ваучери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Feb 2023 12:12:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ваучери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОК бара Владата да го разреши Мојсовски: Незаконските дејанија се пракса во работењето на раководството на АМС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mok-bara-vladata-da-go-razreshi-mojsovski-nezakonskite-dejanija-se-praksa-vo-raboteneto-na-rakovodstvoto-na-ams/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mok-bara-vladata-da-go-razreshi-mojsovski-nezakonskite-dejanija-se-praksa-vo-raboteneto-na-rakovodstvoto-na-ams/#respond Fri, 03 Feb 2023 12:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=795696

Македонскиот олимписки комитет со јавно писмо и се обрати на Владата и вицепремиерката Славица Грковска, а во врска со работењето на Агенцијата за млади и спорт. -Согласно својата позиција и одговорност, должни сме да предупредиме дека и покрај општото јавно мнение и незадоволство од начинот на распределба на финансиските средства од страна на АМС во целост поткрепени со наодите на Комисијата за спречување на корупција и дефинитивно потврдено и докажано со заклучоците во Конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија каде негативно е оценета работата на АМС по сите точки и основи, раководството на истата во ист и непроменет состав продолжува со истите криминални практики. Почитувана Г-ѓа Грковска, во изминатиов период во повеќе наврати со задоволство ги слушавме Вашите излагања во кои цврсто и одлучно повикувавте на неселективно доследно применување на принципите на одговорност, отчетност, транспарентност и добро владеење и управување со јавните финансиски средства за сите носители на јавни функции. Веруваме дека со должно внимание сте го прочитале Конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија каде прецизно се констатирани сите незаконски дејанија кои за жал се пракса во работењето на раководството на АМС. Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми. Дополнително, веруваме дека Ве загрижува фактот што од страна на Агенција за заштита е правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација, што само по себе многу кажува!! Дојде време да покажете на јавна сцена пред сите нас кои работиме и живееме за и во спортот, дали Вашите зборови и заложби имаат суштина или се само празни политички флоскули. Согласно ова, ја повикуваме Владата и Вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од Вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти. Со оглед на тоа што во моментов тече постапката за доделување на ваучери за 2023 година, бараме ИТНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, се до именувањето на новите членови на Централната комисија. Одговорноста за брза и ефективна реакција е Ваша и е исклучиво во Ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем. Македонските спортисти тоа го заслужуваат, се вели во јавното писмо од МОК потпишано од претседателот Даниел Димевски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mok-bara-vladata-da-go-razreshi-mojsovski-nezakonskite-dejanija-se-praksa-vo-raboteneto-na-rakovodstvoto-na-ams/feed/ 0
ДЗР: АМС не воспоставила критериуми за пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите и спортистите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/#respond Fri, 18 Nov 2022 10:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=762838

Агенцијата за млади и спорт (АМС) да воспостави соодветни критериуми за распределба на средствата од нејзините програми до националните спортски федерации (НСФ) и спортистите, како и ефикасни интерни контроли на трансферираните средства кон НСФ, се дел од клучните препораки во ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештајот на ДЗР е од извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за млади и спорт на сметката на основен буџет (637) за 2021 година. ДЗР, според клучните наоди, изразила неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година. Како што наведуваат од ДЗР,  со извршената ревизијата е констатирано дека АМС не воспоставила соодветни внатрешни контроли кои треба да го обезбедат наменското и законското користење на средствата кои се трансферираат на националните спортски федерации за реализација на нивните активности. Според ДЗР, во врска со распределбата на средства до националните спортски федерации, АМС не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди систем на објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите согласно краткорочни и долгорочни приоритетни активности, а склучените договори со нив не содржат одредби со кои ќе се допрецизира намената на одобрените средства. Слични слабости се констатирани и во делот на средствата кои се исплатени за поддршка на млади и талентирани спортисти „Спортска надеж” како и за распределбата на средства по издадените ваучери за спорт. – Дел од финансиските извештаи за потрошените средства кои се трансферирани на НСФ не содржат целосна документација за сите средства кои се примени од АМС, дел од документацијата по основ на подигнати девизи од банка и реализирани патувања на спортисти во странство е неуредна или целосно недостасува поради што не може да се поврзе со направените трошоци, дел од НСФ исплатиле прекумерен износот на средства за исплата на раководните лица во федерациите, а вршен е и трансфер на средствата од наменските сметки на НСФ кон спортски клубови без да се обезбеди соодветна документација за реализираниот трошок, стои во извештајот. Утврдени се слабости и недостатоци во врска со спроведениот попис на средствата и обврските како и евидентирано салдо во значителен износ на позицијата за инвестиции за кое, посочува ДЗР, не добивме соодветни објаснувања во врска со објективноста. Во поглед на реализацијата на капиталните инвестиции на кои работи АМС ревизорите констатирале значително доцнење во градежните работи кај шест објекти, а според ДЗР, се јавува и неизвесност во врска со нивното идно завршување.. Во делот за нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ДЗР се осврнува на повеќе судски спорови во кои, како што наведува, АМС се јавува како тужена странка и чие разрешување може дополнително да го оптовари финансиското работење на субјектот во иднина.Целосниот извештај е достапен на линкот  За констатираните состојби ревизијата дала препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/feed/ 0
Стефковски: 3000 денари за секој ученик на генерација https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-3000-denari-za-sekoj-uchenik-na-generacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-3000-denari-za-sekoj-uchenik-na-generacija/#respond Thu, 09 Jun 2022 09:04:05 +0000 https://kurir.mk/?p=688728

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со учениците од општинските основни училишта кои по претходна постапка беа избрани за ученици на генерација. На сите избрани ученици на генерација,тој им додели ваучери од 3000 денари. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба. За доделувањето Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: - 3000 денари за ученик на генерација. Денес имав средба со учениците на генерација од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба. За прв пат во општина Гази Баба се доделуваат 3000 денари за ученик на генерација. Воведувањето на оваа мерка е мотивација но и признание за посветеноста на учениците за време на образовниот процес во основното образование. Секое основно училиште спроведе постапка согласно утврден правилник и избра првенец на генерација која оваа година го завршува основното образование. Како градоначалник оддавам признание и им честитам на учениците на генерација: 1. Марија Трајковска од ООУ Наум Охридски 2. Лука Трајковски од ООУ Кирил и Методиј 3. Оле Мишевска од ООУ Крсте Мисирков 4. Алексеј Стојановиќ од ООУ Дане Крапчев 5. Мерве Салихи од ООУ 25 Мај 6. Мила Тодевска од ООУ Његош 7. Павел Петровиќ од ООУ Крум Тошев 8. Давид Китановски од ООУ Вера Јоциќ 9. Матеја Тунева од ООУ Наум Наумовски Борче 10. Методија Златановски од ООУ Стив Наумов 11. Марија Недановска од ООУ Григор Прличев, напиша градоначалникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-3000-denari-za-sekoj-uchenik-na-generacija/feed/ 0
Предвидени 15 милиони денари за ваучери за одмор на вработени со ниски примања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predvideni-15-milioni-denari-za-vaucheri-za-odmor-na-vraboteni-so-niski-primanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predvideni-15-milioni-denari-za-vaucheri-za-odmor-na-vraboteni-so-niski-primanja/#respond Sun, 22 May 2022 10:26:52 +0000 https://kurir.mk/?p=680094

Со ребалансот на буџетот предвидени се 15 милиони денари за доделување ваучери за вработени со ниски примања за одмор во домашните туристички капацитети, информира денеска од Охрид министерот за економија Крешник Бектеши. Пред средбата со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека тоа е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам, неизоставајќи ги ниту мерките на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за привлекување странски гости. – Тоа е е една од мерките, кои се реализираат од страна на Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, а во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има и многу мерки за поттикнување на странски туристи. Во туризмот има и други мерки во делот на подобрување на инфрастрултурата, услугите што ги дааат хотлеиерите и угостителите, со цел подобра понудата во Охрид и Струга не само за домашните, туку и за странските туристи, изјави Бектеши. Бројот на доделени ваучери, нагласи, зависи од апликациите, односно колку члено семејство аплицира. – Во зависност од апикациите генерално секоја година имаме од 1.500 до 2.000 вачучери. Во зависност од членовите семејството, зависи и висината на ваучерот, претходните години беше до 220 евра, појасни Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predvideni-15-milioni-denari-za-vaucheri-za-odmor-na-vraboteni-so-niski-primanja/feed/ 0
АМС пак ја “избриша” Фудбалската федерација во ваучер системот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ams-pak-ja-izbrisha-fudbalskata-federacija-vo-vaucher-sistemot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ams-pak-ja-izbrisha-fudbalskata-federacija-vo-vaucher-sistemot/#respond Thu, 10 Feb 2022 21:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=629895

Агенцијата за Млади и Спорт денеска го објави списоко на федерации и клубови кои ќе добијат финансиска помош од државата преку ваучер-системот. Како и во минатото, АМС повторно ја заборави Фудбалската Федерација на Македонија, продолжувајќи го конфликтот со „куќата на фудбалот“ без оглед на успесите на фудбалската репрезентација во изминатата година. Од оние кои добија помош од државата, на врвот очекувано е Ракометната Федерација на Македонија со 15,8 милиони денари, пред Кошаркарската Федерација со 13,8 милиони и Одбојкарската Федерација со 11,8 милиони денари.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ams-pak-ja-izbrisha-fudbalskata-federacija-vo-vaucher-sistemot/feed/ 0
Листата е објавена: Еве каде можете да ги искористите ваучерите за одмор во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/listata-e-objavena-eve-kade-mozete-da-gi-iskoristite-vaucherite-za-odmor-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/listata-e-objavena-eve-kade-mozete-da-gi-iskoristite-vaucherite-za-odmor-vo-makedonija/#respond Thu, 08 Jul 2021 07:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=533644

Министерството за економија на почетокот на минатиот месец го објави јавниот повик за реализација на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија. Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија. Еве каде може да ги искористите ваучерите: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/listata-e-objavena-eve-kade-mozete-da-gi-iskoristite-vaucherite-za-odmor-vo-makedonija/feed/ 0
ПОВИКОТ СЕ ЗАТВОРА ДЕНЕС: Над 2600 апликации за издавање ваучери за одмор на лица со ниски приходи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povikot-se-zatvora-denes-nad-2600-aplikacii-za-izdavanje-vaucheri-za-odmor-na-lica-so-niski-prihodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povikot-se-zatvora-denes-nad-2600-aplikacii-za-izdavanje-vaucheri-za-odmor-na-lica-so-niski-prihodi/#respond Wed, 16 Jun 2021 06:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=524096

Јавниот повик за издавање потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари се затвора денеска, соопшти Министерството за економија. Јавниот повик, како што стои во соопштението, беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации. Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија. Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери. Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија. Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што се стимулира развојот на домашниот туризам. Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот “прв дојден прв услужен“. Потврдата за користење на средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кого му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/povikot-se-zatvora-denes-nad-2600-aplikacii-za-izdavanje-vaucheri-za-odmor-na-lica-so-niski-prihodi/feed/ 0
И покрај најавите дека ќе остане со празни раце,РК Вардар доби ваучер од АМС (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/i-pokraj-najavite-deka-kje-ostane-so-prazni-race-rk-vardar-dobi-vaucher-od-ams-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/i-pokraj-najavite-deka-kje-ostane-so-prazni-race-rk-vardar-dobi-vaucher-od-ams-foto/#respond Wed, 10 Feb 2021 21:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=467060

Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) ги објави спортските ваучери за клубовите за претстојната 2021 година и иако се најавуваше дека ракометниот клуб Вардар нема да добие финансиски ваучер, сепак, тоа се случи. РК Вардар има највисок ваучер од 19 милиони денари, или околу 310.000 евра. По него кај ракометните клубови следат Еурофарм Пелистер и Металург со ваучер од по 17,5 милиони денари, или 285.000 евра. Кај фудбалските клубови највисок ваучер доби Шкендија (10,8 милиони денари), па следат Шкупи 10 милиони денари и Ренова 9,5 милиони денари. Актуелниот првак ФК Вардар доби 8,4 милиони денари. Кај кошаркарите, МЗТ Скопје доби ваучер од 13 милиони денари, еден милион повеќе од ваучерот на Работнички. Потоа следуваат Гостивар со 8,7 милиони денари, па ФМП со 8,2 милиони денари... Во одбојката највисок ваучер доби освојувачот на двојната круна ЏИО Струмица 4 милиони денари.  
  • Целосната листа на ваучери за колективи во 2021 година:

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/i-pokraj-najavite-deka-kje-ostane-so-prazni-race-rk-vardar-dobi-vaucher-od-ams-foto/feed/ 0
Утре краен рок за искористување на ваучерите за домашен туризам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/utre-kraen-rok-za-iskoristuvanje-na-vaucherite-za-domashen-turizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/utre-kraen-rok-za-iskoristuvanje-na-vaucherite-za-domashen-turizam/#respond Mon, 14 Dec 2020 09:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=442967

Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година, потсетува Министерството за економија. Заклучно со денешниот ден, како што информираат, се искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси. Платформата „Дома си е дома“ преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам ќе биде затворена за реализација на оваа мерка на 15 декември, односно утре. Гостите кои користат ваучер за домашен туризам ќе треба да бидат одјавени од сместувачките капацитети најдоцна до 15 декември 2020 година. Хотелиерите кои имаат гости што користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18 декември 2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери. – Со мерката ваучери за домашен туризам во вредност од шест илјади денари која е дел од Третиот сет мерки на Владата за справување со последиците предизвикани од пандемијата беа поделени 117.531 ваучер за домашен туризам на сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60 илјади денари според податоците од Управата за јавни приходи, наведуваат од Министерството. Ваучерите за туризам се користеа во домашните туристички објекти кои беа регистрирани на платформата „Дома си е дома“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/utre-kraen-rok-za-iskoristuvanje-na-vaucherite-za-domashen-turizam/feed/ 0
Европската комисија препорачува ваучери за откажаните летови и патувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-preporachuva-vaucheri-za-otkazanite-letovi-i-patuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-preporachuva-vaucheri-za-otkazanite-letovi-i-patuvanja/#respond Tue, 12 May 2020 06:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=344802

Европските авио и туристички компании треба да понудат ваучери за патниците на летовите и туристичките патувања кои биле откажани поради коронавирусот, а кои би имале важност од најмалку 12 месеци, препорачува Европската комисија, со цел да ги охрабри патувањата и туризмот во Европа. Препораките, што треба да бидат објавени утре, предвидуваат на патниците да им бидат понудени прифатливи ваучери за да не бараат целосна наплата, пренесуваат британските медиуми. Земјите-членки на ЕУ побараа од Комисијата да го суспендира правилото според кое авиокомпаниите мора целосно да ги надоместат трошоците за откажаните летови поради пандемијата. Новите препораки не предвидуваат прекинување на ова правило, но нудат компромис за да му помогнат на секторот во оваа тешка криза. Комисијата, исто така, ќе им препорача на земјите-членки да ги гарантираат овие ваучери во случај на инсолвентност на компанијата, се вели во документот. Ваучерите треба да ги нудат истите услуги и правци, во случај на лет, и услови за патување како и оригиналната резервација. Авиокомпаниите од цела Европа, вклучително и „Луфтханза“ и „Ер Франс-КЛМ“, побараа државна помош затоа што поради пандемијата мораше да ги заземјат своите огромни флоти. Клиентите кои нема да користат ваучери автоматски ќе добијат поврат на средствата во рок од 14 дена од истекот на нивната важност. Во случај на ваучери кои важат повеќе од една година, патниците треба да побараат целосна наплата во рок од 12 месеци од датумот на издавањето на ваучер, се вели во документот. За да им помогне на најтешко погодените авиокомпании и туристичките компании, ЕУ исто така ги повикува организациите на потрошувачи и на патници на сите нивоа да ги охрабруват патниците да прифаќаат ваучери, место да бараат наплата. Комисијата со ова не го суспендира законот за заштита на правата на патниците затоа што препораките не се правно обврзувачки. Ова значи дека потрошувачите се оние кои ќе решат дали да го прифатат ваучер или да побараат целосна наплата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-preporachuva-vaucheri-za-otkazanite-letovi-i-patuvanja/feed/ 0