатија е во посета на Сеул за првпат по четири години бидејќи двете држави настојуваат да ги поправат односите нарушени по распоредувањето американски противракетни системи во Јужна Кореја. Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе има средба со јужнокорејскиот колега Канг Кјунг-ваом и претседателот Мун Џае-ин за време на дводневната посета. Ји последен пат го посети главниот град на Јужна Кореја во 2015 година, кога присуствуваше на трилатералниот состанок на кој присуствуваше и Јапонија. Една година подоцна, односите се влошија поради планираното распоредување на американски ракетен одбранбен систем ТААД, во Јужна Кореја, дизајниран за пресретнување балистички ракети. Пекинг соопшти дека со тоа се нарушува регионалната мрежа за безбедност, велејќи дека моќниот радар на системот може да достигне територија на Кина. Јужна Кореја и САД продолжија со планот и го поставија ракетен одбранбен систем во 2017 година, изјавувајќи дека тоа е оправдано со провокациите на Северна Кореја. Северна Кореја испука десетици проектили откако Мун Џае-ин стана претседател на Јужна Кореја во 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-diplomatijata-na-kina-vo-prva-poseta-na-seul-od-2015-godina/feed/ 0
Шефот на кинеската дипломатија се состана со лидерот на Северна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-kineskata-diplomatija-se-sostana-so-liderot-na-severna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-kineskata-diplomatija-se-sostana-so-liderot-na-severna-koreja/#respond Thu, 03 May 2018 10:11:12 +0000 https://kurir.mk/?p=49213

Членот на Државниот совет на Кина и министер за надворешни работи Ванг Ји, кој е во дводневна посета на Пјонгјанг, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Кратките соопштенија, на кинеската телевизија и блогот на кинеското Министерство за надворешни работи, не содржат никакви информации за темите кои биле дискутирани. Претходно, денеска кинескиот министер за надворешни работи се сретна со својот севернокорејски колега и го увери, дека Пекинг целосно ги поддржува напорите на Северна Кореја да ја развива својата економија по воведувањето на санкции од ОН, што резултираше со намалување на трговијата меѓу Кина и Северна Кореја за околу 90 отсто. Во март Ким Џонг-ун беше во прва посета на Кина откако дојде на власт пред шест години. На крајот на април, се одржа  историската средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, а наскоро се очекува Ким да се состане со американскиот претседател Доналд Трамп. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-kineskata-diplomatija-se-sostana-so-liderot-na-severna-koreja/feed/ 0
Министерот за надворешни работи на Кина во посета на Северна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-kina-vo-poseta-na-severna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-kina-vo-poseta-na-severna-koreja/#respond Wed, 02 May 2018 06:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=48466

Министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји замина за Пјонгјанг. За време на дводневната посета министерот ќе се сретне со неговиот севернокорејски колега Ри Јон-хо, за да дискутираат за ситуацијата на Корејскиот полуостров пред средбата на врвот меѓу лидерите на Северна Кореја Ким Џонг-ун и претседателот Доналд Трамп. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-kina-vo-poseta-na-severna-koreja/feed/ 0
Кинескиот министер за надворешни работи во посета на Северна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vo-poseta-na-severna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vo-poseta-na-severna-koreja/#respond Mon, 30 Apr 2018 06:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=47732

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Северна Кореја во текот на оваа недела,  соопшти портпаролот на министерството. Посетата е предвидена за среда и четврток на покана на севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јон-хо, соопшти министерството. Ванг Ји ќе биде првиот кинески министер за надворешни работи кој ќе ја посети Северна Кореја од 2007 година. Посетата беше објавена откако се зголемија надежите за мир на разделениот Корејски полуостров по историската средба меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, на која двајцата лидери ветија „целосно нуклеарно разоружување". Кина е единствениот голем економиски партнер на Северна Кореја, но трговијата се намали за околу 90 проценти, бидејќи Пекинг ги спроведува  санкциите наложени на Пјонгјанг поради нуклеарните и ракетните  проби. Минатиот месец Ким Џонг-ун беше во долгоочекуваната посета на Пекинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vo-poseta-na-severna-koreja/feed/ 0