Васил Божков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Jul 2020 18:34:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Васил Божков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсени соработници на бугарскиот тајкун Васил Божков https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-sorabotnici-na-bugarskiot-tajkun-vasil-bozkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-sorabotnici-na-bugarskiot-tajkun-vasil-bozkov/#respond Sun, 05 Jul 2020 18:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=369502

Специјалниот кривичен суд во Софија им одреди најтешка мерка „притвор под стража“ на Славчо Марков и Веселин Балтов, кои се блиски соработници на бугарскиот тајкун Васил Божков. Двајцата се уапсени вчера во полициска акција, а против нив се покренати обвиненија за вмешаност во криминална група за убиства, изнуда и други тешки кривични дела, организирани од Божков, кој се наоѓа во Дубаи. Судот го потврди барањето на Специјалното обвинителство двајцата обвинети да останат во строг притвор, а одлуката е донесена по долго рочиште зад затворени врати и строги безбедносни мерки. Засега не се познати мотивите на судиите зошто е забранет јавен судски процес, а бранителите на осомничените се пожалиле дека во судницата не е дозволено ниту присуство на претставник од Адвокатската комора на Софија. При извршениот претрес на адреси во една населба во Софија пронајдени се фотографии од судии, како и информации собрани за нив, домашни адреси, користени телефонски броеви и друго. Освен за судии, биле собирани информации и за нивните семејства, вклучувајќи ги и децата. Меѓу фотографиите имало и еден висок функционер на МВР. Еден од документите содржел и упатства за снимање на судија и следење на член од неговото семејство. Обвинителството во Софија покрена истрага против Божков во врска со лажирање игри на среќа, а тој е обвинет по седум точки за криминално дело. Тој во февруари беше уапсен во Обединетите Арапски Емирати. Списанието „Впрост“ (Wprost) во 2008 година го прогласи бугарскиот олигарх и бизнисмен за најбогат Бугарин со богатство од 1,35 миијарди евра, но неофицијално се претпоставува дека неговата финансиска состојба изнесува над 6,5 милијарди евра. Божков е познат по прекарот „Череп“, а во внатрешната коресподенција на Стејт департментот е определен како „најозлогласениот криминалец во Бугарија“. Во 1991 година Божков станува партнер во компанијата за игри на среќа Еј Џи Ем. Отвора казино во хотелот „Рила“ во Софија, а во 2007 година е сосопственик на казината во „Радисон САС“ и „Хемус“, како и на сали за бинго. Во 2006 година тој го купува поранешниот Фонд за приватизација „Холдинг Патишта“. Главен акционер на „Холдинг Патишта“ е „АБВ Инженеринг“, кој, пак, е сопственост на „Нова интернал“, ќерка-компанија на „Нова холдинг“, сопственост на Божков. Преку „Нова холдинг“ Божков купува голем дел од регионалните државни фирми за изградба на патишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-sorabotnici-na-bugarskiot-tajkun-vasil-bozkov/feed/ 0
Бојко Борисов на распит во врска со истрагата за Божков https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-na-raspit-vo-vrska-so-istragata-za-bozkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-na-raspit-vo-vrska-so-istragata-za-bozkov/#respond Mon, 22 Jun 2020 12:54:28 +0000 https://kurir.mk/?p=360894

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, министерот за финансии Владислав Горанов и пратеничката Менда Стојанова денеска беа на распит како дел од истрагата против сопственикот на казино Васил Божков, кој е во бегство и кој се товари за финансиски малверзации, соопшти Обвинителството. Божков, кој се смета за еден од побогатите Бугари, ја загуби својата коцкарска империја на почетокот на 2020 година кога парламентот забрани приватни лотарии и беше обвинет. за даночно затајување на повеќе од 700 милиони давачки (350 милиони евра) од коцкарници, перење пари, изнуда, поткуп, тргување со влијание. Тој е обвинет и за убиство, обид за убиство, обид за силување и незаконско поседување културни добра. Божков побегна од земјата пред да биде издаден налог за негово апсење и во моментов е во притвор во Обединетите арапски емирати, од кои Бугарија бара негова екстрадиција. Божков, во повеќе објави на Фејсбук во мај, ги обвини Борисов, Горанов и Стојанова за изнуда. Тој објави дека Борисов и Горанов побарале да им плати 20 проценти од приходот, кога се обидел да продаде половина од својот коцкарски бизнис на чешка компанија за милијарда лева (500 милиони евра). Тој тврди дека Борисов и министерот за финансии, кога слушнале за тоа, се обиделе да го принудат да го пренесат мнозинскиот удел на компанијата на лицето што тие го назначиле и дека го нападнале неговиот бизнис кога тој одбил да го стори тоа. Божков вели дека за сето тоа и официјално го известил Обвинителството и главниот обвинител Иван Гешев, а според наводна пријава Божков меѓу 2017 и крајот на 2019 година на Борисов му платил 60 милиони лева, како и на министерот за финансии бидејќи тие тоа го побарале од него. Во соопштението од Обвинителството се наведува дека специјалното обвинителство ја задолжило Државната агенција за национална безбедност да провери зошто „Уникредит банка“ не ја известила Дирекцијата за финансиско разузнавање кога се процесирале плаќања во износ поголем од 30.000 лева (15.000 евра), како што налага Законот за перење пари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-na-raspit-vo-vrska-so-istragata-za-bozkov/feed/ 0
Бугарскиот тајкун Божков обвинет за трговија со влијание и антиквитети https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-tajkun-bozkov-obvinet-za-trgovija-so-vlijanie-i-antikviteti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-tajkun-bozkov-obvinet-za-trgovija-so-vlijanie-i-antikviteti/#respond Thu, 13 Feb 2020 11:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=303398

Против бугарскиот бизнисмен Васил Божков, кој е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, се покренати уште две обвиненија – за трговија со влијание и за поседување и отуѓување на антиквитети. Со тоа бројот на обвиненија против него достигна 11, изјави портпаролката на бугарскиот Јавен обвинител, Сијка Милева. Божков, кој избега од Бугарија и веќе две недели е уапсен во Абу Даби, започнал постапка во странска земја за помош и застапување пред локалните судски власти, со цел да биде ослободен од притвор. Засега нема информации дали ОАЕ се подготвени да го исполнат барањето на руските партнери на Божков. Васил Божков избега од Бугарија на почетокот од овој месец. Против него веќе се покренати седум обвиненија, меѓу кои за предводење на организирана криминална група, за принуда, изнудување, за обид за поткуп на службено лице… Според Обвинителството, организираната криминална група, предводена од Божков, дејствува низ цела Бугарија од 2014 година и има цел да врши принуда, изнудување, перење пари. Некои материјали за бугарскиот тајкун содржат и информации за други незаконски дејствија – убиства, принуда и силување, за кои е покрената нова предистражна постапка. (МИа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-tajkun-bozkov-obvinet-za-trgovija-so-vlijanie-i-antikviteti/feed/ 0
Уапсен бугарскиот тајкун Васил Божков https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-bugarskiot-tajkun-vasil-bozkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-bugarskiot-tajkun-vasil-bozkov/#respond Sat, 01 Feb 2020 08:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=297810

Бугарскиот тајкун Васил Божков е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, изјави бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев. Тој додаде дека информаццијата за апсењето на Божков, кого Бугарија го бара поради лажирање игри на среќа, засега е неофицијална. Пред неколку денови Обвинителството во Софија покрена истрага против Божков во врска со лажирање игри на среќа, а тој е обвинет по седум точки за криминално дело. Списанието „Впрост“ (Wprost) во 2008 година го прогласи бугарскиот олигарх и бизнисмен за најбогат Бугарин со богатство од 1,35 миијарди евра, но неофицијално се претпоставува дека неговата финансиска состојба изнесува над 6,5 милијарди евра. Божков е познат по прекарот „Череп“, а во внатрешната коресподенција на Стејт департментот е определен како „најозлогласениот криминалец во Бугарија“. Во 1991 година Божков станува партнер во компанијата за игри на среќа Еј Џи Ем. Отвора казино во хотелот „Рила“ во Софија, а во 2007 година е сосопственик на казината во „Радисон САС“ и „Хемус“, како и на сали за бинго. Во 2006 година тој го купува поранешниот Фонд за приватизација „Холдинг Патишта“. Главен акционер на „Холдинг Патишта“ е „АБВ Инженеринг“, кој, пак, е сопственост на „Нова интернал“, ќерка-компанија на „Нова холдинг“, сопственост на Божков. Преку „Нова холдинг“ Божков купува голем дел од регионалните државни фирми за изградба на патишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-bugarskiot-tajkun-vasil-bozkov/feed/ 0