велигденски празници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Apr 2023 14:38:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велигденски празници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzheniot-veligdenski-vikend-poveke-od-polovina-ke-gi-ispolni-smestuvachkite-kapatsiteti-na-ohridskoto-krajbrezhje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzheniot-veligdenski-vikend-poveke-od-polovina-ke-gi-ispolni-smestuvachkite-kapatsiteti-na-ohridskoto-krajbrezhje/#respond Mon, 10 Apr 2023 14:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=822495

Повеќе од половина ќе бидат исполнети сметувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера за продолжениот Велигденски викенд, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ), Крсте Блажески. Најголем дел од посетителите, според него, ќе бидат гостите од земјава и од соседството. - Исполнетоста на хотелите за празничниот викенд ќе биде 50 до 60 проценти. Додека приватните сместувачки капацитети ќе бидат поисполнети. Тука се и викенд становите на граѓани од внатрешноста, што Велигденските празници ќе ги поминат во Охрид и Струга, изјави Блажески за МИА. Поголема исполнетост на сместувачките капацитети се очекува и викендот потоа, за празникот Рамазан Бајрам, кога покрај од земјава и соседството се очекуваат гости и од така наречените кружни тури. Туристичката сеозна на охридско-струшкото крајбрежје официјално почнува од 1 мај, а кон средината на месецот се очекуваат првите чартер летови со туристи од Холандија, кои и годинава ќе да бидат најбројни. Покрај холанѓаните се очекуваат чартери и од Полска, Турција, Србија и други традиционални пазари, како и воспоставување нови авио линии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzheniot-veligdenski-vikend-poveke-od-polovina-ke-gi-ispolni-smestuvachkite-kapatsiteti-na-ohridskoto-krajbrezhje/feed/ 0
Градски паркинг- Скопје: Бесплатен паркинг за време на велигденските празници https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradski-parking-skopje-besplaten-parking-za-vreme-na-veligdenskite-praznici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradski-parking-skopje-besplaten-parking-za-vreme-na-veligdenskite-praznici/#respond Thu, 21 Apr 2022 08:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=666399

Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје нема да се врши наплата во недела 24.4.2022 и понеделник 25.4.2022 год. Со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза, информираат од Градски паркинг- Скопје. ЈП Градски паркинг- Скопје им ги честита Велигденските празници на сите верници од православна вероисповед, со христијанскиот поздрав „Христос Воскресе!“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradski-parking-skopje-besplaten-parking-za-vreme-na-veligdenskite-praznici/feed/ 0
Јагнешкото ќе поскапи за велигденските празници, се очекува да надмине 200 денари за килограм жива мера https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/jagneshkoto-kje-poskapi-za-veligdenskite-praznici-se-ochekuva-da-nadmine-200-denari-za-kilogram-ziva-mera/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/jagneshkoto-kje-poskapi-za-veligdenskite-praznici-se-ochekuva-da-nadmine-200-denari-za-kilogram-ziva-mera/#respond Thu, 14 Apr 2022 11:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=662951

Цената на јагнето жива мера во моментов е околу 160 – 200 денари за килограм. Производителите очекуваат нејзино зголемување за претстојните велигденски празници, но се уште не прецизираат колкаво ќе биде поскапувањето. -Цената на јагнешкото месо оваа година е релативно ниска, зашто сите репорматеријали и храната двојно поскапеа. Јас го продадов моето јагне од првиот турнус по 160 денари за килограм. Очекувам дека јагнешкото ќе поскапи за празниците и дека откупната цена во шпицот ќе надмине 200 денари, но ќе видиме, зашто домашниот есап на пазарот не излегува, вели Петре Пешов, сточар од Виница кој има околу 300 грла. Според него, на нашите граѓани им е побитна цената, од квалитетот. -Цената на јагнето е флуктуирачка и постојано расте, секој ден. Не би можел да кажам конкретна вредност во моментов, но околу 200 денари е откупната цена и постојано расте. Реалната цена ако се земат предвид производните трошоци, би била над 230 денари. Производната цена не се покрива веќе години наназад и тоа е една од причините за падот на овчарството во земјава. За велигденските празници очекуваме вкупната цена да се зголеми. Продажната цена во месарниците сега е 400 – 500 денари, истакна претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Никола Георгиев. Производителите велат дека потрошувачката на јагнешко во земјава е ниска и достигнува околу 10 000 јагниња, додека извозот е 170 000 грла годишно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/jagneshkoto-kje-poskapi-za-veligdenskite-praznici-se-ochekuva-da-nadmine-200-denari-za-kilogram-ziva-mera/feed/ 0
Стефковски и УМС во донаторска акција во пресрет на Велигденските празници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-i-ums-vo-donatorska-akcija-vo-presret-na-veligdenskite-praznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-i-ums-vo-donatorska-akcija-vo-presret-na-veligdenskite-praznici/#respond Thu, 29 Apr 2021 20:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=503940

Во пресрет на Велигденските празници, заедно со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, дониравме прехрамбени продукти на нашите сограѓани во Општина Гази Баба. ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ!, пишува во својата Фејсбук објава Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-i-ums-vo-donatorska-akcija-vo-presret-na-veligdenskite-praznici/feed/ 0
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден: Овие улици ќе бидат затворени, автобусите ќе возат по други траси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poseben-soobrakjaen-rezim-vo-skopje-za-veligden-ovie-ulici-kje-bidat-zatvoreni-avtobusite-kje-vozat-po-drugi-trasi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poseben-soobrakjaen-rezim-vo-skopje-za-veligden-ovie-ulici-kje-bidat-zatvoreni-avtobusite-kje-vozat-po-drugi-trasi/#respond Sat, 07 Apr 2018 07:06:03 +0000 https://kurir.mk/?p=37441

За велигденските празници, односно на ден Велигден сообраќајната полиција при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопшти МВР, во периодот од 18,00 часот до завршувањето на чествувањето на празникот за време на централните верски манифестации во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени: бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Аминта Трети” до крстосницата со бул.„ВМРО”; потоа бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул. „Димитрије Чуповски”. Исто така, автобусите од јавниот градски сообраќај, кои што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, трасата на движење им се менува и ќе се движат по бул.„Илинден”, и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот, трасата на движење им се менува и ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов”, па преку ул.”Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.”Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници. На подрачјето на општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. “Партизански Одреди“, десно по ул. “Ѓорче Петров“, лево по ул. “Васил Чакаларов“. Како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул. “Демир Трајко“ и лево по ул. “Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром, по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче. МВР, односно СВР Скопје и овој пат, како и претходните години, согласно направените планови за активности во насока на обезбедување на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот, со присутните полициски службеници на терен ќе биде во функција на граѓаните и непречено чествување на престојните празници, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poseben-soobrakjaen-rezim-vo-skopje-za-veligden-ovie-ulici-kje-bidat-zatvoreni-avtobusite-kje-vozat-po-drugi-trasi/feed/ 0
Посебен сообраќаен режим за Велигденските празници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poseben-soobrakjaen-rezim-za-veligdenskite-praznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poseben-soobrakjaen-rezim-za-veligdenskite-praznici/#respond Thu, 05 Apr 2018 12:54:00 +0000 https://kurir.mk/?p=36912

Во врска со претстојните Велигденски празници, поточно во сабота и недела, сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Во сабота (07.04.) во периодот од 18,00 часот па до завршувањето на чествувањето на празникот за време на централните верски манифестации во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени: бул.”Партизански Одреди” од крстосницата со ул.”Аминта Трети” до крстосницата со бул.”ВМРО”; потоа бул.”Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.”Илинден” до крстосницата со ул. “Димитрије Чуповски”. Исто така, автобусите од јавниот градски сообраќај  кои што поминуваат преку мостот “Гоце Делчев”, трасата на движење им се менува и ќе се движат по бул.”Илинден”, и преку ул.”Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.”Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку центар на градот, трасата на движење им се менува и ќе се движат по ул.”М.Т.Гологанов” па преку ул.”Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.”Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници. На подрачјето, пак, на општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. “Партизански Одреди“, десно по ул. “Ѓорче Петров“, лево по ул. “Васил Чакаларов“. Како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул. “Демир Трајко“ и лево по ул. “Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром, по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче. МВР, односно СВР Скопје и овој пат, како и претходните години, согласно направените планови за активности во насока на обезбедување на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот, со присутните полициски службеници на терен ќе биде во функција на граѓаните и непречено чествување на престојните празници.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poseben-soobrakjaen-rezim-za-veligdenskite-praznici/feed/ 0
Хрватска за Велигден посетена од речиси 75.000 туристи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-za-veligden-posetena-od-rechisi-75-000-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-za-veligden-posetena-od-rechisi-75-000-turisti/#respond Tue, 03 Apr 2018 17:06:25 +0000 https://kurir.mk/?p=35917

Хрватска за Велигден, без вчерашниот ден, ја посетиле 74.243 туристи, кои оствариле 229.828 ноќевања. Тие нецелосни податоци веќе се подобри од 2016 година кога Велигден исто така беше порано, изјави министерот за туризам на Хрватска Гари Капели за Хрватско радио. Тој смета дека предсезоната ќе биде со раст од пет до седум отсто, а постсезоната со уште поголем раст. - Во главната сезона секогаш е истиот проблем - недоволен број хотелски капацитети, вели Капели. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-za-veligden-posetena-od-rechisi-75-000-turisti/feed/ 0