Васко Мавровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Jun 2023 15:15:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Васко Мавровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мавровски: СДС и останатите советници кои ги поддржаа во нивната деструктивност се директно против развојот на општина Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mavrovski-sds-i-ostanatite-sovetnitsi-koi-gi-poddrzhaa-vo-nivnata-destruktivnost-se-direktno-protiv-razvojot-na-opshtina-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mavrovski-sds-i-ostanatite-sovetnitsi-koi-gi-poddrzhaa-vo-nivnata-destruktivnost-se-direktno-protiv-razvojot-na-opshtina-bitola/#respond Sun, 04 Jun 2023 15:15:27 +0000 https://kurir.mk/?p=841960

СДС и останатите советници кои ги поддржаа во нивната деструктивност се директно против развојот на општина Битола. Нивната намера за блокирање на работата на Советот е всушност блокирање на сите проекти за доброто на битолчани, а ние сме решени да ги реализираме и не отстапуваме од тоа. СДС, не само што нема срам, туку дрско и безобразно продолжува да ја практикува својата ароганција и да манипулира, истакна Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. -Но, во цела оваа работа проблематични се два значајни факти кои Вие добро ги знаете, ги знае Битола, ги знае цела Македонија. Прво, советникот Методија Илиевски со кој легитимитет излегува да зборува, кога истиот тој четири години само со празни фрази ја воспеваше работата на нивната локална самоуправа и нивната градоначалничка. Господине, Илиевски, кој безбедно го врвите својот трет советнички мандат, а за парите на граѓаните ниту им се оддолживте со посветена работа како власт, а уште помалку како крајно деструктивна опозиција на граѓаните, кога очекувате да ви веруваат? Да ви веруваат кога четири години во Советот дефилиравте, се вработивте и напредувавте лично во кариерата и вие и вашиот брат, за останатите пријатели и роднини да не одземаме време во оваа прилика, а тој ваш посветен труд беше вреднуван од граѓаните со убав пораз и награден, се разбира, од партијата со нов мандат. Или пак сега очекувате да ви веруваат, кога по само помалку од година и половина се просветливте и како месија им ја кажувате вистината на граѓаните? За политичар од формат како вашиот многу време ви беше потребно да констатирате една вистина која повторно сигурни сме само декларативно ја изнесувате, дека натпартиски и стручни луѓе за управните одбори се вистинско решение. Да, господине Илиевски, добро е што го осознавте ова на што би додале, дека во Советот на општина Битола треба, исто така, да седат стручни луѓе, домаќини, еснафи, луѓе кои ја сакаат Битола, а не луѓе жртви на својата сопствена амбиција. Вториот факт, кој повторно е воден од вашата лична амбиција е грешната локација. Локацијата тотално сте ја утнале, и тоа од две причини: текстот што неколку дена го повторувате сега го пренесовте на говорницата во централните простории на партијата, а сте многу загрижени за Битола?! Или за себе сте загрижени пред поразот на претстојните парламентарни избори? Втората причина, му го одземате просторот на вашиот намесник премиер, каде што треба да застане и чесно на граѓаните да им признае дека: - договорот со Бехтел и Енка не е ништо друго туку чист криминал и корупција, - дека ниту преговара, ниту разговара за македонските државни позиции, туку е обична марионета и послушник и ќе направи се да ги спроведе уставните промени, - дека не му е грижа дали граѓаните имаат за леб и можат да преживеат, едноставно е посветен на сопствениот бизнис, бизнисите на сопругата и кумот, - дека сепак не е начисто дали ќе остане или ќе даде оставка и ќе замине во Америка. Градоначалникот Коњановски, општина Битола, јавните претпријатија, повторуваме остануваат во служба и во сојузништво со граѓаните. И во сите овие страшни економски услови општина Битола и градоначалникот Коњановски ќе продолжат максимално да работат на реализација на нови проекти, на обезбедување нови работни места, на развојни проекции и на надминување на предизвиците. Со чесност, транспарентност и вистинско искрено залагање нема нерешливи прашања! И само за крај: оценката за се ја даваат граѓаните, тоа не го заборавајте господо од СДС, а за тоа потврда ќе бидат претстојните парламентарни избори, додава Мавровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mavrovski-sds-i-ostanatite-sovetnitsi-koi-gi-poddrzhaa-vo-nivnata-destruktivnost-se-direktno-protiv-razvojot-na-opshtina-bitola/feed/ 0
Мавровски: Директорот на битолската Клиничка болница носител на хаосот, трошењето и импровизацијата во менаџирањето https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-direktorot-na-bitolskata-klinichka-bolnica-nositel-na-haosot-troshenjeto-i-improvizacijata-vo-menadziranjeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-direktorot-na-bitolskata-klinichka-bolnica-nositel-na-haosot-troshenjeto-i-improvizacijata-vo-menadziranjeto/#respond Wed, 07 Dec 2022 15:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=772403

За жал почитувани граѓани, битолскиот затвор не е единствената институција, раководена од СДС, која се наоѓа во хаос и безредие! Денешната прес-конференција по Ваше барање и инсистирање е адресирана до директорот на битолската Клиничка болница, Александар Обедниковски. И тој, како носител на јавна функција во витална институција треба јасно и гласно да одговори што се случува со бројот на дежурствата на лекарите и дали неговите се двојно побројни од четирите дежурства месечно за обичните лекари смртници? - истакнува Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. -Дали предвреме ја исплатил телефонската централа, пред да биде ставена во функција? Дали е точно дека по свое наоѓање, а под заштита на заменик министерот, негов сопартиец, Рендевски, им ги намалил платите на лекарите? Дали е точно, дека како директор недолично и дрско се однесува кон своите колеги и им се заканува дури и со обезбедувањето? Директорот Обедниковски, исто така, граѓаните го прашуваат колку кратно го зголемил долгот од 22 милиони? И конечно, граѓаните ги интересира, колку народни пари тежи неговиот потпис – во категоријата РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА? Болницата се распаѓа, а Обедниковски, како неговата претходничка е носител на хаосот, трошењето и импровизацијата во менаџирањето со Болницата, вели тој. Мавровски посочува: „Пораката од граѓаните е иста како до неговиот партиски локален шеф, Крајовски. Таа гласи: оди си, доста е! А, институциите и за овој случај јавно ги повикуваме, да реагираат по допрен глас и конечно да почнат сериозно да си ја работат својата работа“!]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-direktorot-na-bitolskata-klinichka-bolnica-nositel-na-haosot-troshenjeto-i-improvizacijata-vo-menadziranjeto/feed/ 0
Мавровски: Директорот Крајовски да си поднесе оставка, битолскиот затвор е во катастрофална состојба https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-direktorot-krajovski-da-si-podnese-ostavka-bitolskiot-zatvor-e-vo-katastrofalna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-direktorot-krajovski-da-si-podnese-ostavka-bitolskiot-zatvor-e-vo-katastrofalna-sostojba/#respond Mon, 05 Dec 2022 14:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=771254

Од траумата од долгиот стаж локална опозиција и лошата импровизација на локално владеење, не можете никако да излезете, почитувани од СДС. За сите аргументи и факти, на очиглед на сите граѓани изнесени деновиве, понудивте само паушално соопштение и прес-конференции кои се темелат на лошо напишани лаги и индивидуални клевети, обвинува Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. -Воопшто, немате обврска да ни одговарате. Јасно и повеќе од очигледно е, дека одбегнувате да им кажете на граѓаните навистина каква е состојбата во која се наоѓа реновираниот затвор, каква е состојбата со дисциплината во институцијата, дали навистина по личен избор на директорот Драган Крајовски се прави распоредот кој може да престојува во отворените затворски одделенија? Директорот Драган Крајовски им должи одговор на граѓаните дали навистина е најавена контрола од Управата за извршување санкции и дали навистина во моментов со бојадисување, поправка на паднатиот таван, санација на подови се маскираат последиците од лошо употребените или злоупотребените европски и пари на граѓаните? Сето ова, почитувани, дури и Вие знаете, со целата ваша пи-ар импровизација и незнаење, како можете да им го објаснете на граѓаните, рече тој. Мавровски истакнува: „Вистината е сепак, дека ниту ви е грижа, ниту се секирате за граѓаните, за градот, за државата. Целото ваше внимание е концентрирано само на задоволување на вашите лични, роднински и пријателски интереси и на криминал и корупција. Прашуваме, дали сервилниот Драган Крајовски ќе продолжи да им се сили само на вработените и натаму ќе ги оштетува неисплаќајќи им ги прекувремено обработените работни саати, па тие мора на суд да ја барат правдата?Пораката на крајот до Вас, господине Крајовски, слободно останете лидер на партијата во распаѓање, ама имајте доблест, одете си од институцијата која очајно лошо ја водите. Навистина, доста е. А, обврската на институциите да реагираат по допрен глас, останува“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-direktorot-krajovski-da-si-podnese-ostavka-bitolskiot-zatvor-e-vo-katastrofalna-sostojba/feed/ 0
Мавровски: Институциите веднаш да го испитаат работењето на директорот на битолскиот затвор Крајовски https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-instituciite-vednash-da-go-ispitaat-rabotenjeto-na-direktorot-na-bitolskiot-zatvor-krajovski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-instituciite-vednash-da-go-ispitaat-rabotenjeto-na-direktorot-na-bitolskiot-zatvor-krajovski/#respond Wed, 30 Nov 2022 12:17:19 +0000 https://kurir.mk/?p=768840

Tоа што Крајовски е крајно неспособен лидер на локалните сдсмовци, ама воопшто на крајот на краиштата никого не го засега, ама за злоупотреба на европски и пари на граѓаните и за тоталното безредие и хаос во институција како што е затворот, одговорност мора да има, истакна на денешната прес-конференција Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Мавровски? Продолжуваме со изнесување факти и аргументи за тоа како се рефлектира управувањето на локалниот неспособен и крајно сервилен лидер на СДС со институцијата со која раководи. Прашуваме, дали навистина во битолскиот затвор владее тотален хаос и безредие? Дали постојано се прекршува Законот за извршување санкции и куќниот ред на институцијата? Дали во отворените одделенија затворските казни ги издржуваат само оние кои директорот Крајовски по лично, партиско или некое друго наоѓање ги одбира? Дали, во затворот институција која е задолжена и за ресоцијализација се извршуваат нелегални активности, квалификувани како тешки кривични дела? Дали дефинитивно со доаѓањето на Крајовски пропаднати е фармата, а земјиштето од 80 хектари уништено и необработено? Повторуваме, тоа што Крајовски е крајно неспособен лидер на локалните сдсмовци, ама воопшто на крајот на краиштата никого не го засега, ама за злоупотреба на европски и пари на граѓаните и за тоталното безредие и хаос во институција како што е затворот, одговорност мора да има. И на крајот, пак ги повикуваме институциите, по допрен глас да ги расчистат сите поставени прашања!, рече Мавровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-instituciite-vednash-da-go-ispitaat-rabotenjeto-na-direktorot-na-bitolskiot-zatvor-krajovski/feed/ 0
Мавровски: Каде и како завршиле парите наменети за реконструкција и реновирање на затворот? https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-kade-i-kako-zavrshile-parite-nameneti-za-rekonstrukcija-i-renoviranje-na-zatvorot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-kade-i-kako-zavrshile-parite-nameneti-za-rekonstrukcija-i-renoviranje-na-zatvorot/#respond Tue, 29 Nov 2022 12:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=768201

Неспособност, криминал, корупција, неодговорност, незнаење, сите овие зборови се атрибути кои целосно го отсликуваат владеењето на локалниот лидер на СДС, кој е и прв човек на една многу чувствителна институција, а тоа е битолскиот затвор Драган Крајовски. Само пред две и пол години Крајовски се сликаше и покажуваше дека затворот е реновиран, а сега буквално таваните се уриваат од влага, ѕидовите се ронат, а пречистителната станица, не е во функција. Се во затворот се распаѓа. Се, се распаѓа, истакна денеска на прес-конференција Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конверенцијата на Мавровски: Ова се факти, не се обични клеветења и измислици во нивни стил, а за тоа сосема логично е да понесат одговорност. Тоа што понизниот Крајовски е очајно лош лидер на локалните сдсмовци, на крајот и нека биде нивни проблем, ама за потрошени европски пари и пари на граѓаните, се одговара. Неспособност, криминал, корупција, неодговорност, незнаење, сите овие зборови се атрибути кои целосно го отсликуваат владеењето на локалниот лидер на СДС, кој е и прв човек на една многу чувствителна институција, а тоа е битолскиот затвор Драган Крајовски. Само пред две и пол години Крајовски се сликаше и покажуваше дека затворот е реновиран, а сега буквално таваните се уриваат од влага, ѕидовите се ронат, а пречистителната станица, не е во функција. Се во затворот се распаѓа. Се, се распаѓа. Потрошени се милион евра, од кои 750 илјади евра се директни европски пари, а остатокот, наши - пари на граѓаните. Шефот на одделението за економски работи при делегацијата на Европската унија, кој што беше на отворањето на "реновираниот" објект, сигурно би останал во чудо, дека и покрај вложените пари условите во битолскиот затвор не се подобрени и дека реченицата од неговата изјава во односната прилика, цитирам: „Многу е важно овој објект да се одржува за да остане таков каков што е“, завршен цитат, останала веројатно неразбрана. Почитувани, прашуваме каде и како завршиле парите наменети за реконструкција и реновирање на затворот, дали едноставно само завршиле во приватни џебови, па така квалитетот на изведбата паднал во последен план. Ја користиме, исто така, приликата да ги повикаме релевантните институции да реагираат по допрен глас и да проверат, како се потрошени толкав износ пари, повторувам еден милион евра, а само по две и пол години затворот да биде повторно распаднато, рече Мавровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mavrovski-kade-i-kako-zavrshile-parite-nameneti-za-rekonstrukcija-i-renoviranje-na-zatvorot/feed/ 0
Мицкоски за приведувањето на актерот Мавровски: Ако вака се затвораат луѓе за изнесен став, власта не враќа во 49-тата година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-priveduvanjeto-na-akterot-mavrovski-ako-vaka-se-zatvoraat-lugje-za-iznesen-stav-vlasta-ne-vrakja-vo-49-tata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-priveduvanjeto-na-akterot-mavrovski-ako-vaka-se-zatvoraat-lugje-za-iznesen-stav-vlasta-ne-vrakja-vo-49-tata-godina/#respond Fri, 04 Nov 2022 13:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=755823

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Битола одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу случајот со приведувањето на актерот во Битолскиот театар, Васко Мавровски по пријава на министерката за култура поради пост на социјалните мрежи, истакна дека луѓето од власта треба да сфатат дека кога се занимаваат со јавна дејност ќе бидат и предмет на критика и дека ако за изнесен став се затвораат луѓе власта не враќа во 49-тата година. - Не е првпат МВР така да постапува насилнички. Јас на дневна основа јавно, што политичари, што граѓани, сум жртва на такви статуси што повикуваат на линч, на физички пресметки на мене на моето семејство и досега еве две години не е постапувано и луѓето треба да сфатат дека кога се занимаваат со јавна дејност дека ќе бидат предмет на критика. Не може секогаш да ве фалат и да велат дека сте најпаметни и дека најдобро работите, некогаш и логично е да ве критикуваат. Впрочем, затоа и преставува плурализмот, демократијата и ако вака за изнесен став се затвораат луѓе се враќаме назад во 49-тата година. Тоа не се европските вредности кои што оваа влада ги промовира. Нели велат европски вредности, полна им е устата со Европа, а се однесуваат како дивјаци од минатиот век, истакна Мицкоски. Тој исто така изрази поддршка до актерот Мавровски и го охрабри секој граѓанин без да се грижи да го изрази својот став без разлика на кого се однесува критиката. - Поддршка до Васко и поддршка до слободата на мислата. Секој граѓанин да не се грижи и да си го каже својот став, па нека биде тоа критика дали за ВМРО, за СДСМ, за ДУИ, слободно да го искажат ставот. Ова е веќе втора жртва на приведување на оваа насилничка полиција. Таков беше и случајот во Скопје со лицето кое што беше приведено под сомнеж дека ги испраќа оние мејлови со коишто се испраќаат закани за поставени бомби во училиштата во Скопје, па тоа беше поврзувано со ВМРО-ДПМНЕ, додека пак вистинските криминалци шетаат насекаде во Македонија, односно да бидам уште попрецизен се во коалиција со власта на СДСМ и ДУИ, потенцираше Мицкоски и додаде: - Таква една порака упатив од вчера од Прилеп каде што седат со истите тие криминалци кои што имаат возен парк од неколку стотици илјади евра. Доволно е да го проверат возниот парк на тие луѓе, од каде им е и потекло на парите да им побараат и ќе им стане јасно кои се вистинските криминалци и кои се невини жртви. Истото и тука во Битола, но доаѓа денот, секој ден сме поблиску до денот на одговорност и јас ветувам дека ќе има одговорност.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-priveduvanjeto-na-akterot-mavrovski-ako-vaka-se-zatvoraat-lugje-za-iznesen-stav-vlasta-ne-vrakja-vo-49-tata-godina/feed/ 0
Министерката за култура не трпи критики: Актер кој јавно ја критикувал повикан во полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerkata-za-kultura-ne-trpi-kritiki-akter-koj-javno-ja-kritikuval-povikan-vo-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerkata-za-kultura-ne-trpi-kritiki-akter-koj-javno-ja-kritikuval-povikan-vo-policija/#respond Fri, 04 Nov 2022 11:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=755693

Почитувани, би сакал да ве известам дека синоќа во 21:30 часот од страна на двајца полициски службеници бев повикан под итно да ја напуштам пробата во НУ Народен театар Битола за да ми биде врачен некаков документ. Иако за нас актерите пробата е свет чин бев приморан да го напуштам објектот, се вели во Фејсбук статусот на актерот од битолскиот театар, Васко Мавровски. -Пред влезот на НУ Центар за култура во период кога публиката ја напушташе кино проекцијата полицијата ми даде да потпишувам покана за информативен разговор во полициската станица со напомена дека веднаш треба да бидам спроведен. По кратко натегање прифатија сам да се пријавам во рок од 20 минути. Заедно со мојот адвокат се пријавив во полициската станица и ми беше соопштено дека министерката за култура во полициската станица во Кисела Вода пријавила дека таа и нејзиното семејство чувствуваат дека нивниот живот е загрозен поради споменувањето на "продолжен кабел" во мој пост на фејсбук неколку часа претходно. После 40 минути распит и давање на изјава од моја страна бев ослободен од страна на полицискиот службеник. Сакам уште еднаш директно да ја повикам Бисера Костадиновска Стојчевска и да ѝ поставам неколку прашања. Дали со применување на вакви удбашки и фашистички методи планирате да ги замолчувате вашите неистомисленици? Дали културните работници планирате да ги апсите за искажан став во врска со вашите катастрофални резултати во културата? Дали ваквиот пристап од позиција на моќ значи замолчување и цензура на политичките противници, бидејќи веројатно сте информирани дека во моментот мојата маленкост е портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола и претседател на Патриотскиот институт "Гоце Делчев" на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола? Дали на ваков начин ќе ги решавате проблемите во културата особено во вашиот роден град во кој немате потрошено еден денар за капитални инвестиции? Ние, почитувана цел нас живот штедиме и работиме без греење со стари рефлектори и користиме тоалети кои датираат од 1980 година. Борбата за слобода на говорот и нецензурирана култура ќе продолжи уште пожестоко, вас и на вашето семејство ви посакувам многу здравје но сметам дека е време за ваша оставка! Истакна Мавровски. Ваквите методи на присила генерации наназад ги спроведувале на членови од моето семејство и да знаете дека во генот ни е наместо да се исплашиме да бидеме посилни и поупорни правдата и вистината да излезат на виделина, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerkata-za-kultura-ne-trpi-kritiki-akter-koj-javno-ja-kritikuval-povikan-vo-policija/feed/ 0
Мавровски: Што договори Петровска на тајната средба во општина Битола со Бојан Јовановски и Кирацовски? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mavrovski-shto-dogovori-petrovska-na-tajnata-sredba-vo-opshtina-bitola-so-bojan-jovanovski-i-kiracovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mavrovski-shto-dogovori-petrovska-na-tajnata-sredba-vo-opshtina-bitola-so-bojan-jovanovski-i-kiracovski/#respond Fri, 21 May 2021 16:58:37 +0000 https://kurir.mk/?p=513418

Госпоѓо Петровска, додека си играте обвинети,обвинители и судии, не’ дефокусирате со завршни сметки на училишта кои не работат 14 месеци т.ес не прават трошоци и додека се занимавате со пренамена на средства за улици во последните 4 месеци од мандатот, ние сакаме одговори на следниве прашања, истакна Васко Мавровски од ВМРО-ДПМНЕ и додаде: -Госпоѓо Петровска, градоначалничке во обид и во заминување. Битолската јавност заслужува да биде информирана во кое својство се појавивте во кривичниот суд во Скопје за случајот “ИЗГРАДБА НА СТАРЕЧКИ ДОМОВИ” во кој обвинет е Бојан Јовановски? Дали Вие сте дел од криминалната мрежа во која се переле пари? Дали е точно дека средбата меѓу вас , Бојан Јовановски и Кирацовски е направена во општина Битола тајно и нетранспарентно и дека за таа цел сте ги ослободиле вработените од општината да си одат дома за да не ве видат и да не можат да сведочат за средбата? Ако е така, објаснете зошто средбата беше тајна и кои процент договаравте за вас од изградба на стаечките домови? Со какви дополнителни докази располага одбраната која тврди дека има аудио и видео докази? Дали во тие дополнителни докази можеби се скриени доказите во кои заедно со вашиот сопартијец Кирацовски тогаш во улога на генерален секретар на СДСМ му имате ветено на Бојан Јовановски нешто што е спротивно на законот и затоа истите се одбиени од судот? Изјавивте дека сте интервенирале во ОЈО да не стои во фиока вашата кривичната пријава за легализацијата на планинарскиот дом „Копанки“, легализација за која и вие како советник гласавте и бевте едногласни „Копанки“ да се легализира. Дали тоа значи дека вашето катастрофално работење и лош рејтинг на следните локални избори ќе го дефокусирате со нови кривични пријави, обвиненија и пресуди против и наши функционери од ВМРО-ДПМНЕ и дека немате намера да прекинете со политичкиот прогон против сите ваши неистомисленици? Дали тоа значи дека ОЈО Битола работи по директива на СДСМ Битола? Дали мислите дека ОЈО од Битола повторно ќе ви се стави на располагање и ќе го заташка криминалот што сте го направиле злоупотребувајќи ја надлежноста и функцијата која ја добивте со измама, уцени и лажни ветувања?. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mavrovski-shto-dogovori-petrovska-na-tajnata-sredba-vo-opshtina-bitola-so-bojan-jovanovski-i-kiracovski/feed/ 0