веледрогерија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Nov 2020 12:25:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png веледрогерија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворена истрага за паралелен увоз на лекови- полициски инспектори утрово во веледрогерија Пановски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-istraga-za-paralelen-uvoz-na-lekovi-policiski-inspektori-utrovo-vo-veledrogerija-panovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-istraga-za-paralelen-uvoz-na-lekovi-policiski-inspektori-utrovo-vo-veledrogerija-panovski/#respond Fri, 13 Nov 2020 12:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=429042

Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево се во веледрогеријата Пановски со налог за наоѓање и одземање на документација за увоз на лекови, дознава Телма. Истрагата која е во надлежност на Обвинителството за гонење на организиран криминал е насочена кон паралелниот увоз на лекови. Покрај веледрогеријата Пановски со истражните дејства се опфатени и други веледрогерии увозници на лекови. Истражните органи ги проверуваат сомнежите дали се увезувани фалсификувани лекови кои се дистрибуирале во јавното здравство. Се проверува документација за увоз на лекови пред се од Турција, дознава Телма. Од обвинителството појаснуваат дека станува збор за предистрага отворена пред повеќе од година и пол по допрен глас, а активностите кои ги презема полицијата се по наредба на обвинителството. Во тој период здруженијата на пациенти реагираа и тврдеа дека паралелниот увоз на лекови е контроверзен затоа што има набавки без сертификат за безбедност на лековите. Најмногу на удар на критиката од здруженијата беа лековите од паралелниот увоз за пациентите на клиниките за онкологија, хематологија, дијабет како и за ретките болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-istraga-za-paralelen-uvoz-na-lekovi-policiski-inspektori-utrovo-vo-veledrogerija-panovski/feed/ 0
Хрватска може да се соочи со недостиг од лекови поради долг кон веледрогериите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-moze-da-se-soochi-so-nedostig-od-lekovi-poradi-dolg-kon-veledrogeriite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-moze-da-se-soochi-so-nedostig-od-lekovi-poradi-dolg-kon-veledrogeriite/#respond Mon, 19 Oct 2020 13:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=418132

На Хрватска и се заканува недостиг на екови поради големиот долг на државата кон веледрогериите, кој во моментот е над пет милијарди куни (околу 700 милиони евра). Претставниците на веледрогериите денеска демонстративно заминаа од состанокот со министрите за финансии и за здравство, Здравко Мариќ и Вилијем Берош, тврдејќи оти не им е понудено решение. – Можам да бидам партнерт на системот до две милијарди куни. Ние повеќе од две милијарди куни не можеме да толерираме, тоа е работа на Владата, изјави претставничка на една од веледрогериите. Таа додаде дека долгот на болниците е 4,3 милијарди куни, а аптеките должат уште 700 милиони куни, така што долгот надминува над пет милијарди куни. Министерот за финансии Мариќ истакна дека лековите се важни, но оти треба да се земе во предвид и каква е ситуацијата со буџетот. Тој додаде дека се пред договор и оти ќе продолжат разговорите,а дел од средствата ќе биде обезбеден од ребалансот на буџетот. – Настојуваме преку прераспределба да најдеме дел од средствата за, се надевам, да се избегне застој во дистрибуцијата на лекови, посочи Мариќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-moze-da-se-soochi-so-nedostig-od-lekovi-poradi-dolg-kon-veledrogeriite/feed/ 0