вашингтон пост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Aug 2022 05:25:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вашингтон пост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вашингтон пост: ФБИ кај Трамп барале документи за нуклеарно оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-fbi-kaj-tramp-barale-dokumenti-za-nuklearno-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-fbi-kaj-tramp-barale-dokumenti-za-nuklearno-oruzje/#respond Fri, 12 Aug 2022 05:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=717299

Агенти на ФБИ барале документи поврзани со темата – нуклеарно оружје, за време на претресот на домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, објави Вашингтон пост. Не е познато дали такви документи се пронајдени во Палм Бич, каде се наоѓа куќата на Доналд Трамп, пишува Вашингтон пост. Министерството за правда побара од истражниот судија да издаде налог со кој се овластува претрес во викендицата на Трамп, за јавноста да дознае повеќе за тоа што точно бараат истражителите при досега невидениот претрес на домот на поранешниот претседател. Трамп ги нарече настаните во Флорида оваа недела политичка одмазда. Пристигнувањето на истражителите на Флорида е дел од истрагата што се обидува да утврди дали Трамп незаконски отстранил документи од Белата куќа кога ја напуштил функцијата во јануари 2021 година. Државниот обвинител Мерик Гарланд рече дека тој лично ја одобрил одлуката да се нареди претрес. „Министерството не носи лесно такви одлуки. Секогаш кога е можно, практиката е да се користат помалку наметливи средства за истрага и да се стесни нејзиниот опсег“, рече Гарланд. Неговата потврда е невообичаена, имајќи предвид дека американското Министерство за правда вообичаено не разговара за тековните истраги. Но, во овој случај, Трамп во понеделникот вечерта објави дека се претресува неговиот дом. Гарланд рече дека Министерството за правда побарало од судот да го објави запечатениот налог за претрес, што би можело да ја расветли природата на истрагата. Извор запознат со истрагата рече дека агентите на ФБИ одзеле десет кутии од домот на Трамп за време на претресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-fbi-kaj-tramp-barale-dokumenti-za-nuklearno-oruzje/feed/ 0
Вашингтон Пост: Министерството за правда ги истражува постапките на Трамп околу обидите да го поништи неговиот пораз на изборите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-ministerstvoto-za-pravda-gi-istrazuva-postapkite-na-tramp-okolu-obidite-da-go-ponishti-negoviot-poraz-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-ministerstvoto-za-pravda-gi-istrazuva-postapkite-na-tramp-okolu-obidite-da-go-ponishti-negoviot-poraz-na-izborite/#respond Wed, 27 Jul 2022 08:55:08 +0000 https://kurir.mk/?p=710701

Министерството за правда на САД ги истражува постапките на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, во рамките на кривичната истрага за неговите обиди да го поништи неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на свои извори. Министерството за правда спроведува разговори со поранешни вработени во Белата куќа, вклучувајќи го и шефот на кабинетот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс. Тој во понеделникот потврди дека сведочел пред конгресната комисија, што истражуваше за упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година и обидите на Трамп и неговите сојузници да ги поништат резултатите од претседателските избори. Обвинители, кои испрашуваа сведоци пред комисијата, поставија прашања поврзани со разговорите на Трамп со неговите адвокати и блиски луѓе, наведува Вашингтон пост, повикувајќи се на две лица запознати со случајот. Сведочењето на шефот на кабинетот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс, Марк Шорт, највисокиот функционер за кој се знае оти дал изјави пред конгресната комисија, е знак дека истрагата на Министерството за правда за упадот во Капитол и за заговорот со лажни гласачи, добива на сила. Во април истражителите од Министерството за правда добиле телефонски записи од важни официјални лица, како поранешниот шеф на кабинетот на Трамп, Марк Медоус. Министерството не беше веднаш достапно за коментар. Претходно, во интервју за Си-ен-ен, заменичката на јавниот обвинител, Лиза Монако потврди дека Министерството за правда добило извештаи за списоци со алтернативни лажни избирачи, што биле испратени во Националната архива на САД. Таа тогаш изјави дека обвинителите ги проверуваат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-ministerstvoto-za-pravda-gi-istrazuva-postapkite-na-tramp-okolu-obidite-da-go-ponishti-negoviot-poraz-na-izborite/feed/ 0
Реномираниот Вашингтон пост известува зa протестот на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата бара избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/renomiraniot-vashington-post-izvestuva-za-protestot-na-vmro-dpmne-opozicijata-bara-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/renomiraniot-vashington-post-izvestuva-za-protestot-na-vmro-dpmne-opozicijata-bara-izbori/#respond Sun, 19 Jun 2022 11:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=692790

Илјадници приврзаници на најголемата опозициска партија во Македонија се собраа во саботата вечерта во центарот на главниот град Скопје за да извршат притисок врз левичарската влада да распише избори на две години пред крајот на нејзиниот мандат, пишува реномираниот Вашингтон пост. Десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Влада предводена од СДСМ за уништување на економијата, за лошото јавно здравство како и за лошото обрзование. -Владата е причина за сите наши несреќи и национални разочарувања. Ова е глас против неправдата и лошите услови за живот. Мора да има промена, рече на собирот лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски пишува Вашингтон пост. Инфлацијата во оваа мала балканска земја со 1.8 милиони жители го достигна најголемото ниво од 11,9% во последните 14 години. Синдикатите вршат притисок за зголемување на платите за 10%, бидејќи месечните со примања од 480 евра неможат да се покријат основните потреби, затоа што од почетокот на војната во Украина цените на храната и енергенсите се зголемија за 30 до 50%. Владејачките социјалдемократи одговорија дека се против предвремени избори и ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер дека протестираат исклучиво за „лични и партиски интереси“. Од владејачката СДСМ велат декасе против предвремени избори и ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер дека протестираат исклучиво за „лични и партиски интереси“. „Наместо да биде конструктивен и кооперативен, Мицкоски го злоупотребува секој важен процес во обид да оствари мал политички профит“, се вели во соопштението на СДСМ. Мицкоски истакна дека Владата не е способна да го запре секојдневниот раст на трошоците за живот и да се справи со длабоката корупција. Мицкоски, исто така, ја предупреди Владата дека неговата партија „нема да прифати каков било понижувачки договор што е штетен за национални интереси“, пишува Вашингтон пост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/renomiraniot-vashington-post-izvestuva-za-protestot-na-vmro-dpmne-opozicijata-bara-izbori/feed/ 0
Вашингтон пост ја укина претплатата за читателите во Русија и Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-ja-ukina-pretplatata-za-chitatelite-vo-rusija-i-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-ja-ukina-pretplatata-za-chitatelite-vo-rusija-i-ukraina/#respond Mon, 16 May 2022 14:45:25 +0000 https://kurir.mk/?p=677445

Вашингтон пост, еден од главните американски дневни весници, ја укина претплатата за пристап до својата онлајн содржина за читателите од Русија и Украина, соопшти денеска изданието. Весникот отвори и свој канал на руската социјална мрежа Телеграм, каде се споделуваат содржини од известувањето во живо за војната во Украина, се навдува во Телеграм каналот на изданието. По инвазијата на Украина во Русија беа затворени неколкуте преостанати независни медиуми, а новинарите кои работеа во тие медиуми ја напуштија земјата. Оние кои работат се под строга воена цензура. Војната во Украина не смее да се нарекува војна туку „специјална воена операција“, во спротивно физичките и правните лица се соочуват со драконски казни до 15 години затвор. Социјалните мрежи, блогови и форуми се под 24 часовен надзор на специјални служби на руските безбедносни сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-ja-ukina-pretplatata-za-chitatelite-vo-rusija-i-ukraina/feed/ 0
„Вашингтон пост“ наложи задолжителна вакцинација за своите вработени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-nalozi-zadolzitelna-vakcinacija-za-svoite-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-nalozi-zadolzitelna-vakcinacija-za-svoite-vraboteni/#respond Wed, 28 Jul 2021 08:00:24 +0000 https://kurir.mk/?p=542871

Сите вработени во „Вашингтон пост“ мора да обезбедат доказ дека се вакцинирале против Ковид-19 до средината на септември, доколку сакаат да останат на работа. Исклучоци ќе бидат направени само од медицински и религиозни причини, наведе издавачот Фред Рајан во писмо до вработените. Добавувачите и гостите на весникот, сопственост на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, исто така ќе бидат примени во редакцијата само со документ за вакцинација. Новата политика за вакцинација на изданието доаѓа во услови на зголемување на случаите Ковид-19 во САД, што се припишува на позаразната Делта варијанта на вирусот. Рајан рече дека повеќето вработени во весникот веќе доставиле документ за вакцинација. Тој истакна дека одлуката не е лесна, но верува дека планот е исправен со оглед на здравствената состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-nalozi-zadolzitelna-vakcinacija-za-svoite-vraboteni/feed/ 0
„Вашингтон пост“: Трамп има нов план против неговото отповикување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-tramp-ima-nov-plan-protiv-negovoto-otpovikuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-tramp-ima-nov-plan-protiv-negovoto-otpovikuvanje/#respond Mon, 25 Jan 2021 11:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=459508

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има нов план за борба против отповикувањето, за што Сенатот треба да дебатира на почетокот од февруари, обави „Вашингтон пост“. Одлуката на сенаторите за Трамп би можело да го доведат под прашање неговото идно дејствување и можната кандидатура на следните претседателски избори. Весникот наведува дека Трамп на републиканците кои би гласале против него во Сенатот би можел да му се закани со формирање на нова партија, како и дека ќе ги поддржи своите кандидати против републиканците на следните избори. – Поради тоа Трамп, кој во предлогот за отповикување, усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот, обвинет е за поттикнување на бунт, е подготвен за борба како би ги убедил своите партиски колеги да не ги подддржат демократите во гласањето против него, наведува „Вашингтон пост“. За Трамп да биде отповикан потребно е на демократите да им се придружат 17 сенатори републиканци. „Вашингтон пост“ истакнува дека Трамп располага со 70 милиони долари, останати од претседателската кампања, кои би ги вложил во своите намери. Претставничкиот дом на американскиот Конгрес претходно изгласа отповикување на Трамп под обвинение за поттикнување на бунт, поради немирите на 6 јануари, кога неговите приврзаници упаднаа во Конгресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-tramp-ima-nov-plan-protiv-negovoto-otpovikuvanje/feed/ 0
„Вашингтон Пост“: Израел изврши кибер напад врз иранско пристаниште во Ормутскиот Теснец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-izrael-izvrshi-kiber-napad-vrz-iransko-pristanishte-vo-ormutskiot-tesnec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-izrael-izvrshi-kiber-napad-vrz-iransko-pristanishte-vo-ormutskiot-tesnec/#respond Tue, 19 May 2020 09:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=347736

Израел неодамна извршил кибер напад врз ирански пристанишни објекти и предизвикал хаос, очигледно како одмазда за обидот на Техеран да ја нападне израелската водна инфраструктура, пишува „Вашингтон пост“. Во новинарски извештај кој се повикува на странски и американски официјални лица, се вели дека Израел веројатно стои зад хакирањето кое предизвика ненадеен и необјаснив застој на прометниот пристанишен терминал „Шахид Раџаи“ на 9 мај. – Компјутерите што го регулираат протокот на бродови, камиони и стоки одеднаш престанаа да работат, што создаде голем метеж на водените текови и патиштата што водат до објектот, објави „Вашингтон пост“. На сателитските фотографии се гледал сообраќајниот метеж на влезот од пристаништето и бродови што чекаат да се растоварат неколку дена подоцна. Иран подоцна потврди дека анонимен хакер за кусо време ги блокирал компјутерите во пристаништето, но директорот на пристаништето и поморската организација Мухамед Растад изјави дека само во кибер нападот биле оштетени само одреден број приватни оперативни системи во пристаништата. Американскиот весник наведува, повикувајќи се на службеник за безбедност во странска Влада која го надгледувала инцидентот, дека штетата е многу поголема од она што Иран го потврди и оти очигледно го извршиле израелски оперативци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-izrael-izvrshi-kiber-napad-vrz-iransko-pristanishte-vo-ormutskiot-tesnec/feed/ 0
„Вашингтон пост“ го тужи Стејт департментот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-go-tuzi-stejt-departmentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-go-tuzi-stejt-departmentot/#respond Sun, 26 Apr 2020 08:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=337419

Американскиот дневен весник „Вашингтон пост“ поднесе тужба против Стејт департментот откако му беше одбиено барањето за увид во документите за безбедност во лабораторијата за истражување во кинекиот град Вухан, од каде почна пандемијата со новиот коронавирус. Тужбата е поднесена до Окружниот суд на САД во Вашингтон и се однесува на две депеши, што американските дипломати ги испратија до Стејт департментот по посетата на американските научници на Институтот за вирусологија во Вухан. „Вашингтон пост“ се повикува на Законот за пристап до информации и побара да се објават депешите, но Стејт департментот одби со образложение дека нема „јасна потреба“ за тоа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-go-tuzi-stejt-departmentot/feed/ 0
ФОТО: Суспендирана новинарка која по смртта на Коби потсети дека бил обвинет за силување, на заканите кон неа нема крај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-suspendirana-novinarka-koja-po-smrtta-na-kobi-potseti-deka-bil-obvinet-za-siluvanje-na-zakanite-kon-nea-nema-kraj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-suspendirana-novinarka-koja-po-smrtta-na-kobi-potseti-deka-bil-obvinet-za-siluvanje-na-zakanite-kon-nea-nema-kraj/#respond Mon, 27 Jan 2020 09:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=295025

Легендарниот кошаркар Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа покрај неверојатните успеси кои ги имаше, беше човек и кој јавно призна дека ја изневерува сопругата откако беше обелоденото дека е обвинет за силување на вработена во хотел. На овој детал само неколку часа по неговата смрт потсети новинарката на Вашингтон Пост, Фелиција Сонмез споделувајќи текст од пред неколку години, по што на нејзина адреса пристигнале голем број закани. -Па, ова навистина ги отвори очите. За оние 10.000 (буквално) кои коментираа, ми праќаа мејлови со навреди и закани дека ќе бидам убиена, ве молам да застанете и да ја прочитате оваа приказна. Напишана е пред повеќе од три години и не ја пишував јас. Секоја јавна личност би требало да биде запаметена во својата целовитост, напиша новинарката. По ваквите објави на Твитер, Сонмез беше суспендирана од своето работно место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-suspendirana-novinarka-koja-po-smrtta-na-kobi-potseti-deka-bil-obvinet-za-siluvanje-na-zakanite-kon-nea-nema-kraj/feed/ 0
Белата куќа ја откажа претплатата на Њујорк тајмс и на Вашингтон пост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-ja-otkaza-pretplatata-na-njujork-tajms-i-na-vashington-post/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-ja-otkaza-pretplatata-na-njujork-tajms-i-na-vashington-post/#respond Fri, 25 Oct 2019 06:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=255853

Белата куќа повеќе нема да биде претплатена на Вашингтон пост и на Њујорк тајмс по оценките на американскиот претседател Доналд Трамп дека весниците „не се фер“ кон него. Во исто време, Белта куќа ги повика и сите сојузни служби да ја откажат претплатата на тие два весника. Портпаролот на Белата куќа, Стафани Гришам синоќа соопшти дека укинувањето на претплатата ќе биде „значајна заштеда за даночните обврзници од стотина илјади долари“. Одлуката за да не се продолжи претплатата на Вашингтон пост и на Њујорк тајмс уследи откако Трамп ги обвини весниците за лажни вести. Трамп не е прв претседател кој ги бојкотира весниците, Џон Кенеди ја откажа претплатата на Њујорк хералд трибјун поради наводна пристрасност, а подоцна Белата куќа ја обнови претплатата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-ja-otkaza-pretplatata-na-njujork-tajms-i-na-vashington-post/feed/ 0