Васил Чакаларов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jul 2021 19:44:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Васил Чакаларов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Од Солун за Скопје тргна првиот воз, грчка војска го уби војводата Васил Чакаларов, а бугарска народниот херој Цветан Димов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-od-solun-za-skopje-trgna-prviot-voz-grchka-vojska-go-ubi-vojvodata-vasil-chakalarov-a-bugarska-narodniot-heroj-cvetan-dimov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-od-solun-za-skopje-trgna-prviot-voz-grchka-vojska-go-ubi-vojvodata-vasil-chakalarov-a-bugarska-narodniot-heroj-cvetan-dimov/#respond Fri, 09 Jul 2021 19:44:07 +0000 https://kurir.mk/?p=534575

Првиот воз во Македонија тргнал по помалку од половина век од пуштањето на првата железница во светот. Тоа се случило на денешен ден, 9 јули 1873 година, кога е пуштен во сообраќај првиот воз на меѓу Скопје и Солун. Први железни вагони на шини се употребувале уште во 16 век во Германија и во Англија за превоз на ископана руда, а влечени од коњи. Англискиот инженер Џорџ Стивенсон (1781-1848) ја измислил првата парна локомотива во 1814 година, која имала моќ со брзина на пешак да влече неколку рударски вагони. Првата јавна железница во светот е отворена на 27 септември 1825 помеѓу градовите Стоктон и Дарлингтон во Англија. По пуштањето на првата јавна железница во Македонија помеѓу Скопје и Солун, во 1888 година се спојува вардарската со моравската железница. Во 1916 почнува со изградба линијата од Ханриево (Ѓорче Петров) до Охрид преку Тетово, Гостивар, Кичево со крак кон Струга и Ташмаруништа, но пругата е теснолинејка, а возот наречен „пампур“ или „чајниче“. Во 1923 година се поврзува пругата Генерал Ханрис (денешно Ѓорче Петров) – Охрид со Скопје односно пругата била продолжена од Ханриево до Мала станица (наспроти зградата на некогашна НИП „Нова Македонија“), а првата Железничка станица во Скопје е градена во 1937 година. Изградбата траела три години и во тоа време станицата во Скопје била една од најубавите на Балканот, со голем хол од 1000 метри квадратни, со подземни премини и повеќе покриени перони. Теснолинејката Ѓорче Петров – Кичево почнала да се демонтира во 1948 година и била заменета со нормален колосек во две фази, првата до Гостивар била до 1952 година, а вториот дел до Кичево во 1969 година, додека делот до Охрид останал до денес како нереализиран проект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-od-solun-za-skopje-trgna-prviot-voz-grchka-vojska-go-ubi-vojvodata-vasil-chakalarov-a-bugarska-narodniot-heroj-cvetan-dimov/feed/ 0