Веибо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Feb 2018 13:32:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Веибо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Двочасовна блокада на влезот во Крива Паланка, поранешните вработени на Веибо револтирани, властите не реагираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvochasovna-blokada-na-vlezot-vo-kriva-palnaka-poraneshnite-vraboteni-na-veibo-revoltirani-vlastite-ne-reagiraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvochasovna-blokada-na-vlezot-vo-kriva-palnaka-poraneshnite-vraboteni-na-veibo-revoltirani-vlastite-ne-reagiraat/#respond Tue, 13 Feb 2018 11:39:06 +0000 http://kurir.mk/?p=21062

Поранешни вработени во фабриката Веибо груп во Крива Паланка денеска со  двочасовна блокада на магистралниот пат, практично на влезот во Крива Паланка. Тие протестираат втора недела по ред. Протестираа и пред погонот на фабриката искажувајќи револт. Погонот на фабриката не работи од 1 февруари, откако 210 вработени по истекот на договорите останаа без работа, но и без исплатени три плати, придонеси за пензиско и здравствено осигурување и неплатени прекувремени работни часови. Властите молчат, не реагираат. Владејачката СДСМ која ветуваше подобар живот за работниците, донесе само беда. Минатата недела на барање на работниците, менаџерката на „Веибо Груп“, Кристина Јакимова, се сретна со Иницијативниот одбор на работници, барајќи да достават правен документ, со кој ќе ги застапуваат сите работници, за да понатаму, склучат спогодбен договор со конкретни рокови за подмирување на побарувањата на работниците. - Ова не се реализираше, а ние како работници во страв да не влеземе во правен лавиринт и да бидеме изманипулирани, побаравме Јакимова да ни испрати писмена гаранција со која ќе ги утврдат датумите кога би ни го исплатиле она што го должат. Но немаме никава повратна информација, посочи деновиве Лидија Стеванова, поранешна вработена во „Веибо Груп“. Стеванова додаде дека продолжуваат со штрајкот, со надеж дека некој ќе ги слушне и ќе изнајде решение за проблемот. Поради неисплатени плати работници од „Веибо“ и минатата недела го блокираа патот Крива Паланка - Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvochasovna-blokada-na-vlezot-vo-kriva-palnaka-poraneshnite-vraboteni-na-veibo-revoltirani-vlastite-ne-reagiraat/feed/ 0
Отпуштените работници од „Веибо груп” на протест: Ги бараат неисплатените плати и придонеси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otpushtenite-rabotnici-od-veibo-grup-na-protest-gi-baraat-neisplatenite-plati-i-pridonesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otpushtenite-rabotnici-od-veibo-grup-na-protest-gi-baraat-neisplatenite-plati-i-pridonesi/#respond Thu, 01 Feb 2018 14:08:09 +0000 http://kurir.mk/?p=17087

Неисплатени три плати, придонеси за пензиско и здравствено осигурување и К-15, се причините поради кои поранешните вработени во текстилната фабрика „Веибо груп" во Крива Паланка изутрината неколку часа го блокираа магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Протестот следува откако по осум дена на одмор, работниците кои требаше денеска да се вратат на работа, околу двесте лица, денеска беа отпуштени. Вратите на компанијата останаа затворени, а работниците по пристигнувањето пред „Веибо“ во седум часот утринава, откако наидоа на заклучена рампа во дворот, пристапија кон блокада на патот. - Нема да се откажеме од платите и нема да дозволиме да бидеме дополнително оштетени. Доволно беше тоа што работевме под притисоци, со навреди и прекувремени работни часови кои не беа ниту регистрирани, ниту платени, велат работниците. Бевме постојано под притисоци и моравме да работиме и по десет часа, и во сабота и недела, а претпоставените не уценуваа дека доколку не останеме прекувремено, ќе бидеме отпуштени, велат дел од вработените. Тие се обратиле до Здружението за кожарски, чевларски и текстилни работници „Гласен текстилец“ од Штип, кои најавија поддршка за костварување на нивните права. -Не може и не смее да се дозволи оваа голгота на работниците да трае, зашто траела со нивното прекувремено работење, а продолжува со отпуштањето и неисплаќање. Трудовиот и пазарен инспекторат не постапиле иако имало низа неправилности. Можат барем сега и тие и УЈП да му застанат на патот на раководството и да заземат страна на обесправените, вршејќи си ја само нивната работа. Веќе сме во фаза на преговори за ангажирање локален адвокат кој ќе ги брани правата на работниците, кои со сметки кои им се доспеани и со неподмирени бројни трошоци, нема каде да бараат спас, рече Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. На работниците им се обрати и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој од работниците побара формирање Иницијативен одбор кој ќе ги застапува нивните интереси. -И ние како локална самоуправа, но и раководството на државата и Владата, се залагаат за почитување на работничките права, пред се осумчасовно работно време и минимална плата од 12.000 денари која беше утврдена пред извесен период. Она што се случуваше минатиот период во овој погон на „Веибо“ е недозволиво. Јас лично во неколку наврати реагирав и до Управата за јавни приходи и до трудовиот и пазарен инспекторат, но немаше доволно слух за регулирање на состојбите, а локалната самоуправа нема ингеренции врз нивната работа, изјави Мицевски на средбата со текстилните работници. Тој посочи дека се прават напори што поскоро да се изнајде решение од ваквата стостојба. -Во 2014 година поранешниот премиер, Никола Груевски, најави инвестиција од 400 милиони евра од кои во првата година, ветени беа 180 милиони евра и вработување на 5.000 лица во „Веибо“, но од тоа немаше ништо и дури и овие 200 работници останаа на улица. „Веибо Гармент“ која подоцна е преземена од „Веибо Македонија“ е фирма зад која стојат „Кара “ и „Монт“, две сестрински фирми на Орце Камчев, така што во овој погон нема ни денар странски инвестиции. А таа спрега од централно ниво, била поддржана со амнестирања и поволности и на локално ниво. Фирмата „Веибо“ нема платено ниту денар данок за изминатите четири години на општина Крива Паланка, а тоа е криминал, ваков голем погон да не плаќа данок толкав голем период, додаде Мицевски. Нагласи дека ќе инсистира во рамки на своите можности, овие неправилности да се разрешат, да им се исплатат и платите и надоместоците на работниците. Најави преговори веќе за утре со заинтересиран стопанственик од Гевгелија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otpushtenite-rabotnici-od-veibo-grup-na-protest-gi-baraat-neisplatenite-plati-i-pridonesi/feed/ 0
Згаснува уште една фабрика, во Крива Паланка се затвора капацитетот на „Веибо“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgasnuva-ushte-edna-fabrika-vo-kriva-palanka-se-zatvora-kapacitetot-na-veibo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgasnuva-ushte-edna-fabrika-vo-kriva-palanka-se-zatvora-kapacitetot-na-veibo/#respond Wed, 31 Jan 2018 17:11:15 +0000 http://kurir.mk/?p=16793

За само 8 месеци од доаѓањето на СДСМ на власт се затвора уште една фабрика во Крива Паланка.  Поради катастрофалните економски политики на власта предводена од Зоран Заев на улица остануваат околу 150 вработени од кривопаланечката фабрика Веибо. СДСМ ја враќа Македонија во времето на транзицијата кога секојдневно се затвораа фабрики, а стотици илјади граѓани останаа без основни средства за живот. Загрижени како ќе го прехранат семејството, вработените од фабриката денес протестираа пред зградата на општина Крива Паланка каде го искажа својот револт. Тие  побараа средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој немајќи храброст да се соочи со нив општинската зграда ја напуштил од задниот влез и како замена испратил неодамна вработен службеник да оствари формална средба со револтираните работници. Иако Мицевски пред локалните избори при неговата посета на оваа фабрика на вработените ветуваше многу, денес немаше доблест да одвои време за нив и да ја сослуша нивната мака. После ваквиот однос на градоначалникот, работниците видно разочарани си заминаа од пред општинската зграда и најавија дека протестите ќе продолжат. Оваа фабрика е уште една во низата на затворени фабрики во Крива Паланка по доаѓањето на СДСМ на власт. Застрашувачки е податокот дека од 150 вработени во текстилната индустрија, сега остануваат помалку од 50 со што градот се соочува со социјална катастрофа. Пракса од минатото е секогаш кога СДСМ ја има централната и локалната власт, Крива Паланка да се соочува со социјална катастрофа имајќи предвид дека за време на транзицијата која ја спроведе СДСМ над 4000 работници од овој град беа отпуштени од работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgasnuva-ushte-edna-fabrika-vo-kriva-palanka-se-zatvora-kapacitetot-na-veibo/feed/ 0