век – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Nov 2018 09:50:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png век – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМО: До крајот на овој век нѐ очекуваат многу високи темератури https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-do-krajot-na-ovoj-vek-n-ochekuvaat-mnogu-visoki-temeraturi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-do-krajot-na-ovoj-vek-n-ochekuvaat-mnogu-visoki-temeraturi/#respond Fri, 30 Nov 2018 09:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=134067

До крајот на 21. век се очекува просечните темератури на светско ниво да пораснат за три до пет степени Целзиусови, што ги надминува досегашните проценки од два степена, предупреди Светската метеоролошка организација при Обединетите нации (ВМО). – Концентрацијата на гасови со ефект на стаклена градина повторно е на највисоко ниво, а доколку тоа продолжи вака, може да дојде до покачување на температурите за три до пет степени Целзиусови до крајот на овој век… Ако ги исцрпиме сите познати извори на фосилни горива, температурата значително ќе се зголеми, нагласи генералниот секретар на ВМО, Петери Талас. Повеќе држави во светот во 2015 година, на Париската климатска конференција се обврзаа на ограничување на порастот на температурите до два, а по можност и до 1,5 степени Целзиусови, за што е неопходно радикално помало користење фосилни горива, сметаат експертите. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-do-krajot-na-ovoj-vek-n-ochekuvaat-mnogu-visoki-temeraturi/feed/ 0