вечера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 07:40:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вечера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВЕЧЕРА ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО: Врз топол леб ставете го омилениот летен зеленчук и босилек кој ќе ве освежи максимално! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vechera-za-tseloto-semejstvo-vrz-topol-leb-stavete-go-omileniot-leten-zelenchuk-i-bosilek-koj-ke-ve-osvezhi-maksimalno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vechera-za-tseloto-semejstvo-vrz-topol-leb-stavete-go-omileniot-leten-zelenchuk-i-bosilek-koj-ke-ve-osvezhi-maksimalno/#respond Fri, 30 Jun 2023 07:40:13 +0000 https://kurir.mk/?p=851072

Состојки: 750 гр домати 1 главица кромид 4 супени лажици маслиново масло 1 лажица оцет 8 парчиња бел леб 1/2 китка босилек 1 чешне лук сол, бибер Подготовка: На маслиново масло пропржете го лебот од двете страни. Извадете и зачинете со сол. Доматот исечкајте го на кришки и измешајте со ситно исечкан кромид и лук и покријте го со оцет. Намачкајте ја смесата од домати на топлите кришки леб. Измијте го и исушете го босилекот и распоредете го врз доматите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vechera-za-tseloto-semejstvo-vrz-topol-leb-stavete-go-omileniot-leten-zelenchuk-i-bosilek-koj-ke-ve-osvezhi-maksimalno/feed/ 0
ЛЕСНА, ВКУСНА И ЗДРАВА ВЕЧЕРА! Направете маринирани тиквички со сирење – ќе уживате во секој залак! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lesna-vkusna-i-zdrava-vechera-napravete-marinirani-tikvichki-so-sirene-ke-uzhivate-vo-sekoj-zalak/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lesna-vkusna-i-zdrava-vechera-napravete-marinirani-tikvichki-so-sirene-ke-uzhivate-vo-sekoj-zalak/#respond Tue, 06 Jun 2023 13:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=842772

Кога станува збор за вечера, ви предлагаме лесен оброк од маринирани тиквички, кои ќе ги задоволат сите ваши сетила Состојки:  две лажици бел вински оцет две лажици сок од лимон две чешниња лук две лажички мајчина душица третина од чаша маслиново масло 800 гр тиквички 250 гр фета сирење сол, бибер Подготовка: Измијте ги тиквичките и исечете ги на подебели прстени. Во сад измешајте маслиново масло, оцет, сок од лимон, мајчина душица, издробен лук, лута пиперка, сол и бибер. Додадете ги тиквичките и оставете да се маринираат 45 минути. Потоа печете ги на скара или во грил тава, по три до четири минути, од секоја страна. Префрлете ги во соодветен сад, прелијте со малку маринада, посипете со изронета фета и послужете веднаш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lesna-vkusna-i-zdrava-vechera-napravete-marinirani-tikvichki-so-sirene-ke-uzhivate-vo-sekoj-zalak/feed/ 0
Брза вечера од тава, готова за 10 минути: Многу е евтина и заситна, а состојките веќе ги имате дома https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/brza-vechera-od-tava-gotova-za-10-minuti-mnogu-e-evtina-i-zasitna-a-sostojkite-veke-gi-imate-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/brza-vechera-od-tava-gotova-za-10-minuti-mnogu-e-evtina-i-zasitna-a-sostojkite-veke-gi-imate-doma/#respond Wed, 12 Apr 2023 18:26:44 +0000 https://kurir.mk/?p=823299

Брза вечера е се што ни треба кога сме уморни и немаме некоја посебна идеја. Затоа ви носиме интересен рецепт за брза вечера, која ќе ви одземе помалку од 10 минути. Покрај тоа, многу е вкусен и заситен. Состојки: - 2 големи компири; - масло; - 1 кромид; - 1 пиперка; - сол; - 3 домати со средна големина; - 4 јајца; - копар. Подготовка: Измијте го зеленчукот и исечете го на коцки. Најпрво на масло пропржете ги компирите, па префрлете ги во чинија и во истото масло пропржете ги кромидот и пиперките. По некое време, додадете домати. Посолете и измешајте. Кога ќе се сварат доматите, вратете ги компирите во тавата, промешајте и направете 4 вдлабнатини во кои ќе ги скршите јајцата. Покријте ја тавата и динстајте 3-5 минути додека не се испржат јајцата. Посипете со копар и послужете, вели A Matter of Taste. На здравје!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/brza-vechera-od-tava-gotova-za-10-minuti-mnogu-e-evtina-i-zasitna-a-sostojkite-veke-gi-imate-doma/feed/ 0
ВИДЕО: Хаос во Аргентина, Меси излезе на вечера https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-haos-vo-argentina-mesi-izleze-na-vechera/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-haos-vo-argentina-mesi-izleze-na-vechera/#respond Tue, 21 Mar 2023 10:15:54 +0000 https://kurir.mk/?p=814458

Три месеци откако со Аргентина ја освои титулата светски шампион, Лионел Меси во татковината буквално не може да излезе на вечера во ресторан, а да не се случи хаос. Таква беше ситуацијата и вчеравечер во Буенос Аирес. Меси е дома поради два пријателски натпревари со репрезентацијата. Аргентина во четврток игра против Панама, а пет ден подоцна против Курасао. Официјално најдобриот играч во светот бил на вечера во ресторан, каде пристигнал без многу гужва и галама, трудејќи се да остане незабележлив. Но, набрзо пред ресторан настанал вистински хаос. Голем број обожаватели се собрале и го чекале да излезе. Навивачите и обожаватели го чекале фудбалерот два часа пред ресторанот, а за тоа време пееле навивачки песни и го скандирале неговото име. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-haos-vo-argentina-mesi-izleze-na-vechera/feed/ 0
Грешката во нарачка на вечера го чинеше повеќе од цел одмор на Бали https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/greshkata-vo-narachka-na-vechera-go-chineshe-poveke-od-tsel-odmor-na-bali/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/greshkata-vo-narachka-na-vechera-go-chineshe-poveke-od-tsel-odmor-na-bali/#respond Sat, 04 Mar 2023 10:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=807992

Австралиски турист на Бали направил скапа грешка кога нарачал вечера во ресторан што на крајот го чинела повеќе отколку што платил за целиот свој одмор. Тој и неговите пријатели решиле да нарачаат шише вино со вечерата. Избрале шише вино од дното на менито: „Domaine Leflaive Chevalier-Monrachet“, гроздобер од 2004 година, по цена од 1,7 милиони индонезиски рупии, или околу 170 австралиски долари. -Дефинитивно повеќе отколку што вообичаено би платил во Австралија, но тоа беше роденденска забава. Сто и седумдесет долари не се страшни, па му кажав на келнерот, кој направи пауза и ме праша: Дали сте сигурен господине?, изјави туристот, кој признава дека малку се навредил кога келнерот го прашал. -Му реков да не се грижи мислејќи во себе како може да мисли дека не можам да платам 170 долари за шише вино. Го испивме целото шише и уживавме во вечерата, а во еден момент газдата излезе да не пречека, објаснува Австралијанецот. На крајот на вечерта ја платил сметката и не обрнал многу внимание. Меѓутоа, кога проверил следниот ден, бил непријатно изненаден. Тој открил дека виното не чини 1,7 милиони рупии, туку 17 милиони, или речиси 1.700 австралиски долари. -Таа вечера всушност чинеше повеќе од целиот одмор, додава туристот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/greshkata-vo-narachka-na-vechera-go-chineshe-poveke-od-tsel-odmor-na-bali/feed/ 0
Италијанците вака ја подготвуваат најздравата вечера на светот: Се прави брзо, а е превкусна (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/italijantsite-vaka-ja-podgotvuvaat-najzdravata-vechera-na-svetot-se-pravi-brzo-a-e-prevkusna-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/italijantsite-vaka-ja-podgotvuvaat-najzdravata-vechera-na-svetot-se-pravi-brzo-a-e-prevkusna-video/#respond Mon, 30 Jan 2023 09:38:24 +0000 https://kurir.mk/?p=793610

Палентата е еден од најздравите оброци којшто може да го подготвите за само 5 минути, а вие одлучувате кој прилог ќе го јадете со неа. Италијанците ја подготвуваат највкусната палента и најчесто ја користат како основа со која јадат зеленчук на скара или некое варено месо. Состојки: - 250 грама палента; - 1 литар вода; - ½ лажичка сол. Подготовка: Ставете ја водата во тенџере и посолете. Кога добро ќе се загрее (но, не смее да врие), додадете ја палентата. Мешајте постојано додека ја додавате палентата во водата за убаво да се соединат состојките. Кога смесата ќе стане густа и водата ќе испари, подготвена е. Ставете ја смесата во калап за леб којшто претходно сте го намачкале со масло за јадење, па покријте со проѕирна фолија и почекајте да се излади на собна температура. Потоа ставете ја палентата во фрижидер и оставете добро да зацврсти. Исечете по желба, па пржете на добро загреана тава. Вака подготвената палента може да ја јадете за вечера, а со неа по желба може да послужите кефир или сирење, но и зеленчук на скара. На овој начин ќе добиете нискокалоричен оброк којшто брзо ќе ве засити. Пријатно јадење!

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/italijantsite-vaka-ja-podgotvuvaat-najzdravata-vechera-na-svetot-se-pravi-brzo-a-e-prevkusna-video/feed/ 0
ЧЕТИРИ трикови за вечера кои ќе ви помогнат да не се здебелите: Лесно се следат и ќе се чувствувате подобро следното утро! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chetiri-trikovi-za-vechera-koi-kje-vi-pomognat-da-ne-se-zdebelite-lesno-se-sledat-i-kje-se-chuvstvuvate-podobro-slednoto-utro/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chetiri-trikovi-za-vechera-koi-kje-vi-pomognat-da-ne-se-zdebelite-lesno-se-sledat-i-kje-se-chuvstvuvate-podobro-slednoto-utro/#respond Wed, 07 Dec 2022 13:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=772271

Кога сме уморни од деловни обврски и готвење, излегувањето на вечера или нарачувањето храна преку достава звучи како одлична идеја. Но, знаеме дека повеќето оброци во рестораните се полни со празни калории, скриени шеќери и заситени масти. Ова може да биде ризик ако се обидуваме да изгубиме тежина или да одржуваме постоечка линија, особено ако следиме порестриктивна диета. Ова е особено предизвик во зимските месеци, поради големиот број прослави кои вклучуваат изобилство на вкусна храна. Сепак, сето горенаведено не треба да влијае на нашата одлука барем повремено да јадеме оброк што некој друг ни го подготвил. Треба само да внимаваме каква храна избираме и колку ќе јадеме, пренесува „Newsbeast“. Нутриционистката Лиза Јанг откри како во исто време можеме да јадеме надвор и да ги изгубиме вишокот килограми. 1. Обрнете внимание на големината на порцијата Иако можеби ви звучи чудно, дури и порција тестенини за вечера нема да ја наруши вашата исхрана. Важно е да нарачате половина порција и да ги комбинирате тестенините со други поздрави алтернативи како што се варен и свеж зеленчук. 2. Пијте паметно При излегувањето на вечера со членовите на семејството, пријателите или колегите често значи да се испие барем една чаша алкохол. – Ако се обидувате да изгубите тежина, мора да се грижите за внесот на алкохол. А ако пиете, нека биде со оброк. Ако не пиете алкохол, проверете дали изборот на пијалок е најздрав. Исклучете ги газираните пијалоци – потсетува нутриционистот Јанг. 3. Јадете пред да дојдете во ресторанот Дали некогаш намерно сте јаделе помалку во текот на денот за да можете да уживате во вечерата? Време е да се откажете од оваа навика. – Често сме многу гладни кога доаѓаме во ресторан. Но, ако јадеме нешто здраво еден час пред пристигнувањето, нема да бидеме толку гладни кога ќе дојдеме на вечера – објаснува Јанг и додава дека прескокнувањето оброци е поврзано и со зголемување на телесната тежина. 4. Супа, чорба или салата на почетокот на оброкот Една од првите работи што келнерот ги става на маса кога нарачуваме вечера е корпа со леб и пецива. Сепак, има многу подобри и поздрави опции наместо тесто. – Наместо да грицкате леб со путер или пециво додека чекате да ви пристигне вечерата, подобро е да нарачате поздрава опција како супа или порција салата – советува нутриционистот Јанг. Зеленчукот ни помага да останеме сити подолго, што е одлично кога се обидуваме да ги изгубиме вишокот килограми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chetiri-trikovi-za-vechera-koi-kje-vi-pomognat-da-ne-se-zdebelite-lesno-se-sledat-i-kje-se-chuvstvuvate-podobro-slednoto-utro/feed/ 0
ФОТО: Роналдо ги честел вечера соиграчите, тројца не дошле https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ronaldo-gi-chestel-vechera-soigrachite-trojca-ne-doshle/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ronaldo-gi-chestel-vechera-soigrachite-trojca-ne-doshle/#respond Sat, 26 Nov 2022 17:01:19 +0000 https://kurir.mk/?p=766991

Кристијано Роналдо ги извел своите соиграчи од Португалија на вечера на Светското првенство во Катар додека зад себе ја остава драмата околу неговото заминување од Манчестер Јунајтед. Тимот на Португалија бил фотографиран заедно на вечера откако селекторот им дал пауза од тренинзи. Единствените играчи кои недостасувале на вечерата биле Хозе Са, Жоао Кансело и Бернардо Силва. Според пишувањата на британските медиуми тие не го бојкотирале Роналдо, туку одлучиле слободното време да го поминат со родните кои ги имаат во Катар. Според El Espanol, Роналдо ги извел своите соиграчи на вечера во неодамна отворениот ресторан Тател де Доха. Ресторанот е дел од Mabel Hospitality, каде како партнери на компанијата се Роналдо и Рафаел Надал. Тие биле излезени до 23.30 часот кога играчите од ресторанот ги земал нивниот автобус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ronaldo-gi-chestel-vechera-soigrachite-trojca-ne-doshle/feed/ 0
ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ВКУСНА ВЕЧЕРА! Еве како да направите ПОЛНЕТ, печен крап! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vistinskiot-izbor-za-vkusna-vechera-eve-kako-da-napravite-polnet-pechen-krap/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vistinskiot-izbor-za-vkusna-vechera-eve-kako-da-napravite-polnet-pechen-krap/#respond Mon, 14 Nov 2022 15:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=760423

Наместо стандардни сендвичи или салати, сменете ја вечерата и одлучете се за крап, кој можете да го подготвите за само еден час. Умерена температура, путер, масло и некои други состојки ќе му дадат одличен вкус Кога станува збор за подготовка на крап, веруваме дека секогаш ќе се навраќате на овој рецепт: СОСТОЈКИ: поголем крап (два-три килограми) помал куп млад кромид половина чаша ореви 300-400 гр печурки 120 мл бело вино помал лимон 125 гр путер зелени маслинки сол, бибер, магдонос ПОДГОТОВКА: Исчистете го крапот, измијте го, исушете го со крпа, потоа посолете, додадете бибер и вратете го во фрижидер. Загрејте една лажица путер и масло во голема тава на умерен оган и пропржете ги ситно сечканиот млад кромид и печурките. Додадете сечкани ореви, сол, бибер и магдонос, прелијте со вино и динстајте додека не испари вишокот течност. Наполнете го крапот со добиената смеса и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Прелијте го преостанатиот растопен путер и печете во рерна на 180 степени 50-60 минути. Се сече на парчиња, се прелива со сок од лимон, се посипува со маслинки и се сервира веднаш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vistinskiot-izbor-za-vkusna-vechera-eve-kako-da-napravite-polnet-pechen-krap/feed/ 0
Гордон Ремзи го објави менито за новогодишната ноќ, вечера за еден чини над 47.000 денари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gordon-remzi-go-objavi-menito-za-novogodishnata-nokj-vechera-za-eden-chini-nad-47-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gordon-remzi-go-objavi-menito-za-novogodishnata-nokj-vechera-za-eden-chini-nad-47-000-denari/#respond Thu, 10 Nov 2022 09:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=758420

Професионалниот британски готвач Гордон Ремзи го обајви ценовникот за новогодишната ноќ по што стана јасно дека сите кои ќе сакаат да ги вкусат неговите специјалитети ќе мора да одвојат поголем износ на пари. Во еден од неговите ресторани во Лондон кој има три ѕвезди Мишелин, новогодишната ноќ ќе чини вртоглави 400 фунри по лице. Во вечерата не е вклучен пијалакот, па оние што ќе одлучат да пијат вино ќе платат дополнително 275 фунти по лице. Така, вкупно цената на новогодишното мени во ресторанот на Ремзи ќе изнесува 675 фунти по лице (над 47.000 денари) Ремзи, меѓу другото, на гостите ќе им понуди специјалитет кој го нарекува „Duck tea“, но и јастог и печено телешко. Минатата година Ремзи доби критики откако за новогодишната ноќ вечерата ја наплаќаше по 320 фунти по лице без пијалак. Тоа сепак не го спречи оваа година дополнително да ја зголеми цената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gordon-remzi-go-objavi-menito-za-novogodishnata-nokj-vechera-za-eden-chini-nad-47-000-denari/feed/ 0