Василис Кикиљас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Aug 2023 10:58:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Василис Кикиљас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во јули во цела Грција имало 1.470 пожари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-juli-vo-tsela-grtsija-imalo-1-470-pozhari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-juli-vo-tsela-grtsija-imalo-1-470-pozhari/#respond Tue, 01 Aug 2023 10:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=862307

Од 1 до 31 јули имавме вкупно 1.470 пожари од кои десет беа големи и со нив се справивме со големи тешкотии и со голем напор, рече министерот за цивилна заштита на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ и најави построги казни за оние кои потпалуваат или подметнуваат пожари, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас објасни дека следната сезона ќе биде поразлична, казните ќе бидат десет пати поголеми за потпалувачите, но и за самите граѓани кои имаат законски обврски да го исчистат делот околу нивните куќи. -За мене превенцијата е поважна од казнувањето. Затоа не зборувам само за оние кои се апсат за подметнување пожар, за небрежност. Зборувам за нова култура која мора да постои во целото грчко општество и е поврзана со начинот на кој ја сакаме нашата земја. Го сакаме нашето село, нашиот остров, нашиот град и како да интервенираме за да го поддржиме севкупниот национален напор што се прави, рече Кикиљас и објасни дека е потребна соодветна обука на сите, за заштита и превенција од пожари. Додаде дека од друга страна, за оние малкумина кои ги ставаат во опасност животите на луѓето треба да постои поинаков третман, а административните казни на Противпожарната служба да може да ги изрекуваат и грчката полиција и локалната самоуправа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-juli-vo-tsela-grtsija-imalo-1-470-pozhari/feed/ 0
Кикиљас: Изборите нема да влијаат на туристичката сезона во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikilas-izborite-nema-da-vlijaat-na-turistichkata-sezona-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikilas-izborite-nema-da-vlijaat-na-turistichkata-sezona-vo-grtsija/#respond Fri, 07 Apr 2023 07:06:04 +0000 https://kurir.mk/?p=821326

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас, говорејќи за грчката телевизија „Антена“ истакна дека нема простор за загриженост дека изборите во земјата би можеле да влијаат на туристичката сезона, а паралелно истакна дека очекуваат рекордна година во туризмот, јави дописничката на МИА од Атина. За евентуалните втори избори кои би биле на почетокот на јули, Кикиљас објасни дека нема да влијаат врз туризмот бидејќи, како што рече, туристичката сезона е веќе започната. Додаде дека веќе има зголемување за 20 отсто кај крузерите и 15 до 20 проценти на пристигнувањата, како на атинскиот, така и на регионалните аеродроми. -Оваа година ќе биде рекордна година во туризмот со многу големи приходи. Ова нѐ прави задоволни, бидејќи туризмот е народната економија на земјата и на малите и средните претпријатија, на грчкото семејство и на малиот и средниот грчки бизнис им дава суфицит и дел. Тоа е индустрија која го поддржува примарното производство, земјоделството, трговијата, градежништвото и ги задржува работниците, истакна Кикиљас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikilas-izborite-nema-da-vlijaat-na-turistichkata-sezona-vo-grtsija/feed/ 0
ПРОМЕНИ ВО ГРЧКАТА ВЛАДА: Дендиас останува МНР, Кикиљас нов министер за туризам https://arhiva.kurir.mk/svet/region/promeni-vo-grchkata-vlada-dendias-ostanuva-mnr-kikiljas-nov-minister-za-turizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/promeni-vo-grchkata-vlada-dendias-ostanuva-mnr-kikiljas-nov-minister-za-turizam/#respond Tue, 31 Aug 2021 08:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=557106

Формирање ново министерство за цивилна заштита, промени на министрите за здравство и туризам, нови заменици- министри во неколку Министерства, се дел од вкупно 11-те промени во Владата што ги направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти владиниот портпарол Јанис Иконому, со одлука на Мицотакис, се формира ново Министерство за цивилна заштита во кое ќе биде вклучена и противпожарната служба, а министер ќе биде Евангелос Апостолакис. Во веќе постоечкото Министерството за цивилна заштита, под кое е полицијата, на местото на Михалис Хрисохоидис, доаѓа Панајотис Теодорикакос. Досегашниот заменик- министер за цивилна заштита Никос Хардаљас станува заменик-министер за одбрана. Актуелниот министер за здравство Василис Кикиљас заминува во Министерството за туризам на местото на Харис Теохарис, кој веќе е вон владиниот состав, а на местото на Кикиљас доаѓа пратеникот од Нова демократија Атанасиос Плеврис. На позицијата алтернативна министерка за здравство доаѓа досегашната директорка на клиниката за пулмологија во атинската болница „Сотирија“ и членка на комисијата на епидемиолози Асимина Гага. Во Министерството за надворешни работи има промена на заменичката позиција, каде што надлежен за дијасπората ќе биде Андреас Кацањотис. Промени има на позициите заменик-министер во Министерствата за земјоделски развој и храна и за транспорт и инфраструктура, а се укинува функцијата заменик -министер за финансии задолжен за финансискиот систем Во новото Министерство за цивилна заштита кое како главна задача ќе има справување со катастрофи и под чија надлежност ќе биде Противпожарната служба, министер ќе биде Евангелос Апостолакис, кој, како што пренесува МИА, е поранешен началник на Генералштабот на армијата и поранешен министер за одбрана на Грција во Владата на СИРИЗА, кој за време на посетата на Скопје на грчката владина делегација, предводена од тогашниот премиер Алексис Ципрас во април 2019 година, заедно со Шекеринска потпишаа договор за одбранбена соработка. Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој во моментите кога беше соопштена реконструкцијата е во посета на Скопје, останува на неговата досегашна позиција. Новите министри попладне ќе положат свечена заклетва во претседателската палата, а владината седница што беше закажана за денеска, ќе се одржи во четврток. На прес конференцијата на Мицотакис за пожарите, грчкиот премиер индиректно најави дека ќе направи реконструкција на Владата, за ден подоцна на 13 август да соопшти мали промени кои пред се се однесуваа на позициите заменици- министри, а беше одреден и нов портпарол, односно Јоанис Иконому од заменик-министер за земјоделски развој и храна стана заменик-министер под премиерот и владин портпарол. Нова демократија победи на изборите на почетокот на јули во 2019 година, а досегашниот, јавно изразен став на грчкиот премиер е дека ќе го искористи четиригодишниот мандат и нема намера да оди на предвремени избори. Па така, денешната реконструкција е на половина од мандатот на актуелната грчка Влада. Досега, Мицотакис има направено четири промени. Во август минатата година, во јануари годинава, пред две седмици и денеска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/promeni-vo-grchkata-vlada-dendias-ostanuva-mnr-kikiljas-nov-minister-za-turizam/feed/ 0
Кикиљас: Грција ќе добие околу три милиони дози на вакцината за коронавирусот, првиот дел на крајот на декември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikiljas-grcija-kje-dobie-okolu-tri-milioni-dozi-na-vakcinata-za-koronavirusot-prviot-del-na-krajot-na-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikiljas-grcija-kje-dobie-okolu-tri-milioni-dozi-na-vakcinata-za-koronavirusot-prviot-del-na-krajot-na-dekemvri/#respond Tue, 18 Aug 2020 08:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=392007

На крајот од декември Грција ќе го добие првиот дел од 700.000 дози од вакцината за коронавирусот, а во рамките на договорот на Европската комисија, постепено ќе обезбеди околу три милиони дози, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас објасни дека „пред неколку дена претседателката на Европската комисија, преку „Твитер“ го соопшти договорот со „Астра Зенека“ за 400 милиони дози на вакцината од Кембриџ која е веќе во третата фаза, а се очекува во ноември да заврши и четвртата фаза и да добие лиценца“. -Ако сè биде во ред, Грција, првиот дел од дозите, ќе го има на крајот од годината. И ќе добие на крајот на декември, на крајот на јануари, во февруари, март, април, мај и јуни. Во седум постепени испораки ќе го добие соодветниот дел од вакцината, за која што веќе се договори Европската комисија. Ќе почнеме со околу 700.000 дози во декември, со вакцинирање на ранливите групи, а потоа и на целото население, рече министерот за здравство на Грција, објаснувајќи дека вкупната количина што ќе ја добие Грција е околу три милиони дози од конкретната вакцина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikiljas-grcija-kje-dobie-okolu-tri-milioni-dozi-na-vakcinata-za-koronavirusot-prviot-del-na-krajot-na-dekemvri/feed/ 0
Кикиљас: Просечната возраст на заболени од Ковид-19 во Грција во август се намали на 36 години https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikiljas-prosechnata-vozrast-na-zaboleni-od-kovid-19-vo-grcija-vo-avgust-se-namali-na-36-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikiljas-prosechnata-vozrast-na-zaboleni-od-kovid-19-vo-grcija-vo-avgust-se-namali-na-36-godini/#respond Wed, 12 Aug 2020 12:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=389752

Просечната возраст на заболени од Ковид-19 во Грција во август се намали на 36 години Атина, 12 август 2020 (МИА) – Просечната возраст на оние кои во август се разболеа од коронавирусот се намали на 36 години, напиша министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на неговиот официјален „Твитер“ профил, упатувајќи порака до младите, јави дописничката на МИА од Атина. -Опасноста на коронавирусот е леснотијата со која се пренесува. Ова се случува дури и ако си млад и мислиш дека си непобедлив. Просечната возраст на оние кои се разболеа во август веќе се спушти на 36 години, напиша Кикиљас, споделувајќи ја пораката „Немој да станеш жариште на ширењето, остани на растојание и заштити ги од коронавирусот твоите сакани и ранливите групи“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikiljas-prosechnata-vozrast-na-zaboleni-od-kovid-19-vo-grcija-vo-avgust-se-namali-na-36-godini/feed/ 0
Кикиљас: Не воведувам нов карантин туку имам друг план https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikiljas-ne-voveduvam-nov-karantim-tuku-imam-drug-plan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikiljas-ne-voveduvam-nov-karantim-tuku-imam-drug-plan/#respond Wed, 15 Jul 2020 09:42:55 +0000 https://kurir.mk/?p=376041

Не можеме да одиме на втор карантин, имаме план Б, како што се локални карантини, тестови за повеќе туристи или задолжителни тестови, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Антена“. -Сите земји, и оние кои беа во многу полоша ситуација од нас, кои не внимаваа или донесоа погрешни мерки, сега одат на постепено укинивање на мерките. Ние имаме втор план, план Б за локални карантини, за дополнителни корекции, за PCR тестови евентуално за повеќе туристи или да бидат задолжителни. Тоа се работи кои секојдневно ги разгледуваме со експертската комисија, која ѝ дава препораки на Владата. Треба да научиме да живееме со вирусот, вели Кикиљас. Истакна дека од сите зависи дали ќе има едноставно зголемување на случаите, кое што може да се контролира или втор бран и додаде дека „е прашање на одговорност на органите на државата, но и на индивидуалната одговорност и на туристите и на граѓаните“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikiljas-ne-voveduvam-nov-karantim-tuku-imam-drug-plan/feed/ 0
Кикиљас: Ако Ципрас и Каменос не можат да се договорат за името, да поднесат оставки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kikiljas-ako-cipras-i-kamenos-ne-mozat-da-se-dogovorat-za-imeto-da-podnesat-ostavki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kikiljas-ako-cipras-i-kamenos-ne-mozat-da-se-dogovorat-za-imeto-da-podnesat-ostavki/#respond Sat, 30 Dec 2017 10:24:17 +0000 http://kurir.mk/?p=4340

Одговорниот за безбедност во грчката опозициска партија Нова демократија Василис Кикиљас во интервју за весникот „Real news“ упатува критики до коалициската влада во однос на прашањето за името и уште еднаш ја повторува позицијата на неговата партија дека со различните позиции на СИРИЗА и Независни Грци се доведува во прашање владиното мнозинство. - Со други зборови, ако господата Ципрас и Каменос не се согласуваат, нека си поднесат оставки. Нова демократија има јасна позиција, формирана во Букурешт: сложено име за севкупна употреба (ерга омнес) и решение на прашањето за името пред да започне процесот на интеграција на Скопје во НАТО, вели Василис Кикиљас во интервјуто. Oвој став за грчките медиуми, но и преку официјални соопштенија, континуирано го повторуваат од опозициската Нова демократија. Преку портпаролката Марија Спираки, преку поранешната министерка за надворешни работи Дора Бакојани, преку надлежниот за надворешна политика Јоргос Кумуцакос, преку потпретседателот Костис Хаѕидакис, опозициската партија јасно и гласно и порача на владата да ги усогласи позициите, Ципрас и Каменос да најдат заеднички став, бидејќи во спротивно, Нова демократија нема да го поддржи евентуалното решение. Минатата сабота Кирјакос Мицотакис, претседателот на конзервативната партија, преку весникот „То вима“ го порача истото она што денеска го спомнува Кикиљас, ако Ципрас и Каменос не можат да се договорат за едно важно прашање од национално значење, тогаш треба да си дадат оставка. Оваа порака беше повод и причина за почеток на меѓусебни обвинувања на релација власт - опозиција. Од Кабинетот на Ципрас велат дека потпретседателот на Нова демократија и поранешната министерка за надворешни работи имаат различни позиции. На ова реагираа од опозициската партија со став дека СИРИЗА и Независни Грци се власт, а не опозицијата. Од Нова демократија рекоа дека претпоставуваат дека Ципрас и Каменос комуницираат меѓу себе и очекуваат од нив конкретен и заеднички предлог за името.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kikiljas-ako-cipras-i-kamenos-ne-mozat-da-se-dogovorat-za-imeto-da-podnesat-ostavki/feed/ 0