Василиј Небензја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 07:41:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Василиј Небензја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Небензја: САД и НАТО би сакале да се заборават злосторствата во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nebenzja-sad-i-nato-bi-sakale-da-se-zaboravat-zlostorstvata-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nebenzja-sad-i-nato-bi-sakale-da-se-zaboravat-zlostorstvata-vo-avganistan/#respond Fri, 11 Nov 2022 07:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=758903

Рускиот постојан претставник во Обединети нации, Василиј Небензја изјави дека САД и НАТО не спроведоа истрага за злосторствата извршени во Авганистан поради очигледната уцена на Вашингтон. Тој на вчерашната средба на Генералното собрание на ОН наведе дека Западот би сакал „сите да заборават на неодговорните акции на американската и на НАТО армиите, кои редовно вршеа неселективни воздушни напади врз обичните Авганистанци“. – И да не зборуваме за ноќни рации и вонсудски убиства на цивили, вклучително и жени и деца, посочи Небензја. Тој додаде критиките на САД за кршење на човековите права се цинични и лицемерни. – Тоа е типичен став на САД и нивните сојузници кон воените злосторства извршени од нив на други кризни точки, вклучително Ирак, Сирија и Либија, истакна Небензја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nebenzja-sad-i-nato-bi-sakale-da-se-zaboravat-zlostorstvata-vo-avganistan/feed/ 0
Небензја: Безбедноста на нуклеарната централа Запорожје не е загрозена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nebenzja-bezbednosta-na-nuklearnata-centrala-zaporozje-ne-e-zagrozena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nebenzja-bezbednosta-na-nuklearnata-centrala-zaporozje-ne-e-zagrozena/#respond Fri, 04 Mar 2022 19:35:47 +0000 https://kurir.mk/?p=641170

Безбедноста на енергетските блокови на нуклеарката во Запорожје на ниту еден начин не е загрозена, изјави денеска рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја. – Според проценките на раководството на Агенцијата за атомска енергија изнесени во соопштението од 4 март, работата на нуклеарната централа продолжува нормално, а безбедноста на шесте енергетски блокови ништо не ја загрозува, изјави рускиот амбасадор на седницата на Советот за безбедност на ОН. Според него, руските војници не се мешаат во работата на операторите во нуклеарната централа. – Целта на руските сили е да се гарантира бeзбедностa на нуклеарната централа, додаде Небензја. Тој нагласи дека не се точни информациите оти отворањето оган од руска страна го предизвикало пожарот во нуклеарната централа. Исто така, додаде и дека се лажни изјавите оти руската армија ја нападнала нуклеарката во Запорожје. – Западот и Киев предизвикуваат лажна хистерија поради ситуацијата во Украина, вклучително и свикувањето на седница на Советот за безбедност на ОН, рече рускиот амбасадор, оценувајќи дека сето тоа е дел од кампања на лаги и дезинформации против Русија без преседан. – Се обидувате да ги претставите работите така што нуклеарната централа во Запорожје наводно била изложена на оган од руски војници и дека на тој начин избил пожар. Таквите изјави немаат никаква врска со реалноста. Целта е да не се дозволи украинските националистички или други терористички групи да ја искористат ситуацијата за да предизвикаат нуклеарна провокација, да се гарантира безбедноста на нуклеарната централа и да не се дозволи прекин во снабдувањето со електрична енергија за Украина и европските потрошувачи, изјави Небензја. Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси на седницата изјави дека при пожарот немало оштетувања ниту на безбедносниот систем, ниту на ректорите. – Во текот на ноќта добивме информација дека проектил паднал во објектот во близина на реакторот, по што избувнал пожар, кој по извесно време бил изгаснат, потврди Гроси. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nebenzja-bezbednosta-na-nuklearnata-centrala-zaporozje-ne-e-zagrozena/feed/ 0