василиј острошки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 May 2020 07:16:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png василиј острошки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска е Свети Василиј Острошки: Ако сте болни овој светец денеска ќе ви помогне- еве што треба да направите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sveti-vasilij-ostroshki-ako-ste-bolni-ovoj-svetec-deneska-kje-vi-pomogne-eve-shto-treba-da-napravite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sveti-vasilij-ostroshki-ako-ste-bolni-ovoj-svetec-deneska-kje-vi-pomogne-eve-shto-treba-da-napravite/#respond Tue, 12 May 2020 07:16:41 +0000 https://kurir.mk/?p=344827

Православната црква и верниците денеска го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец, чиишто чудотворни дела се познати насекаде. Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело. Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмртил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодати. Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој тој што доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера. Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивни близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако решите да побарате помош од овој светец од денеска мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите. Доколку познавате личност што се подготвува за вакво патување, треба да ѝ однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат. Често се случува ова да го прават и муслиманите и католиците, бидејќи на овие простори сите се уверени во големата чудотворна моќ на свети Василиј, па се верува дека таму преноќат маслото, памукот и темјанот, се лекуваат сите болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-sveti-vasilij-ostroshki-ako-ste-bolni-ovoj-svetec-deneska-kje-vi-pomogne-eve-shto-treba-da-napravite/feed/ 0
Секој кој ќе се помоли на Св. Василиј Острошки доживува чудо: Ова се трите најголеми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sekoj-koj-kje-se-pomoli-na-sv-vasilij-ostroshki-dozivuva-chudo-ova-se-trite-najgolemi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sekoj-koj-kje-se-pomoli-na-sv-vasilij-ostroshki-dozivuva-chudo-ova-se-trite-najgolemi/#respond Tue, 31 Jul 2018 18:29:40 +0000 https://kurir.mk/?p=83260

Манастирот Острог во Црна Гора е место на кое луѓе од целиот свет го бараат своето спасение и се молат на Бога, но и се обидуваат да се излечат. Тие се молат за среќа и здравје, за себе и за своите најблиски. Чудата се возможни, а тоа го докажуваат приказните кои се пренесуваат за ова место. Острошките монаси забележале стотици чуда и тие се чуваат во библиотеката на манастирот Острог. Некои од нив ги објавил јеромонахот Иринеј Гавриловиќ, а ние ви ги пренесуваме во целост: -Еден занаетчија од околината на Никшиќ многу се разболел. Лекарите утврдиле дека парализата е во последен стадиум. Тие се откажале и му соопштиле на семејството дека нема лек за неговата болест. Човекот не можел да се движи. Некој роднина ги посоветувал да го посетат манастирот Остроф на Свети Василиј, но тој одбил, бидејќи бил атеист, неверник. По извесно време, во сон му се јавил Свети Василиј и го повикал во манастирот. На крај човекот одлучил да го посети манастирот. Тој се исповедал и цела ноќ ја помиал во манастирот, каде му читале молитви. По кратко време целосно оздравел, а од благодарност кон светецот на својот син му го дал името Василије. -Вера Ј., млада девојка од околината на Бар, службеничка, изненадно се разболела во 1950 година, од тешко нервно растројство и поради тоа не била способна за никаква работа. Загрижените родители ја воделе кај сите лекари и барале помош од најдобрите специјалисти, но за жал без успех. Нејзината здравствена состојба од ден на ден се влошувала. Кога целосно била изгубена надежта дека девојката ќе оздрави, мајката одлучила да ја доведе во Острог, и таму да го побара лекот. На пат тргнале почетокот на зимата истата година. Со голема мака преминале од долниот до горниот дел на манастирот. Девојката барала да се врати назад. Со големи напори ја одвеле горе во манастирот каде и читале молитви. Таа ноќ ја поминала во Горниот манастир. Другиот ден, девојката се разбудила целосно здрава, на големо изненадување и радост на нејзината мајка и сите присутни. Се вратила среќна во својата куќа и за неколку дена ја продолжила својата работа како службеник. -Ќерката на една постара госпоѓа од Ниш имала тешко заболување на белите дробови. Лекарските интервенции започнале многу касно. Една вечер, додека тажната мајка седела покрај болната ќерка, која имала огромна температура, од замор заспала. Во сонот и се појавил Свети Василиј Острошки и рекол да не плаче, бидејќи тој ќе ја излечи нејзината ќерка. И навистина, утрото на девојката и било многу подобро. По новиот преглед лекарите не можеле да веруваат. Тие утврдиле дека девојката е целосно здрава. Мајката добро го запомнала ликот кој и се појавил во сонот и кога потоа во црква ја видела иконата на Свети Василиј, препознала дека тоа бил тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sekoj-koj-kje-se-pomoli-na-sv-vasilij-ostroshki-dozivuva-chudo-ova-se-trite-najgolemi/feed/ 0
Денеска е голем празник: Ако отидете на ова место ќе ја избркате болеста од домот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-golem-praznik-ako-otidete-na-ova-mesto-kje-ja-izbrkate-bolesta-od-domot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-golem-praznik-ako-otidete-na-ova-mesto-kje-ja-izbrkate-bolesta-od-domot/#respond Sat, 12 May 2018 07:44:25 +0000 https://kurir.mk/?p=53299

Денеска е Св. Василиј Острошки. Свети Василиј Острошки е родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сѐ потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир. Многумина веруваат дека ако се заветуваат дека на Свети Василие ќе отиде во манастирот Острог, нивната или болеста на некој нивен близок, ќе исчезне како со рака однесена. Ако се решите да побарате помош од овој светец, од утре треба да почнете пост кој треба да трае додека на Духови ако не отидете во Острог и таму се причестите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-golem-praznik-ako-otidete-na-ova-mesto-kje-ja-izbrkate-bolesta-od-domot/feed/ 0