велешанец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 13:24:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велешанец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Семејството на рибарот и петмина вработени во велешката болница под надзор по третиот случај на конго кримската хеморагична треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-na-ribarot-i-petmina-vraboteni-vo-veleshkata-bolnitsa-pod-nadzor-po-tretiot-sluchaj-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-na-ribarot-i-petmina-vraboteni-vo-veleshkata-bolnitsa-pod-nadzor-po-tretiot-sluchaj-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/#respond Mon, 14 Aug 2023 13:24:10 +0000 https://kurir.mk/?p=866578

Третиот случај на конго-кримска хеморагична треска кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење покрај дел на Вардар, каде што има доста влага, каде што има трева, трња и слично. Ова денеска во изјава за медиумите го соопшти директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ. Таа информираше и дека епидемиолози, како и Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина, се вклучени во следењето на состојбата со конго-кримска хеморагична треска и работат на терен, заловуваат и испитуваат инсекти. Стевановиќ појасни дека конго-кримска хеморагична треска ја пренесува крлеж. Но, како што посочи, таа може да биде пренесена и од консумирање на несоодветно или млеко, месо, што не е третирано добро. - Најчесто се пренесува кај луѓе кои се професионално оптоварени, здравствени работници во текот на работата со пациентите, сточарите, риболовците, ловџиите со диви укасувања од инсекти. Оние кои ги колат и обработуваат месните продукти на евентуално заболени животни. Тоа е начинот на пренос, додаде Стевановиќ. Конкретно кај овој, трет пациент, таа рече дека тој самиот не бил свесен дека го каснал крлеж. Но, тоа не секогаш може да биде забележано. Под медицински надзор, одговори таа на новинарско прашање, покрај неговото четиричлено семејство, има уште пет лица кои работеле со пациентот во велешката болница. Стевановиќ, меѓу другото, апелираше сите кои се движат во природа, како рибари, ловџии, планинари, да носат високи чизми, високи чорапи, светла облека за полесно да забележат инсект, а здравствените работници никако да не го забораваат основниот протокол за заштита при работа за секој пациент. Ова е трет случај со конго-кримска хеморагична треска во земјава. Во првиот случај со директно заразување, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка, која моментално се лекува на Инфективната клиника, а нејзината состојба, како што беше кажано, е стабилна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvoto-na-ribarot-i-petmina-vraboteni-vo-veleshkata-bolnitsa-pod-nadzor-po-tretiot-sluchaj-na-kongo-krimskata-hemoragichna-treska/feed/ 0
Приведен велешанец за издржување тригодишна затворска казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-veleshanets-za-izdrzhuvane-trigodishna-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-veleshanets-za-izdrzhuvane-trigodishna-zatvorska-kazna/#respond Thu, 18 May 2023 13:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=835944

Денеска (18.05.2023) на ул.„Јани Лукровски“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Д.(25) од Велес. Тој бил барано по централна потерница врз основа на наредба на Основен суд Велес за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-veleshanets-za-izdrzhuvane-trigodishna-zatvorska-kazna/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА: Велешанец изгоре во пожар во сопствената куќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-veleshanets-izgore-vo-pozhar-vo-sopstvenata-kuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-veleshanets-izgore-vo-pozhar-vo-sopstvenata-kuka/#respond Thu, 16 Mar 2023 11:05:20 +0000 https://kurir.mk/?p=812669

Педесет и осумгодишен велешанец изгоре синоќа во сопствениот дом на улицата „Коле Цветков“ кај Црна Џамија, потврдија за МИА портпаролот од СВР Велес Ристе Самарџиев. Од Службата за итна помош, пак, додаваат дека во домот на изгорениот велешанец бил и неговиот брат, која бил затруен со јаглерод моноксид, но бил спасен со нивна брза интервенција. -Беше спречена поголема трагедија бидејќи неговиот 60-годишен брат беше затруен со јаглероден моноксид, но со  Брзата интервенција на Службата за итна помош тој бил реанимиран и препратен на Интерно одделение при Општа болница Велес, информира за МИА доктор Тања Мишева од службата за Итна Помош. Како што појасни таа, кај изгорениот во пожарот, 58-годишниот М.Ц, на местото на настанот смрт констатирал дежурниот лекар доктор Жарко Манасков.
Од ТППЕ Велес информираат дека тие пријава за пожар добиле во 3:55 часот по што интервенирале со шест пожарникари и две возила и успеале пожарот да го изгаснат утрово околу 5:00 часот.
Инаку, полицијата на увид била повикана во 4:27 часот. Екипи на СВР Велес од крим-техника и јавен обвинител направиле увид на настанот со цел да се утврдат причините на пожарот.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-veleshanets-izgore-vo-pozhar-vo-sopstvenata-kuka/feed/ 0
Кривична пријава против дилер од велешко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-diler-od-veleshko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-diler-od-veleshko/#respond Thu, 29 Dec 2022 19:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=782311

СВР Велес поднесе кривична пријава против З.Ј.(41) од село Горно Јаболчиште, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.08.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-diler-od-veleshko/feed/ 0
Уапсен велешанецот кој прегази девојче во Велес и побегна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-veleshanecot-koj-pregazi-devojche-vo-veles-i-pobegna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-veleshanecot-koj-pregazi-devojche-vo-veles-i-pobegna/#respond Mon, 19 Dec 2022 12:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=777572

Денеска во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски” во Велес со патничко возило „мерцедес” со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-veleshanecot-koj-pregazi-devojche-vo-veles-i-pobegna/feed/ 0
Уапсен велешанец поради напад на поранешна вонбрачна партнерка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-veleshanec-poradi-napad-na-poraneshna-vonbrachna-partnerka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-veleshanec-poradi-napad-na-poraneshna-vonbrachna-partnerka/#respond Wed, 07 Dec 2022 13:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=772285

Полициски службеници од СВР Велес утринава, во 04:00 часот, го лишиле од слобода 28-годишниот велешанец П.Н. поради напад на поранешна партнерка. -Тој, во 01.00 часот, синоќа по полноќ не ја почитувал судска забрана за приближување до живеалиштето на неговата поранешна вонбрачна партнерка и дошол во нејзиниот дом, а по кратка расправија физички ја нападнал, информира портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. Појаснува дека П.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-veleshanec-poradi-napad-na-poraneshna-vonbrachna-partnerka/feed/ 0
Кривична пријава против велешанец за измама и фалсификување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-veleshanec-za-izmama-i-falsifikuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-veleshanec-za-izmama-i-falsifikuvanje/#respond Fri, 11 Nov 2022 16:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=759392

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И. (37) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и ,,фалсификување пари“. Пријавениот, со намера да се стекне со противправна имотна корист, прибавил 12 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, кои во текот на месец март 2022 година ги пуштил во оптек при купопродажба на мобилни телефонски апарати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-veleshanec-za-izmama-i-falsifikuvanje/feed/ 0
Велешанец се обидел убие жена во полициска станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/veleshanec-se-obidel-ubie-zena-vo-policiska-stanica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/veleshanec-se-obidel-ubie-zena-vo-policiska-stanica/#respond Sat, 22 Oct 2022 07:29:45 +0000 https://kurir.mk/?p=749289

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на ЈО, на 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се обидел да лиши од живот една жена која била повикана како сведок за претходен настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека. Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната. Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја лиши од живот. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот, па на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена​, стои во соопштението на ЈО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/veleshanec-se-obidel-ubie-zena-vo-policiska-stanica/feed/ 0
Кривична пријава против велешанец за измама и фалсификување пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-veleshanec-za-izmama-i-falsifikuvanje-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-veleshanec-za-izmama-i-falsifikuvanje-pari/#respond Mon, 03 Oct 2022 08:02:58 +0000 https://kurir.mk/?p=740267

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(37) од Велес, за сторено кривично дело ,,измама" од чл.247 ст.1 и кривично дело ,,фалсификување пари" од чл.268 ст.1 од КЗ. Пријавениот во текот на месец март 2021 година, откако прибавил 12 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, ги употребил во два наврати, пуштајќи ги во промет при купување на мобилни телефони, со што измамил двајца сопственици на мобилни телефони, кои што ги огласиле за продажба своите телефони, а на кои М.И. им платил со фалсификуваните банкноти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-protiv-veleshanec-za-izmama-i-falsifikuvanje-pari/feed/ 0
Велешанец осомничен за разбојништво во угостителски објект https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/veleshanec-osomnichen-za-razbojnishtvo-vo-ugostitelski-objekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/veleshanec-osomnichen-za-razbojnishtvo-vo-ugostitelski-objekt/#respond Mon, 22 Aug 2022 07:46:06 +0000 https://kurir.mk/?p=721896

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 21 година за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот велешанец, на 16 август во вечерните часови, на терасата од гостилница во Велес, се доближил до оштетениот кој седел сам и гледал телевизија. Најпрвин го удрил со тупаница во пределот на ребрата од десната страна, по што му ја тргнал столицата на која седел. Оштетениот паднал на земја, а осомничениот од задниот десен џеб му го извадил и одзел паричникот во кој имало 2.000 денари, банкарски картички и други документи, по што се дал во бегство. Имајќи предвид дека осомниченото лице претходно е осудувано за истовидно кривично дело, безимотен е, има блиски роднини кои живеат во странство, а и доста често отсуствува од сопствениот дом, Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и за повторување на кривичното дело. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/veleshanec-osomnichen-za-razbojnishtvo-vo-ugostitelski-objekt/feed/ 0