велигденска честитка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Apr 2022 10:52:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велигденска честитка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велигденска честитка на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-chestitka-na-skopskiot-biskup-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-chestitka-na-skopskiot-biskup-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/#respond Thu, 14 Apr 2022 10:52:29 +0000 https://kurir.mk/?p=662927

Скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов по повод празникот Воскресение Христово – Велигден, што в недела (17 април) го слават граѓаните со католичка вероисповед, упати велигденска честитка. – Драги браќа и сестри! Со одлука на папата Фрањо, минатата година на празникот Свети Јосиф, на 19 март 2021 година, започна годината посветена на семејството „Amoris letitia“ која ќе трае до 26 јуни оваа година. Папата сака да нѐ поттикне дека во нашата пасторална посветеност секогаш го ставаме семејството во центарот на вниманието на Црквата и на општеството. Секое семејство треба да го почувствува живото присуство на Светото семејство од Назарет во својот дом, исполнувајќи ги секојдневните обврски и чувајќи ја семејната заедница со искрена и дарежлива љубов, секое семејство да биде извор на радост и покрај искушенијата и тешкотиите на кои наидува. Во оваа време не можеме, а да не се осврнеме на страдањето и болката на народот на Украина. Браќа и сестри, вашето големо страдание, кое сега го поднесувате, наоѓа ехо во нашите срца. Сочувствуваме со сите луѓе кои страдаат, молејќи го Бога да им испрати утеха на ужалените, да им помогне на страдалниците да се издигнат од пепелта, да им даде вечен мир на починатите, додека на моќните и на иницијаторите на конфликтот да им го испрати својот Дух да го напуштат злото и да тргнат по патот на мирот и правдата. И во ова зло повторно се погодени семејствата кои плаќаат висока цена. Нека воскреснатиот Христос го избрка нивниот страв и нека ги зацврсти во верата дека Тој е единствениот вистински Пат, Вистина и Живот. Секако, погледот да го насочиме кон нашите семејства овде во нашата татковина. Семејството е сржта на општеството и Црквата. Ако семејството во основата е здраво, тогаш ќе ни биде здраво и општеството и политиката, и Црквата и свештениците. Нека Бог им даде сила на сите семејства, особено на сопружниците, да го разберат автентичното значење на нивната заедница и љубов, сликата на љубовта меѓу Христос и неговата Црква. Како христијани, да не се плашиме да го ставиме својот живот во служба на мирот и правдата, да не се плашиме од Христовиот Крст кој е дрво на животот и извор на секоја радост и мир. Воскреснатиот Господ е постојано присутен во својата Црква. Тој е со нас до крајот на светот. На сите им посакувам среќен Велигден! Христос воскресе! Алилуја!, стои во велигденската честитка на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-chestitka-na-skopskiot-biskup-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/feed/ 0
Иванов: Не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон луѓето од Велигден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ne-postoi-pojasna-poraka-za-bozjata-ljubov-i-milost-kon-lugjeto-od-veligden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ne-postoi-pojasna-poraka-za-bozjata-ljubov-i-milost-kon-lugjeto-od-veligden/#respond Sat, 27 Apr 2019 09:26:18 +0000 https://kurir.mk/?p=191768

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија: „Дозволете ми, на сите верници од православна вероисповед како и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, да упатам искрени честитки по повод најголемиот христијански празник – Велигден. Ова е, воедно, и мојата последна велигденска честитка за време на мојот мандат како Претседател на Република Македонија. Преку Господ Исус Христос, Бог се стави на наше место. Со својата физичка смрт на крстот, Тој нè помири со себе и нè ослободи од последиците на нашите гревови и промашувања. Со своето физичко воскресение од гробот, Тој ја воскресна надежта кај луѓето за подобар свет и подобра иднина. Не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон луѓето од Велигден. Речиси два милениума оваа порака им помагала на христијаните во Македонија да ги издржат и најстрашните прогонства, да им одолеат и на најсилните искушенија и да ги пребродат и најголемите премрежија. Велигденската порака создаде духовно променети луѓе кои го менувале духот на нашето општество и преку простување, солидарност и почитување се вклучувале во она што Св. Климент Охридски го нарекува престигнување во добрина. Овој Велигден за нас е посебен бидејќи го празнуваме во пресрет на посетата на поглаварот на Католичката црква, папата Франциск. Длабоко верувам дека оваа посета е важен поттик за духовна обнова на Македонија, македонскиот народ и македонските граѓани. Во оваа пригода и на овој Велигден сакам да ги повикам сите луѓе со чисти срца и со добра волја, независно од тоа дали припаѓаат на православната, католичката или протестантската гранка на христијанството или, пак, на сосема различна верска традиција или светоглед, да се вклучат во духовната обнова на Македонија. Ова е поттик да се вклучиме во изградба на хумано, праведно и слободно македонско мултиетничко и мултирелигиско општество втемелено врз трајните етички и морални вредности. Честитајќи Ви го најголемиот празник, Велигден, Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, мир и спокој.“ наиша Иванов во својата честитка за Велигден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-ne-postoi-pojasna-poraka-za-bozjata-ljubov-i-milost-kon-lugjeto-od-veligden/feed/ 0
Мицкоски: Потребно ни е обединување во моментите кога граѓаните живеат во неизвесност, несигурност и поделби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-potrebno-ni-e-obedinuvanje-vo-momentite-koga-gragjanite-ziveat-vo-neizvesnost-nesigurnost-i-podelbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-potrebno-ni-e-obedinuvanje-vo-momentite-koga-gragjanite-ziveat-vo-neizvesnost-nesigurnost-i-podelbi/#respond Sat, 27 Apr 2019 08:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=191761

По повод христијанскиот празник Велигден, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати велигденска честитка до сите православни верници. Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски: Дозволете ми во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници да им го честитам празникот Воскресение Христово, Велигден. На најголемиот христијански празник посакувам многу здравје, благодет, среќа и љубов. Овој голем ден, кога доброто го победи злото, кога љубовта ја победи омразата, а животот смртта нека биде пример за тоа дека правдата и правдината секогаш победува, дека можна е светлина дури и тогаш кога црнилата се најприсутни. Овој празник е пример за тоа како единствено со чесност и достоинство, пожртвуваност, љубов и взаемно почитување можеме да создадеме подобро утре за нашите деца и идните поколенија. Потребно ни е обединување во моментите кога граѓаните живеат во неизвесност, несигурност и поделби, потребна е надеж во овие тешки моменти на разочараност, апатија и неизвесност. А тоа можеме да го постигнеме доколку бидеме гласни и се бориме за нашите ставови и заедничка иднина. Овој празник испраќа пораки на сплотеност, пожртвуваност, добрина и праведност. Христос Спасителот пострада за нашето спасение, и овој ден и сите останати да ги минуваме со добра мисла, заедништво и подадена рака. Ви посакувам прекрасни празнични денови, проследени со многу љубов и хармонија во вашите семејства, добро здравје и мир во вашите домови, на вам и на вашите ближни. Нека е за многу години Велигден. Христос Воскресна! Навистина Воскресна!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-potrebno-ni-e-obedinuvanje-vo-momentite-koga-gragjanite-ziveat-vo-neizvesnost-nesigurnost-i-podelbi/feed/ 0