Васил Јанкула – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Aug 2020 07:51:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Васил Јанкула – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Да бидеме хумани и да помогнеме – На „Преспанскиот херој“ итно му е потребна нашата помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-bideme-humani-i-da-pomogneme-na-prespanskiot-heroj-itno-mu-e-potrebna-nashata-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-bideme-humani-i-da-pomogneme-na-prespanskiot-heroj-itno-mu-e-potrebna-nashata-pomosh/#respond Wed, 26 Aug 2020 07:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=395496

Почитувани, Јас сум Васил Јанкула и имам 2 9години. Добив церебрална парализа поради породилна траума по време на породуването и од таму и асфиксиja. Оваа болест полека почна да биде моја препрека во животот. Но, и покрај ова опака болест мојот позитивен дух и животен ентузијазам секогаш ме водеа напред.Несакав оваа моја болест да ме изолира и да не напредувам во животот како и сите нормални луѓе.Избрав попреченоста да не ме спречи активно да спортувам. Велосипедизмот е мојот втор живот, мојата преродба која ме прави среќен и ми создава голем адреналин, како и желба за нови и невозможни предизвици.Покрај болеста, сепак јас сум позитивен и не дозволувам негативните мисли да ме победат. Благодарение на мојот ентузијазам во 2018 год. одлучив поактивно да спортувам и почнав да возам трицикл на различни настани и маратони, под едно мото „Сите сме исти “. Одлучив да направам еден подвиг и со мојот трицикл да ја поминам Македонија.Успејав да ја реализирам зацртаната маршрута и станав познат како Преспански Херој. Медиумите гласно говореа за овој мој подвиг. Ме повикуваа да бидам и мотиватор да отворам и спортски натпревари и други спортски настани што ме правеше особено горд , заради тоа што бев еден светол пример на успешен човек.Во 2019 година со мојот трицикл испеав да извозам 3.000 километри за 3 месеци, тоа ме правеше среќен и успешен. Но, за жал набргу после моите подвизи мојата здравствена состојба почна драстично да се влошува. Почнав да чуствувам како да ја губам целата енергија во телото, ми се укочи левата страна посебно ногата. Почнав да неможам да се движам слободно низ целото тело имав болки а најмногу во ногата и вратот, целото тело ми се кочеше. Загрижен за мојата состојба отидов да се консултирам со специалисти доктори за мојата состојба кои ми посочија дека под итно морам да се правам операција. Дијагнозата која ми ја пронајдоа докторите беше Детска церебрална парализа – Спастична Квадриплегиja. Таа е наjтешка форма на парализа коja го вклучува целото тело и се манифестира на главата,телото,горните и долните екстремитети без ментална ретардациja но со нарушуване на говорот. На горните екстремитети се гледа аддукциja на надлактицата,флексиja во лакотот,пронациjа на подлактицата,флексиja во рачниот зглоб со флексиja на прстите. На долните екстремитети има аддукциja на надколениците со прекрстуване на нозете, флексиja на колената, еквинус и еквиновалгус на стапалата,флексорни деформитети на прстите. Постои и деформитет на ‘рбетот поради асиметричниот тонус на паравертебралната мускулатура во формата на буквата S. Зафатен е целиот ‘рбет од C-7 до L-4,L-5. Пoтребна е итна операциja поради неуспешното медикаментозно лекување. Потребно е да се направи следново : *Оперативно лекуване на колковите – тенотомии на аддукторите на колкот. *Оперативно лекуване на колената – Оперативниот третман се состои во ослободуване на затегнатите тетиви и транспозициja. *Оперативно лекуване на стапалото – Корекциja на еквинуса и еквиноварусот на стапалото и теноелонгациja на Ахиловата тетива. *Оперативно лекуване на горните екстремитети – Ослободуване на контрактурите на рамото, лактот, зглобот,прстите.И тука е потребно да се направат тенотомии и транспозиции. После сите хирушки манипулации е потребна долга физикална терапиjа и рехабилитациja. ЗА ЦЕЛИОТ ТРЕТМАН И ОПЕРАЦИИ СЕ ПОТРЕБНИ 35.000 ЕВРА ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО. Моето семејство брои 5 члена, моите родители се сиромашни и за жал не се во можност да ја платат оваа операција, но и пост оперативно рехабилитирање во базени со топла вода, медицински масажи и друго, бидејќи сакам да продолжам со она што ме правеше среќен морам да ја направам оваа операција,која се надевам дека ќе ми помогне повторно да можам да ги остварувам моите соништа.   Сите оние кои сакаат да донираат тоа може да го сторат на следниот начин: Со донирање на оваа сметка : 210700000651879, НЛБ Тутунска банка, за Васил Јанкула Или кликнете на овој линк подолу каде исто така може да донирате : https://www.gofundme.com/f/hswgts-an-appeal-for-help?utm_source=facebook&fbclid=IwAR1vgkc2XbG7TkxI4HfbLtC-sYtMIq4W9JDp-SzlWlwh0bKm1yTfbQ2ES3A Искрено се надевам дека и Вие со Вашата донација ќе ми помогнете да се вратам во нормала и да продолжам да спортувам и да бидам среќен. Без Вас искрено нема да можам да успејам да го остварам овој мој сон. Ќе ви бидам Благодарен за било која сума што ќе ја донирате за трошокот за операцијата, затоа што со тоа ќе помогнете понатаму да продолжам со мојата мисија да докажам дека сите сме исти без разлика на се. Со почит Васил Јанкула Преспански херој]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-bideme-humani-i-da-pomogneme-na-prespanskiot-heroj-itno-mu-e-potrebna-nashata-pomosh/feed/ 0
ВИДЕО: Васил Јанкула со церебрална парализа извози 800 километри со трицикл за 8 дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vasil-jankula-so-cerebralna-paraliza-izvozi-800-kilometri-so-tricikl-za-8-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vasil-jankula-so-cerebralna-paraliza-izvozi-800-kilometri-so-tricikl-za-8-dena/#respond Sat, 18 May 2019 09:08:15 +0000 https://kurir.mk/?p=199353

Васил Јанкула, кој е роден со церебрална парализа, вчера попладне се врати дома во Ресен откако возејќи трицикл направи кружна тура од 800 километри околу државата, пренесува СДК. Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) на социјалните мрежи објави видео од пристигнувањето на 28-годишниот Јанкула во Ресен со текст: „Тој успеа. Извози 800 километри за 8 дена, за да ја смени прецепцијата за неговата состојба: церебрална парализа. Денес е пречекан од неговите сограѓани како херој. Сите сме горди на тебе“. Јанкула на 10 мај тргна од Ресен во обиколката со трицикл со намера да мине околи 800 километри преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид, и преку Галичица да се врати дома. Пред тргнувањето тој упати апел до сите лица со хендикеп да бидат силни и храбри и да не се откажуваат на пола пат, а обиколката одеше под мотото „Сите сме исти“. На 4 мај Васил извози 42 км и на Скопскиот маратон. Васил пред два месеца беше дел од групата лица со попреченост кои беа дел од првата сет-ски школа на Маврово, во рамки на која се обучуваа тренери за скијање и каде за прв пат лица со попреченост скијаа во посебни седишта. Школата беше организирана од Здружението на граѓани со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vasil-jankula-so-cerebralna-paraliza-izvozi-800-kilometri-so-tricikl-za-8-dena/feed/ 0
Васил, момчето со церебрална парализа, по седум дена возење со трицикл низ Македонија, пристигнува во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasil-momcheto-so-cerebralna-paraliza-po-sedum-dena-vozenje-so-tricikl-niz-makedonija-pristignuva-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasil-momcheto-so-cerebralna-paraliza-po-sedum-dena-vozenje-so-tricikl-niz-makedonija-pristignuva-vo-ohrid/#respond Thu, 16 May 2019 11:51:50 +0000 https://kurir.mk/?p=198630

Малкумина веруваа дека може! Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски беа сигурни дека ќе успеат, и се осмелија да тргнат на пат од околу 600 километри. Од Ресен, преку Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, и Струга, денеска ќе пристигнат во Охрид. Се очекува на Охридското пристаниште да пристигнат нешто по 16 часот, пишува 24инфо. Утре Васил јанкула преку Галичица ќе го затвори кругот околу земјата и ќе пристигне во Ресен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasil-momcheto-so-cerebralna-paraliza-po-sedum-dena-vozenje-so-tricikl-niz-makedonija-pristignuva-vo-ohrid/feed/ 0
Преспанец му пркоси на хендикепот: Васил Јанкула со трицикл ќе мине 900 километри во обиколка на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prespanec-mu-prkosi-na-hendikepot-vasil-jankula-so-tricikl-kje-mine-900-kilometri-vo-obikolka-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prespanec-mu-prkosi-na-hendikepot-vasil-jankula-so-tricikl-kje-mine-900-kilometri-vo-obikolka-na-makedonija/#respond Fri, 10 May 2019 12:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=196449

Дваесет и шестгодишниот Васил Јанкула од Ресен, лице со церебрална парализа, денеска го почна своето патешествие со трицикл да ја обиколи Република Македонија. Со тоа, како што рече, сака да помогне во покревање на свеста кај лицата со посебни потреби да не седат дома, туку со упорност и работа можат да ги остварат своите цели. – Сакам да упатам апел до сите лица со хендикеп да бидат силни и храбри и да не се откажуваат на пола пат. Она што ќе замислат и да го направат, рече Јанкула. Тој упати апел до учесниците во сообраќајот, да се информираат за трасата што ќе ја поминува и да внимаваат додека вози заедно со неговата експедиција. Јанкула, кој е роден со церебрална парализа, вози автомобил, но се пожали дека неможе да добие лекарско уверение за да полага возачки испит. Кога ќе стигне во Скопје, сака да оствари средба со премиерот и останати владини претставници, каде ќе може да ги изнесе проблемите со кои се соочува тој, но и останатите лица со попреченост. Меѓу другите, храбриот ресенец го испрати и градоначалникот Живко Гошаревски, кој верува дека Јанкула ќе ја претстави општината во најдобро светло. – Да се прифати ваков подвиг е голем чекор. Васил со себе носи јасна порака дека сите сме исти. Како локална самоуправа сакаме да им дадеме внимание на лицата со попреченост и да им укажеме дека и тие се еднакви како нас, изјави Гошаревски. Васил Јанкула тргна од центарот на Ресен. Предвидено е да помине околу 900 километри со трицикл, а неговото патешествие ќе се движи преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица ќе се врати во Ресен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prespanec-mu-prkosi-na-hendikepot-vasil-jankula-so-tricikl-kje-mine-900-kilometri-vo-obikolka-na-makedonija/feed/ 0
Македонец со големо срце го донира својот трицкл на лица со попреченост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonec-so-golemo-srce-go-donira-svojot-trickl-na-lica-so-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonec-so-golemo-srce-go-donira-svojot-trickl-na-lica-so-poprechenost/#respond Fri, 15 Mar 2019 07:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=174920

Васил Јанкула од Мала Преспа, кој боледува од детска целебрална парализа, човек со огромна волја, оптимистички дух и храбро срце, го донира неговиот трицикл на лица со попреченост. -На овој начин сакам да ги потикнам лицата со попреченост да бидат повеќе активни во опшеството,еве како мене. Сите сме исти, вели Јанкула, дообјаснувајќи дека може да го контактираат на адреса https://www.facebook.com/vasill.jankula. Тој со трициклот ги оствари своите зацртани цели за лани, благодарение на подршката од општина Пустец и секако тренерот Тони Ангеловски. Најпрво на осми септември, по повод независноста на Македонија ја извози триесет километарската патека во рамки на Охридскиот меѓународен атлетски маратон. Како дел од 32-то издание на маратонот, со оптимистички дух и храбро срце успеа за два часа да ја извози патеката полна со удолници и угорници. На 11 ноември под мотото „Возам на точак за лица со попречност” возеше низ Скопје, а потоа и на прилепскиот маратон. Овој млад човек и покрај својот физички хендикеп, ја извози патеката од 150 километри, во двата правца, возејќи 8 часа, од Ресен до селата од Мала Преспа, Леска, Пустец, Зарноско. Со тоа тој покажа дека огромната воља и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги. Негова желба е да продолжи и натаму, секако, како што рече, доколку најде покровители, да помине низ цела Македонија со точак, а можеби еден ден да вози и низ Балканот, Европа и светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonec-so-golemo-srce-go-donira-svojot-trickl-na-lica-so-poprechenost/feed/ 0
Васил Јанкула, кој боледува од церебрална парализа, ја извози патеката на Охридскиот маратон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vasil-jankula-koj-boleduva-od-cerebralna-paraliza-ja-izvozi-patekata-na-ohridskiot-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vasil-jankula-koj-boleduva-od-cerebralna-paraliza-ja-izvozi-patekata-na-ohridskiot-maraton/#respond Sun, 09 Sep 2018 08:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=98309

Васил Јанкула од Мала Преспа, кој боледува од детска целебрална парализа, ја оствари својата цел, и со точак на три тркала ја извози триесет километарската патека во рамки на Охридскиот меѓународен атлетски маратон. -Васил беше дел од 32-то издание на маратонот, што се одржа во Охрид по повод 8 Септември. Денот на независноста на Република Македонија. Со оптимистички дух и храбро срце успеа за два часа да ја извози патеката полна со удолници и угорници. Огромната волја и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа беа посилни од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги, пишува весникот „Илинден“. Се додава дека Васил покажал оти различностите се насекаде околу нас, но дека треба да бидат прифатени и оти лицата со посебни потреби можат да бидат дел од еден ваков спортски настан, па макар и вон конкуренција. -Со солзи го кажувам ова, но ова младо момче тоа го заслужува. Посакувам да имав магично стапче и се да сменев. Но, си велам се ќе беше попусто бидејќи Васил е посилен и од науката и од здравството. Тој е пример како понатаму да се види изгрејсонцето, да се стане со насмевка и на животот да му се спротивстави со цврсто јас, а тоа е токму Васил, победник на самиот себе си, огледало и пример за секого, изјави неговиот тренер Тони Ангеловски. Искажувајќи огромна почит за храброста и одлучноста на Васил „Илинден“, единствен весник на македонски јазик во Албанија, му го честита успехот, со кој покажа дека физичкиот хендикеп не и може ништо на желбата и одлучноста на еден млад човек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vasil-jankula-koj-boleduva-od-cerebralna-paraliza-ja-izvozi-patekata-na-ohridskiot-maraton/feed/ 0
Македонец од Мала Преспа кој боледува од церебрална парализа, учесник на Охридскиот атлетски маратон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonec-od-mala-prespa-koj-boleduva-od-cerebralna-paraliza-uchesnik-na-ohridskiot-atletski-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonec-od-mala-prespa-koj-boleduva-od-cerebralna-paraliza-uchesnik-na-ohridskiot-atletski-maraton/#respond Tue, 04 Sep 2018 12:11:14 +0000 https://kurir.mk/?p=96196

Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа кој боледува од детска целебрална парализа, ќе биде дел од 32-рото издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон, што ќе се одржи на 8 септември, јави електронското издание на весникот „Илинден“. - Васил боледува од детска целебрална парализа но воедно е и човек со огромна волја и бистар ум. Неговата желба да со точак на три тркала ги помине овие навистина тешки 30 километри полни со големи угорници и удолници беше предизвик пропратен со одредена резерва, но беше прифатена, секако вон конкуренција. Големината на волјата и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги, изјавија за весникот од Организацискиот одбор на маратонот. Додаваат дека овој млад човек и покрај својот физички хендикеп ќе ја извози патеката од 30 км со својот велосипед за да ни покаже дека различностите се насекаде околу нас но дека треба да бидат прифатени дека и лицата со посебни потреби можат да бидат дел од еден ваков спортски настан. Искажувајќи огромна почит за храброста и одлучноста на Васил „Илинден“, единствен весник на македонски јазик во Албанија, му посакува успешно да му покаже на светот дека физичкиот хендикеп не и може ништо на желбата и одлучноста на еден млад човек. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonec-od-mala-prespa-koj-boleduva-od-cerebralna-paraliza-uchesnik-na-ohridskiot-atletski-maraton/feed/ 0