велепредавство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 18:44:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велепредавство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белорусија воведе смртна казна за велепредавство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-vovede-smrtna-kazna-za-velepredavstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-vovede-smrtna-kazna-za-velepredavstvo/#respond Thu, 09 Mar 2023 18:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=810148

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денeскa го потпиша законот што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата. Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна. Досега смртната казна се применуваше за злосторства како убиство или терористички акти. Егзекуциите се извршуваат со еден истрел во задниот дел од главата. Споменатата промена е дел од измените на Кривичниот законик, чија најавена цел е зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата од екстремистичка (терористичка) или антидржавна ориентација“. Според друга измена, што денеска исто така беше одобрена од Лукашенко, лице осудено за „дискредитација“ на белоруските вооружени сили ќе добие затворска казна. Русија донесе сличен закон по инвазијата врз соседна Украина, пред нешто повеќе од една година. Белорусија досега не испрати свои војници во Украина, но и дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да ја почне инвазијата врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Ова земја, исто така, им дозволува на руските авиони и беспилотни летала да го користат воздушниот простор за напади врз Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-vovede-smrtna-kazna-za-velepredavstvo/feed/ 0
Белорусија воведува смртна казна за државните функционери за „велепредавство“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-voveduva-smrtna-kazna-za-drzhavnite-funktsioneri-za-velepredavstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-voveduva-smrtna-kazna-za-drzhavnite-funktsioneri-za-velepredavstvo/#respond Tue, 21 Feb 2023 18:03:22 +0000 https://kurir.mk/?p=803298

Белорусија ќе го прошири својот кривичен закон за да овозможи смртна казна за владини службеници и воен персонал за „велепредавство“. Одредбата ја усвои парламентот во Минск, јави денеска државната новинска агенција Белта. Белорусија, каде на власт е претседателот Александар Лукашенко, е последната земја во Европа која сè уште изрекува смртна казна. Минатата година, земјата беше цел на меѓународни критики поради проширување на примената на смртната казна за подготовка на терористички напади. Мерката беше усвоена како одговор на саботажата на железницата од страна на белоруски активисти со цел да се спречи транспортот на руски војници кои ја напаѓаат Украина. Лукашенко ја стави својата земја на располагање на Русија како база за почеток на војната против Украина. Белорусија досега не учествуваше активно во борбите, но неодамнешното создавање на заеднички сили ги поттикна шпекулациите дека Москва ќе изврши притисок врз Минск да се приклучи на нејзините офанзивни операции. Илјадници луѓе се затворени во Белорусија од политички причини откако Лукашенко го уништи протестното движење есента 2020 година по претседателските избори кои опозицијата и Западот ги сметаат за наместени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-voveduva-smrtna-kazna-za-drzhavnite-funktsioneri-za-velepredavstvo/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и откажување од народните херои ќе одговара за велепредавство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-so-toa-shto-prifatil-promena-na-uchebnicite-soglasno-bugarskite-baranja-i-otkazuvanje-od-narodnite-heroi-kje-odgovara-za-velepredavstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-so-toa-shto-prifatil-promena-na-uchebnicite-soglasno-bugarskite-baranja-i-otkazuvanje-od-narodnite-heroi-kje-odgovara-za-velepredavstvo/#respond Fri, 04 Dec 2020 08:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=438519

Вчера квинслингот Заев кажа дека ќе ги менува учебниците по историја од 2021 година, што значи дека ќе имаме учебници по бугарски терк, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата нагласуваат дека премиерот во заминување Заев менувајќи ја историјата го менува идентитетот на Македонците. -Со тоа Заеви и официјално започна да си го спроведува кажаното во срамното интервју каде се откажува од се што е македонско и прави ретуширање на историјата. Велепредавникот Заев да каже дали го продаде АСНОМ, прифати ли дека бугарската окупација за време на Втората светска војна била администрација, го продаде ли Илинден, Гоце Делчев? Сега е момент сите граѓани да се освестат и да одлучат дали ќе се спротиставиме на ова и ќе го заштитиме македонскиот идентитет или ќе сме соучесници во бришењето на македонската историја, сегашност и иднина. Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и отказување од народните херои ќе одговара за велепредавство, стои во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-so-toa-shto-prifatil-promena-na-uchebnicite-soglasno-bugarskite-baranja-i-otkazuvanje-od-narodnite-heroi-kje-odgovara-za-velepredavstvo/feed/ 0