велешка болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 20:58:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велешка болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ГИ СМРЗНА БЛНИТЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА: На 10 степени се прегледуваат пациенти! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-kriza-gi-smrzna-blnite-vo-veleshkata-bolnica-na-10-stepeni-se-pregleduvaat-pacienti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-kriza-gi-smrzna-blnite-vo-veleshkata-bolnica-na-10-stepeni-se-pregleduvaat-pacienti-foto/#respond Tue, 22 Nov 2022 20:58:00 +0000 https://kurir.mk/?p=765001

На температура од 10 степени целзиусови се прегледуваат пациенти во велешката болница, тврди инфектологот Славица Трајкова. Таа во фејцбук статус посочува дека Одделот за инфективни болести во велешката болница треба да се награди за енергетско штедење. Притоа објави и фотографија од термометар кој покажува дека во просторијата има 10 степен Целзиусови. На таа температура се прегледуваат пациенти, како деца, така и стари лица. Трајкова иронично коментира дека може да се исклучат и фрижидерите во кои се чуваат вакцини и серуми, бидејќи собната температура одговара на „ладен синџир“. Во оваа болница, и покрај најавената модернизација, лекарите сами си купуваат стетоскопи, објаснува инфектологот. Таа додава: „Ништо поразлично и во болничките соби… Ама таму има ќебиња. Што беше тоа исправен апарат за крвен притисок, или ЕКГ апарат или исправен пулсоксиметар?!“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-kriza-gi-smrzna-blnite-vo-veleshkata-bolnica-na-10-stepeni-se-pregleduvaat-pacienti-foto/feed/ 0
„Со која цел и кој му дозволил на Коциќ во работно време да го посети одделот за инфективни болести при Општата болница Велес“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-koja-cel-i-koj-mu-dozvolil-na-kocikj-da-go-poseti-oddelot-za-infektivni-bolesti-pri-opshtata-bolnica-veles/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-koja-cel-i-koj-mu-dozvolil-na-kocikj-da-go-poseti-oddelot-za-infektivni-bolesti-pri-opshtata-bolnica-veles/#respond Wed, 06 Oct 2021 13:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=574090

Крајно неодговорно и надвор од сите норми беше денешната посета на кандидатот за градоначалник на Општина Велес Ненад Коциќ. За оваа постапка мора да се понесе одговорност! Имено во текот на денешниот ден, кандидатот за градоначалник Коциќ направи посета на лекарите и медицинските лица во одделот за инфективни болести додека тие се на своите работни места, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес во однос на посетата на кандидатот за градоначалник на Општина Велес од редовите на СДСМ Ненад Коциќ на одделот за инфективни болести при Општа болница Велес. Од општинскиот комитет прашуваат со која цел и кој му дозволил денес на Коциќ да ја изврши оваа посета? - Очигледно, по фотографиите кои ги објави тој самиот се забележува дека лекарите и медицинските лица, додека се на своите работни места се појавуваат на средба со кандидатот на СДСМ. Ова е злоупотреба на медицинските лица! Ова е крајно неодговорно и недозволиво во ек на изборната кампања! Додека граѓани се борат за здив во болничките соби, додека граѓани чекаат ред за да бидат прегледани (кое може да се види и на сликите) Коциќ позира и се слика! И без нималку осет за граѓаните кои се во тешка состојба и очекуваат да им се даде помош во скеој момент, тој се обидува да зграби политички поени. Каква неодговорност! Каква неразумна постапка! Зар Г-динот Коциќ нема ниту трошка жал за тие луѓе, прашуваат ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес. ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквиот начин на злоупотреба на институциите за партиски цели! - Очајни и свесни за нискиот рејтинг кој го има Коциќ, СДСМ се обидуваат со притисоци да извадат глава од калта во која се наоѓаат. За оваа крајно неодговорна постапка на Ненад Коциќ, бараме сите институции да реагираат, да покренат истрага и да ја осудат постапката. Воедно, се прашуваме како директорот на Велешката болница го има ова дозволено? Затоа бараме тој да реагира и понесе одговорност! Ние како ВМРО-ДПМНЕ за оваа ситуација ќе ги информираме сите надлежни институции како OSCE, ODIHR, Антикорупциска и сл, додаваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-koja-cel-i-koj-mu-dozvolil-na-kocikj-da-go-poseti-oddelot-za-infektivni-bolesti-pri-opshtata-bolnica-veles/feed/ 0
Велешанецот кај кој е регистриран делта coјот не верува дека има кopoна, на лекар заминал поради друг симптом: Ништо не ми е! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshanecot-kaj-koj-e-registriran-delta-cojot-ne-veruva-deka-ima-kopona-na-lekar-zaminal-poradi-drug-simptom-nishto-ne-mi-e/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshanecot-kaj-koj-e-registriran-delta-cojot-ne-veruva-deka-ima-kopona-na-lekar-zaminal-poradi-drug-simptom-nishto-ne-mi-e/#respond Fri, 09 Jul 2021 07:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=534261

Во една од овие болнички соби на инфективното одделение во велес лежи 43 годишниот пациент кај кој е лоциран делта сој на ковид 19. Случајно го затекнавме на тераса, но не сакаше да говори пред камера, пренесува Телма. Ни раскажа дека неодамна се вратил од Англија каде работи. Се пожали дека условите се лоши и дека во петок очекува негативен тест за да излезе од болница. Не верува ниту дека има корона, бидејќи симптоми нема, а не е ни вакциниран. -Oтидов на преглед само поради тоа што имав проблеми со синуси. гледате и сами дека ништо не ми е и едвај чекам да излезам од тука. по доаѓањето контактирав само со сопругата и таа е добро, нема никакви симптоми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshanecot-kaj-koj-e-registriran-delta-cojot-ne-veruva-deka-ima-kopona-na-lekar-zaminal-poradi-drug-simptom-nishto-ne-mi-e/feed/ 0
Во велешката болница починати двајца пациенти во изминатото деноноќие https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshkata-bolnica-pochinati-dvajca-pacienti-vo-izminatoto-denonokjie/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshkata-bolnica-pochinati-dvajca-pacienti-vo-izminatoto-denonokjie/#respond Fri, 27 Nov 2020 15:02:03 +0000 https://kurir.mk/?p=435400

Во изминатите 24 часа во велешката болница како последица од Ковид-19 починаа двајца пациенти – жена на 70 години од Велес, примена пред две недели, и маж на 58 години од Оризари, примен пред два дена. Како што информораше портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, во болницата се хоспитализирани 65 пациенти, од кои 56 потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум со негативни тестови. На кислородна поддршка.се 15 пациенти. На Инфективно се лекуваат 47 пациенти, на Физикална 11, а на Интерното одделение се седуммина пациенти. Д-р Неделковска-Николова информираше дека на Интерното – крак Б се лекуваат пациенти кои веќе се излекувале од Ковид, но имаат последици од болеста. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshkata-bolnica-pochinati-dvajca-pacienti-vo-izminatoto-denonokjie/feed/ 0
Уште еден починат од Kовид-19 во велешката болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ushte-eden-pochinat-od-kovid-19-vo-veleshkata-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ushte-eden-pochinat-od-kovid-19-vo-veleshkata-bolnica/#respond Thu, 29 Oct 2020 14:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=422192

На Инфективното одделение при велешката Општа болница синоќа во 20 часот почина уште еден пациент ако последица од ковид-19. -Тој е на 78-годишна возраст примен пред два дена во тешка општа состојба со мозочно крварење и позитивен на тест на Ковид-19, информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес. Моментално на одделението се хоспитализирани 41 пациент, 36 потврдени позитивни и шест сомнителни кои чекаат резултати од тест: Единаесет пациенти се на кислородна поддршка. Од болницата информираат дека денеска од оваа одделение се испишани како оздравени четири пациенти со негативни контролни тестови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ushte-eden-pochinat-od-kovid-19-vo-veleshkata-bolnica/feed/ 0