вартоломеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Dec 2022 16:59:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вартоломеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Вселенскиот патријарх божиќното послание го објави и на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvpat-vo-istorijata-vselenskiot-patrijarh-bozikjnoto-poslanie-go-objavi-i-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvpat-vo-istorijata-vselenskiot-patrijarh-bozikjnoto-poslanie-go-objavi-i-na-makedonski-jazik/#respond Wed, 21 Dec 2022 16:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=778735

Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство, нагласува вселенскиот патријарх Вартоломеј во овогодишното божиќно послание до православните христијани во светот, од кои некои Божик го празнуваат на 25 декември, додека оние кои се водат по Јулијанскиот календар на 7 јануари. Вселенскиот патријарх оваа година првпат во историјата посланието го објави и на македонски јазик, со тоа што на православните христијани во Македонија, Христовото раѓање им го честита на мајчиниот јазик. -Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите, порачува меѓу другото Вартоломеј. Тој нагласува дека овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот. -Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата, нагласува Вартоломеј во посланието. Во продолжение следува интегрално божиќното послание на Вартоломеј на македонски јазик:
+ В А Р Т О Л О М Е Ј ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП КОНСТАНТИНОПОЛСКИ – НОВ РИМ И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА БЛАГОДАТ, МИЛОСТ И МИР ОД РОДЕНИОТ ВО ВИТЛЕЕМ СПАСИТЕЛ ХРИСТОС Сечесни браќа Архиереи, Возљубени чеда во Господа, Светата Црква денес го празнува Рождеството по плот на предвечниот Син и Слово Божјо, „страното и преславно“ таинство, „сокриено од вековите и родовите“ (Кол. 1, 26). Во Христа конечно се открива вистината за Бога и за човекот, како што најбогословски објаснува свети Кирил Александриски: „Ние сме луѓе по природа, а Он натприродно, од човекољубие слегувајќи, стана човек. Слуги Божји по природа сме ние како твари; слуга се направи и Он, натприродно приведувајќи се, кога стана човек. Но и обратно: Он е Бог по суштина – богови сме и ние, натприродно издигнувајќи се преку благодатта, зашто сме луѓе; Син по природа е Он, синови и ние според положбата, како повикани на братство со Него“ (Кирил Александриски, Книга на сокровишта за Светата и Единосуштна Троица, PG 75, 561). „Познајте ја вистината и вистината ќе ве ослободи“ (Јн. 8, 32). Господ наш Исус Христос е „патот и вистината и животот“ (Јн. 14, 6), Он е ослободителот на човекот „од ропството на врагот“. Не постои живот и слобода без Вистината или вон Вистината. Можноста да му дадеме на својот живот онакво значение какво што посакуваме не е слобода, туку современа верзија на прародителскиот грев, самозатворање на човекот во една самодоволна и самобендисана самостојност, без осет за слободата како врска со Бога и со сочовекот. Рождеството Христово е време за самопознание, разбирање на разликата помеѓу „Богочовекот“ и „човекобогот“, свесност за спасителното христијанско учење: „Не Го нарекуваме обожен човек, туку Бог вочовечен“ (Јован Дамаскин, Точно излагање на православната вера, PG 94, 988). Благовесното соопштение на Рождеството Христово годинава созвучи со барабаните на војната и ѕвечењето на оружјата во Украина, која ги трпи страшните последици од една дрска и неправедна инвазија. За нас Христијаните, сите војни се братоубиствени и меѓуплеменски, како што објави Светиот и велик собор на Православната црква: „последица на злото и гревот во светот“ (Мисијата на Православната црква во современиот свет, IV, 1). Во случајот на Украина уште важат зборовите на свети Григориј Палама за нему современите крвави судири помеѓу православните во Солун: „Сите ја стекнавме како заедничка мајка свештената Црква и Православието, чиј началник и совршител е Христос, Божјиот вистински Син, Кој вам не ви е само Бог, туку и брат благоизволи да ви биде и Отец“ (Григориј Палама, За меѓусебниот мир, PG 151, 10). Во лицето на Христа се изврши „возглавувањето“ на сите, објавувањето на единството на родот човечки и свештеноста на човековата личност, отворањето на патот кон „по подобие“ и се откри мирот „што го надминува секој ум“ (Фил. 4, 7). Христос е „вашиот мир“ (Еф. 2, 14) и Нему Му е посветен историскиот и знаменит свет храм „Свет Мир“ [Агиа Ирини] во Градот на Константин. Нашиот Спасител ги нарекува блажени „миротворците“, зашто „синови Божји ќе се наречат“ (Мт. 5, 9), ја претставува идејата за праведност и љубов дури и кон непријателите. Православната црква на Божествената Литургија се моли „за мир одозгора“ и „за мир на целиот свет“. „Твојот мир и Твојата љубов дарувај ни ги, Господи Боже наш, зашто ни даде сè“, се молиме, славејќи Го Дарителот на сите добра, во текот на Литургијата на Великиот Василиј. Ние, кои од Бога добивме сè, сме должни, како такви на кои им е извршено врвно добротворство, да се бориме за мирот повеќе отколку останатите луѓе, според библиското: „Кому му е дадено многу, многу и ќе се бара од него“ (Лк. 12, 48). Во оваа смисла, сè што од страна на Христијаните се извршува спротивно на ова начело, не е на товар на Христијанството, туку на оние кои дејствуваат кон престапување на Божествените заповеди. Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство. Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите. Овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот. Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата. Преосвештени и Богољубиви браќа и возљубени чеда, Христос се раѓа – прославете Го, Христос од Небесата – сретнете Го, Христос на Земјата – возвишете се! Следејќи го поттикот на светиот претходник на Нашето Смирение на Престолот на Константинополската црква, Григориј Богослов, да го празнуваме роденденот на Спасителот на светот во духовна веселба, „не световно, туку надсветовно“, бегајќи од „сè што е излишно и повеќе од потребно; давајќи им на гладните и на другите што молат, кои се од истата глина и смеса [со нас]“ (Григориј Богослов, На Богојавление, односно Рождеството на Спасителот, PG 36, 316). Ви посакуваме на сите вас да имате умилително и славословно свето Дванаесетдневие, кое е вистинско исполнение на времето и зрак од светлината на вечноста. Нека претстојната 2023 година се покаже, по благоволението и благодатта на воплотениот за нас и за нашето спасение Бог Слово, период на мир, љубов и солидарност, вистинска година на благоста Господова. На многу и благословени години! Рождество Христово 2022 † Константинополскиот огнен молитвеник кон Бога за сите вас.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvpat-vo-istorijata-vselenskiot-patrijarh-bozikjnoto-poslanie-go-objavi-i-na-makedonski-jazik/feed/ 0
Борисов во писмо до Вартоломеј: Примањето во евхаристиското заедништво на христијаните од РСМ е силен знак за европските политичари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-vo-pismo-do-vartolomej-primanjeto-vo-evharistiskoto-zaednishtvo-na-hristijanite-od-rsm-e-silen-znak-za-evropskite-politichari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-vo-pismo-do-vartolomej-primanjeto-vo-evharistiskoto-zaednishtvo-na-hristijanite-od-rsm-e-silen-znak-za-evropskite-politichari/#respond Sun, 04 Dec 2022 14:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=770840

Трите влади, раководени од мене вложија напори и постигнавме многу за присоединувањето на државите од Западен Балкан кон Европската Унија. Примањето во евхаристиското заедништво во семјеството на Православните цркви, кое вие го направивте за христијаните од Република Северна Македонија е силен знак и за нас – европските политичари, истакна поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во писмото упатено до вселенскиот патријарх Вартоломеј. Имено, Борисов писмото до Вартоломеј го испраќа во знак на извинување бидејќи поради неговите обврски не можел да присуствува на 130-годишнината од поставувањето на камен темелникот на Железната црква „Св Стефан“. Тој во писмото изразува почит за Вартололеј и вели дека проблемите на денешното општество не се само посочувани, туки и се решаваат со нивните теолошки дела и хуманоста. – Денес е исклучително важно ние политичарите да се осврнеме кон светите и да разговараме со духовните водичи. Вие сте признаен глобален духовен лидер. Повеќе од три децении вие сте го посветиле вашето служење за општото добро. По крајот на Студената војна, вие ги обновивте и зацврстивте односите меѓу православните цркви, истакнува Борисов во писмото. Тој, осврнувајќи се на руската инвазија во Украина, пишува дека се моли политичките лидери да ги прифатат божјите зборови искажани од Вартоломеј. – Во денешното време на војна се молам сите луѓе, а најмногу политичките лидери во целиот свет, а особено оние кои географски се на местата каде се страда, со ум и со срце да ги прифатат божјите зборови искажани од вас „ во наша моќ е или да ја зголемиме болката нанаесена на нашиот свет или да придонесеме за нејзино лекување. Изборот е наш! Човечкиот конфликт можеби е неизбежен на овој свет, но војната и насилството не се!, наведува поренешниот бугарски премиер во писмото. Тој на крајот од писмото го замолува Вартоломеј да упати молитва до Светата Тројца да прекине политичката криза во неговата замја која трае речиси две години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-vo-pismo-do-vartolomej-primanjeto-vo-evharistiskoto-zaednishtvo-na-hristijanite-od-rsm-e-silen-znak-za-evropskite-politichari/feed/ 0
Мицотакис му изрази поддршка на Вартоломеј за Света Софија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-mu-izrazi-poddrshka-na-vartolomej-za-sveta-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-mu-izrazi-poddrshka-na-vartolomej-za-sveta-sofija/#respond Sat, 11 Jul 2020 12:15:13 +0000 https://kurir.mk/?p=373998

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонскиот разговар со Вселенскиот патријарх Вартоломеј  му изрази поддршка за прашањето со Света Софија. Според медиумите во Грција, Мицотакис започнува циклус меѓународни контакти за конкретното прашање, кое што ќе го постави и на Самитот на Европска Унија. Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, во интервју за грчката телевизија „Скај“ рече дека е невозможно прашањето да не биде поставено на Самитот на ЕУ, додавајќи дека не станува збор за грчко- турско, туку за меѓународно прашање, а „Грција ќе направи сѐ што е во нејзини раце за да има соодветни последици за Турција“. Тој додаде дека сите опции се на маса, па дури и можноста за санкции, а не само во ЕУ, туку и во сите меѓународни организации, почнувајќи од УНЕСКО. – Не постои сомнеж дека ќе одиме на некој вид на санкции. Прашањето е овие одлуки да ги имаат потребните последици, за секој оној, кој го прекршува меѓународното законодавство, да сфати дека за ова однесување постојат санкции кои болат. Ова, ќе се обидеме да го сториме најбргу што можеме, истакна Пецас. Во Грција и власта и опозициските партии најстрого ја осудија одлуката на Турција, Света Софија да ја претвори во џамија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-mu-izrazi-poddrshka-na-vartolomej-za-sveta-sofija/feed/ 0
Вартоломеј: Претворање на Света Софија во џамија ќе ги насочи христијаните против исламот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vartolomej-pretvoranje-na-sveta-sofija-vo-dzamija-kje-gi-nasochi-hristijanite-protiv-islamot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vartolomej-pretvoranje-na-sveta-sofija-vo-dzamija-kje-gi-nasochi-hristijanite-protiv-islamot/#respond Wed, 01 Jul 2020 10:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=366521

Евентуалното претворање на Света Софија во џамија ќе насочи милиони христијани од целиот свет против исламот, порача Вселенскиот патријарх Вартоломеј и истакна дека „како музеј, Света Софија има можност да биде место и симбол на средби, дијалог и мирен соживот на народите и културите, на меѓусебно разбирање и солидарност на христијанството и исламот, што се особено неопходни и корисни за современиот свет“.

Во говорот по светата литургија за празникот на Светите Апостоли, Вселенскиот патријарх истакна дека храмот на Света Софија, несомнено е еден од најважните класични споменици во светската култура.

-„Класично“ е она што секогаш ги надминува границите на народите и периодот во кое бил создаден и не припаѓа само на оној што го поседува, туку на целото човештво. Во оваа смисла, турскиот народ има големата одговорност да ја истакне универзалноста на овој прекрасен споменик, порача Вселенскиот патријарх.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vartolomej-pretvoranje-na-sveta-sofija-vo-dzamija-kje-gi-nasochi-hristijanite-protiv-islamot/feed/ 0
Дали Спасовски преку лапсузот со „таа“ Св. Сава овозможи средба со патријархот Вартоломеј? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-tehnichkiot-spasovski-preku-lapsuzot-so-taa-sv-sava-ovozmozi-sredba-so-patrijarhot-vartolomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-tehnichkiot-spasovski-preku-lapsuzot-so-taa-sv-sava-ovozmozi-sredba-so-patrijarhot-vartolomej/#respond Tue, 14 Jan 2020 10:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=289391

За потсeтување, како министерот за внатрешни работи, сега техничкиот Оливер Спасовски се обрука во обидот на припадниците на Српската заедница во Македонија да им го честита националниот празник Св. Сава. Во честитката која ја објави на неговиот фејсбук профил, Спасовски го прогласи националниот светец на Србите за женско. -Среќна Св. Сава на припадниците на Српската заедница и на сите православни христијани коишто ја слават Св.Сава, напиша Спасовски. По реакциите на социјалните мрежи, министерот Спасовски се сепна и итно си ја поправи грешката. Денеска, Спасовски изрази задоволство од средбата со Вартоломеј. Св. Сава, пак, не го коментираше на оваа прес-конференција. – Навистина сме многу задоволни од средбата, охрабрени сме од зборовите дека ова наша заемна комуникација ќе продолжи и понатаму, и дека ќе почне еден динамичен дијалог во рамките на Вселенската патријаршија, се со цел да се надминат проблемите кои ги има Македонската православна црква, рече тој во одговор на прашање на денешната прес-конференција во врска со неговата вчерашна средба со патријархот Вартоломеј во Истанбул. Јавноста се прашува, но не доби одговор кои беа причините за неаргументираното присуство на екс премиерот Зоран Заев на средбата со г.г. Вартоломеј, а „најлогичното“ објаснување го најдоа во неговиот разговор со лажниот Порошенко во кој Заев се согласи со понудата на украинскиот „премиер“ и најави дека со мито ќе ја купи автокефалноста на МПЦ-ОА. Всушност, со Вартоломеј се сретнаа двајца познавачи на ситуацијата во православието, се шегуваат граѓаните - човекот за кој Св. Сава беше женско и вториот кој купува автоќефалност за стотина илјади евра. Добар тандем, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Посоодветен, здравје, додаваат другите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-tehnichkiot-spasovski-preku-lapsuzot-so-taa-sv-sava-ovozmozi-sredba-so-patrijarhot-vartolomej/feed/ 0
По договорот за името на државата, се огласи Вселенскиот патријарх Вартоломеј за името на црквата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dogovorot-za-imeto-na-drzavata-se-oglasi-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-za-imeto-na-crkvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dogovorot-za-imeto-na-drzavata-se-oglasi-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-za-imeto-na-crkvata/#respond Wed, 13 Jun 2018 06:12:11 +0000 https://kurir.mk/?p=65211

Постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ, рекол Вселенскиот патријарх Вартоломеј, на литургија по повод чествувањето на празникот на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава. - Кога еден од нашите браќа се оквафлификува како расколник или еретик, а уште повеќе кога цел еден народ, милиони луѓе, се надвор од нормалната црква врз основа на тој раскол, тогаш е потребен итен и без одложување повик на духовно будење. Апостолска должност на Мајката црква е да бара начини за спас на нашите браќа во Скопје и во Украина. Наша должност и одговорност е секогаш народите да ги вратиме кон вистината и кон канонските рамки на црквата. Бидејќи нашата Вселенска патријаршија се грижи за целиот свет и за сите народи и луѓе, без исклучок, рекол Вартоломеј, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА. Вселенската патријаршија, истакнал Вартоломеј, никогаш не останувала настрана во ситуации кои го нарушуваат нормалното функционирање на православната црква. Вселенскиот патријарх повика на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство, цитирајќи дел од посланието на апосотолот Павле до Коринтјаните дека „кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи, а кога се се радува еден орган, се радуваат сите“. Светиот синод на Вселенската патријаршија на 29 мај годинава соопшти дека во рамки на нејзините надлежности и прерогативи, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на „црквата на Скопје“ во канонски рамки под името Охридска архиепископија. Соопштението следуваше по писмата упатени од МПЦ-ОА и од премиерот Зоран Заев во кои се бара Вселенската патријаршија да преземе чекори за признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во православниот свет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-dogovorot-za-imeto-na-drzavata-se-oglasi-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-za-imeto-na-crkvata/feed/ 0
Вселенскиот патријарх ќе се сретне со Ципрас и Павлопулос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vselenskiot-patrijarh-kje-se-sretne-so-cipras-i-pavlopulos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vselenskiot-patrijarh-kje-se-sretne-so-cipras-i-pavlopulos/#respond Mon, 04 Jun 2018 07:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=62051

Посетата на Грција поради учеството на еколошки симпозиум, Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе ја искористи да се сретне со грчкиот државен врв. Како што јави дописничката на МИА од Атина, денеска попладне Вартоломеј ќе има средба со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а потоа и со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Официјално не се соопштени темите за кои Вселенскиот патријарх ќе разговара со Павлопулос и Ципрас, но средбите доаѓаат на само неколку дена по соопштението од Вселенската патријаршија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“. Вселенскиот патријарх е во Грција поради учеството на деветиот Меѓународен еколошки симпозиум под наслов „Кон една позелена Атика: одржувајќи ја планетата и заштитувајќи ги граѓаните“ што од 5 до 8 јуни ќе се одржи во Атина и на островите Спецес и Идра што и припаѓаат на областа Атика. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vselenskiot-patrijarh-kje-se-sretne-so-cipras-i-pavlopulos/feed/ 0
Вартоломеј: Само Вселенската патријаршија е мајка црква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vartolomej-samo-vselenskata-patrijarshija-e-majka-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vartolomej-samo-vselenskata-patrijarshija-e-majka-crkva/#respond Fri, 13 Apr 2018 07:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=39945

Само Вселенската патријаршија може да биде мајка црква на балканските цркви, им кажал вселенскиот патријарх Вартоломеј на професорите и студентите од Православниот богословски факултет во Скопје на нивната средба во Истанбул. Според него, Бугарската црква не може да помага на други цркви да го решаваат својот статус, туку тоа треба да оди преку Вселенската патријаршија. На професорите и студентите им порачал дека секогаш се добредојдени кај него и оти смета на нив како на идна генерација теолози и свештеници во зајакнувањето на православието и односите со соседните народи и православни цркви. Вселенскиот патријарх Вартоломеј, исто така, кажал дека има добри и пријателски односи со македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој неделава исто така го посети во Вселенската патријаршија во Истанбул. (Mиа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vartolomej-samo-vselenskata-patrijarshija-e-majka-crkva/feed/ 0