веб-страница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 May 2023 15:52:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png веб-страница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Проруски хакери ја блокираа веб-страницата на францускиот Сенат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-hakeri-ja-blokiraa-veb-stranitsata-na-frantsuskiot-senat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-hakeri-ja-blokiraa-veb-stranitsata-na-frantsuskiot-senat/#respond Fri, 05 May 2023 15:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=831046

Веб-страницата на францускиот Сенат е недостапна поради блокадата за која се тврди дека ја извршила проруската хакерска група NoName. Во март таа група ја блокираше веб-страницата на Долниот дом на францускиот Парламент, Националното собрание. „Пристапот до веб-страницата на Сенатот е прекинат од изутрината, нашиот тим е целосно мобилизиран за да ги отстрани дефектите“, соопшти Сенатот на Твитер без да даде дополнителни детали. NoName ја презеде одговорноста со порака на Телеграм во која на руски и англиски јазик ја критикува поддршката на Франција за Украина. „Во печатот прочитавме дека Франција работи со Украина на нов план за помош кој може да вклучува оружје, како и изјавите на министерката за надворешни работи Кетрин Колона“ и „ја блокиравме веб-страницата на францускиот Сенат“, се вели во пораката. Веб-страницата на Долниот дом на Парламентот беше блокирана неколку часа на крајот на март. И тогаш групата NoName ја презеде одговорноста, а причината исто така беше поддршката на Франција за Украина. Колективот NoName, основан во март 2022 година, е еден од околу 80-те проруски хакерски групи кои ги напаѓаат институциите на земјите што ја поддржуваат Украина, особено во Западна Европа, објасни аналитичарот Николас Квинтин на крајот на март. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-hakeri-ja-blokiraa-veb-stranitsata-na-frantsuskiot-senat/feed/ 0