Васил Стерјовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 03 Jun 2023 13:57:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Васил Стерјовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стерјовски: Бугарите се во поход за асимилација на Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-bugarite-se-vo-pohod-za-asimilatsija-na-makedontsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-bugarite-se-vo-pohod-za-asimilatsija-na-makedontsite/#respond Sat, 03 Jun 2023 13:57:52 +0000 https://kurir.mk/?p=841738

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса зa европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, предупредува на нов бугарски поход за асимилација на Македонците во Мала Преспа. Македонците од Албанија, вели тој, низ историјата поминале низ многу премрежија, но опстанале. - Пред 20 години во Преспа имавме наезда на сектата Јеховини сведоци, кои сакајќи да ја искористат економската ситуација, не избираа средства да ја сменат верата на Македонците. Ни доаѓаа по домовите, не застануваа на улица, нудејќи пари, храна, книги, организираа летни кампови за младите, но не успеаја во својата намера затоа што Македонците не ги прифатија, тврди Стерјовски. Додава дека повторно во Преспа се „појавиле Јеховините сведоци, но овој пат во лицето на бугарските пропагатори". -Тие на сличен начин како Јеховините сведоци сакајќи да ја искористат економската ситуација, бараат да ни ја сменат македонската националност. Македонците во Мала Преспа но и во цела Албанија каде што живеат ќе ја издржат и оваа бугарска пропаганда која врз Македонците трае повеќе од век и половина, категоричен е тој. Потсетува дека македонскиот револуционер Петар Поп Арсов уште во 1894 година за бугарската пропаганда во Македонија, која се одвивала преку бугарската црква напишал: “Егзархијата дава пари и купува ветер зашто народноста со пари не се купува - тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува”. - И на неканетите бугарски новинари во село Глобочани, општина Пустец им порачавме дека ние сме Македонци, рече Стерјовски. Тој е еден од најголемите поборници за правата на Македонците, беше прв пратеник во албанскиот парламент кој јавно кажа дека е Македонец и кој за првпат во парламентот имаше кусо но историско обраќање на македонски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-bugarite-se-vo-pohod-za-asimilatsija-na-makedontsite/feed/ 0
Стерјовски за MCN: Власта и опозицијата во Албанија се против формирање на општините Гора и Голо Брдо, населени со македонско население https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-za-mcn-vlasta-i-opozicijata-vo-albanija-se-protiv-formiranje-na-opshtinite-gora-i-golo-brdo-naseleni-so-makedonsko-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-za-mcn-vlasta-i-opozicijata-vo-albanija-se-protiv-formiranje-na-opshtinite-gora-i-golo-brdo-naseleni-so-makedonsko-naselenie/#respond Sun, 18 Sep 2022 17:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=734511

Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, во интервју за албанската телевизија MCN изјави дека власта и опозицијата во Албанија се против формирање на општините Гора и Голо Брдо, населени со македонско население. Телевизијата констатира дека македонското малцинство останало со истото незадоволство од територијално-административната реформа. Стерјовски, кој е поранешен пратеник и единствен кој јавно ја кажува својата етничка припадност, на тоа оценува дека територијалната реформата од 2014 година не ги исполнила обврските кон ова малцинство. – Во однос на инклузивноста, немаме ниту еден советник од областите на Гора и Голо Брдо во соодветните совети на овие општини. Се бројат на прсти бројот на вработени од областите Гора и Голо Брдо во овие општини. Се надевавме дека со оваа територијална реформа ќе се поправеа оние грешки кои беа направени во 2014 година и ќе се спроведеа меѓународните конвенции за почитување на правата на малцинствата, рече тој. Со надеж дека нивниот проблем ќе биде решен со новата територијална карта, каде што се бара покрај општина Пустец и создавање на општини на македонското малцинство во областа Гора во Округот на Кукс и во областа на Голо Брдо во округот Пешкопеја, Стерјовски вели дека нема политичка волја меѓу партиите да го преземат тој неопходен многу значаен чекор за Македонците. Според него Социјалистичка партија се повлече, нарекувајќи ја ефикасна претходната реформа, додека во меѓувреме во нацрт предлогот на опозициската Демократска партија не беа земени во предвид нивните барања. – Како заедница ги дадовме нашите мислења до Специјалната парламентарна комисија за административно-териториалната реформа и бевме многу добро примени. Немаше противење од ниту еден пратеник од власта или од опозицијата во таа комисија и мислевме дека конечно ќе има политичка волја да се прифатат нашите барања. Во крајна линија, со создавањето на овие две општини, граѓаните таму едноставно ќе имаат подобра и поблиска услуга, но и таму би се почитувале правата на македонското малцинство бидејќи со законот за заштита на националните малцинства многу права на малцинствата се поврзани со бројот и процентот што го заземаат во една општина. Законот за заштита на националните малцинства за жал се спроведува само во општина Пустец, во областа Преспа, вели тој. Нагласува дека ги дале своите мислења во комисијата, укажувајќи при тоа и на непочитување на правата на националните малцинства. – Како држава ги отворивме и преговорите за членство во ЕУ, а за членство во ЕУ е потребно исполнување на критериумите за заштита на националните малцинства и за жал се покажа дека нема политичка волја од сите политички сили за почитување на правата на малцинствата, констатира Стерјовски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-za-mcn-vlasta-i-opozicijata-vo-albanija-se-protiv-formiranje-na-opshtinite-gora-i-golo-brdo-naseleni-so-makedonsko-naselenie/feed/ 0
Стерјовски побара подршка од Амбасадата на САД за барањето за загарантирани пратенички места во албанскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sterjovski-pobara-podrshka-od-ambasadata-na-sad-za-baranjeto-za-zagarantirani-pratenichki-mesta-vo-albanskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sterjovski-pobara-podrshka-od-ambasadata-na-sad-za-baranjeto-za-zagarantirani-pratenichki-mesta-vo-albanskiot-parlament/#respond Fri, 19 Jun 2020 17:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=360006

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, заедно со дел од пратениците од парламентарната опозиција остварија средба со претставник на американската Амбасада во Тирана, во врска со изборната реформа. На средбата шефот на политичката и економската канцеларија на Амбасадата, Иан Крафорд го запознале со барањата, кои, според нив, мора да бидат вметнати во новата законска изборна регулатива со цел да се гарантира слободното гласање на граѓаните и застапеноста на малцинствата во идниот законодавен дом. – Побарав поддршка од САД во нашите напори за смена на законодавството и гарантирање на застапеност на малцинствата во албанското Собрание со посебни квоти, како што тоа го има во многу поразвиени земји. Му објаснив дека по падот на тоталитарниот режим припадниците на македонското, како и сите други малцинства се раселени низ целата територија на Албанија поради што со постоечкиот регионален пропорционален систем малцинствата не може да обезбедат пратенички мандат, изјави Стерјовски за МИА по средбата. Додава дека го нагласил фактот дека сега е момент таа децениска неправда да се надмине, со што ќе им се овозможи на малцинствата нивните претставници најдоследно да ги презентираат потребите и проблемите и да се залагаат за нивно решавање. И останатите пратеници посочиле пред Крафорд дека она што е договорено од страна на Политичкиот совет за изборни реформи не ги исполнува очекувањата и оти треба во текстот да бидат вклучени и нивните барањата. Тоа се отворени листи, деполитизирана изборна администрација, електронско броење, гласање на дијаспората, загарантирани квоти за малцинствата во Парламентот. Во најавата за денешната средба албанските медиуми наведуваат дека „САД ги обновила преговорите околу изборниот законик“ и посочуваат дека токму под влијание на Иан Крафор са постигна договор за Изборниот законик, на 31 мај, откако се сретнал со членовите на Политичкиот совет за изборните реформи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sterjovski-pobara-podrshka-od-ambasadata-na-sad-za-baranjeto-za-zagarantirani-pratenichki-mesta-vo-albanskiot-parlament/feed/ 0
Стерјовски во албанскиот Парламент: Горд сум што сум прв пратеник Македонец од МАЕИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-vo-albanskiot-parlament-gord-sum-shto-sum-prv-pratenik-makedonec-od-maei/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-vo-albanskiot-parlament-gord-sum-shto-sum-prv-pratenik-makedonec-od-maei/#respond Thu, 16 May 2019 14:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=198701

Горд сум што сум пратеник во Собранието на Република Албанија, за првпат во нејзината историја, од регистрирана Македонска партија. И досега многу Македонци ги имало и ги има во институциите на системот, рече во своето прво обраќање во албанскиот Парламент Васил Стерјовски, кој со давањето заклетва од денеска е дел од Законодавниот дом. Тој пренесе поздрави од Македонците во Албанија, кои, како што посочи се лојални граѓани на оваа држава. -Имам историска должност да Ви пренесам поздрави од Македонците, кои се лојални државјани на Република Албанија, бидејќи таа е и нивна матична држава. Во Албанија сме родени, во Албанија живееме, во Албанија работиме, како албански државјани заедно ќе се грижиме и ќе ја браниме Република Албанија како наша заедничка татковина и нејзините интеграции во Европската Унија, потпирајќи се на стратешкото партнерство со САД. Имаме прекрасна држава на која треба сите да и се радуваме, Господ и природата се ни дале, рече Стерјовски. Кажа дека е генерален секретар на единствената македонска партија во Република Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, која покрај другите политички партии, додаде,се грижи за сите, меѓу нив и за унапредување на положбата и правата на Македонската заедница во нашето мултикултурно, мултијазично и мултиконфесионално општество. -Македонците од Албанија, им се придружија на албанските партизани во Втората светска војна и помогнаа во ослободувањето на Албанија од фашизмот и станаа важен дел од оваа земја. Затоа и ние Македонците, заедно со Албанците, Грците, Власите, Ромите, Еѓиптјаните, Србите, Црногорците, Бошњаците, се чуствуваме рамноправни со рамноправните пред Уставот и законите, рече Стерјовски. Изрази посебна благодарност до Собранието на Албанија кое во 2013 година ја врати македонската топонимија на општина Пустец и нејзините девет села. Подлече дека Општина Пустец е интересна туристичка дестинација, која е запоставена последните 28 години, и оти смета дека Владата треба да вложи во развојот на туризмот, патната инфраструктура, водоводот и канализацијата, како и да помогне во меѓуграничната соработка и развојот на евро-регионот и национален парк „Преспа“ меѓу Албанија, Грција и Македонија. -Се разбира, Македонската заедница во Република Албанија не се само Македонците во општина Пустец и селото Врбник во областа на Девол. Македонците во Албанија живеат во педесетина села долж албанско-македонската граница, во областите Мала Преспа во Округот на Корча, Голо Брдо во Околјата Пешкопеја и Гора во околија Кукс, како и во градовите Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Кукс, и други места. Завршувајќи го свото обраќање тој нагласи дека Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија се мост на соработка и братство во македонско-албанските односи, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност. -Ќе вложам се од себе, заедно со сите Вас, до крајот на мандатот да ги остварам обврските на пратеник во ова Собрание и да ги понесам одговорностите од предизвиците пред кои се исправени општеството, народот и државата, сите ние заедно, порача Васил Стерјовски. Претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи побара, а пратениците го поздравија со громогласен аплауз. Македонците во Албанија обраќањето на Стерјовски го оценуваат како историско, а неговиот пратенички мандат историска победа за нив. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sterjovski-vo-albanskiot-parlament-gord-sum-shto-sum-prv-pratenik-makedonec-od-maei/feed/ 0
Првиот македонски пратеник влегува во албанскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-makedonski-pratenik-vleguva-vo-albanskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-makedonski-pratenik-vleguva-vo-albanskiot-parlament/#respond Thu, 09 May 2019 08:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=195851

Васил Стерјовски, генерален секретар на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) ќе биде пратеник во албанскиот Парламент. -По известувањето од Централната изборна комисија на Албанија, Извршниот комитет на МАЕИ донесе одлука Стерјовски да го прифати пратеничкиот мандат и во парламентот да ја претставува програмата на Македонска алијанса за европска интеграција како дел од парламентарната опозиција,соопштија од партијата. На последните парламентарни избори одржани во јуни 2017 година МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција. Тогаш лидер на партијата беше Илир Мета, актуелинот претседател на Албанија. Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча. Стерјовски,на првата седница на албанскиот законодавен дом, најверојатно следниот четврток, ќе седне во собранската сала и ќе даде заклетва. Тој ќе биде првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец. Васил Стерјовски е познат активист за правата на Македонија во Албанија. Запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, на Институтот за национална историја на студиската програма на хуманистички науки, подпрограма Историја на Македонија, со потесна област на истражување Македонците во Албанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-makedonski-pratenik-vleguva-vo-albanskiot-parlament/feed/ 0