Васко Наумовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 Apr 2020 10:18:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Васко Наумовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наумовски во интервју за КУРИР: Сведоци сме дека нашата влада за клучните надворешно-политички прашања преговарала и на паркинзи во Дојран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-vo-intervju-za-kurir-svedoci-sme-deka-nashata-vlada-za-kluchnite-nadvoreshno-politichki-prashanja-pregovarala-i-na-parkinzi-vo-dojran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-vo-intervju-za-kurir-svedoci-sme-deka-nashata-vlada-za-kluchnite-nadvoreshno-politichki-prashanja-pregovarala-i-na-parkinzi-vo-dojran/#respond Sun, 26 Apr 2020 10:10:56 +0000 https://kurir.mk/?p=337437

Универзитетскиот професор и поранешниот вицепремиер за европски интеграции и амбасадорот во САД Васко Наумовски во интервју за КУРИР вели дека Бугарија е сериозна држава и невозможно е било која нивна Влада да се откаже од овие условувња кои се актуелни во изминатиов период. Бугарија со официјален документ бара исфрлање на терминот „македонски јазик“ и воведување на нов термин „службен јазик на Република Северна Македонија“ како услов за да ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија. Зошто власта го криеше овој документ? Веројатно тоа може да се поврзе со потребата да се минимизираат негативните ефекти од овој документ за власта, особено во предизборен период во каков што се наоѓаме. Сепак, тешко е да се скрие нешто што е дел од официјалната документација, објавено на интернет страниците на европските институции и на институции на некои од нејзините држави-членки. Впрочем, овие аспекти не се нешто ново, туку тие својата основа на имаат во толкувањето на билатералниот договор од 2017 год., а се јасно наведени и во Рамковната позиција на бугарската влада за проширувањето на ЕУ, и последователната Декларација на бугарскиот парламент од октомври 2019 година. Оттаму, нејасно е зошто многумина, а особено од власта, сега се изненадени од овие позиции, бидејќи тие уште тогаш беа транспарентно претставени, и поддржани од сите политички партии во Бугарија. Бугарија е сериозна држава, и невозможно е која било нивна влада, сега или во иднина, да ги прескокне овие позиции. Ова условување е реалност, а со прикривање на реалноста - истата нема да ја промениме. Конечно излегуваат ли на виделина штетните одредби од договорот за пријателство и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија? Кога се работи за преговори за за меѓународни договори, природно е тој процес да биде инклузивен, да ги вклучи сите експерти во областите коишто се предмет на договорот, како и да се обезбеди широка поддршка од политичките партии. Со цел да биде долгорочно поставена и успешна, надворешната политика треба да биде ослободена од различни партиски толкувања, односно да биде, колку што е можно, поддржана од најзначајните политички фактори. На тој начин, и самата влада ќе има посилни преговарачки позиции, а сите партии ќе имаат удел во успехот или неуспехот од процесот. Наместо тоа, сведоци сме дека нашата влада за клучните надворешно-политички прашања преговарала и на паркинзи во Дојран. Несериозниот пристап, тежнеењето да се затворат прашањата што побрзо, и дневно-политичкиот пристап во надворешната политика ги даваат овие резултати. Во конкретниот случај, ќе споменам само една изјава на бугарскиот министер за одбрана, Каракачанов, кој пред неколку месеци даде интересен опис: “Македонските политичари на маса се многу добри Бугари, но станува тешко кога треба да се донесат одлуки“. Односите со Бугарија ниту започнале, ниту ќе завршат со овој Договор, и нужно е да имаме долгорочен пристап во односите со оваа соседна држава. Прашањата што се дел од овие односи не се дел од дневната политика, и би било потребно да се поставиме крајно сериозно, без импровизации, и со искрени намери - кон себеси и кон соговорниците. Дали можеби притисокот на Бугарија е една од причините зошто уште не е одреден датум за почеток на преговорите со Македонија? И покрај сите очекувања, најави, дури и прослави - ние датум немаме. Имаме одлука дека преговорите треба да започнат, а датумот е оставен за подоцна. Да потсетиме, досега секоја одлука за почеток на преговорите со другите држави беше придружена со конкретен датум, а за нас тоа не е случај. Потребата од нова методологија за преговори, меѓу другото, беше образложена и со потребата од поголема улога на државите-членки во самото проширување - затоа сега постои посилно политичко влијание, и систематска вклученост на членките во самиот процес. Сега ние имаме јасна позиција на една држава дека постои услов за одобрување на т.н. преговарачка рамка (што во суштина е рамка за целиот процес на преговори) и одржувањето на првата меѓувладина конференција, односно конкретниот почеток на преговорите. Не би можеле да бидеме сигурни кои се целосните аспекти на оваа ситуација - одлука за преговори без датум, но можеме да претпоставиме дека резервите на една или повеќе држави-членки се меѓу можните причини. Зошто власта се обидува да го релативизира ова барање на Бугарија со тоа дека тоа било изолиран став на една членка, а не официјален став на Унијата? Начинот на одлучување во Европската унија, поврзан со проширувањето, е со конензус од сите држави-членки. Ставот на една држава може да го измени ставот на Унијата, односно да блокира носење на една одлука. Официјалните ставови на Унијата мора да бидат едногласни, одобрени од сите држави-членки, без исклучок. Советот на ЕУ е меѓувладина институција, неговите одлуки се резултат на позициите на владите на државите-членки. Ние имавме ситуација кога една држава нè блокираше десет години, со своја унилатерална позиција, изолирана од останатите држави-членки на ЕУ. Сите држави беа “за“ преговори, но Грција беше “против“. И токму позицијата на таа, само една држава, го оневозможуваше почетокот на преговорите со години. Со таа разлика што тогаш немавме официјален писмен документ во ЕУ со којшто се условуваат преговорите со промена на името, туку тоа секогаш беше толкувано преку фразите за добососедски односи или решавање на отворените прашања. Овојпат имаме јасна позиција, што е дел од официјалната документација за прашањето. Доколку била само унилатерална позиција без значење за процесот - таа би останала само во бугарските институции, и не би била приложена кон основниот документ на ЕУ. Оваа позиција на Бугарија е само најава кои ќе бидат условите за нејзината поддршка во сите наредни чекори. Точно е дека Бугарија се согласи со одлуката за почеток на преговорите, и тоа, на национално ниво е направено токму со истите гореспоменати документи на нивната влада и парламент од октомври 2019 година, во кои се наведени и условите. Вистинското прашање е дали ќе се согласи со следните чекори: текстот на Преговарачката рамка и одржувањето на првата и следните меѓувладините конференции, односно со отворањето и затворањето на тематските кластери и поглавјата. На тие конференции учествуваат претставници на сите држави-членки, и ние во суштина ќе преговараме со нив. Позициите на Бугарија од октомври 2019 год. веќе ги имаат условено следните фази: одобрување на Преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција; одржувањето на втората меѓувладина конференција; поглавјето 35 (“Други прашања“); поглавјето 10 (“Информатичко општество и медиуми“); одобрувањето на идниот договор за пристапување на Македонија во ЕУ; неговото потпишување; како и неговата ратификација од страна на Бугарија. За сите нив веќе постојат наведени услови, прецизирани во документите на бугарската влада и парламентот. Самиот процес е составен од носење на повеќе одлуки, и секоја од нив може да биде блокирана од која било држава-членка. Давањето согласност за почеток на преговорите не е и согласност за нивно непречено одвивање, уште помалку за нивно затворање. Не е ништо ново една држава да блокира одлуки внатре во ЕУ, а таквите ситуации се добри познати и во процесот на проширување. Преседанот со кој беше дозволено билатерални прашања да влијаат на проширувањето - за жал и понатаму ќе овозможува вакви состојби. Јасно е дека доколку сакаме да избегнеме вето од Бугарија, отворените прашања ќе мора да бидат затворени - или на почетокот на преговорите, или во некое од поглавјата во нивниот подоцнежен тек. Ние можеме да велиме дека тоа не е фер, не е добрососедски и европски, или да се самосожалуваме - но тоа нема да ни помогне. Условувањето ќе продолжи во текот на сите години пред нас, се додека не станеме полноправна членка, и тоа е клучната алатка со којашто државите-членки ги штитат своите интереси. Која ќе биде цената што ќе треба да ја платиме - останува да видиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-vo-intervju-za-kurir-svedoci-sme-deka-nashata-vlada-za-kluchnite-nadvoreshno-politichki-prashanja-pregovarala-i-na-parkinzi-vo-dojran/feed/ 0
Наумовски: Само несериозна држава и дипломатија пред само 20-тина дена на влез во НАТО нема амбасадор во оваа најважна меѓународна безбедносна организација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-samo-neseriozna-drzava-i-diplomatija-pred-samo-20-tina-dena-na-vlez-vo-nato-nema-ambasador-vo-ovaa-najvazna-megjunarodna-bezbednosna-organizacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-samo-neseriozna-drzava-i-diplomatija-pred-samo-20-tina-dena-na-vlez-vo-nato-nema-ambasador-vo-ovaa-najvazna-megjunarodna-bezbednosna-organizacija/#respond Wed, 04 Mar 2020 21:59:29 +0000 https://kurir.mk/?p=312261

За тоа колку власта предводена од СДСМ и Зоран Заев е заинтересирана за членство во НАТО во вечерашната емисија "Заспиј ако можеш" на Алфа телевизија говореше Васко Наумовски - поранешен потпретседател на Владата за евроинтеграции и амбасадор во САД. Тој истакна дека во моментов нашата држава, Република Македонија нема амбасадор во оваа најважна меѓународна безбедносна организација и тоа многу лошо го толкуваат нашите партнери. -Немаме ни во НАТО, ниту во Вашингтон, а и во други светски важни центри. Тоа е еден несериозен пристап од една држава која аспирира кон НАТО и ЕУ. Овој наш пристап не наидува на одобрување, напротив покажува една лоша слика на нашата држава и на нашата дипломатија во Европа и светот, истакна Наумовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-samo-neseriozna-drzava-i-diplomatija-pred-samo-20-tina-dena-na-vlez-vo-nato-nema-ambasador-vo-ovaa-najvazna-megjunarodna-bezbednosna-organizacija/feed/ 0
Наумовски: Овој пат не треба пред време да прославуваме датум за почеток на преговори со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-ovoj-pat-ne-treba-pred-vreme-da-proslavuvame-datum-za-pochetok-na-pregovori-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-ovoj-pat-ne-treba-pred-vreme-da-proslavuvame-datum-za-pochetok-na-pregovori-so-eu/#respond Tue, 03 Mar 2020 21:01:46 +0000 https://kurir.mk/?p=311728

Во емисијата „И што Сега“  на МРТ Телевизија универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Васко Наумовски изјави дека во однос на доделувањето на датум за почеток на преговори со ЕУ не би требало овој пат предвреме да прославуваме. -Мислам дека овој пат не би требало да бидеме 100% сигурни и не би требало пред време да прославуваме никаква одлука се додека таа не биде целосно усвоена со консензус од сите држави членки секако сите овие позитивни најави од страна на комисијата се во ред меѓутоа ниту една држава членка не може да гарантира дека сите држави членки ќе се согласат со донесувањето на една одлука, нагласи Наумовски. Тој истакна дека минатиот пат сите ние бевме сведоци дека дури и од официјален Берлин имаше најави кои овде се протолкуваа како гаранции дека ќе биде донесена одлука но ете ниту официјален Берлин ниту било која друга држава не може да гарантира каков ќе биде ставот на останатите држави членки. - Одлуката на комисијата и проценката е една работа меѓутоа да повториме такви оценки ние имавме во изминатите 10 години наназад. Би требало да бидеме оптимисти меѓутоа не преголеми оптимисти имајќи ги предвид искуствата од минатото,  додаде Наумовски. Тој истакна дека постојат два типа на опасности едната опасност е дека можеби некоја држава членка се уште ќе има резерви и кон нашата држава и вториот тип на ризик е тоа што некои држави можеби ќе сметаат дека се е во ред со нас, меѓутоа заради тоа што двете држави не можат да се разделат Македонија на некој начин ќе биде колатерална штета на одлуката за не добивање на датум за почеток на преговори. Наумовски исто така истакна и дека Македонија нема резервни играчи и мора да изнајде начин да го спречи одливот на стручен кадар кој што во иднина треба да биде вклучен во процесот на спроведување на евроинтеграцијата на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-ovoj-pat-ne-treba-pred-vreme-da-proslavuvame-datum-za-pochetok-na-pregovori-so-eu/feed/ 0
„Алфа“ ексклузивно открива што има во дописот на амбасадорот Наумовски до МНР за скандалот во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-ekskluzivno-otkriva-shto-ima-vo-dopisot-na-ambasadorot-naumovski-do-mnr-za-skandalot-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-ekskluzivno-otkriva-shto-ima-vo-dopisot-na-ambasadorot-naumovski-do-mnr-za-skandalot-vo-vashington/#respond Wed, 09 May 2018 13:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=52133

Ниту бил предвиден во составот на делегацијата на министерката Шекеринска ниту било возможно самоиницијативно да се појави на средбите со што би покажал непочитување и проблеми во протоколот и безбедноста. Македонскиот амбасадор во САД Васко Наумовски доставил допис на четири страници до МНР, до кој ТВ Алфа преку свои извори во министерството дојде, каде ги расветлува деталите од скандалот за кој министерката за одбрана го обвини токму него. Во дописот објаснува дека составот на делегацијата и форматот на состаноците го одредува шефот на делегацијата, а секој обид на амбасадорот самоиницијативно да стане дел од средбите би значело непочитување на шефот на делегацијата, и би предизвикало проблеми во протоколот и безбедноста. Притоа невозможно е присуство на дипломат на средба доколку не е претходно најавен, а особено не во државните институции на САД. Во програмата јасно е наведено дека лице за пречек е одбранбеното аташе, а не амбасадорот. Појавувањето на амбасадорот на пречекот би значело непочитување на волјата и очекувањата на делегацијата. Во однос на сите средби, форматот ги вклучувал само членовите на делегацијата, меѓу кои го нема амбасадорот. Нејасно е каде амбасадорот би се појавил, доколку не е предвиден на средбите, а останатите термини се означени како "приватно време". Амбасадорот немал намера да изразува интерес и да навлегува во ничие приватно време, особено не на високи функционери. И уште нешто. Во изминатиот период беа организирани повеќе посети на делегации (Анѓушев, Димитров, Груби, Кирацоски, Адеми) при што секогаш амбасадорот бил дел од делегациите, и присуствувал на средбите, што е јасен демант на обвинувањата за некакво политичко делување. „Алфа“ дојде и до драфт програмата на посетатата на вицепремиерката Радмила Шекеринска на Вашингтон на која, под датумот 23 април, стои дека делегацијата е составена од шест лица. Видепремиерката Шекеринска лично, шефот на нејзиниот кабинет Катерина Ставревска, потоа полковник Зоран Ставревски од Министерството за одбрана, Лидија Јанчовска Христова како специјална советничка на министерката, камерман, како и одбранбеното аташе во Вашинготн, полковникот Ивица Ампов, инаку лице кое ја извршува оваа функција противзаконски, на избор на министерката, но без амин од претседателот Иванов и без претходен интерен оглас во одбрана. Амбасадорот Наумовски во оваа програма никаде го нема. Истото, иако индиректно на Алфа и го потврдија МНР и МО во нивниот заеднички одговор на нашите прашања. И покрај тоа, Шекеринска го обвини амбасадорот за скандалозно однесување, а од МНР денеска соопштија дека ќе биде вратен на консултации во Скопје. - Должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји. Во постапка и во договор со министерот Никола Димитров амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во земјата, при што во соодветна постапка ќе бидат утвреди сите факти од овој случај изјави државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, на денешната прес конференција. Против Наумовски беа напишани и серија обвинувачки текстови во провладините медиуми при што, сосем небулозно, беше обвинет дури и завелепредавство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-ekskluzivno-otkriva-shto-ima-vo-dopisot-na-ambasadorot-naumovski-do-mnr-za-skandalot-vo-vashington/feed/ 0
Амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-naumovski-kje-bide-povikan-na-konsultacii-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-naumovski-kje-bide-povikan-na-konsultacii-vo-skopje/#respond Wed, 09 May 2018 12:36:09 +0000 https://kurir.mk/?p=52064

Нема недоразбирања и нема заобиколувања. Должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји, изјави државниот секретар на МНР, Виктор Димовски. Тој го даде овој одговор на новинарско прашање по поплаката на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за игнорантскиот однос на амбасадорот Васко Наумовски за време на нејзината неодамнешна посета на САД. Државниот секретар беше прашан дали не станува збор за мешање на ингеренциите на министерската за одбрана во работата на Министерството за надворешни работи, особено што медиумот имал сознанија дека слични случаи имало и во македонските амбасади во Стокхолм и Анкара. -Во постапка и во договор со министерот Никола Димитров амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во земјата, при што во соодветна постапка ќе бидат утврдени сите факти од овој случај, рече Димовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-naumovski-kje-bide-povikan-na-konsultacii-vo-skopje/feed/ 0
Наумовски: Предлозите на Нимиц далеку од достоинствено решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-predlozite-na-nimic-daleku-od-dostoinstveno-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-predlozite-na-nimic-daleku-od-dostoinstveno-reshenie/#respond Wed, 17 Jan 2018 21:30:25 +0000 http://kurir.mk/?p=12506

Македонскиот претставник во разговорите за името, амбасадорот Васко Наумовски по последната рунда разговори во Њујорк вечерва изјави дека предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се далеку од достоинствено решение. Според него, рамката за разговорите е дадена во Резолуцијата 817 на Советот за безбедност, а тоа е да се надмине разликата околу името. Ниту една држава, посочи, нема право да и наметне на друга држава некакво ново име, ниту пак ОН имаат право да наметнат ново име на нејзина држава членка. – Нашата држава има име, тоа е Република Македонија, името што е во основата на нашиот идентитет. Исто така, денес во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Од страна на медијаторот денеска беа презентирани некои идеи за коишто сметам дека излегуваат од оваа рамка и дека се далеку од едно достоинствено решение, но, сепак, овие предлози ќе бидат презентирани пред државно-политичкиот врв и истиот ќе може да заземе став по ова прашање, рече Наумовски во изјава за известувачот на ТВ Сител. Наспроти оптимизот што го изрази медијаторот Нимиц на прес – конференцијата по средбата, Наумовски за себе рече дека не е голем оптимист. – Оптимизмот е секогаш корисен, но за да се биде голем оптимист треба да има основа за тоа. Имајќи предвид што се слушнавме како изјава од грчките официјални лица, се она што што беше презентирано во рамките на овие разговори, вклучително и ова денес не ни дава простор да бидеме големи оптимисти, вели амбасадорот Наумовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naumovski-predlozite-na-nimic-daleku-od-dostoinstveno-reshenie/feed/ 0
Нимиц: Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nimic-terminot-makedonija-kje-bide-sodrzan-vo-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nimic-terminot-makedonija-kje-bide-sodrzan-vo-imeto/#respond Wed, 17 Jan 2018 08:33:10 +0000 http://kurir.mk/?p=12065

Предлог решението за името ќе го вклучува терминот „Македонија“, изјави медијаторот на ОН Метју Нимиц пред денешната нова рунда разговори во Њујорк со преставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис. - Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во предлог решението за името бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот - изјави Нимиц за грчката ТВ Антена. Посочи дека името со кое земјата е заведена во ОН е „поранешна југословенска република Македонија“, односно терминот Македонија е дел од името, а и Грција ја има признаено со тоа име. Нимиц истакна дека нема волшебно решение за името, дека спорот трае предолго и оти натамошното одолговлекување би го направило проблемот уште потежок за решавање. Се надева дека ќе се најде решение што ќе ги задоволи амбициите и на Атина и на Скопје. Вели дека во Грција доминира ставот оти по надминувањето на економската криза земјата треба да игра позначајна улога во регионот. Еден од начините за тоа е Грција да го реши проблемот со својот северен сосед, рече Нимиц. Во Скопје, пак, како што наведе, доминира мислењето дека некои од идеите во минатото не биле задоволителни за нив, но оти е дојдено времето ова прашање да се реши и земјата да продолжи по својот европски е евроатлантски пат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nimic-terminot-makedonija-kje-bide-sodrzan-vo-imeto/feed/ 0