ватикан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 07:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ватикан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 20 години од беатификацијата на Мајка Тереза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/20-godini-od-beatifikatsijata-na-majka-tereza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/20-godini-od-beatifikatsijata-na-majka-tereza/#respond Thu, 19 Oct 2023 07:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=890625

На 19 октомври во 2003 година, Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржала на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, ја беатифицирал односно ја прогласил за блажена Мајка Тереза, што бил последниот чин пред нејзиното прогласување за светица. По беатификацијата на Мајка Тереза, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза, која ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо. На 17 декември 2015 година, Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лечењето на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот. Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе, меѓу кои 15 службени делегации 1.500 бездомни лица од цела Италија. Свеченоста се пренесувала во живо на ватиканската телевизија и на интернет.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/20-godini-od-beatifikatsijata-na-majka-tereza/feed/ 0
Ватикан: Жени првпат ќе гласаат на седницата на Бискупскиот синод https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vatikan-zheni-prvpat-ke-glasaat-na-sednitsata-na-biskupskiot-sinod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vatikan-zheni-prvpat-ke-glasaat-na-sednitsata-na-biskupskiot-sinod/#respond Wed, 04 Oct 2023 06:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=884865

На жените првпат ќе им биде дозволено да гласаат на седницата на Бискупскиот синод на Римокатоличката црква, што почнува денеска во Рим. Со потег без преседан, папата Франциск во април одобри измени на нормите со кои се уредува Архиерејскиот Синод, отворајќи им го патот на жените да имаат 54 од вкупно 365 гласови, пишува лондонски „Гардијан“. „Ова е извонреден чекор напред за жените. Не само поради настаните од овој октомври во Рим, туку и затоа што црквата најде поинаков начин да биде црква“, изјави Марија Лиа Зервино, директорка на Светската женска опсерваторија. На тринеделниот синод, што ќе се одржи зад затворени врати, ќе учествуваат стотици делегати кои ќе се осврнат на итните прашања со кои се соочува црквата - од улогата на жените до свештеничкиот целибат и благословот на геј паровите. Седницата ќе заврши со гласање за конкретни предлози кои потоа ќе му бидат претставени на папата на разгледување.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vatikan-zheni-prvpat-ke-glasaat-na-sednitsata-na-biskupskiot-sinod/feed/ 0
Операцијата на папата заврши без компликации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operatsijata-na-papata-zavrshi-bez-komplikatsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operatsijata-na-papata-zavrshi-bez-komplikatsii/#respond Wed, 07 Jun 2023 18:17:58 +0000 https://kurir.mk/?p=843348

Операцијата на папата Франциск, извршена под општа анестезија, заврши без компликации, соопшти денеска Ватикан. - Интервенцијата е завршена, се одвиваше без компликации и траеше три часа, соопшти прес-службата на Светата столица. Поради хируршката интервенција, папата ќе остане во болница неколку дена. Претходно беше соопштено дека како мерка на претпазливост, должностите на папата се откажани до 18 јуни, со цел 86-годишниот папа да има време да закрепне. Направена е операција на кила во абдоминалниот ѕид. Операции на кила ретко се изведуваат по итна постапка, но се чини дека оваа процедура била доста итна бидејќи била закажана само еден ден откако папата отишол во болница на прегледи. Неговите лекари веројатно сакале да му дадат повеќе време да закрепне пред полниот распоред на патувања ова лето. Папата страдал од болна и влошена хернија која се формирала над претходна лузна, за која се верува дека е од неговата операција на дебелото црево во 2021 година. Експертите велат дека формирањето на хернија е позната компликација по операција на цревата. Папата вчера отиде во болницата Џемели на претходно ненајавени контроли, се врати во Ватикан и утрово одржа аудиенција, а потоа веднаш се врати во болница за хируршка процедура. Според црковниот закон, папата останува поглавар на Ватикан и на Католичката црква со 1,3 милијарди следбеници дури и кога е без свест во болница. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operatsijata-na-papata-zavrshi-bez-komplikatsii/feed/ 0
Зеленски го повика Ватикан да придонесе за спроведување на украинскиот мировен план https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-go-povika-vatikan-da-pridonese-za-sproveduvane-na-ukrainskiot-miroven-plan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-go-povika-vatikan-da-pridonese-za-sproveduvane-na-ukrainskiot-miroven-plan/#respond Tue, 06 Jun 2023 17:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=842898

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повика Ватикан да придонесе за спроведувањето на украинскиот мировен план на средбата со пратеникот на папата за руската војна во Украина. Италијанскиот кардинал Матео Зупи, кој беше задолжен од папата Франциско да спроведе мировна мисија и да се обиде да помогне да се стави крај на војната во Украина, го посети Киев. Зеленски рече дека разговарале за ситуацијата во Украина и хуманитарната соработка „во рамките на украинската мировна формула“. - Само заеднички напори, дипломатска изолација и притисок врз Русија можат да влијаат на агресорот и да донесат праведен мир во украинската земја, напиша Зеленски на социјалните мрежи. - Ја повикувам Светата столица да придонесе за спроведување на украинскиот мировен план. Украина ја поздравува подготвеноста на другите земји и партнери да најдат начин за мир, но бидејќи војната е на наша територија, алгоритмот за постигнување мир може да биде само украински, додаде тој. Зеленски се состана со папата Франциск во Ватикан во мај, а подоцна речиси и да не реагираше на изгледите за каква било иницијатива на папата што ќе ја стави Украина во еднаква положба со Русија, која ја нападна во февруари 2022 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-go-povika-vatikan-da-pridonese-za-sproveduvane-na-ukrainskiot-miroven-plan/feed/ 0
Папа Франциск: Сексуалните престапници се „непријатели“, но сепак заслужуваат христијанска љубов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-seksualnite-prestapnitsi-se-neprijateli-no-sepak-zasluzhuvaat-hristijanska-lubov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-seksualnite-prestapnitsi-se-neprijateli-no-sepak-zasluzhuvaat-hristijanska-lubov/#respond Wed, 10 May 2023 06:46:36 +0000 https://kurir.mk/?p=832497

Сексуалните престапници се „непријатели“ кои треба да бидат судени и казнети, но сепак заслужуваат христијанска љубов и грижа, бидејќи сепак се Божји деца, рече папата Франциск. Тој го кажа тоа на 29 април во приватен разговор со језуитите додека беше во посета на Унгарија, а неговата изјава беше објавена вчера во италијанското издание „Сивилта Католика“ (Civilta Catholica). „Насилникот е непријател. Секој од нас го чувствува тоа, како што чувствуваме сочувство за страдањата на жртвите, дури и во разговорот со насилникот постои одвратност, не е лесно. Но, и тие се Божји деца. Тие заслужуваат казна, но заслужуваат и грижа“, рече папата Франциск. Минатата недела, тој ја пофали работата на меѓународната комисија на Ватикан за спречување на сексуална злоупотреба и ја охрабри да продолжи по неодамнешната оставка на висок член кој ја обвини за недоволна транспарентност.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-seksualnite-prestapnitsi-se-neprijateli-no-sepak-zasluzhuvaat-hristijanska-lubov/feed/ 0
Несоница довела до оставката на папата Бенедикт во 2013 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nesonitsa-dovela-do-ostavkata-na-papata-benedikt-vo-2013-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nesonitsa-dovela-do-ostavkata-na-papata-benedikt-vo-2013-godina/#respond Fri, 27 Jan 2023 14:38:20 +0000 https://kurir.mk/?p=792913

Починатиот папа Бенедикт како главна причина за оставката ја наведе несоницата, се наведува во неговото писмо, чија содржина денеска ја пренесоа германските медиуми. Од почетокот на неговиот понтификат, Бенедикт речиси „постојано“ го мачела несоница, се наведува во писмото напишано неколку недели пред неговата смрт. Во писмото до неговиот биограф Петер Зевалд, до кое дојде германското списание „Фокус“, Бенедикт вели дека „јаките“ таблети што ги препишал неговиот лекар му овозможиле да ги исполни своите должности на папа. Тие лекови, меѓутоа, „дојдоа до своите граници“, наведува тој во писмото од 28 октомври минатата година. Несреќата за време на посетата на Мексико и Куба во март 2012 година ја забрза неговата одлука да се повлече. На првото утро од тоа патување, Бенедикт го нашол своето марамче „целосно натопено во крв“. „Веројатно удрив во нешто во бањата и паднав“, напишал Бенедикт во писмото. По тој инцидент, лекарот побарал намалена употреба на апчиња за спиење и инсистирал Бенедикт на идните патувања да учествува само во утринските настани. Набрзо меѓутоа на папата му станало јасно дека ќе може да ги почитува овие медицински ограничувања само „кратко време“, што го натерало во 2013 година да објави дека се повлекува од должноста. Бенедикт Шеснаесетти, роден како Џозеф Рацингер, го шокираше светот со својата објава дека станал првиот папа по речиси шестотини години кој се откажа од своите должности. Самиот си ја одреди титулата „почесен папа“ и продолжи да живее во Ватикан, со неговиот наследник Франциск. Почина на Нова Година 2022/23 година, ослабен од болеста.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nesonitsa-dovela-do-ostavkata-na-papata-benedikt-vo-2013-godina/feed/ 0
Папата Франциск ги повика христијаните да присуствуваат на заедничка молитва на плоштадот „Свети Петар“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-gi-povika-hristijanite-da-prisustvuvaat-na-zaednichka-molitva-na-ploshtadot-sveti-petar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-gi-povika-hristijanite-da-prisustvuvaat-na-zaednichka-molitva-na-ploshtadot-sveti-petar/#respond Sun, 15 Jan 2023 15:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=787564

Папата Франциск во денешното обраќање до верниците ги повика сите христијани да присуствуваат на заедничка молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, што ќе се одржи во септември. Екуменската молитва ќе се одржи на 30 септември, пренесуваат светските агенции. -Ги поканувам браќата и сестрите од сите христијански конфесии да учествуваат на овој собир на Божјите луѓе, рече папата Франциск. Тој нагласи дека Бог „со посветеност и трпение го води неговиот народ кон целосното соединување“ на христијанските верници. Овој месец, папата ќе одржи посебна миса во базиликата „Свети Петар“, во рамки на неделната молитва за единство на христијаните, која годинава ќе се одржи од 18 до 25 јануари. Екуменизмот претставува современо настојување околу помирување, соработка, зближување и единство на христијанските цркви, а неговите почетоци се поврзани со протестантските цркви во 19 век. Ватикан делумно се отвори за идејата за екуменизмот по Вториот ватикански собор, кој се одржа меѓу 1962 и 1965 година.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-gi-povika-hristijanite-da-prisustvuvaat-na-zaednichka-molitva-na-ploshtadot-sveti-petar/feed/ 0
Делегација на МПЦ-ОА ќе присуствува на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-mpc-oa-kje-prisustvuva-na-pogrebot-na-papata-benedikt-shesnaesetti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-mpc-oa-kje-prisustvuva-na-pogrebot-na-papata-benedikt-shesnaesetti/#respond Thu, 05 Jan 2023 09:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=783911

Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА денеска ќе присуствува на погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Делегацијата, како што информираа од МПЦ-ОА за МИА, е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф и од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски. Папата Бенедикт Шеснаесетти почина на 31 декември на 95-годишна возраст. Тој ќе биде погребан денеска, а на погребот се очекува да присуствуваат голем број на шефови на држави или влади, како и членови на кралски семејства. Илјадници луѓе вчера се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, за да му оддадат почит на папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело изминатите три дена беше изложено во базиликата Свети Петар.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-mpc-oa-kje-prisustvuva-na-pogrebot-na-papata-benedikt-shesnaesetti/feed/ 0
Денеска ќе биде погребан поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-bide-pogreban-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-bide-pogreban-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/#respond Thu, 05 Jan 2023 08:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=783898

Десетици илјади верници и достоинственици се очекува да присуствуват денеска во Ватикан на погребот на упокоениот папа Бенедикт Шеснаесетти. Церемонијата ќе ја води актуелниот папа Франциск. Според најавите, самата церемонијата ќе биде свечена, но скромна, како што би сакал Бенедикт Шеснаесетти. Најавено е присуство на голем број државници, шефови на држави, премиери, министри. Италија ќе биде претставена од претседателот Серџо Матарела, Германија од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, а Франција од министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен. На церемонијата ќе присуствуваат и кралот на Белгија – Филип, претседателите на Полска и на Того, поранешната шпанска кралица Софија. На погребот ќе присуствува и Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА. Делегацијата, како што информираа од МПЦ-ОА за МИА, е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф и од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски. Префектурата Рим очекува денеска во Ватикан да дојдат сто илјади луѓе. Во трите дена колку што беа изложени посмртните останки, од поранешниот папа се простија околу 200 илјади верници. Церемонијата на погребот ќе започне во 8:50 часот по локално време. Ковчегот со смртните останки на Бенедикт Шеснаесетти ќе биде изнесен на плоштадот „Свети Петар“, каде ќе се служи миса на која ќе учествуваат повеќе од четири илјади кардинали, бискупи и свештеници. Литургијата ќе биде отслужена според латински ритуал, но на повеќе јазици. Според традицијата, Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во три ковчези. Неговото тело е положено во ковчег од дрво од чемпрес, во кој има монети исковани за време на неговото папство, потоа неговиот палиум (литургиска облека) и метален цилиндар со текст со детали за годините кога тој беше на чело на Римокатоличката црква. Тој ковчег од чемпрес потоа ќе биде ставен во поголем ковчег од цинк, кој пак ќе биде сместен во уште поголем дрвен ковчег. Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во криптата на базиликата „Свети Петар” на местото каде некогаш бил погребан папата Јован Павле Втори. Тоа место беше испразнето откако посмртните останки на Јован Павле Втори беа преместени во капелата во базиликата. За обредот папите да се погребуваат во три ковчези, теологот Бери Етериџ од Универзитетот во Кент вели дека првиот ковчег од чемпрес симболизира дека папата е обичен смртник, како и сите други. Вториот ковчег, кој обично е или цинк или олово, симболизира долготрајност. На него е поставен едноставен крст и плоча со името на папата и времетраењето на неговиот понтификат. Третиот дрвен ковчег обично се прави или од костен или од брест и го симболизира папското достоинство. Окован е со шајки и клинови од чисто злато. Предвидено е погребот да го следат повеќе од илјада новинари од 30 земји. За безбедноста се мобилизирани илјада полицајци, на кои ќе им помагаат волонтери од италијанската цивилна одбрана. Во Германија епископската конференција ги повика црквите во земјата да ѕвонат во 10 часот по Гринич во спомен на Џозеф Рацингер (како што беше световното име на папата Бенедикт XVI). Денеска знамињата во Италија се на половина копје, а во Португалија е прогласен ден на национална жалост.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-bide-pogreban-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/feed/ 0
Почна оддавањето почит на папата Бенедикт, илјадници луѓе во Ватикан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-oddavanjeto-pochit-na-papata-benedikt-iljadnici-lugje-vo-vatikan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-oddavanjeto-pochit-na-papata-benedikt-iljadnici-lugje-vo-vatikan/#respond Mon, 02 Jan 2023 09:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=783150

Илјадници луѓе денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, за да му оддадат почит на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина во саботата. Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три дена, почнувајќи од денеска. Вратите на базиликата денеска ќе бидат отворени за јавноста од 9 до 19 часот, a утре и задутре од 7 до 19 часот. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-oddavanjeto-pochit-na-papata-benedikt-iljadnici-lugje-vo-vatikan/feed/ 0