Велигденска служба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Apr 2022 05:58:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Велигденска служба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Редослед на богослужби во страсната и светлата седмица за Воскресението Христово – Велигден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redosled-na-bogosluzbi-vo-strasnata-i-svetlata-sedmica-za-voskresenieto-hristovo-veligden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redosled-na-bogosluzbi-vo-strasnata-i-svetlata-sedmica-za-voskresenieto-hristovo-veligden/#respond Thu, 21 Apr 2022 05:58:27 +0000 https://kurir.mk/?p=666322

Од Соборниот храм Св. „Климент Охридски“, во однос на редоследот на богослужби во страсната и светлата седмица за Воскресението Христово – Велигден, за МИА информираа дека во сабота во 23:00 часот започнува Полуноќницата. По опходот околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и објавата на Христото воскресение, продолжува Утрената и Света Златоустова литургија. На 21 април – Велики четврток, од 9:00 часот ќе се одржи литургија на свети Василиј Велики со Вечерна. Негово Блаженство г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Свети вмч. Димитриј”. По светата литургија ќе се изврши Света тајна Елеосвештение во сите храмови. Од 18:00 часот ќе се одржи читање на 12-те евангелија за Христовите страданија. Поглаварот на МПЦ-ОА ќе богослужи во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски” – Скопје. На 22 април, на Велики петок, во 8:30 часот ќе се одржат Царски часови со Велика вечерна. Околу 10:00 часот ќе се одржи изнесување на светата плаштаница. Г.г Стефан ќе богослужи во храмот „Света Петка” во Црниче. Во 18:00 часот – Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос. Неговото блаженство ќе богослужи во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски”- Скопје. На 23 април, на Велика сабота, во 9:00 часот ќе се одржи Света Василиева литургија со Вечерна. Г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Свети Наум Охридски” во Радишани. Во 23:00 часот – Полуноќница. По опходот околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и објавата на Христото воскресение, продолжува Утрената и Света Златоустова литургија. На 24 април, на Воскрсението Христово – Велигден, во 9:00 часот архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе богослужи Воскресна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски”- Скопје. Во 11:00 часот ќе се слави Второ Воскресение, со читање на Евангелието на повеќе јазици – Едноцрквие во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” – Скопје. Во текот на Светлата седмица, на 25 април, на вториот ден од Христовото Воскресение, во 9:00 часот г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица” во Центар. На 26 април – Воскресение Христово, трет ден, во 9:00 часот поглаварот на МПЦ-ОА ќе богослужи во храмот „Света Петка” во Црниче, а на 29 април на Свети мач-ки Аганија, Ирина и Хионија, Источен петок (Балаклија) во 9:00 часот ќе богослужи во храмот „Свети Јован Крстител” во Капиштец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redosled-na-bogosluzbi-vo-strasnata-i-svetlata-sedmica-za-voskresenieto-hristovo-veligden/feed/ 0
Велигденска служба по повод Христовото воскресение во Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/veligdenska-sluzba-po-povod-hristovoto-voskresenie-vo-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/veligdenska-sluzba-po-povod-hristovoto-voskresenie-vo-delchevo/#respond Sun, 19 Apr 2020 08:58:52 +0000 https://kurir.mk/?p=334264

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Делчево се одржа велигденска служба по повод Христовото воскресение – Велигден. На службата му претходеше пристигањето на Благодатниот оган, по што со црковно пеење и црковните звона на камбаните, беше објавена веста за Христовото воскресение. Во својата проповед на богослужбата парохискиот свештеник и старешина на црквата Николчо Воиноски, апелираше верниците да се придржуваат кон мерките на надлежните, со цел да се спречи заразата. -Возљубени македонски чеда поминуваме низ еден период кога Бог од нас бара послушност и воздржување. Појавата на коронавирус во светот и во нашата земја не натера да размислуваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни. Затоа да се придржуваме кон советите и мерките изречени од надлежните институции и сите заедно да придонесеме да се намали и спречи ширењето на заразата. На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите и им препорачуваме да се молат во своите домови за Бог да не избави од оваа опасна болест, истакна Воиноски. Упати на молитва за медицинските лица, полицајците и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. -Да се молиме за заболените да оздрават, како и за душите на оние кои не ја добија битката со болеста. Да се молиме Бог да ни ги прости гревовите и да не помилува зашто само Бог е прибежиште и сила и докажан во невољите. Затоа во маката да бидеме трпеливи, а во молитвата зашто воскреснатиот Бог е нашата надеж. Нека овој период ни биде време за покајание и за засилена молитва, што не снајдоа нека ни бидат за утврдување во верата и за духовно напредување. Се е возможно за оние што веруваат зошто Господ знае да ги избави побожните од искушенија, додаде во својата проповед Воиноски. Да ја споделиме со сите радоста за воскресението на вечниот лечител и никогаш да не заборавиме на тоа дека колку сме поблиску до Бога, толку и тој ќе биде поблиску до нас, додаде делчевскиот старешина. Велигден согласно препораките за заштита од коронавирус, граѓаните го дочекаа во своите домови со свеќи во раце изговарајки го христијанскиот поздрав Христос Воскресе – Навистина Воскресе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/veligdenska-sluzba-po-povod-hristovoto-voskresenie-vo-delchevo/feed/ 0