Васка Бајрамовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 May 2019 21:02:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Васка Бајрамовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајрамовска контра Филипче: Ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bajramovska-kontra-filipche-nitu-edno-dete-ne-smee-da-ostane-nadvor-od-obrazovniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bajramovska-kontra-filipche-nitu-edno-dete-ne-smee-da-ostane-nadvor-od-obrazovniot-sistem/#respond Wed, 15 May 2019 21:02:53 +0000 https://kurir.mk/?p=198457

Ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем, вака Васка Бајрамовска Мустафа, заменик народен правобранител, ја коментира владината одлука дека децата мора да бидат вакцинирани за да се запишат во прво одделение, да одат во градинка. Таа укажува дека перцепцијата е дека со ваквата мерка се условуваат граѓаните и децата, а тоа не смее да се дозволи. -Владата мора да изнајде начин како да го подигне опфатот на вакцини, да се разговара помеѓу надлежните сектори. Но, одлуката не смее да биде на штета на децата и родителите, рече Бајрамовска во својата изјава за Топ тема на телевизија Телма. До Народниот правобранител, пак, се стигнати околу сто претставки од родители поради тоа што градинките одбиваат да ги примат зошто не се вакцинирани, а има и неколку претставки за случаи кога не се дозволува упис во прво одделение. Според министерот за здравство Венко Филипче кој беше гостин на Топ тема на телевизија Телма, дилемата за тоа дали само вакцинираните деца може да одат во училиште и да се запишат во прво одделение, излегува од фактот што основното образование е задолжително, но оти во Законот се вели дека при упис родителите мора да го дадат и вакциналниот картон. Филипче се повикува на Одлука на Уставниот суд од 2014 година според која прво, никој нема право да го загрозува јавното здравје, а да стави приоритет на индивидуалното здравје, и второ, немаат право родителите заради својот став да го загрозуваат детето да биде здраво, а токму вакцините се инвестиција во здравјето. Сепак, и покрај смртни случаи и епидемија од морбили која само се разгорува, наместо да стивнува, Филипче не размислува за оставка. -Верувам во премиерот Заев дека може да процени кој треба да остане да ја врши функцијата, кој не, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bajramovska-kontra-filipche-nitu-edno-dete-ne-smee-da-ostane-nadvor-od-obrazovniot-sistem/feed/ 0