Васко Атанасов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Jul 2023 16:10:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Васко Атанасов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Васко Атанасов останува на клупата на МЗТ Скопје и наредната сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vasko-atanasov-ostanuva-na-klupata-na-mzt-skopje-i-narednata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vasko-atanasov-ostanuva-na-klupata-na-mzt-skopje-i-narednata-sezona/#respond Thu, 27 Jul 2023 16:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=860850

Првакот на Македонија во кошарка, МЗТ Скопје потврди дека и во следната сезона на екипата ќе ја предводи Васко Атанасов, кој на чело на тимот беше и во завршницата на минатиот шампионат. “Станува збор за 29-годишен перспективен стратег, кон не е само светла иднина на нашиот клуб туку и на македонската кошарка во целост. Тој одамна е дел од аеродромската светост, прво како дел од младинската школа, а потоа и како помошник во стручниот штаб. По заминувањето на Драган Николиќ пред крајот на минатото првенство, Атанасов го прифати предизвикот и лидерската палка и успешно го доведе нашиот тим до посакуваната шампионска титула – десетта во клупската историја. Зад нашиот предводник од клупата е искуство од водење неколку екипи како прв тренер и тоа БАС Академи, Струмица и молдавскиот прволигаш Адмиралс”, се вели во соопштението објавено на клупската веб страница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vasko-atanasov-ostanuva-na-klupata-na-mzt-skopje-i-narednata-sezona/feed/ 0
Васко Атанасов нов тренер на МЗТ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vasko-atanasov-nov-trener-na-mzt/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vasko-atanasov-nov-trener-na-mzt/#respond Tue, 02 May 2023 16:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=829828

Драган Николиќ од денеска не е прв тренер на екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако по објавата за суспензијата од десет натпревари взаемно беше договорен прекин на меѓусебната соработка, објави попладнево тимот од Јане Сандански. - Управата на клубот жали што дојде до ваква ситуација пред самиот крај на домашната сезона, во ситуација кога се бориме за десеттата шампионска титула во клупската историја. Популарниот Гаги имаше долги разговори со челниците на сино-белите, во кои беше дискутирана ситуацијата околу одлуката на КФМ и во кои дојде до взаемна согласност дека ваквата разврска е најчесен чин за клубот, по што уште еднаш искажа огромна љубов и потврди дека го оставил своето срце на најдобар начин на кој сметал дека ќе донесе резултат, стои во соопштението на МЗТ Скопје. Македонскиот кошаркарски шампион од денес ќе биде предводен од досегашниот прв помошник, Васко Атанасов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vasko-atanasov-nov-trener-na-mzt/feed/ 0
Атанасов: МЗТ ја заслужи победата, во Скопје очекуваме полна сала со Цибона https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/atanasov-mzt-ja-zasluzhi-pobedata-vo-skopje-ochekuvame-polna-sala-so-tsibona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/atanasov-mzt-ja-zasluzhi-pobedata-vo-skopje-ochekuvame-polna-sala-so-tsibona/#respond Sat, 08 Apr 2023 04:59:19 +0000 https://kurir.mk/?p=821710

Васко Атанасов беше предводник на МЗТ Скопје на натпреварот „металците“ успеаја да ја забележат првата гостинска победа во АБА-лигата сезонава. Помошник-тренерот го менуваше Драган Николиќ кој беше отсустен поради зараза со коронавирусот. МЗТ Скопје имаше водство скоро во текот на целиот натпревар и заслужено славеше важна победа во трката за опстанок во АБА, а денешниот тренер Атанасов го изнесе своето задоволство по натпреварот. „Благодарам на КК Сплит за добрата организација и топлото добредојде. Натпреварот беше одигран во максимално коректна и спортска атмосфера. Најважно е дека победивме и искрено им честитам на момците и на сите во стручниот штаб. Знаевме дека овој натпревар за нас значи „борба за живот“, одигравме солидно и сосема заслужено ја запишавме првата гостинска победа сезонава. Го контролиравме натпреварот во повеќе од 33 минути и мислам дека едноставно моравме да славиме вчерва, а сите пофалби одат кон играчите“, заврши помошникот Атанасов.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/atanasov-mzt-ja-zasluzhi-pobedata-vo-skopje-ochekuvame-polna-sala-so-tsibona/feed/ 0