велешко езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 27 May 2023 10:53:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велешко езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се опдлага Ендуро трката на патеката над Велешко езеро https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/se-opdlaga-enduro-trkata-na-patekata-nad-veleshko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/se-opdlaga-enduro-trkata-na-patekata-nad-veleshko-ezero/#respond Sat, 27 May 2023 10:53:39 +0000 https://kurir.mk/?p=839360

Поради најава за неповолна временска прогноза со дожд Мото клубот „Мото Велес“ ја одложува дводневната трка во ендуро што викендов требаше да се одржи на патеката за ендуро над велешко Езеро „Младост“. Трката е презакажана а 25 јуни информира за МИА,Сашко Ванов, организатор на трката и основач и претседател на МК „Мото Велес“. Оваа 13. по ред трка ќе се одржи во соработка со МФМ и Општина Велес, а на неа ќе се вози во класите Е1,Е2,Е3 и Е јуниор. За годинава на трката која е меѓународна се најавени учесници од мото клубови од повеќе држави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/se-opdlaga-enduro-trkata-na-patekata-nad-veleshko-ezero/feed/ 0
На велешко езеро „Младост“ акција за пошумување на опожареното https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-veleshko-ezero-mladost-aktsija-za-poshumuvane-na-opozharenoto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-veleshko-ezero-mladost-aktsija-za-poshumuvane-na-opozharenoto/#respond Sat, 01 Apr 2023 07:40:43 +0000 https://kurir.mk/?p=818727

Здружението „Акцијаш ветерани“ и Сојузот на акцијаши ветерани на Македонија, со подршка на Општина Велес денеска на брегот на велешко езеро „Младост“ на парцела близу хотел „Глориус“, над пешачката патека, ќе спроведат акција за пошумување на две илјади садници багрем. Ќе се пошумува на површина која беше опожарена во големиот шумски пожар на крајот на август 2019 година, информира за МИА Јорданка Андреева претседател на „Акцијаши ветерани“. Површината деновиве е расчистена за садење од страна на вработени во фирмата „Пескара Вел“. Андреева информира дека освен нивни членови во акцијата за пошумување ќе се вклучат и млади. како и граѓански здруженија на акцијаши ветерани од Битола, Куманово, Скопје, Штип, Крива Паланка и Гостивар. Акцијата е поддржана и од Општина Велес која го обезбеди автобусот за превоз на акцијашите и граѓаните до езерото „Младост“. Автобусот ќе тргне во 8:45 часот од месноста Багремче, а во 8:50 часот ќе биде пред Трговски центар во Нова населба, Во 8:55 спроти Офицерски дом и во 9:00 часот пред Стоковна куќа во центарот на Велес, а од каде директно ќе вози до локацијата за пошумување на брегот на езеро „Младост“. Со акцијата воедно ќе биде одбележан 1 април – денот на доброволното младинско ангажирање што се одбележуваше во поранешна Југославија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-veleshko-ezero-mladost-aktsija-za-poshumuvane-na-opozharenoto/feed/ 0
На езерото „Младост денеска ќе се одржи 8-от „Велешки пливачки маратон 2021“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ezeroto-mladost-deneska-kje-se-odrzi-8-ot-veleshki-plivachki-maraton-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ezeroto-mladost-deneska-kje-se-odrzi-8-ot-veleshki-plivachki-maraton-2021/#respond Sun, 19 Sep 2021 08:13:32 +0000 https://kurir.mk/?p=565380

На велешко езеро „Младост“ денеска ќе се одржи осмиот по ред „Велешки пливачки маратон 2021“. Стартот е во 10 часот пред ресторанот „Бела Вода“, а годинава ќе има четири пливачки трки во машка и женска конкуренција. Првата е пливачката трка до 2500 метри е за рекреативци, а потоа промотивната трка на 800 метри е за деца до 11 години членови на пливачките клубови од земјава, а третата и на 2500 метри за членовите на пливачките клубови до 14 години. Професионалниот пливачкиот маратонот стартува последен, а годинава е на пет километри. Годинава заради безбедноста на пливачите патеката е преполовена со тоа што ќе се плива истата километража но со двојно повеќе кругови, а гледачите ќе имаат цело време можност да ја следат трката, информираат од организацискиот одбор. Безбедноста на пливачите ќе ја обезбедуваат 20 кајакари и 20 спасувачи на вода. На маратонот ќе присуствува и Томи Стефановски, најдобриот маратонски пливач, а во официјалната маратонска трка ќе учествуваат и македонските врвни пливачи Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Сите учесници и публиката ќе мора да приложат сертификат за примена вакцина против Ковид-19 или негативен тест. Годинава Велешкиот пливачки маратон не е дел од македонскиот куп во далечинско пливање. Наградата за освоено прво место во сите категории е 3000 денари, а ја обезбеди Вулканизер-отпад Дине, кој секоја година е поддржувач на пливачкиот маратон. „Велешкиот пливачки маратон 2021“ го организира Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ заедно со Кајак клубот „Бабуна“ и останатите кајак клубови од градот и Општинскиот Црвен крст Велес, а под покровителство на Општина Велес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ezeroto-mladost-deneska-kje-se-odrzi-8-ot-veleshki-plivachki-maraton-2021/feed/ 0
ФОТО: Огромен сом фотографиран во водите на велешкото езеро „Младост“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ogromen-som-fotografiran-vo-vodite-na-veleshkoto-ezero-mladost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ogromen-som-fotografiran-vo-vodite-na-veleshkoto-ezero-mladost/#respond Sun, 23 Aug 2020 20:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=394348

Фотографија на која се гледа огромен сом на површината на водата, се тврди дека е фотографирана денеска во водите на велешкото езеро „Младост“. Фотографијата е објавена од велешанец, кој на фејсбук има профил со име Nik Morisson. Не е тајна дека на дното на велешкото езеро има огромни сомови, кои лежат, речиси неподвижни, вкопани во тињата и се хранат со помали риби. Но, ова е реткост сом да се приближи на површината на езерото, за да може да биде фотографиран. На фотографијата, на левата страна од сомот може да се забележи контура на уште една голема риба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ogromen-som-fotografiran-vo-vodite-na-veleshkoto-ezero-mladost/feed/ 0
Водите на велешкото езерото „Младост“ епидемиолошки сигурни за капење и рекреација https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodite-na-veleshkoto-ezeroto-mladost-epidemioloshki-sigurni-za-kapenje-i-rekreacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodite-na-veleshkoto-ezeroto-mladost-epidemioloshki-sigurni-za-kapenje-i-rekreacija/#respond Tue, 06 Aug 2019 11:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=226914

Според последните анализи од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес, квалитетот на водата во езерото „Младост“ одговара на бараните микробиолошки стандарди и таа може да се користи за капење, рекреација и наводнување. Како што информира за МИА, прим. д-р Снежана Петрова, специјалист по хигиена и здравствена екологија од оваа јавна здравствена установа која континуирано го следи квалитетот на површинските води, мали отстапувања од бараната втора класа се однесуваат на параметри како зголемена матност (сатурација), кои не се однесуваат штетно по здравјето на луѓето и затоа водите во езерото „Младост“ можат да се користат за капење, рекреација и наводнување. Таа појаснува дека резултатите на испитаната мостра на водата во реката Бабубна во горниот тек на мерното место Плажа 1 покажуваат оти таа не може да се користи за капење, рекреација и наводнување, затоа што е во трета класа според бактериолошка контаминација. Во однос на физичко-хемиските параметри водата во оваа река отстапува од бараната втора класа само во однос на зголемената сатурација. Следењето на квалитетот на водата во реката Вардар кај Велес се врши на две мерни места – кај мостот на Башино Село и кај Долни Диќани на излез од градот. Од резултатите на испитаните две мостри вода произлегува дека водата во реката Вардар е во петта класа по присутна матност, четврта класа по бактериолошка контаминација и трета класа по амонијак, нитрити и фосфати и поради тоа не треба да се користи за капење, рекреација и наводнување, појаснува Петрова. Таа истакнува дека реката Тополка, по Варницата од Превелец до вливот во Вардар, е во трета класа и не може да се користи за капење и рекреација. Петрова информира дека земените мостри од Градскиот пливачки базен во Велес се исправни и базенот може да се користат за капење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodite-na-veleshkoto-ezeroto-mladost-epidemioloshki-sigurni-za-kapenje-i-rekreacija/feed/ 0