варичела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Dec 2022 12:26:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png варичела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемен бројот на заболени деца од варичела во Куманово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-zaboleni-deca-od-varichela-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-zaboleni-deca-od-varichela-vo-kumanovo/#respond Wed, 28 Dec 2022 12:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=781660

Зголемен е бројот на деца заболени од варичела или познато како овчи сипаници во Куманово, информираа денеска епидемиолози од Центарот за јавно здравје. Лекарите од јавната здравствена установа велат дека трендот на зголемување на бројката на заболени, пред сè деца, почнал од октомври, годинава. – Станува збор за акутно заболување, карактеристично за детска возраст. Речиси 80 проценти од заболените во Куманово се деца од предучилишна и училишна возраст од нула до 14 години, има и новороденчиња, но и возрасни членови на семејствата на заболените дечиња, изјави доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово. Таа појаснува дека станува збор за капкова инфекција, што се пренесува преку кашлање, кивање, говор и преку непосреден допир. Педијатрите ги пријавуваат заболените. Болеста се манифестира со појава на осип што започнува од главата. Лекувањето во најголем дел е во домашни услови бидејќи најчесто, заболените деца поминуваат со лесна клиничка слика, но, има и случаи со воспаление на белите дробови при намален имунитет. Од заболените возрасни, станува збор за родители кои во детството не ја прележале болеста што остава траен имунитет. Последниов месец регистрирани се 119 заболени, од почетокот на годинава, 352 деца. Епидемиолозите појаснуваат дека периодот на инкубација на вирусот трае од десет до 23 дена, заболените пак се најзаразни дента пред појава на карактеристичниот исип. – Значајно за нас е да не настане таа супер инфекција, да не се чешаат тие крустички, убаво да се дезинфицираат рацете, проветрена просторија, богата витаминска исхрана, доколку има температура, користење на симтоматска терапија, купки, додава Стаменковска. Според податоците на Центарот за јавно здравје Куманово, лани од овчи сипаници биле заболени 94 лица, а претходната година, имало околу 115 заболени. Поради пандемијата, претходните две години беше намален бројот на заболени од варичела. Но, од 2017 до 2019 година, таа бројка изнесуваше од 500 до 700 случаи. Кумановските епидемиолози годинава очекуваат да се достигнат овие бројки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-zaboleni-deca-od-varichela-vo-kumanovo/feed/ 0
Двојно зголемен бројот на заболени од овчи сипаници во ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-ovchi-sipanici-vo-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-ovchi-sipanici-vo-noemvri/#respond Wed, 21 Dec 2022 21:20:22 +0000 https://kurir.mk/?p=778836

Зголемен број на овчи сипаници во земјава регистрира Институтот за јавно здравје во месец ноември. Според последниот извештај на ИЈЗ, во текот на ноември најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчи сипаници со вкупно 864 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,3%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,7%. -Во однос на претходниот месец октомври 2022, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,1 пати, a во однос на месец ноември 2021 се регистрира зголемување за 6,4 пати. Во однос на аритметичката средина се регистрира зголемување од 2,2%. Во вкупниот број на регистрирани овчи сипаници во 2022, пријавените случаи во ноември учествуваат со 27,5% Во вкупниот број на регистрирани акутни заразни заболувања во 2022 година, овчи сипаници учествуваат со 56.5%, се наведува во извештајот на ИЈЗ. Кумулативниот број на заболени од овчи сипаници во 2022 е за 5,8 пати поголем во однос на кумулативата за истиот период во 2021.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-ovchi-sipanici-vo-noemvri/feed/ 0
Прогласена епидемија на варичела во Крива Паланка и Ранковце, заболени 73 деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasena-epidemija-na-varichela-vo-kriva-palanka-i-rankovce-zaboleni-73-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasena-epidemija-na-varichela-vo-kriva-palanka-i-rankovce-zaboleni-73-deca/#respond Mon, 11 Nov 2019 07:17:11 +0000 https://kurir.mk/?p=262441

Според податоците за пријавени случаи на лица заболени од овчи сипаници од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, прогласена епидемија на ова високозаразно заболување на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце. -Следејќи го пријавувањето на овчите сипаници на ниво на општина последните два месеца, се бележи зголемување на бројот на заболени лица. Почнувајќи од месец септември 2019, заклучно со 31 октомври регистрирани се вкупно 73 заболени лица, што е алармантна бројка споредено со истиот период минатата година, кога не е регистриран ниту еден случај на заболени од варичела, информира докторката Елена Крстевска-Ивановска, од ПЕ на Хигиено-епидемиолошка служба Центар за јавно здравје, Крива Паланка. И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.  -Од вкупно 73 заболени, 55 се регистрирани кај деца од предучилишна возраст, дечиња до пет годинки, кои посетуваат или не посетуваат предучилишни установи,  а останатите се на возраст од 6 до 19 години, ученици во основните училишта во градот. Како резултат на  зголемениот број заболени во училиштата и градинките се доставени информации за начинот на пренесување на ова заразно заболување и превземањето превентивни мерки со кои би се спречила опасноста од понатамошно ширење на болеста, додаде Крстевска-Ивановска. Од вкупниот број регистрирани заболени од варичела, 51 лице е од град, додека 22 заболени се од руралните подрачја.Во однос на полот, заболени се 38 момчиња и 35 девојчиња. Од ПЕ на ХЕС Центар за јавно здравје Крива Паланка посочија дека како превентивна мерка дадени се препораки до установите и извршена е едукација на населението со цел да се спречи понатамошна појава на ширење на заболувањето, а епидемиолошката состојба на подрачеј на општините во реонот се следи постојано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasena-epidemija-na-varichela-vo-kriva-palanka-i-rankovce-zaboleni-73-deca/feed/ 0