вегани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Jul 2023 08:02:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вегани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Веганите издејствувале забрана на натпревар во печење свинско во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veganite-izdejstvuvale-zabrana-na-natprevar-vo-pechene-svinsko-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veganite-izdejstvuvale-zabrana-na-natprevar-vo-pechene-svinsko-vo-srbija/#respond Tue, 25 Jul 2023 07:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=859713

Натпреварот во печење прасе - „Сепра фест“ што требаше да се одржи во Аранѓеловац, Србија, како што тврдат организаторите, е откажан по поттик од српската „Веге-заедница“. „Сепра фест“ опфаќа натпревар на пријавени екипи во печење свинско, со шатори и музичка програма сред областа Шумадија. Но, ден пред одржувањето на манифестацијата организаторите биле посетени од инспекторатот и изречена е забрана за одржување. Организаторот на фестивалот, Владимир Николиќ вели дека целта била да се соберат луѓе, семејства, пријатели и сѐ тоа да се прослави со музика. - За 25 дена се пријавија над 150 тимови - околу 2.000 учесници. Настанот беше уредно пријавен во полиција. На крајот се случи нешто што никој не го очекуваше... Сè беше подготвено и уредно, со изјава дека ниту една свиња не може да влезе на настанот без потврда дека месото е исправно. Секоја свиња што е донесена му припаѓа на тимот. Дека инспекторот поднел барање оти фестивалот мора да се спречи, дознавме во 20 часот ден претходно, рече Николиќ. Додека траеше промоцијата на фестивалот, тамошните вегани побараа од претседателот на Општина Аранѓеловац да престане да поддржува ваков настан. Сепак, Јелена Дисиќ, претставничка на „Веге-заедницата“ ги демантираше наводите дека побарале забрана за настанот. - Не баравме забрана. Но, не се согласувам дека тие се грижат за традицијата. Можеше сè да мине без колење. Нашето здружение има за цел да спречи насилство врз животните и да ја информира јавната администрација, изјави таа. Од здружението на веганите изразија став дека убивањето невини животни со песна и забава „ја поттикнува и негува суровоста кон слабите“, со изговор за традицијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veganite-izdejstvuvale-zabrana-na-natprevar-vo-pechene-svinsko-vo-srbija/feed/ 0
Дали веганите се хранат поздраво од оние кои јадат месо? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-veganite-se-hranat-pozdravo-od-onie-koi-jadat-meso/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-veganite-se-hranat-pozdravo-od-onie-koi-jadat-meso/#respond Mon, 03 Jan 2022 09:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=615713

Еднојајчените близнаци Хуго и Рос Тарнер учествувале во експеримент којшто траел 12 недели. Целта била проверка околу тоа – дали веганската исхрана е поздрава од онаа со месо и производи од животинско потекло? Притоа, Хуго почнал да следи веганска исхрана, а Рос продолжил да јаде месо. Важно е да се напомни и дека тие двајца обично тренираат секој ден, пренесува Би-Би-Си. Хуго признава дека на неговото тело му требало повеќе време да се навикне на веганството. Почувствувал потреба да јаде месо и сирење, но наместо тоа јадел овошје и јаткасти плодови. Рос, пак, понекогаш чувствувал дека има вишок енергија, а некогаш се чувствува уморен. Истражувањата покажуваат дека различни видови на „добри“ микроби живеат во цревата и тие произведуваат хемикалии кои му помагаат на телото да функционира. Близнаците делат од 25 до 30 отсто од вообичаените микроби, па логично е различно да реагираат на различната исхрана. Сепак, во просек, веганите се поздрави од оние кои консумираат месо, но треба да се нагласи дека има вегански диети кои се особено штетни за организмот. Во основа, сѐ зависи од квалитетот на храната. Овој експеримент покажа дека нема значајна разлика меѓу двата режима.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-veganite-se-hranat-pozdravo-od-onie-koi-jadat-meso/feed/ 0
Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/veganite-imaat-dvojno-povekje-seks-od-mesojadite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/veganite-imaat-dvojno-povekje-seks-od-mesojadite/#respond Wed, 18 Nov 2020 11:09:16 +0000 https://kurir.mk/?p=431151

Според истражување на страницата за познанства IllicitEncounters.com, веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите, а имаат и повеќе сексуални фантазии. Дури 84 отсто од веганите се задоволни со својот сексуален живот. А пак, само 59 проценти од месојадите можат да го кажат истото. Речиси 57 отсто од веганите имаат секс четирипати неделно, двојно повеќе од месојадите, кои водат љубов само двапати во седум дена. И не само што речиси сите вегани го оценуваат својот сексуален живот како одличен, туку 58 отсто од нив велат и дека секогаш имаат енергија за секс. Според истражувањето, веганите важат за авантуристи во сексот. Две третини од овие луѓе се подготвени да експериментираат во кревет, додека повеќе од половина месојади признаваат дека не се осмелуваат да ги реализираат своите фантазии. Исто така, месојадите се помалку себични во сексот. Само 35 отсто од нив велат дека повеќе би сакале да уживаат отколку тие да го пружаат задоволството, во споредба со 58 отсто од веганите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/veganite-imaat-dvojno-povekje-seks-od-mesojadite/feed/ 0
„ПЕТА“ реагираше: Нема да ви се верува што се продава на индиски маркет! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/peta-reagirashe-nema-da-vi-se-veruva-shto-se-prodava-na-indiski-market-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/peta-reagirashe-nema-da-vi-se-veruva-shto-se-prodava-na-indiski-market-foto/#respond Fri, 17 Jul 2020 09:07:06 +0000 https://kurir.mk/?p=377466

Излегоа снимки од „испржени раце на мајмуни“ како и месо од ежови и кучиња кои се продаваат во Индија, како и слики од кучиња врзани во кеси, спремни за колеж. Ова видео е претешко да го гледате, па мора да го монтираме. Секако е премногу грозно да се гледа. Во него се гледаа слики од кучиња врзани во кеси, фрлани по скали, претепани до смрт како и изгорени. Само главите на кучињата можеа да се видат од кесите.   Видеото кое беше споделувано од компанијата за заштита на животинските права „ПЕТА“ исто така покажува и дланки на мајмуни како и многу други нивни делови на телото. Тие се продаваат како деликатес на пазарот во Димапур. „ПЕТА“ го објави видеото за да каже какви злосторства се вршат животните и токму од каде потекнуваат вирусите, меѓу кои се вбројува и коронавирусот. Видеото покажува разни маркети во Индија и опишува дека таму можат секакви животни да се купат. Велат: Во „Нут“ пазарот како и неколку други низ Индија, имате месо од СИТЕ животни. Тука спаѓаат ежињата, елените, дивечот, диви свињи како и орли кои се продаваат илегално. Во „Чуарчхандпур“ маркетот во Манипур имате месо од мајмуни, вепари кои исто така нелегално се продаваат. Во пазарот „Киира“ во Димпур, Нагаланд, кидпнапирани кучиња се продаваат живи, заврзани во кеси. Власта во Негланд реши да забрани убиство на кучиња како и продавање на нивното месо, но суровото продавство продолжува и во други Индиски држави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/peta-reagirashe-nema-da-vi-se-veruva-shto-se-prodava-na-indiski-market-foto/feed/ 0
Бебето им умрело од глад: Родителите го хранеле како веган, а полицијата затекна шокантна сцена кај нив дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bebeto-im-umrelo-od-glad-roditelite-go-hranele-kako-vegan-a-policijata-zatekna-shokantna-scena-kaj-niv-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bebeto-im-umrelo-od-glad-roditelite-go-hranele-kako-vegan-a-policijata-zatekna-shokantna-scena-kaj-niv-doma/#respond Mon, 18 Nov 2019 09:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=265250

Американската двојка Шила (35) и Рајан О’Лири се обвинети за убиство и занемарување на дете откако 18-месечниот син им почина зошто го држеле на вегански режим на исхрана. Шила изјавила дека детето се родило дома и дека никогаш не видело лекар. -Бебето на веганската двојка починало од неухранетост зошто го хранеле само во овошје и сиров зеленчук, велат полицајците. Кога умрело, рекла дека не јадел недела дена туку само го доела. Шила рече дека го доела синот околу 4 часот утрото кога почнал тешко да дише. Била загрижена зошто тоа првпат се случило, но рекла дека не повикала помош зошто заспала. Прогласен е за мртов во семјната куќа во Кејп Корал на Флорида, откако мајка се разбудила и забележала дека не дише и дека е студен. Повикала полиција додека сопругот се обидел да го оживее детето. Обдукцијата покажала дека детето страдало од неухранетост, вклучувајќи и дехидрација, проблеми со црниот дроб и отекување на рацете, стапалата и потколениците. Шила рекла во полциија дека стапалата на детето му отекувале и неколку недели претходно и дека не одел толку како претходно. Детето тежело само 4,8 килограми. Кога полицијата го посетила нивниот дом видела дека двојката има уште три ќерки. Двете девојчиња на возраст од 3 и 5 години, биле исклучително ситни и тежеле под просекот за нивната старост, а тенот им бил со бледо-жолтеникава боја. На едното девојче забот и поцрнел од пропаѓање, што барало оперативен зафат. Третото девојче изгледало поздраво и било ќерка на Шила од претходна врска. Се претпоставува дека таа изгледала поздраво зошто останува со таткото по две недели на секои два месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bebeto-im-umrelo-od-glad-roditelite-go-hranele-kako-vegan-a-policijata-zatekna-shokantna-scena-kaj-niv-doma/feed/ 0
Вест која ќе ги загрижи веганите: Вашата исхрана го загрозува здравјето на мозокот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vest-koja-kje-gi-zagrizi-veganite-vashata-ishrana-go-zagrozuva-zdravjeto-na-mozokot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vest-koja-kje-gi-zagrizi-veganite-vashata-ishrana-go-zagrozuva-zdravjeto-na-mozokot/#respond Thu, 12 Sep 2019 09:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=239790

Исхраната без храна од животинско потекло може да предизвика недостаток на холин, хранлива материја која е клучна за развојот на мозокот. Нутриционистите предупредуваат дека зголемената популарност на веганските диети може да доведе до ризик од значително намалување на внесот на холин, кој главно се наоѓа во храна од животинско потекло, според написот на угледниот медицински портал BMJ Nutrition, Prevention & Health. Холин обично се класифицира како бе-комплекс на витамини и е претходник на молекулата на невротрансмитерот ацетилхолин кој има многу функции, како што е меморијата и контролата на мускулите, особено за време на феталниот развој и исто така влијае на функцијата на црниот дроб. Холин се произведува во црниот дроб, но оваа количина не е доволна за да ги задоволи сите потреби на човечкото тело и затоа мора да се зема со исхана. Прехрамбениот холин првенствено се наоѓа во говедско месо, јајца, млечни производи, риби и пилешко. Помали количини може да се најдат во ореви, грав или брокула. Д-р Ема Дербишер, консултант за исхрана и биомедицински науки, верува дека треба да се направи многу повеќе за да се едуцираат здравствените работници и потрошувачите за важноста на диетите богати со холин, особено за време на бременоста, кога неговото внесување е клучно за развој на новороденчиња .]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vest-koja-kje-gi-zagrizi-veganite-vashata-ishrana-go-zagrozuva-zdravjeto-na-mozokot/feed/ 0
Студија: Вегетаријанците и веганите имаат поголем ризик од мозочен удар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-vegetarijancite-i-veganite-imaat-pogolem-rizik-od-mozochen-udar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-vegetarijancite-i-veganite-imaat-pogolem-rizik-od-mozochen-udar/#respond Thu, 05 Sep 2019 15:29:50 +0000 https://kurir.mk/?p=237457

Вегетаријански и вегански начин на исхрана намалува ризик од срцеви заболувања, но носи поголем ризик од мозочен удар, покажала голема студија објави Би-Би-Си. Студијата објавена во Бритиш медикал џурнал испитувала 48.000 луѓе во изминатите 18 години. Вегетаријанците и веганите имаа десет случаи на помалку корорнарна болест на 1.000 луѓе кои јаделе месо, но и три случаи на мозочен удар. Студијата ги анализира податоците од EPIC-Oxford истражување, долгогодишен научен проект што се однесува на навиките на јадење и здравјето. Половина од испитаниците во студијата јаделе месо, нешто повеќе од 16,000 биле вегетаријанци или вегани, а 7.500 пескатаријанци, луѓе кои јаделе риба. Нивната медицинска историја, пушењето и физичката активност биле земени предвид за студијата. Оескатаријанците имале 13 проценти помал ризик од корорнарна срцева болест отколку оние кои јаделе месо, додека вегетаријанците и веганите имаат 22 отсто помал ризик. Но, вегетаријанците и веганите имале 20 проценти поголем ризик од мозочен удар. Научниците сугерираат дека тоа може да биде поврзано со ниско ниво на витамин Б12.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-vegetarijancite-i-veganite-imaat-pogolem-rizik-od-mozochen-udar/feed/ 0
Дали веганите се поздрави од луѓето кои јадат месо? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-veganite-se-pozdravi-od-lugjeto-koi-jadat-meso/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-veganite-se-pozdravi-od-lugjeto-koi-jadat-meso/#respond Tue, 27 Nov 2018 18:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=132796

Веганскиот начин на исхрана станува сѐ попопуларен, а неговите приврзаници ги исклучуваат производите од животинско потекло од етички и здравствени причини. Но, како оваа диета навистина се одразува на здравјето? Веганите не јадат месо, риба и сите производи од животинско потекло – јајца, млеко и млечни производи. Во најновата епизода на серијата „Trust Me I'm A Doctor“, доктор Жил Јео реши да биде веган еден месец за да види како тоа ќе влијае на него. Тој откри дека една од најнезгодните работи е фактот дека не сме свесни колку производи содржат состојки од животинско потекло, иако не ни изгледа така на прв поглед. Покрај јајца, сирење и месо, забранети се и мајонезот, тестенините и виното (во некои алкохолни пијалаци во производството се додаваат рибини коски и животински протеини). Исто така, треба да внимавате како и колку внесувате витамини и други хранливи состојки што ќе ви недостигаат со исклучување на храната од животинско потекло. На пример, кога сте на веганска исхрана може да се јави ризик од недостиг на витамин D, кој е потребен за здрави коски. Замената за млеко е соино, оризово или бадемово млеко, но недостигот на јод (кој го има во кравјото млеко) мора да се надомести со суплементи во исхраната. На крајот на неговиот „експеримент“ Јео рече дека бил изненаден дека најмногу му недостигале јајцата и производите со јајца, а мислел дека најмногу ќе му недостига месото. Дали сепак веганската исхрана е поздрава? Најновите студии во кои се опфатени податоци и резултати од 10 претходни истражувања во кои се испитува и споредува здравјето на веганите, вегетаријанците и оние кои јадат месо, покажуваат дека одговорот е  - да. Научниците дојдоа до заклучок дека кај веганите и вегетаријанците има значитело помал ризик од срцеви болести и заболување од рак, но нема разлика во вкупната стапка на смртност. Со други зборови, веганската и вегетраијанската исхрана главно се поврзува со здрав начин на живеење, но тоа не значи дека ќе живеете подолго.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-veganite-se-pozdravi-od-lugjeto-koi-jadat-meso/feed/ 0