варшава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 03:59:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png варшава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Супер-купот на УЕФА во 2024 година ќе се игра во Варшава https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/super-kupot-na-uefa-vo-2024-godina-ke-se-igra-vo-varshava/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/super-kupot-na-uefa-vo-2024-godina-ke-se-igra-vo-varshava/#respond Wed, 27 Sep 2023 03:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=882040

УЕФА Супер-купот, натпреварот во кој учествуваат победникот во Лигата на шампионите и победникот во Лигата на Европа, идната 2024 година ќе се игра во полскиот главен град Варшава. Ова го објави УЕФА откако донесе одлука Полска да биде градот домаќин на овој натпревар. Оваа година истиот се одигра во Атина, на стадионот „Караискаки“ во Пиреја. Одлуката е донесена на извршниот комитет на УЕФА во Кипар. Натпреварот ќе се игра на 14. август 2024 година. Домаќин на овој натпревар во 2017 година беше Скопје. До 2012 година овие мечеви се играа во Монако, на стадионот „Луј Втори“, а од 2013 година се менуваат градовите домаќини. Досега домаќини на Супер-Купот на УЕФА освен Скопје и Монако беа Прага, Кардиф, Тбилиси, Трондхајм, Талин, Истанбул, Будимпешта, Белфаст, Хелсинки и Атина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/super-kupot-na-uefa-vo-2024-godina-ke-se-igra-vo-varshava/feed/ 0
Низ Варшава помина најголемата воена парада во изминатите децении https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/niz-varshava-pomina-najgolemata-voena-parada-vo-izminatite-detsenii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/niz-varshava-pomina-najgolemata-voena-parada-vo-izminatite-detsenii/#respond Tue, 15 Aug 2023 15:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=867028

По тригодишна пауза денеска низ Варшава помина воена парада на Денот на полската армија, најголема во изминатите неколку децении. Со парада, Полска традиционално ја одбележува годишнината од битката кај Варшава, наречена „Чудото над Висла“, кога Полјаците успеаја да го поразат СССР во таканаречената Полско-советска војна од 1919 и 1920 година пред 103 години. Овогодинешната воена парада се одржува под слоганот „Силно бело и црвено“, алудирајќи на боите на полското национално знаме, кое беше истакнато од воените падобранци во скокови на отворањето на парадата. На булеварот покрај реката Висла, армијата извади 2.000 војници и го изложи оружјето вклучително и најновото од Јужна Кореја и САД кое ќе пристигне дури во следните години, а поради парадата, првата испорака, на пример, хеликоптери за борбена обука ФА-50 или АВ 101, од кои има само еден во Полска. На парадата над Висла прелетаа речиси 100 воени авиони, а покрај новите од Јужна Кореја летаа и авиони Ф-35 на американската армија. Меѓу 200-те парчиња воено оружје на парадата се неодамна договорените американски тенкови М1А1 Абрамс, германските тенкови Леопард, јужнокорејските тенкови К2, самоодните хаубици К9, ракетните фрлачи HIMARS, домашните самоодни хаубици Краб и американскиот противракетен систем Патриот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/niz-varshava-pomina-najgolemata-voena-parada-vo-izminatite-detsenii/feed/ 0
Заврши самитот на „Б9“ во Варшава со декларација за засилување на колективната одбрана и помошта за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-samitot-na-b9-vo-varshava-so-deklaratsija-za-zasiluvane-na-kolektivnata-odbrana-i-pomoshta-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-samitot-na-b9-vo-varshava-so-deklaratsija-za-zasiluvane-na-kolektivnata-odbrana-i-pomoshta-za-ukraina/#respond Wed, 22 Feb 2023 18:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=803833

Самитот на „Букурешкиот формат- Б9“ во Варшава заврши вечерва со декларација која го осудува рускиот напад и војната во Украина, со ветување дека ќе и помогне на Украина онолку долго колку што и е потребно, со обврска за дополнително зајакнување на способноста на НАТО да ги одврати и колективно да ги брани источното крило, но и да се спречи дестабилизација на партнерските земји, како Босна и Херцеговина. -Усвоена е декларација со која на соодветен јазик се потврдува посветеноста и политиката на одвраќање и одбрана. Сите се согласија дека во случај на каква било закана ќе си помогнат. Декларацијата, исто така, ја осуди руската крвава инвазија врз Украина, изјави Марцин Пшидач, советник за надворешна политика на полскиот претседател, за декларацијата потпишана од претседателите или премиерите на деветте земји членки на „букурешкиот формат“. Пшидач нагласи дека сите тие ја потпишале острата осуда на Русија и се залагале за европската иднина на Украина. -Лидерите на земјите од источното крило на НАТО се залагаат за политика на отворени врати на НАТО и дека местото на Украина е во Европа, рече Пшидач.
„Во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право, Украина го користи своето право да се брани од руската агресија со цел да ја врати целосната контрола врз својата територија во меѓународно признатите граници. Ќе продолжиме да и помагаме на Украина се додека е потребно“, се наведува во декларацијата од самитот. Лидерите на земјите од источното крило на НАТО предупредија дека главната и непосредна закана за безбедноста на сојузниците е Русија, па се согласија дополнително да ги зајакнат одвратувачките и одбранбените капацитети на целото источно крило од Балтикот до Црното Море. Подготвени сме и за блиска соработка и помош на нашите партнери: Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, кои се најмногу изложени на дестабилизација и штетното влијание на Кремљ“, се наведува во декларацијата. „Б9“ е регионална иницијатива на Романија и Полска чии претседатели се согласија во Варшава во 2014 година како одговор на руската анексија на Крим да ги координираат позициите за зајакнување на безбедноста на источното крило на НАТО. Иницијативата беше официјализирана есента 2015 година, кога двете земји потпишаа заедничка декларација во Букурешт за здружување на силите за да се обезбеди посилно присуство на НАТО во регионот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-samitot-na-b9-vo-varshava-so-deklaratsija-za-zasiluvane-na-kolektivnata-odbrana-i-pomoshta-za-ukraina/feed/ 0
Варшава во наредните недели ќе испрати во Киев 14 тенкови „Леопард 2“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varshava-vo-narednite-nedeli-ke-isprati-vo-kiev-14-tenkovi-leopard-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varshava-vo-narednite-nedeli-ke-isprati-vo-kiev-14-tenkovi-leopard-2/#respond Wed, 22 Feb 2023 12:27:49 +0000 https://kurir.mk/?p=803660

Во рок од две до три недели Полска ќе испрати 14 тенкови „Леопард 2“ во Украина, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина.

Тој додаде дека Варшава го поддржува испраќањето борбени авиони во Киев, но дека допрва треба да се бара консензус меѓу земјите од НАТО.

„Исто како што беше со тенковите, се надеваме дека оваа коалиција ќе биде доволно голема за се повеќе да ја поддржува Украина. Авионите се многу корисни во оваа војна. Сепак, ние сме земја членка на НАТО и сакаме да постигнеме договор за сите такви прашања, бидејќи алијансата е посилна кога сме заедно“, рече Јасина.

Чешкиот претседател Петар Фиала, пред денешната средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и сојузниците од источното крило на НАТО, изјави дека неговата земја ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varshava-vo-narednite-nedeli-ke-isprati-vo-kiev-14-tenkovi-leopard-2/feed/ 0
Берлин, Париз и Варшава ветија помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-pariz-i-varshava-vetija-pomosh-za-pogodenite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-pariz-i-varshava-vetija-pomosh-za-pogodenite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/#respond Mon, 06 Feb 2023 10:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=796677

Германија ќе испрати помош за регионите погодени од разорниот земјотрес во Турција и Сирија, кој однесе стотици животи. Ова го изјави сојузниот канцелар Олаф Шолц. Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави дека Франција е „подготвена да обезбеди итна помош за населението“ во Турција и во Сирија Тој изрази сочувство до роднините на загинатите. „Изразувам искрено сочувство до мојот турски колега Мевлут Чавушоглу, неговата земја и турскиот народ“, објави шефицата на француската дипломатија Катрин Колона на Твитер, ветувајќи помош од Франција. Таа не ги коментираше последиците за Сирија. „Во врска со земјотресот во Турција и барањето на турските власти за помош, предложив на местото да се испрати засилен тим за пребарување и спасување“, објави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински на Твитер. Тој објасни дека се работи за тим од 76 спасувачи и осум кучиња. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-pariz-i-varshava-vetija-pomosh-za-pogodenite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Берлин до Варшава: Германските системи за воздушна одбрана „Патриот“ се наменети за територијата на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-do-varshava-germanskite-sistemi-za-vozdushna-odbrana-patriot-se-nameneti-za-teritorijata-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-do-varshava-germanskite-sistemi-za-vozdushna-odbrana-patriot-se-nameneti-za-teritorijata-na-nato/#respond Thu, 24 Nov 2022 20:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=766088

Берлин денеска јасно стави до знаење дека системите за ПВО „Патриот“ што предложи да и ги обезбеди на Полска се наменети за употреба само на територијата на НАТО, спротивставувајќи се на барањата на Варшава системот да биде испратен во Украина. „Овие системи Патриот се дел од интегрираната воздушна одбрана на НАТО, што значи дека се наменети да бидат распоредени на територијата на НАТО“, рече германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во Берлин. „За распоредување надвор од територијата на НАТО ќе бидат потребни претходни дискусии со НАТО и сојузниците“. Берлин и го понуди на Варшава системот за ПВО „Патриот“ за да и помогне на Полска да го обезбеди нејзиниот воздушен простор откако проектил падна на полска територија минатата недела, при што загинаа две лица. Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак вчера изјави дека побарал од Германија наместо тоа да го испрати „Патриот“ во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berlin-do-varshava-germanskite-sistemi-za-vozdushna-odbrana-patriot-se-nameneti-za-teritorijata-na-nato/feed/ 0
Протест во Варшава против руската инвазија на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protest-vo-varshava-protiv-ruskata-invazija-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protest-vo-varshava-protiv-ruskata-invazija-na-ukraina/#respond Sun, 17 Jul 2022 17:53:59 +0000 https://kurir.mk/?p=706662

Речиси две илјади луѓе, Украинци и Полјаци, се собраа попладнево пред руската амбасада во Варшава на протест против руската инвазија на Украина. Носејќи жолто-сини украински знамиња и транспаренти на кои пишува „Терор Русија“, тие бараа на полски, украински и англиски јазик „агресорот да биде прогласен за терористичка држава“, како што често ја нарекува украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Доста е убивање!“, извикуваа тие, барајќи построги санкции против Кремљ и обвинувајќи ги неговите лидери дека сакаат да изгладнат многу земји со тоа што не дозволуваат извоз на жито од Украина. Украинскиот сликар Володимир Мељимука ја прикажа Русија како „матрошка земја“. Тој донесе руска кукла висока два метри и испишана со „пријателски“ зборови како „голема култура“, „балет“ и „ова е само Путин“, а кога ќе се отвора се покажува „црна внатрешност исполнета со ракети“. Руската амбасада, која е во близина на Министерството за одбрана и седиштето на полскиот премиер, е заштитена со висока ограда и голем број полицајци кои досега не мораа да интервенираат на бројните слични собири организирани по 24 февруари. Таблата „Слава на Украина“ испишана со големи жолти и сини букви со месеци стои на тротоарот спроти дипломатското претставништво. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protest-vo-varshava-protiv-ruskata-invazija-na-ukraina/feed/ 0
Варшава му доставила на Киев воена опрема од седум милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varshava-mu-dostavila-na-kiev-voena-oprema-od-sedum-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varshava-mu-dostavila-na-kiev-voena-oprema-od-sedum-milijardi-dolari/#respond Wed, 04 May 2022 14:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=671805

Од почетокот на конфликтот во Украина, Варшава го снабдила Киев со воена опрема во вредност од околу седум милијарди долари, јавија полските медиуми. Во исто време, Полска долго време зазема една од најсилните позиции против Москва и е главен поддржувач на вооружувањето на Украина, пишува Милитари Воч Магазин (Military Watch Magazine). Киев од својот сосед наводно, добил 200 тенкови Т-72, неколку артилериски системи Гвоздика, ракетни фрлачи Град и ракети компатибилни со ловците МиГ-29 и Су-27 на украинските воздухопловни сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/varshava-mu-dostavila-na-kiev-voena-oprema-od-sedum-milijardi-dolari/feed/ 0
Нацев од Варшава: Македонија мора да биде рамноправен одбранбен сојузник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-od-varshava-makedonija-mora-da-bide-ramnopraven-odbranben-sojuznik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-od-varshava-makedonija-mora-da-bide-ramnopraven-odbranben-sojuznik/#respond Tue, 05 Oct 2021 13:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=573343

Универзитетскиот професор Александар Нацев учествува на Безбедносниот форум во Варшава, кој се одржува денес и утре во полската престолнина. На форумот учествуваат голем број на државни делегации и претставници на меѓународни организации, и овој форум претставува еден од најголемите безбедносни настани во Европа. Во своите излагања и средби, Нацев ги потенцираше безбедносните и одбранбени интереси на Република Македонија, и оствари разговори со министрите за одбрана на Естонија, г-дин Кале Лаанет и Црна Гора, г-ѓа Оливера Ињац, како и со државниот секретар на романското министерство за одбрана, г-ѓа Симона Којокару. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-od-varshava-makedonija-mora-da-bide-ramnopraven-odbranben-sojuznik/feed/ 0
Националниот стадион во Варшава ќе се претвори во привремена ковид болница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nacionalniot-stadion-vo-varshava-kje-se-pretvori-vo-privremena-kovid-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nacionalniot-stadion-vo-varshava-kje-se-pretvori-vo-privremena-kovid-bolnica/#respond Mon, 19 Oct 2020 07:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=417945

Полска на националниот стадион во Варшава планира да отвори привремена ковид болница поради зголемувањето на бројот на пациенти со коронавирус, изјави денеска портпаролот на полската влада, Пјотр Мулер. Британските медиуми го цитираат Мулер, наведувајќи дека конференциските сали на стадионот ќе бидат претворени во болница со околу 500 легла. Полските здравствени власти наведуваат дека здравствениот систем им е преоптоварен поради зголемувањето на бројот на пациенти со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nacionalniot-stadion-vo-varshava-kje-se-pretvori-vo-privremena-kovid-bolnica/feed/ 0