велешки театар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 16:13:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велешки театар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велешкиот театарски ансамбл со „Едвард Втори“ ќе настапи на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/veleshkiot-teatarski-ansambl-so-edvard-vtori-ke-nastapi-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/veleshkiot-teatarski-ansambl-so-edvard-vtori-ke-nastapi-na-ohridsko-leto/#respond Fri, 14 Jul 2023 16:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=856780

Театарскиот ансамбл на велешкиот Театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ на 6 август претставата „Едвард Втори“ во режија на Андриј Жолдак ќе настапи на годинешното 63. „Охридско лето“. Директорот на велешкиот Театар, Сашо Димоски информира за МИА дека претставата е копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константиов-Џинот“ и Драмскиот театар Н.О Масалитинов од Пловдив, Р.Бугарија. Како што пишува режисерот Андриј Жолдак во писмената објава на програмата за 63 то „Охридско лето“, оваа претстава има неколку различни насоки: главната насока е приказната за „Едвард II“ во драмата на Марлоу, проследена од „Ричард II“ од Шекспир. -Темите на главната драма кои се интересни за мене и за кои зборуваме се: односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство…и некомпатибилноста. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите. Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Есенцијално е и лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Исто така, темнината на човечката психа, психолошките и сексуалните односи помеѓу луѓето. Сепак, крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената, и во текот на оваа претстава ќе видиме како тоа се одвива. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината. Во центарот на приказната се актерите кои се вистински личности и преку нив можеме да видиме и нешто за луѓето кои живеат денес, во 2023 година, појаснува Жолдак. Потсетува дека после постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ, „Едвард II“ е негова трета претстава со македонски актери. - Токму кај нив ме фасцинира нивната отвореност кон театарот и нивната желба да живеат, појаснува режисерот Андриј Жолдак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/veleshkiot-teatarski-ansambl-so-edvard-vtori-ke-nastapi-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Се руши зградата на стариот велешки театар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-rushi-zgradata-na-stariot-veleshki-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-rushi-zgradata-na-stariot-veleshki-teatar/#respond Fri, 16 Dec 2022 10:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=776544

Речиси целосно е разрушена старата театарска зграда лоцирана од левата страна на градот. Срушена е галеријата, влезот и салата за претстави, а остана да се сруши уште дел од  административниот дел на зградата. Како што информираат од Општина Велес за МИА, земјиштето ќе се дава на наддавање и идниот инвеститор согласно урбанистички план може да гради станбено- деловен објект со приземје и седум ката. Инаку, голема група граѓани кои се во соседството на објектот пред неколку месеци собраа потписи и апелираат до градоначалникот на тој простор да направат зелена  парк со лулашки за децата. Од Општина Велес се децидни дека на тоа место согласно ДУП е предвидено изградба на станбено деловен објект. Во старата театарска зграда претстави се играа до 2014 години, а новата велелепна театарска зграда на Народниот театар Јордан Хаџи Константинов-Џинот свечено беше пуштена на 20 декември 2014 година. Старата театарската зграда, како што велешани раскажуваат, првично била коњушница, но тие се настолгични за старата зграда на велешкиот театар. Евоцираат убави спомени од бројни театарски претстави одиграни од стариот театар. Инаку, Велес е град во кој бил отворен првиот театар во земјава и кој има долга театарска традиција. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-rushi-zgradata-na-stariot-veleshki-teatar/feed/ 0
„Креонт и Антигона“ премиерно во Велешкиот театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kreont-i-antigona-premierno-vo-veleshkiot-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kreont-i-antigona-premierno-vo-veleshkiot-teatar/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=775836

На големата сцена во Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Креонт и Антигона“, авторски проект на режисерот Дејан Ангелов.

Во создавањето на претставата се користени текстови од Жан Ануј, Софокле и други извори, а покрај режисерот Ангелов, зад претставата стојат соработниците: сценографот Филип Коруновски, костимографот Раде Василев, композиторот Ставре Ангелаков, а плакатот е дизајн на Никола Пијанманов. Ролјите се доверени на: Самоил Стојановски – Креонт, Кристина Зафирова – Антигона, Слободанка Чичевска – Хор, Елизабета Стефановска – Исмена, Исидор Јовановски – Хемон, Фаик Мефаилоски – Стражар и Едис Дурмишевски – Дете.

– Според режисерот Ангелов, Креонт е антипод на Антигона, но не целосен. Бидејќи и тој ја носи во себе Антигона. Неговиот конфликт не е со Антигона, туку со самиот себе. Антигона е само надворешна проекција на конфликтот внатре во него со заглушеното премудро дете. Тоа е повеќе трагедија за Креонт отколку за Антигона. Бидејќи тој што ја прави трагичната грешка e Креонт и неговиот хибрис е арогантноста спрема детето во него. Тој што треба нешто да научи или поточно да се присети е Креонт. Aко му се довериме на Јунг кој вели дека чувството е поумно од студениот разум тогаш човекот денес мора да си ја врати загубената сила на детското „незнаење” и одново да мисли со целото суштество , а не само со умот. Антигона во една реченица е драмски текст којшто најпластично ја илустрира Кантовата максима/принцип: „Ѕвезденото небе над мене, а моралниот закон во мене.” Односно, единствено оружje на човекот против бескрајот и апсурдот е моралниот закон внатре во него – или совеста – Антигона е нејзин инструмент, наведуваат од Велешкиот театар.

„Креонт и Антигона“ е трета премиера на Велешкиот театар за оваа година, по „Елегија во пет здива“ и „Инферно“.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kreont-i-antigona-premierno-vo-veleshkiot-teatar/feed/ 0
Велешкиот театар вечерва на фестивалот „Војдан Чернодрински“   https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-vecherva-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-vecherva-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/#respond Thu, 07 Oct 2021 14:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=574799

На сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп  вечерва во 21 часот во рамки на фестивалот „Војдан Чернодрински“ ќе настапи велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ со претставата „Сестрите Прозорови“ работена според романот  „Три сестри“ од  А.П.Чехов, како и документаристички материјали и авторски текстови, во адаптација и драматургија на Сашо Димоски, а во режија на Васил Зафирчев. Првично на програмата  беше најавено дека вечерва  во  тој термин ќе настапи  битолскиот театар со претставата „И коњите ги убиваат зар не“, но дошло до ротација на овие  двата театри на  датумите  за изведба на овие претстави, појаснуваат од велешкиот театар за МИА. Оттаму информираат дека нивните актери веќе пристигнале во Прилеп и се подготвуваат за вечерашниот настап со претставата која е во конкуренција за една од наградите. Претставата „Сестрите Прозорови“ беше  прва премиера на Велешкиот театар за сезона 2020 која театарот ја реализира од сопствени средства и  премиерно беше изведена лани на 22 јануари на сцената на велешкиот народен театар. Станува збор за коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев, во кој улогите ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Костимограф на претставата е Раде Василев, а автор на плакатот и рекламниот материјал е Филип Коруновски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-vecherva-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/feed/ 0
Праизведба на „Исмена“ од Катерина Момева во Велешкиот театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/praizvedba-na-ismena-od-katerina-momeva-vo-veleshkiot-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/praizvedba-na-ismena-od-katerina-momeva-vo-veleshkiot-teatar/#respond Sat, 21 Nov 2020 08:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=432421

На сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, со почитување на здравствените протоколи, вечер ќе биде праизведена монодрамата „Исмена“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова. Монодрамата ја изведува актерката Моника Ставревска, а изведбата на музиката во живо е на Сашко Костов. Дизајнот на плакатот и промотивниот материјал е на Филип Коруновски. Од театарот информираат дека според авторите на претставата, станува збор за артикулација на прашањата за потеклото и немоќта да се избега од сопствениот корен, за потребата да се одговорат егзистенцијални прашања преку соочување со минатото и непознатото во него – кое има лик на стапица за заробување на душата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/praizvedba-na-ismena-od-katerina-momeva-vo-veleshkiot-teatar/feed/ 0
„Лисистрата“ на сцената на Велешкиот театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lisistrata-na-scenata-na-veleshkiot-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lisistrata-na-scenata-na-veleshkiot-teatar/#respond Thu, 15 Nov 2018 07:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=127975

На големата сцена во Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес денеска ќе биде изведена претставата „Лисистрата“ од Аристофан, во режија и сценска адаптација на режисерот од Ерменија Хакоб Газанчјан. Тоа е прва изведба на претставата на репертоарот на Театарот, по нејзината премиерна изведба во Античкиот театар во Стоби на свеченото отворање и затворање на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Сценографијата за претставата и изборот на музиката е на Хакоб Газанчјан, асистент на сценографија е Софија Стојаноска, а костимите се на Катерина Чукниева. Во претставата настапуваат актерите: Ирена Илиевска, Марина Поп-Панкова, Кети Борисовска, Талија Настова, Самоил Стојановски, Драгана Босниќ, Васил Зафирчев, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Кире Ацевски и Ане Павлов. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lisistrata-na-scenata-na-veleshkiot-teatar/feed/ 0
Премиера на „Елешник“ во велешкиот театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-eleshnik-vo-veleshkiot-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-eleshnik-vo-veleshkiot-teatar/#respond Fri, 26 Oct 2018 06:10:53 +0000 https://kurir.mk/?p=119624

На големата сцена во театарот „Јордан Х.К.-Џинот“ во Велес, вечерва, премиерно ќе биде изведена претставата „Елешник“ од Југослав Петровски, во режија на Елеонора Теова. Таа појаснува  дека „Елешник“ е претстава за дадениот збор, за образот и чесноста на една бескрајна љубов, што стануваат робови притиснати од стегите на лакомоста, отуѓеноста и лошото влијание на „брзото живеење“. -Немоќниот човек, робот со одземена самодоверба, лажно ја црта својата среќа. Среќа изградена од материјални добра, далечна, надвор од „себеси“, таму некаде. А чесноста останува чесност, со гордо крената глава, готова да му се спротивстави на злото. да го претвори во љубов, мракот во светлина, грдосијата во убавина, чекањето во постоење, потенцира Теова. Оваа најнова продукција на велешкиот театар е дипломска претстава по театарска режија на младата Елеонора Теова на Факултетот за драмски уметности во Скопје, за која дизајнот го изработи Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите: Кети Борисовска, Андреј Серафимовски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Марина Поп-Панкова, Кирил Гравчев, Жарко Спасовски и Кристина Нацева. Првата реприза на претставата е веќе закажана во вторник, 30 октомври. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-eleshnik-vo-veleshkiot-teatar/feed/ 0
Велешкиот театар со „Вдовицата се мажи“ на фестивал во Русија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-so-vdovicata-se-mazi-na-festival-vo-rusija-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-so-vdovicata-se-mazi-na-festival-vo-rusija-2/#respond Fri, 25 May 2018 07:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=58140

Театарот „Јордан Хаџи Контантинов-Џинот“ од Велес со комедијата „Вдовицата се мажи“ во режија и адаптација на Младен Крстевски, од денеска до 31 мај ќе настапува на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва. „Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, напишана во 1888 година, која на комичен и атрактивен начин за гледање ја следи приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира единствено и само со нејзиниот лакеј Лука и вработените на имотот. Кај неа ненадејно доаѓа Смирноф, артилериски поручник во оставка и кредитор кој си ги бара назад парите кои му ги должи покојниот сопруг на Попова. „Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница меѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе. Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова. Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-so-vdovicata-se-mazi-na-festival-vo-rusija-2/feed/ 0
Велешкиот театар со „Синиот портокал“ гостува во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-so-siniot-portokal-gostuva-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-so-siniot-portokal-gostuva-vo-sofija/#respond Thu, 29 Mar 2018 05:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=34032

Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски денеска ќе гостува во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. „Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат пациентите без седативи. - Во време на глобализација, кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација, наведува Велешкиот театар. Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката Сашко Костов. Настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски. „Синиот портокал“ е трета продукција на Велешкиот театар за 2017 година и со над 30 изведби досега е една од најизведуваните претстави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-so-siniot-portokal-gostuva-vo-sofija/feed/ 0
Во велешкиот театар со премиерата „Кралските копилиња“ одбележан Светскиот ден на театарот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veleshkiot-teatar-so-premierata-kralskite-kopilinja-odbelezan-svetskiot-den-na-teatarot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veleshkiot-teatar-so-premierata-kralskite-kopilinja-odbelezan-svetskiot-den-na-teatarot/#respond Wed, 28 Mar 2018 07:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=33783

На големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа премиерно беше изведена претставата „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски  авторот на текст, режисер и концепт за аудиовизуелен дизајн. Во претставата настапија актерите: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Марија Стефановска, Фаик Мефаиловски и Маја Љутков. - „Кралските копилиња“ е претстава за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор, појасни авторот Сашо Димоски. Инаку пред изведба на претставата беа прочитани Меѓународната и македонската  порака за Светскиот ден на театарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veleshkiot-teatar-so-premierata-kralskite-kopilinja-odbelezan-svetskiot-den-na-teatarot/feed/ 0