Вархеји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Oct 2020 07:03:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вархеји – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вархеји во самоизолација поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varheji-vo-samoizolacija-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varheji-vo-samoizolacija-poradi-kovid-19/#respond Mon, 12 Oct 2020 07:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=415221

Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји синоќа објави дека е во самоизолација откако дозна дека еден член однеговиот тим епозитивен на Ковид-19. Вархеји на Твитер објави дека тој и членовите на неговиот тим чекаат резултати од тестирњето и оти во согласност со препораките за јавно здравје се во самоизолација. – Добро се чувствувам, немам симптоми, се тестирав и претходните недели и моите тестови беа негативни. Останете безбедни, напиша Вархеји. Еврокомесарот Вархеји минатата недела беше во официјални посети на Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора каде го претставуваше извештајот на Европска комисија за Западен Балкан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varheji-vo-samoizolacija-poradi-kovid-19/feed/ 0
Вархеји од Подгорица: Да се поврзат главните градови од регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-od-podgorica-da-se-povrzat-glavnite-gradovi-od-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-od-podgorica-da-se-povrzat-glavnite-gradovi-od-regionot/#respond Sat, 10 Oct 2020 09:25:23 +0000 https://kurir.mk/?p=414705

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји вчера во Подгорица изјави дека Брисел предлага сите главни градови во регионот да се поврзат со автопатишта и железница, како и со брз широко појасен интернет. – Ви носам нов инвестициски план за Западен Балкан, во кој е вклучена и Црна Гора. Кога новата Комисија го презеде мандатот имавме само три цели, првиот да ги обновиме односите со земјите од Западен Балкан и ангажман како да се приближат до ЕУ, истакна Вархеји. Тој додаде дека е обновен целиот преговарачки процес со усвојувањето на новата методологија и истиот треба да доведе до раст на економијата и отворање на нови работни места. Вархеји потенцира дека планот е осмислен на регионално ниво. – Нудиме пакет од девет милијарди евра грантови и 20 милијарди евра во гаранции. Ова е една третина од бруто домашниот производ на целиот регион. Мислиме дека ова може да ја зајакне и поттикне целата економија во целиот регион во период од четири до пет години, наведе Вархеји. Тој додаде дека ЕУ предлага и диверсификација на енергетските извори и постепено да се исфрла јагленот од употреба. Вархеји во Подгорица имаше средби и со мандатарот за состав на нова влада на Црна Гора, Здарвко Кривокапиќ. – Разговаравме и за економско-инвестицискиот план за Западен Балкан и неговиот потенцијал за регионот. Се радувам на соработката со новата влада, напиша Вархеји на Твитер по средбата со Кривокапиќ и лидерот на коалицијата Црно на бело, Дритан Абазовиќ. Кривокапиќ на Твитер порача дека членството во ЕУ останува приоритет за Црна Гора. – Членството во ЕУ е наш приоритет. Благодарни сме на објективниот годишен извештај за напредокот, досегашната и идната помош од ЕУ, вклучително и новиот Економски и инвестициски план за Западен Балкан, наведе Кривокапиќ. Еврокомесарот се сретна и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и присуствуваше на седница на црногорскиот Парламент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-od-podgorica-da-se-povrzat-glavnite-gradovi-od-regionot/feed/ 0
Вархеји: Западен Балкан го гледаме како дел од Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-zapaden-balkan-go-gledame-kako-del-od-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-zapaden-balkan-go-gledame-kako-del-od-evropa/#respond Fri, 09 Oct 2020 13:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=414485

Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската комисија, изјави денеска во Сараево комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји. По разговорите со домаќините, Вархеји изјави пред новинарите дека Комисијата многу ревносно работи од првиот ден за да даде до знаење дека Западен Балкан е приоритет на ЕК. – И не само тоа, ние го гледаме Западен Балкан како дел од Европа и го гледаме на долг рок или на краток рок како целосно интегриран во Европската унија, рече тој. Зборувајќи за иницијативата „мини Шенген“, Вархеји рече дека тоа значи брза можност за проток на стоки и луѓе и оти тоа ќе овозможи прилив на инвестиции и ќе го олесни платниот промет. – Затоа започнавме да работиме на нова методологија за проширување, почнаа преговори со Македонија и Албанија … Работиме и на забрзано намалување на нееднаквоста меѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија, рече еврокомесарот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-zapaden-balkan-go-gledame-kako-del-od-evropa/feed/ 0