Веле Смилевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 08:20:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Веле Смилевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Европа го зборува мојот мајчин јазик“, нова стихозбирка од Веле Смилевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/evropa-go-zboruva-mojot-majchin-jazik-nova-stihozbirka-od-vele-smilevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/evropa-go-zboruva-mojot-majchin-jazik-nova-stihozbirka-od-vele-smilevski/#respond Fri, 09 Dec 2022 08:20:15 +0000 https://kurir.mk/?p=772938

„Европа го зборува мојот мајчин јазик“ е насловот на новата поетска книга на Веле Смилевски во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје. Стихозбирката е посветена на европските поети, добитници на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, чии опуси се објавени на македонски јазик. Покрај насловната песна, книгата ги содржи циклусите „Кула Вавилонска“, „Настани отаде песните“, „Зборообразувачки настани“, „Азбучни илуминации“ и „Зборлести зборови“. Книгата, во обем од 200 страници, во посебен оддел донесува и авторски белешки и коментари со наслови: „Пригодна песна“, „Разминување“, „Расправа за О-то скитничко“, „Континуитет“ и „Песната палимпсест“. Веле Смилевски (1949) е поет, романсиер, литературен критичар, есеист, книжевен истражувач. Доктор по филолошки науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил научен советник во Институтот за македонска литература (1985-2013) и професор на Студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје (1982-2013). Бил руски стипендист на Универзитетот Ломоносов во Москва (1989-1990) и лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага (1994-1997). Ги извршувал функциите: Претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1989); Претседател на Друштвото на писателите на Македонија во три мандати: 2000 – 2002, 2002 – 2004 и 2014-2018. Бил член на редакцијата на литературното списание „Разгледи“ и уредник во издавачката куќа „Мисла“. Сега е уредник во издавачката куќа „Дијалог“ и главен и одговорен уредник на Македонски книжевен гласник „Синтези“. Автор е на поетските книги: „Слика што согорува“ (1974), „Кафез“ (1978), „Диши длабоко“ (1985), „Одзив на здивот“ (1987), „Икра во славината“ (1989), „Подвижни точки“ (1990), „Гребнатинки“ (1995), „Педесет песни“ (2000), „Педесет допевања“ (2005), „Совршена тишина“ (2009), „Час по поезија“ (2010), „Забранета книга“ (2011), „Век за самување“ (поема, 2012), „Век за приказ“ (2013), „Песната палимпсест“ (2017), „Европа го зборува мојот мајчин јазик“ (2022). За своето поетско творештво добитник е на повеќе признанија, меѓу кои: наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ацо Шопов” за најдобра поетска книга во Македонија за 2005 година, за стихозбирката „Педесет допевања”, наградата „Браќа Миладиновци” на јубилејните 50-ти Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга објавена меѓу два поетски фестивала, за стихозбирката „Забранета книга” (2011), маградата „Григор Прличев” за најдобра поема во 2012 година за поемата „Век за самување”. Добитник е на Државната награда „11 Октомври” за животно дело од областа на уметноста и културата (2012).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/evropa-go-zboruva-mojot-majchin-jazik-nova-stihozbirka-od-vele-smilevski/feed/ 0
„Поетите на третата генерација во македонската литература“, нова книга од Веле Смилевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetite-na-tretata-generacija-vo-makedonskata-literatura-nova-kniga-od-vele-smilevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetite-na-tretata-generacija-vo-makedonskata-literatura-nova-kniga-od-vele-smilevski/#respond Thu, 20 Aug 2020 06:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=392901

Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје, во рамките на програмата на Министерството за култура со проекти од национален интерес, ја објави книгата „Поетите на третата генерација во македонската литература“ од Веле Смилевски. Книгата е објавена во знак на одбележување на шест децении од појавата на третата поетска генерација чие творештво изврши силно влијание во развојните процеси на македонската поезија која, во тој период (од крајот на педесеттите години на минатиот век) го фаќаше чекорот со развиените европски литератури. Критичките љубопитства, истражувања и толкувања во обемната студија на Веле Смилевски осветлуваат одредени аспекти од поетските опуси на Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Јован Котески, Богомил Ѓузел, Јован Павловски и Петар Т. Бошковски, чии стихови се дел од најзначајните антологиски претставувања на македонската поезија во земјата и во светот, наведуваат од „Дијалог“. Толкувачкиот пристап на Смилевски е надополнет со избор од по десет најкарактеристични песни на авторите што се предмет на неговата студија. Во овој оддел објавени се фотографии и био-библиографски прилози за поетите. Рецензент на книгата е акад. Луан Старова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetite-na-tretata-generacija-vo-makedonskata-literatura-nova-kniga-od-vele-smilevski/feed/ 0
„Поезија и толкувања“, нова книга од Веле Смилевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poezija-i-tolkuvanja-nova-kniga-od-vele-smilevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poezija-i-tolkuvanja-nova-kniga-od-vele-smilevski/#respond Tue, 28 Jul 2020 07:27:36 +0000 https://kurir.mk/?p=382390

Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје, во рамки на програмата на Министерството за култура со проекти од национален интерес, ја објави книгата „Поезија и толкувања“ од Веле Смилевски. На близу 400 страници книгата донесува избор од поезијата на Смилевски во кој доминантно место има трилогијата „Час по поезија“ („Педесет песни“, „Педесет допевања“ и „Педесет поетски коментари“), како и „Забранета книга“, прогласена за најдобра стихозбирка на јубилејните 50-ти Струшки вечери на поезијата. Во посебен оддел објавени се толкувачки текстови за поетскиот опус на Смилевски и „Арс поетички прилози“ од авторот, што претставува метатекст создаван паралелно со неговите 14 стихозбирки. На уводните страници е објавен есејот „Новиот истражувачки дух во поезијата“ од Георги Старделов, а потоа следуваат есеи од 25 домашни и странски критичари. Рецензент на книгата е Влада Урошевиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poezija-i-tolkuvanja-nova-kniga-od-vele-smilevski/feed/ 0