Ватс-ап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Apr 2023 19:55:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ватс-ап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голема промена: ВатсАп воведува опција која ќе им се допадне на корисниците https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/golema-promena-vatsap-voveduva-optsija-koja-ke-im-se-dopadne-na-korisnitsite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/golema-promena-vatsap-voveduva-optsija-koja-ke-im-se-dopadne-na-korisnitsite/#respond Sat, 22 Apr 2023 20:19:01 +0000 https://kurir.mk/?p=826505

ВатсАп ќе им овозможи на корисниците да чуваат привремени пораки - но ќе го предупреди испраќачот. Функцијата за пораки што исчезнуваат значи дека пораките автоматски се бришат по 24 часа, 7 дена или 90 дена. Сепак, новата функција наречена „задржи во разговор“ им овозможува на корисниците да одредат кои пораки би сакале да ги задржат. Испраќачот ќе биде известен кога некој ќе се обиде да зачува порака, а правото на зачувување е во нивни раце. -Веруваме дека ако сте испратиле порака, ваш избор е дали другите во разговорот можат да ја задржат за подоцна, се вели во соопштението на WhatsApp. Ако испраќачот одлучи дека неговата порака не може да се зачува, „вашата одлука е конечна“, велат од WhatsApp. „Никој друг не може да ја задржи и пораката ќе биде избришана кога ќе истече времето. На овој начин го имате последниот збор за тоа како се заштитени пораките што ги испраќате. Пораките што се зачувани ќе бидат означени со икона и ќе се организираат со разговор во папката „Зачувани пораки“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/golema-promena-vatsap-voveduva-optsija-koja-ke-im-se-dopadne-na-korisnitsite/feed/ 0
Ѓоковиќ откри се’ за Ватсап групата со Надал и Федерер https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-otkri-se-za-vatsap-grupata-so-nadal-i-federer/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-otkri-se-za-vatsap-grupata-so-nadal-i-federer/#respond Thu, 22 Sep 2022 11:40:24 +0000 https://kurir.mk/?p=736202

Лејвер купот е единственото натпреварување во тенискиот свет каде играчите даваат опуштени изјави, а големите тениски ѕвезди се само соиграчи на турнирот. Новак Ѓоковиќ е повторно во Лондон, на ова натпреварување кое овој пат ќе биде посебно бидејќи Рожер Федерер токму тука ќе ја заврши својата професионална кариера. Главна тема на сите интервјуа е токму тој. Ѓоковиќ за Еуроспорт говорел за настапот на Лејвер купот, но открил и некои интересни детали. Како тој дека има Ватсап група со Федерер и Надал. -Одлично е што имаме шанса да поминеме некое квалитетно време заедно надвор од теренот. Имавме тимски вечери, зборувавме за тенис, спорт, животот...Ова вообичаено го немаме, па е прилично единствено. Сите сакаме да победиме и добро да се покажеме во исто време и поради простувањето со Рожер и поради можноста да бидат со некои од моите најголеми ривали во кариерата. Тоа ви дава желба да делите убави моменти и надвор од теренот исто така. Ватсап групата не’ држи заедно, изјавува Ѓоковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-otkri-se-za-vatsap-grupata-so-nadal-i-federer/feed/ 0
Нова опција на „Ватс-ап“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-opcija-na-vats-ap/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-opcija-na-vats-ap/#respond Fri, 11 Mar 2022 08:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=645340

„Ватс-ап“, наводно, воведува новитет. Се работи за ажурирање коешто ќе може да го ограничи тоа колкупати корисникот ќе може да препрати порака. Податоков прв го објави порталот „Вабетаинфо“ (WABetaInfo), кој успешно предвиде неколку претходни новости на „Ватс-ап“. Според наводите, корисникот со новата опција, ако сака да го препрати текстот на втор или трет „чет“-разговор, ќе мора да го избере и повторно да го проследи, односно тоа би одело малку побавно. Ова не е првпат апликацијата да го отежнува проследувањето на содржините – во обид да се искоренат или намалат тн. „спам“-измами на интернет. „Штом пораката е означена како препратена, веќе нема да може да се препраќа на повеќе од еден разговор истовремено“, се вели во написот. Новото ограничување во мигов се однесува само на бета-тестерите и ќе биде достапно за сите многу набргу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-opcija-na-vats-ap/feed/ 0
Ватс Ап воведува нова функција, пораките со неа исчезнуваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-voveduva-nova-funkcija-porakite-so-nea-ischeznuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-voveduva-nova-funkcija-porakite-so-nea-ischeznuvaat/#respond Wed, 04 Aug 2021 10:27:10 +0000 https://kurir.mk/?p=546086

Социјалните мрежи постојано работат на заштита на приватноста на корисниците и воведуваат нови функции. Ватс Ап денес претстави дека воведува функција која се однесува на испраќањето на видеа или фотографии. Новата „Погледни еднаш“ функција им овозможува на корисниците да пратат видео снимка или фотографија која може да се погледнете само еднаш, по што содржината исчезнува.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-voveduva-nova-funkcija-porakite-so-nea-ischeznuvaat/feed/ 0
Ватс Ап со нова објава за корисниците по најавените промени https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-so-nova-objava-za-korisnicite-po-najavenite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-so-nova-objava-za-korisnicite-po-najavenite-promeni/#respond Sat, 16 Jan 2021 10:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=456123

Ватс Ап објави дека за три месеци ги одложува промените во условите на користење, откако голем број корисници ја избришаа апликацијата во страв дека сервисот за пораки ќе ги споделува нивните доверливи податоци со Фејсбук. Измените требаше да стапат на сила на 8 февруари, но дека компанијата објави дека тоа нема да се случи пред 15 мај. Ватс Ап со оваа објава и кампања за задржување на старите услови за користење на сервисот се обиде да спречи масовно преминување на корисниците ма други платформи, пренесува агенцијата Ројтерс. Ватс Ап истакна дека ажурирањето нема да влијае на тоа податоците да се споделуваат со Фејсбук, туку дека, пред се е насочено како помош за компаниите подобро да комуницираат со клиентите и преку таа платформа. -Знаеме дека дојде до конфузија и дезинформации околу ажурирањето и сакаме да ги објасниме нашите принципи и факти, се вели во соопштението. Разговорите и пораките на Ватс Ап, како и локацијата и именикот и понатаму ќе бидат шифрирани, па ни Фејсбук ни Ватс Ап нема да имаат можност да ги користата тие приватни информации, тврди компанијата. Но, штетата очигледно е веќе направена бидејќи деновие е забележан голем пораст на симнување на апликациите како Сигнал и Телеграм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-so-nova-objava-za-korisnicite-po-najavenite-promeni/feed/ 0
Ватс-ап воведува опција за бришење на пораките по седум дена https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-voveduva-opcija-za-brishenje-na-porakite-po-sedum-dena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-voveduva-opcija-za-brishenje-na-porakite-po-sedum-dena/#respond Fri, 06 Nov 2020 10:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=425794

Апликацијата Ватс-ап (WhatsApp) ќе воведе нова опција што овозможува пораките од телефоните на испраќачот и примателот да исчезнат сами од себе по седум дена. Опцијата има за цел да ја заштити приватноста на корисниците, но примателите сè уште ќе можат да ги проследуваат и сликаат пораките, фотографиите и видеата што сакаат да ги зачуваат. Опцијата ќе им биде достапна на корисниците на крајот на ноември. Марк Закерберг, извршен директор на Фејсбук, во април 2019 година најави воведување на неколку новини во апликацијата со цел корисниците да имаат поголема приватност, вклучително и опција за исчезнување на пораките. Апликацијата Ватс-ап којашто е во сопственост на Фејсбук, ја користат над две милијарди луѓе ширум светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-voveduva-opcija-za-brishenje-na-porakite-po-sedum-dena/feed/ 0
Забранета апликација слична на Ватс-ап поради непочитување на приватноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zabraneta-aplikacija-slichna-na-vats-ap-poradi-nepochituvanje-na-privatnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zabraneta-aplikacija-slichna-na-vats-ap-poradi-nepochituvanje-na-privatnosta/#respond Mon, 17 Feb 2020 11:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=304944

Уште една апликација за допишување, замислена како конкуренција на Ватс-ап, е официјално недостапна за преземање за ИОС и за Андроид. Се работи за наводна шпионажа, односно непочитување на приватноста на корисниците. Програмата „Тоток“ стекна огромна популарност во Обединетите Арапски Емирати, со оглед на што Ватс-ап и Скајп се блокирани во оваа земја. Се чинеше како добра алтернатива, па ги надмина очекувањата, наметнувајќи се во повеќе земји. Причината за забраната е кршење на правилата. Подробности засега, не се соопштуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zabraneta-aplikacija-slichna-na-vats-ap-poradi-nepochituvanje-na-privatnosta/feed/ 0
Ватс-ап достигна две милијарди корисници https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-dostigna-dve-milijardi-korisnici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-dostigna-dve-milijardi-korisnici/#respond Thu, 13 Feb 2020 08:35:46 +0000 https://kurir.mk/?p=303240

Апликацијата Ватс-ап ја достигна бројката од две милијарди корисници ширум светот, се вели во официјално соопштение. Најпопуларната апликација за испраќање пораки со ова стана една од двете апликации од портфолиото на Фејсбук, што има над две милијарди корисници. Истоимената друштвена мрежа има 2,5 милијарди поединечни профили. Фејсбук го купи Ватс-ап пред шест години за 19 милијарди долари. Фејсбук минатиот месец соопшти дека 2,26 милијарди луѓе секој ден користат некој од нивните производи (Фејсбук, Месинџер, Инстаграм или Ватс-ап), а групацијата има девет отсто повеќе корисници во споредба со лани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vats-ap-dostigna-dve-milijardi-korisnici/feed/ 0