Васко Илијевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Sep 2023 13:03:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Васко Илијевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АСОМ: Со сите механизми ќе ги спречиме штетните одлуки за отворање на нови три онлајн компании на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-site-mehanizmi-ke-gi-sprechime-shtetnite-odluki-za-otvorane-na-novi-tri-onlajn-kompanii-na-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-site-mehanizmi-ke-gi-sprechime-shtetnite-odluki-za-otvorane-na-novi-tri-onlajn-kompanii-na-drzhavata/#respond Sat, 30 Sep 2023 13:03:54 +0000 https://kurir.mk/?p=883580

Силна осуда за Владината одлука за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа, изрази Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) на вчерашниот брифинг со новинарите. Според Асоцијацијата одлуката ќе ја доведе во прашање егзистенцијата на постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. Станува збор за сериозни работодавачи со над 10 илјади вработени, кои плаќаат данок на државата од околу 280 милиони евра годишно и придонесуваат за општеството.
„Проблемот лежи во тоа што Министерството за финансии од 2014 година ги нема донесено подзаконските акти, без кои во пракса не можеме да приредуваме игри на среќа преку интернет. Вие ја следите нашата борба многу одамна. Со години бараме од Владата да ги донесе тие акти и тие упорно не ги носат, што е незаконски, и не спречуваат да организираме игри на среќа на интернет кои се всушност истите игри на среќа кои и сега ги приредуваме.“- вели Васко Илијевски, претседател на АСОМ .
Од АСОМ објаснуваат дека постоечкиот закон овозможува легалните приредувачи кои се на пазарот да организираат игри на среќа на интернет, а Владата и Министерството за финансии незаконски не ги донесуваат подзаконските акти цели 9 години, иако министерот за финансии бил должен да ги донесе за 6 месеци. Тие потенцираат дека одлуката која Владата три месеци ја криеше е незаконска.
„Државната лотарија се повикува одредбите на член 7, став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри. Овој член не пропишува постапка и начин како и услови и критериуми за избор на приватен партнер. Преку овој повик јасно се гледа дека се прекршува Законот за игрите на среќа и забавните игри при што без прецизни законски услови и дефинирани критериуми се избираат приватни партнери. Ова е незаконски и намерно направено за тие да може да си изберат кого сакаат.“- објасни Илијевски.
Според АСОМ станува збор за смислено сценарио односно, договорена работа, наменета за странски однапред договорени компании, посочувајќи дека државата прво ги дискриминирала и не им дозволувала да приредуваат интернет игри на среќа, а сега како услов бара да имаат искуство во тоа што јасно укажува дека партнерите се веќе договорени и ги исполнуваат токму наведените специфични услови во јавниот повик. Тие најавија дека нема да отстапат се додека повикот не се поништи.
„Бараме да се поништи повикот кој е незаконски и дискриминирачки, да се донесат подзаконските акти кои со години се држат во фиока и реално да се либерализира пазарот и итно да се вклучат сите засегнати страни во креирање на сите следни одлуки поврзани со индустријата. Срамно, неевропски и недемократски е да се носат закони со кои се уништува гранката без никаква консултација со домашните компании. “ – истакна Илијевски.
Од АСОМ порачаа дека ќе ги преземат сите правни механизми за да ја докажат незаконитоста на владината одлука, најавувајќи дека доколку нивните апели бидат игнорирани тие се подготвени своите права да ги бараат преку протести, бидејќи оваа одлука сериозно ја загрозува егзистенцијата на сите вработени во оваа дејност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-site-mehanizmi-ke-gi-sprechime-shtetnite-odluki-za-otvorane-na-novi-tri-onlajn-kompanii-na-drzhavata/feed/ 0
Спортските обложувалници бараат итна средба во Владата: Законските измени ќе остават без работа 8.000 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-baraat-itna-sredba-vo-vladata-zakonskite-izmeni-kje-ostavat-bez-rabota-8-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-baraat-itna-sredba-vo-vladata-zakonskite-izmeni-kje-ostavat-bez-rabota-8-000-lica/#respond Mon, 08 Feb 2021 11:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=465773

Ако ставиме клуч на врата, државата ќе загуби повеќе од 250 милиони евра, предупредија денеска сопствениците на спортските обложувалници. Испровоцирани од предлог-измените на Законот за игри на среќа кои веќе се изготвуваат во Министерството за финансии, а наскоро треба да бидат објавени и на ЕНЕР, обложувалниците побараа итна средба во Владата со цел креирање ново, поинакво и, како што рекоа, издржано решение, согласно европските стандарди, во насока на развој на компаниите, заштита на граѓаните и целосно регулирање на пазарот. Покачување на даноците и оддалечување на деловните објекти 500 метри од училишта и високообразовни институции, се само некои од измените што предизвикаа револт кај сопствениците на обложувалниците. Тоа, според нив, ќе значи целосно затворање на индустријата, но и згаснување на илјадници работни места, како и огромни загуби за државниот буџет. Измените на Законот, реагираат, се неевропски и со нив директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства. Вкупно 8.000 лица преку ноќ ќе останат без работа, а негативни последици ќе бидат предизвикани и врз повеќе од 50.000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од оваа индустрија. Дополнително, сметаат спортските обложувалници, носењето на овој закон значи ризик за отворање целосно илегален пазар на игри на среќа и „диви“ обложувалници. – Растојанието од 500 метри оддалеченост на нашите деловни објекти од училишта и високообразовни институции, според анализите кои ги направивме, значи затворање на 98 отсто од уплатно-исплатните места, односно гасење на цела индустриска гранка. Ова не е европски закон. Ниту една европска земја не ја ни разгледува можноста за забрани, туку работи на квалитетно регулирање на игрите на среќа. Ниту еден европски закон не предвидува одалеченост на објектите, бидејќи тоа нема никаков ефект врз навиките. Ние сме подготвени да прифатиме кој било од законите во земјите членки на ЕУ, но ваков закон кој е нелогичен, неефикасен и има за цел затворање на индустријата нема да прифатиме, истакна на прес-конференција претставникот на Групацијата за спортски обложувалници при Стопанската комора на Македонија, Васко Илијевски. Тој додаде дека густата населеност во поголемите градови и близината на училиштата меѓу себе не остава простор за ниту еден објект за игри на среќа во урбаните средини. Ова е особено изразено во помалите градови кои се состојат од една главна улица и неколку споредни. -Во земјава, индустријата на игрите на среќа плаќа највисоки даноци во Европа. Зголемувањето на ионака највисоките даноци во Европа кои и сега ги плаќаме, со цел, како што се наведува, зголемување на средства во буџетот, воопшто не кореспондира со предлогот за оддалеченоста. Предлозите се сами по себе нелогични и контрадикторни. Зошто се покачуваат даноци ако практично планот е да се затвораат објектите? Кој ќе биде економскиот ефект од тоа и зошто без издржана економска анализа се пласираат вакви идеи и предлози, рече Илијевски, додавајќи дека е нејасно дали Владата со ваквото законско решение сака да направи целосно нерегулиран пазар. Групацијата бара да биде активно вклучена во изготвувањето на законските измени. Потсетува и дека во изминатиот период постојано доставувала предлози за унапредување на сите аспекти од работењето на оваа индустријата, во интерес на сите чинители. Предлозите биле во делот на покачување на приходите на државата од игрите на среќа преку ефикасни европски модели на оданочување, поголема безбедност за играчите, повисоки казни за прекршување на законските одредби, поддршка на професионални организации и поединци, како и на развој на програми за едукација и превенција за одговорно приредување на игрите на среќа по примерот на земјите од ЕУ. -Бараме веднаш прием во Владата за да ги образложиме нашите предлози за закон по европски терк кој ќе гарантира безбедност на сите учесници во играта, поволна и фер бизнис клима и силен социо-економски придонес во земјата. Бараме стопирање на целиот процес на носење предлог-закон и вклучување на сите засегнати страни во подготовка на нов предлог-закон по европски терк, како и транспаренна дискусија што и доликува на земја со европски аспирации, рече Илијевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-baraat-itna-sredba-vo-vladata-zakonskite-izmeni-kje-ostavat-bez-rabota-8-000-lica/feed/ 0