вашингтон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 06:05:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вашингтон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ванг: Кина сака да го „намали недоразбирањето“ со Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-kina-saka-da-go-namali-nedorazbiraneto-so-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-kina-saka-da-go-namali-nedorazbiraneto-so-vashington/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=893608

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји синоќа изјави дека Пекинг сака да го „намали недоразбирањето и погрешното проценување“ со Вашингтон, пред состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Во изјавите за медиумите пред средбата со Блинкен во Вашингтон, Ванг рече дека односите меѓу Кина и САД мора да се вратат на здрав, стабилен и одржлив пат. - Што е правилно, а што погрешно, не се заснова на тоа кој има „посилна рака или погласен глас, туку ако некој се однесува на начин што е во согласност со одредбите од трите заеднички коминикеа Кина-САД, во согласност со меѓународното право и основните норми на меѓународните односи и во согласност со климата на времето, рече главниот кинески дипломат. Блинкен рече дека се согласува со она што го кажал кинескиот министер и оти со нетрпение очекува „конструктивни разговори во следните два дена“. Посетата на Ванг треба да заврши утре. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-kina-saka-da-go-namali-nedorazbiraneto-so-vashington/feed/ 0
Вашингтон нареди евакуација на дел од персоналот на амбасадата во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-naredi-evakuatsija-na-del-od-personalot-na-ambasadata-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-naredi-evakuatsija-na-del-od-personalot-na-ambasadata-vo-irak/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:51:21 +0000 https://kurir.mk/?p=892043

САД денеска наредија евакуација на дел од персоналот од нивната амбасада во Багдад, главниот град на Ирак, и нивниот конзулат во Ербил, соопшти американскиот Стејт департмент. Наредбата, од петокот, но објавена денеска во соопштение, беше издадена „поради зголемена безбедносна закана за персоналот и интересите на САД“. Во соопштението, исто така, се повикани американските граѓани да не патуваат во Ирак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-naredi-evakuatsija-na-del-od-personalot-na-ambasadata-vo-irak/feed/ 0
На самитот во Вашингтон, САД и ЕУ ја потврдија заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-samitot-vo-vashington-sad-i-eu-ja-potvrdija-zaednichkata-posvetenost-na-stabilnosta-na-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-samitot-vo-vashington-sad-i-eu-ja-potvrdija-zaednichkata-posvetenost-na-stabilnosta-na-zapaden-balkan/#respond Sat, 21 Oct 2023 07:24:18 +0000 https://kurir.mk/?p=891507

Во заедничката декларација на крајот од самитот ЕУ-САД, што се одржа синоќа во Вашингтон, беше потврдена заедничката заложба за стабилност на Западен Балкан и поддршка за европската перспектива на регионот, објави Радио Слободна Европа (РСЕ). „Сите партнери треба да продолжат со реформите потребни за напредок на нивниот европски пат“, се наведува во завршниот документ, објавен на крајот од средбата меѓу лидерите на ЕУ и американскиот претседател Џо Бајден. Посебен став во заедничката декларација се однесува на процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово, наведува РСЕ. „Ја нагласуваме потребата Косово и Србија итно да ги деескалираат тензиите и брзо и безусловно да го спроведат договорот за нормализирање на нивните односи и враќање на дијалогот со поддршка на ЕУ“, се вели во декларацијата. Американскиот претседател Бајден ги пречека европските лидери Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, а во фокусот на нивните разговори беа војните меѓу Израел и Хамас, како и Украина и Русија. Бајден истакна дека ЕУ и САД заеднички ги поддржуваат Израел и Украина. Фон дер Лајен еден ден претходно изјави дека постои реален ризик од поширок регионален конфликт поради војната меѓу Израел и Хамас. „Видовме дека арапските улици се полни со гнев низ целиот регион. Значи, ризикот од регионално прелевање е реален“, рече таа. Фон дер Лејен го опиша Иран како „покровител на Хамас“ и рече дека „тие само сакаат да го разгорат огнот на хаосот“, додека Русија, „воениот клиент на Иран“, внимателно го следи. Според неа, „Русија и Хамас се слични“. Ова е втор самит САД-ЕУ откако Бајден ја презеде функцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-samitot-vo-vashington-sad-i-eu-ja-potvrdija-zaednichkata-posvetenost-na-stabilnosta-na-zapaden-balkan/feed/ 0
Бектеши во официјална посета на Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-vo-ofitsijalna-poseta-na-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-vo-ofitsijalna-poseta-na-vashington/#respond Tue, 11 Jul 2023 13:06:39 +0000 https://kurir.mk/?p=855397

Министерот за економија, Крешник Бектеши од денеска престојува во тридневна официјална посета на Вашингтон, САД. Во рамки на посетата министерот Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, ќе учествува на Конференцијата организирана од невладина организација „Трансатлантската лидерска мрежа“, посветена на Западен Балкан и ќе се обрати на тема „Енергетска диверзификација: Кон европската енергетска независност“. Бектеши ќе се и обрати на тркалезна маса, во организација на „Атлантскиот Совет“ со експерти/надворешни соработници кои работат на Западен Балкан на кои ќе им ги презентира економските и енергетските потенцијали на земјата. Во рамки на посетата Бектеши ќе оствари и билатерална средба со американскиот помошник државен секретар за енергија Џефри Пајат, како и други високи претставници во Стејт Департментот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-vo-ofitsijalna-poseta-na-vashington/feed/ 0
САД кренаа воени авиони во лов на мала „Цесна“ над Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-krenaa-voeni-avioni-vo-lov-na-mala-tsesna-nad-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-krenaa-voeni-avioni-vo-lov-na-mala-tsesna-nad-vashington/#respond Mon, 05 Jun 2023 07:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=842086

Американската војска испратила во неделата група борбени авиони во лов на мал авион кој неовластен влегол во воздушниот простор на поширокото подрачје на главниот град Вашингтон а потоа се урнал во сојузната држава Вирџинија. Борбените авиони во налетот над Вашингтон го пробиле звучниот ѕид за да го стасаат малиот авион од типот „Cessnа Citation“ која може да носи седум до дванаесет патници, според властите. Речиси истовремено кога авионите го пробивале звучниот ѕид, малата „Cessnа Citation“ се урнала во ридестата област на југозападот на Вирџинија, наведе американската Сојузна управа за воздухопловство (FAA). Повикувајќи се на неименуван извор, телевизијата CNN објави дека во малиот авион се наоѓале четири лица. Борбените авиони не биле причина за падот на малиот авион, тврди соговорникот на телевизијата. Според упатени извор, се смета дека „Cessnа“-та била управувана во режим на автопилот, а не одговарала на повиците на контролата на летањето. Познато е дека авионот „Cessnа Citation“ полетал од аеродромот во Елизабетон во сојузната држава Тенеси и патувал кон аеродромот МекАртур на њујоршки Лонг Алјенд, околу 80 километри источно до Менхетен, објави FAA во соопштение за јавноста. Инцидентот ќе го истражува Националната комисија за безбедност на транспортот, се додава. Според интернет страницата којашто ги следи летовите Flight Aware, се чини дека авионот се приближил до пошироката област на Њујорк и потоа направила свртување од речиси 180 степени и завршила во Вирџинија. Борбените авиони од моделот „F-16“ биле испратени од заедничката воздухопловна база Ендрјуз, извести телевизиската мрежа ABC News, цитирајќи неименуван извор. Најмалку еден воен пилот видел дека пилотот на „Cessnа“-та се онесвестил, наведува телевизијата. „Аионите на Северноамериканската команда за воздушна одбрана (NORAD) беа овластени за летање со суперсонична брзина, а жителите на регионот можеби слушнале звучен тресокум“, се вели во соопштението додавајќи дека авионите користеле и светлечки сигналилни проектили во обид да го привлечат вниманието на пилотот. Пробивањето на звучниот ѕид вознемирило бројни жители на Вашингтон, коишто на Twitter пишуваа за гласна бука и треперење на почвата и ѕидовите во домовите. Неколку корисници на социјалната мрежа известија дека буката слична на експлозија се слушната и во соседните сојузни држави Вирџинија и Мериленд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-krenaa-voeni-avioni-vo-lov-na-mala-tsesna-nad-vashington/feed/ 0
Вашингтон побара средба меѓу американскиот и кинескиот министер за одбрана, Кина не прифати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-pobara-sredba-megu-amerikanskiot-i-kineskiot-minister-za-odbrana-kina-ne-prifati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-pobara-sredba-megu-amerikanskiot-i-kineskiot-minister-za-odbrana-kina-ne-prifati/#respond Tue, 30 May 2023 09:38:50 +0000 https://kurir.mk/?p=840327

Кина го одби американското барање за состанок на министрите за одбрана на годишниот безбедносен форум во Сингапур овој викенд. „Кина не информираше дека ја одби нашата покана за почетокот на мај секретарот Остин да се сретне со кинескиот министер за национална одбрана Ли Шангфу во Сингапур“, се наведува во соопштението на Пентагон за Волстрит журнал. Пентагон рече дека верува во отворена комуникација „за да се осигура дека конкуренцијата нема да премине во конфликт“. Минатата недела, портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби рече дека Министерството за одбрана разговарало за започнување разговори меѓу Лојд Остин и неговиот кинески колега, кој беше именуван за министер за одбрана во март. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-pobara-sredba-megu-amerikanskiot-i-kineskiot-minister-za-odbrana-kina-ne-prifati/feed/ 0
Ивановска: Ковачевски треба да покаже кој го платил патувањето за неговите деца во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kovachevski-treba-da-pokazhe-koj-go-platil-patuvaneto-za-negovite-detsa-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kovachevski-treba-da-pokazhe-koj-go-platil-patuvaneto-za-negovite-detsa-vo-vashington/#respond Fri, 19 May 2023 08:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=836252

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска во одговор на прашање дали постои сомнеж за корупција со оглед на тоа што премиерот Димитар Ковачевски ги поведе своите деца на работна средба во Вашингтон изјави дека тој треба да покаже кој го платил патувањето. -Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече Ивановска. Одлука за тоа дали ќе отворат предмет за овој случај, како што рече, ќе донесат денеска на колегиум и ќе известат. -Ние одлуките дали отвараме или не предмет ги носиме на колегиум, денеска после овој настан ќе имаме колегиум и ќе ги известиме, посочи Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски”. Прашана дали има етика и морал кај нашите функционери, Ивановска истакна дека кај нас нема доволно почитување ниту на законите, ниту на етичкиот кодекс. -Штом ми го поставувате прашањето многу јасно е дали има или нема, да не се праивме слепи при очи. Дали е доволно, да доволно е да има етички кодекс ако се почитува. Проблемот кај нас е што не нема доволно почитување ниту на законите ниту на овие помеки мерки. Етичкиот кодекс е помека мерка, опомена. Некој да ме опомене за нешто нема да помсилам веќе тоа да го правам. Додека ние зборувавме за опомена на нашата конференција вие ми кажавте дека повторно го гледате истиот министер повторно со службено возило. Значи опомената не делува, ако е така тогаш треба други мерки бидејќи тие мерки не делуваат. А видете ги примерите од странство, дали е така. Кога случајно министерката ја погрешила картичката и платила со службената да си купи ѓеврек веднаш даде оставка. Ѓеврекот не е материјална работа. Срамот е чувство што го носи само високоморален човек и сам Фројд рекол „кој нема срам бега од него“, нагласи Ивановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-kovachevski-treba-da-pokazhe-koj-go-platil-patuvaneto-za-negovite-detsa-vo-vashington/feed/ 0
Вашингтон неутрализираше долгогодишен руски систем за кибер-шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-neutralizirashe-dolgogodishen-ruski-sistem-za-kiber-shpionazha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-neutralizirashe-dolgogodishen-ruski-sistem-za-kiber-shpionazha/#respond Tue, 09 May 2023 19:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=832402

САД денеска соопштија дека го неутрализирале шпионскиот софтвер наречен „Змија“ (Snake) за кој велат дека руското разузнавање многу пати го користело против земјите-членки на НАТО во изминатите 20 години. - Благодарение на операцијата со висока технологија што го сврте овој злонамерен руски софтвер против себе, американските безбедносни сили неутрализираа една од најнапредните руски контраразузнавачки алатки, рече заменик-јавниот обвинител Лиза Монако во соопштението. Прекината е долгогодишната руска кампања за кибер-шпионажа во која беа украдени чувствителни информации од компјутерските мрежи на десетици земји, вклучително и САД и други земји од НАТО. Обвинителите ги поврзаа шпионските операции со единицата на руската Федерална служба за безбедност, или ФСБ, и ги обвинија хакерите за кражба на документи од стотици компјутерски системи кои припаѓаат на владите на НАТО. - Дваесет години, ФСБ се потпираше на малициозниот софтвер Змија за да спроведува кибер-шпионажа против САД и нашите сојузници … тоа завршува денес, изјави помошникот јавен обвинител на САД, Метју Олсен, шеф на Одделот за национална безбедност на американското Министерство за правда. Специфичните цели на овие кибер-напади не се именувани, но американските власти ја опишаа шпионската кампања како значајна, и дека успешно извлекувала чувствителни документи од земјите на НАТО, како и дека била насочени кон американските владини агенции и други во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-neutralizirashe-dolgogodishen-ruski-sistem-za-kiber-shpionazha/feed/ 0
Во Вашингтон средба на премиерот на Украина и американскиот секретар за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vashington-sredba-na-premierot-na-ukraina-i-amerikanskiot-sekretar-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vashington-sredba-na-premierot-na-ukraina-i-amerikanskiot-sekretar-za-odbrana/#respond Wed, 12 Apr 2023 20:02:46 +0000 https://kurir.mk/?p=823433

Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска се сретна со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во седиштето на Пентагон, каде разговараа за поддршката на Вашингтон за Киев. „Двајцата лидери разговараа за приоритетите во безбедносната помош, како што се противвоздушната одбрана и артилерија, како и обуката за украинските вооружени сили“, се вели во соопштението на Пентагон. Во соопштението за печатот се наведува дека Шмихал и Лојд се согласиле за важноста на обезбедувањето безбедносна помош. Си-Ен-Ен објави дека Шмихал ги повторил барањата на Киев за борбени авиони Ф-15 и Ф-16 и ракети со поголем дострел. „Ќе победиме во оваа војна, но за да ја постигнеме целта побрзо и со помалку жртви, на Украина и понатаму и е потребна интензивна воена поддршка“, рече Шмихал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vashington-sredba-na-premierot-na-ukraina-i-amerikanskiot-sekretar-za-odbrana/feed/ 0
Вашингтон смета дека истрагата за труењето на ученички во Иран може да ја водат ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-smeta-deka-istragata-za-trueneto-na-uchenichki-vo-iran-mozhe-da-ja-vodat-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-smeta-deka-istragata-za-trueneto-na-uchenichki-vo-iran-mozhe-da-ja-vodat-on/#respond Tue, 07 Mar 2023 08:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=808949

Белата куќа соопшти дека истрагата за труењето на ученички во Иран може да им се довери на Обединетите нации. -Ако овие труења се поврзани со учество во демонстрации, тогаш тоа би било во рамките на мандатот на независната мисија за проверка на факти на Обединетите нации, формирана во ноември минатата година за да ги истражи прекршувањата на човековите права во Иран, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер. -Мора да има веродостојна и независна истрага, виновниците мора да одговараат, нагласи таа на нејзината дневна прес-конференција. Случајот со отруените ученички предизвика бран на незадоволство во Иран, каде властите се под притисок да ги откријат одговорните. Иранските медиуми јавија дека од ноември досега во училиштата имало повеќе од 2.400 случаи на труење. Податоците се добиени според медиумските извештаи, но нема официјални податоци за случаите на труење, кои главно се насочени кон училиштата за девојчиња. Ученичките се пожалиле дека вдишале испарувања со мирис на мандарини, хлор и средства за чистење. Набргу потоа им се слошило, добиле главоболки и срцебиење, се чувствувале многу уморни и немале сила да се движат. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи го осуди бранот сомнителни напади со отров, кои засегнаа девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“. -Сторителите на ова злосторство мора да бидат сериозно казнети. Нема да има амнестија за такви луѓе, рече вчера ајатолахот Али Хаменеи, пренесе ДПА повикувајќи се на државните ирански медиуми. Ова беше прв пат Хаменеи, кој го има последниот збор во сите големи државни работи, да го коментира труењето што ги загрижува родителите низ целата земја. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-smeta-deka-istragata-za-trueneto-na-uchenichki-vo-iran-mozhe-da-ja-vodat-on/feed/ 0