Васил Панов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Sep 2021 14:11:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Васил Панов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТАЖНА ВЕСТ: Почина Васил Панов, поранешен дипломат, генерален секретар на МАНУ и врвен шахист https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-vasil-panov-poraneshen-diplomat-generalen-sekretar-na-manu-i-vrven-shahist/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-vasil-panov-poraneshen-diplomat-generalen-sekretar-na-manu-i-vrven-shahist/#respond Thu, 02 Sep 2021 14:11:13 +0000 https://kurir.mk/?p=558434

По кусо боледување, денеска, во Скопје, почина Васил Панов, поранешен македонски дипломат, генерален секретар на МАНУ и еден од великаните на поствоениот македонски шах. Васил Панов е роден во Струмица на 29 јуни 1938 година. Дипломирал правни науки и работел како Секретар на Филозофскиот факултет во Скопје, а потоа и на Универзитетот „Кирил и Методиј“. Шаховската кариера ја прекинал мошне рано, кога имал 36 години, поради потребата да се посвети на семејството. Од 1974 година се префрлува во Министерството за надворешни работи и започнува дипломатска кариера како Генерален конзул на СФРЈ во Торонто, Канада, а неколку години подоцна и во Перт, Западна Австралија. По враќањето во Македонија, работел како генерален секретар на МАНУ во периодот од 1989 до 2000 година. Како и повеќето негови современици, тој е самоук шахист, но изгради респектабилна кариера и во Македонија, но и во странство, каде учествувал и победувал на турнири. Има освоено четири шампионски титули во Македонија, во 1958, 1962, 1965 и 1969 година. Два пати триумфирал на турнирот во Ла Специја, во Италија. Запаметен е како прв шаховски коментатор на РТС Скопје, а потоа бил кореспондент на весникот „Вечер“. Бил член на Организациониот одбор за шаховската Олимпијада во Скопје 1972 година, а во времето на нејзиното одржување и нејзин генерален секретар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-vasil-panov-poraneshen-diplomat-generalen-sekretar-na-manu-i-vrven-shahist/feed/ 0