веледрогерии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Oct 2020 09:10:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png веледрогерии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хаос во Хрватска: Веледрогериите прекинуваат испорака на лекови за 75 отсто од болниците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-hrvatska-veledrogeriite-prekinuvaat-isporaka-na-lekovi-za-75-otsto-od-bolnicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-hrvatska-veledrogeriite-prekinuvaat-isporaka-na-lekovi-za-75-otsto-od-bolnicite/#respond Tue, 20 Oct 2020 09:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=418414

Претседателот на здружението на веледрогерии при Трговската комора на Хрватска, Томислав Кулич најави дека веледрогериите денеска ја прекинуваат испораката на лекови во 75 отсто од болниците поради големи долгови. Кулич рече дека по вчерашната средба со министерот за финансии Здравко Мариќ и министерот за здравство Вилијем Берош, која претставниците на веледрогериите ја напуштија, тие веќе немаат опции и почнуваат со прекин на дистрибуција на лековите или со значителна редукција на три четвртини од болниците. – Намалувањето на испораката започна пред две недели. Секоја веледрогерија има своја логика. Едноставно, тие веќе не се во можност да ги исполнат своите обврски кон добавувачите. Останатите залихи ќе бидат насочени кон клиентите кои се подобро платени, додаде Кулич. Тој посочи дека со месеци предупредуваат на состојбата и апелираат на итно решение, без да им се понуди ништо конкретно. Долговите кон веледрогериите во моментов изнесуваат 5 милијарди куни., А долгот расте за повеќе од 300 милиони куни месечно. На Хрватска и се заканува недостиг на лекови поради големиот долг на државата кон веледрогериите, кој во моментот е над пет милијарди куни (околу 700 милиони евра).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-hrvatska-veledrogeriite-prekinuvaat-isporaka-na-lekovi-za-75-otsto-od-bolnicite/feed/ 0