велика британија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 16:13:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png велика британија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велика Британија објави декларација за вештачката интелигенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-objavi-deklaratsija-za-veshtachkata-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-objavi-deklaratsija-za-veshtachkata-inteligentsija/#respond Wed, 01 Nov 2023 16:13:38 +0000 https://kurir.mk/?p=895460

Велика Британија денеска ја објави Декларацијата Блечли, договорена со земји како САД и Кина, за зајакнување на глобалните напори за соработка за безбедноста на вештачката интелигенција. Декларацијата, потпишана од вкупно 28 земји, беше објавена на денот на отворањето на Самитот за вештачка интелигенција во Блечли парк, централна Англија. -Декларацијата ги исполнува клучните цели на Самитот за воспоставување заеднички договор и одговорност за ризиците, можностите и продолжување на процесот на меѓународна соработка за истражување на безбедноста и вештачката интелигенција, особено преку поголема научна соработка, наведе Велика Британија во посебна изјава што ја придружува декларацијата. Велика Британија ги собра владите, академијата и компаниите кои работат на вештачка интелигенција за инаугуративниот Самит за безбедност на вештачката интелигенција денеска за да разговараат за тоа како да се ограничат ризиците од технологијата и дали тоа може да се направи. Средбата е идеја на премиерот Риши Сунак, кој сака Британија да стане посредник меѓу економските блокови на САД, Кина и Европската унија. Листата од 100 гости вклучува светски лидери, технолошки лидери како Илон Маск и шефот на ChatGPT Сем Алтман и академици. Усвоената декларација повикува на транспарентност и одговорност на актерите кои ја развиваат најнапредната технологија за вештачка интелигенција во нивните планови за мерење, следење и ублажување на потенцијално штетните способности. Британскиот крал Чарлс III изјави дека меѓународната заедница мора да одговори на ризиците од вештачката интелигенција со чувство на итност и единство, како во случајот со климатските промени. -Вака меѓународната заедница се обиде да се справи со климатските промени, да го осветли патот до нула емисии и да ја заштити иднината на нашата планета. Мораме да одговориме на сличен начин на ризиците што ги носи вештачката интелигенција, со чувство на итност, единство и колективна сила, рече кралот во видео пораката прикажана на самитот за вештачка интелигенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-objavi-deklaratsija-za-veshtachkata-inteligentsija/feed/ 0
Невремето Бабет во северна Европа продолжи и денеска, зафатени Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevremeto-babet-vo-severna-evropa-prodolzhi-i-deneska-zafateni-velika-britanija-severna-germanija-i-juzhna-skandinavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevremeto-babet-vo-severna-evropa-prodolzhi-i-deneska-zafateni-velika-britanija-severna-germanija-i-juzhna-skandinavija/#respond Sat, 21 Oct 2023 13:00:49 +0000 https://kurir.mk/?p=891599

Невремето во северна Европа продолжи и денеска во Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија со силен ветер и обилни врнежи од дожд, кои предизвикаа поплави, евакуација на жителите, прекин на електричната енергија, прекини на сообраќајот. Од четвртокот четири лица ги загубија животите во невремето „Бабет“ како што го нарече британската метеоролошка служба. Последната жртва е 33-годишна жена врз чиј автомобил во петокот паднало дрво на островот Фехман во Балтичкото Море, јави германската новинска агенција ДПА. Останатите три жртви за време на невремето беа во Англија и Шкотска во четвртокот и петокот. Во Фленсбург, германски град јужно од границата со Данска, нивото на водата се зголеми за повеќе од два метра, што е највисоко во последните сто години. Струјата во поплавените делови од градот е исклучена од безбедносни причини. Фериботите и возовите не сообраќаат во погодените области во Германија, Данска и јужна Шведска. Аеродромот во Копенхаген денеска работи, а вчера беа откажани 142 лета. Луѓето се евакуирани од домовите и камповите во тешко погодените области во Данска и многумина се без струја. Општина Хадерслев во јужна Данска одлучи да го евакуира целото крајбрежно подрачје. „Ситуацијата на брегот сега е толку сериозна што е премногу опасно да се остане таму. Погодените подрачја се евакуирани, а итните служби работат“, соопшти синоќа општинската администрација. Данскиот метеоролошки институт предупреди на силен ветер и висок водостој за време на викендот. Во Шкотска, за денеска се прогнозираат до 100 милиметри дожд, а неколку градови се под црвено метеоролошко предупредување, највисоко ниво на загрозеност. Џонатан Вотри од Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство изјави дека во источна и северна Шкотска веќе паднало колку што паѓа за месец и половина и дека за само три дена може да заврне колку за два месеца. Шкотската агенција за животна средина предупреди дека уште една голема река, Дон, може да се излее денеска. Невремето предизвика прекини на сообрачајот низ Велика Британија, затворени се неколку главни патишта и железници, како и аеродромот Лидс-Бредфорд во северна Англија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nevremeto-babet-vo-severna-evropa-prodolzhi-i-deneska-zafateni-velika-britanija-severna-germanija-i-juzhna-skandinavija/feed/ 0
Велика Британија: За една недела уапсени над 1.600 осомничени дилери на дрога https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-za-edna-nedela-uapseni-nad-1-600-osomnicheni-dileri-na-droga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-za-edna-nedela-uapseni-nad-1-600-osomnicheni-dileri-na-droga/#respond Fri, 20 Oct 2023 06:37:09 +0000 https://kurir.mk/?p=891043

За една недела во Англија и Велс уапсени се повеќе од 1.600 осомничени членови на банди кои тргувале со дрога. Вкупно 710 лица, меѓу кои 58 деца, биле упатени до службите за заштита како можни жртви на експлоатација од бандите. Бандите се познати по тоа што ги искористуваат децата како дилери на дрога и ги преземаат домовите на ранливите луѓе за складирање на нелегални супстанции. Полицијата заплени дрога од класа А во вредност од 1,2 милиони фунти повеќе од 100 килограми канабис. Во рацијата запленети се 250 телефони, 458 парчиња оружје, од кои 33 огнени оружја, 377 ножеви, три самострели, 21 палки и други оружја. Од почетокот на националната програма за борба против дилерите на дрога во 2019 година уапсени се 14.887 лица, а 7.267 деца или ранливи лица се упатени до службите за заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-za-edna-nedela-uapseni-nad-1-600-osomnicheni-dileri-na-droga/feed/ 0
Сунак: Велика Британија се солидаризира со Израел, но важна е хуманитарната помош за Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-se-solidarizira-so-izrael-no-vazhna-e-humanitarnata-pomosh-za-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-se-solidarizira-so-izrael-no-vazhna-e-humanitarnata-pomosh-za-gaza/#respond Thu, 19 Oct 2023 12:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=890793

Британскиот премиер Риши Сунак денеска во Ерусалим во разговор со израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека Велика Британија стои во солидарноста со Израел по нападот на Хамас, но во исто време нагласи дека е важно и да се обезбеди хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа. Сунак нагласи дека Британија го поддржува народот на Израел и неговото право да се бранат за да ја вратат безбедноста на својата земја и да овозможат безбедно ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа. Сунак рече дека Палестинците се жртви на она што го направи Хамас и дека е важно да продолжи да обезбедува хуманитарна помош за палестинските цивили. Претседателот на Израел го критикуваше начинот на кој Би-Би-Си, како што наведе, „ги искривува фактите“ кога известува за израелско-палестинскиот конфликт. Херцог рече дека сака да го покрене прашањето за објективноста на известувањето за таа трагедија, објави „Тајмс оф Израел“, наведувајќи дека британскиот премиер кимнал со главата, насмевнувајќи се. - Ние веруваме дека начинот на кој Би-Би-Си го карактеризира Хамас претставува искривување на фактите. Имаме работа со една од најлошите терористички организации во светот..., истакна Херцог, наведувајќи дека британскиот јавен сервис така треба да ја дефинира милитантната палестинска група. - Што друго треба да видат за да сфатат дека ова е ужасна терористичка организација?, праша Херцог. Би-Би-Си одбива да ги нарече членовите на Хамас „терористи“. Сунак одговори дека нападот на Хамас на југот на Израел треба да се нарече со неговото вистинско име, односно да се каже дека е терористички чин извршен од, како што наведе, „злобната терористичка организација Хамас“. По средбата на Херцог, Сунак имаше состанок и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а на заедничка прес-конференција изјави дека Велика Британија ќе се солидаризира со Израел и сака негова победа. „Ќе бидеме солидарни, ќе бидеме со вашиот народ. Сакаме да победите“, рече Сунак по средбата со Нетанјаху, додавајќи дека Израел од своето основање секојдневно преживува насилство и тероризам, пренесува Би-Би-Си. Тој посочи дека Велика Британија ќе го поддржи правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право, како и правото да го нападне Хамас. Сунак додаде дека знае дека Израел „напорно работи“ за да ги заштити цивилите, што е „директна спротивност“ од она што го прави палестинската милитантна група Хамас. Британскиот премиер, исто така истакна дека сите се шокирани од сцените од експлозијата во болницата Ал Ахли во Појасот Газа и нагласи дека и палестинските цивили се жртви на Хамас. Тој ја поздрави одлуката на израелските власти да дозволат испраќање помош во Газа од Египет. Нетанјаху му се заблагодари на британскиот премиер за доаѓањето во Израел, велејќи дека длабоко ја цени неговата поддршка. - Британците се бореа со нацистите пред 80 години. Членовите на Хамас се новите нацисти, рече израелскиот премиер. Тој посочи дека војната меѓу Израел и Хамас е конфликт меѓу „цивилизираниот, слободен“ свет и современите арапски земји против „оската на злото“ која ги вклучува Хамас, Хезболах и Иран. - Ова е нашиот најмрачен момент. Затоа ја ценам вашата поддршка. Мораме да победиме заедно, му порача Нетанјаху на својот британски колега. Според него, тоа значи дека ова ќе биде долга војна, и дека на Израел ќе му треба постојана поддршка. - Ќе има подеми, падови и тешкотии. Луѓето се обединети овде. Ни треба тоа единство и постојана поддршка, посочи Нетанјаху. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-se-solidarizira-so-izrael-no-vazhna-e-humanitarnata-pomosh-za-gaza/feed/ 0
Сунак: Велика Британија распоредува сили во источниот Медитеран за да го поддржи Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-rasporeduva-sili-vo-istochniot-mediteran-za-da-go-poddrzhi-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-rasporeduva-sili-vo-istochniot-mediteran-za-da-go-poddrzhi-izrael/#respond Thu, 12 Oct 2023 20:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=888232

Велика Британија ќе испрати авиони за набљудување и два брода на Кралската морнарица во источниот Медитеран „за поддршка на Израел“, соопшти денеска Кабинетот на премиерот Риши Сунак. „Премиерот побара воени средства на Велика Британија да бидат распоредени во источниот Медитеран за поддршка на Израел, зајакнување на регионалната стабилност и спречување на ескалација“, се вели во соопштението. Авионите за поморска патрола и надзор ќе почнат да летаат во регионот од утре „за да ги следат заканите за регионалната стабилност како што е трансферот на оружје на терористичките групи“. „Во меѓувреме, работната група на Кралската морнарица ќе биде преместена во источниот Медитеран следната недела како вонредна мерка за поддршка на хуманитарните напори“, се посочува во соопштението. „Распоредувањето на нашата војска од светска класа ќе ги поддржи напорите за обезбедување регионална стабилност и спречување на понатамошна ескалација“, рече Сунак во изјавата. Британскиот премиер се очекува утре да разговара со северноевропските лидери за ситуацијата во Израел на самит во Шведска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-rasporeduva-sili-vo-istochniot-mediteran-za-da-go-poddrzhi-izrael/feed/ 0
Британско-ирска кандидатура за домаќин на ЕП 2028 ќе биде официјализирана https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/britansko-irska-kandidatura-za-domakin-na-ep-2028-ke-bide-ofitsijalizirana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/britansko-irska-kandidatura-za-domakin-na-ep-2028-ke-bide-ofitsijalizirana/#respond Wed, 11 Oct 2023 05:20:13 +0000 https://kurir.mk/?p=887632

Заедничката понуда на Велика Британија и Република Ирска за домаќин на Европското фудбалско првенство во 2028 година треба да добие официјална потврда во вторник по презентацијата пред Извршниот комитет на Асоцијацијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА). Откако Турција реши да ѝ се придружи на Италија како кандидат за ко-домаќин на ЕП 2032, британско-ирската кандидатура остана без конкуренција, иако и покрај турската кандидатура се сметаше за голем фаворит за победа во трката. Натпреварите на ЕП 2028 треба да се играат на десет стадиони, од кои шест се во Англија, а по еден во Северна Ирска, Република Ирска, Шкотска и Велс. Од шесте англиски стадиони, два се во Лондон, стадионот „Вембли“ и на Тотенхем Хотспур, а на листата се и „Ст. Џејмс Парк“ во Њукасл, стадионот „Етихад“ во Манчестер, „Вила Парк“ во Бирмингем и новоизградениот стадион на Евертон на „Брамли-Мур Док“ во Ливерпул. Останатите четири стадиони се „Кејсмент Парк“ во Белфаст, „Авива“ во Даблин, „Хемпден Парк“ во Глазгов и стадионот „Принципалити“ во Кардиф. Ниту една од петте репрезентации домаќини нема загарантирано место на завршниот турнир. Сите ќе учествуваат во квалификациите, а УЕФА ќе остави две резервирани места во случај една од петте репрезентации да не се квалификува на завршниот турнир. Англиската фудбалска асоцијација уште пред оваа најава објави дека нивната репрезентација ќе учествува во квалификациите, за да остане конкурентна. Според оценката на водечките луѓе на британско-ирската кандидатура, домаќините на ЕП 2028 би требало да имаат околу три милиона евра директни економски придобивки од тој турнир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/britansko-irska-kandidatura-za-domakin-na-ep-2028-ke-bide-ofitsijalizirana/feed/ 0
Истрага во Обединетото Кралство заради одлуките за „затворање“ поврзани со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istraga-vo-obedinetoto-kralstvo-zaradi-odlukite-za-zatvorane-povrzani-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istraga-vo-obedinetoto-kralstvo-zaradi-odlukite-za-zatvorane-povrzani-so-kovid-19/#respond Tue, 03 Oct 2023 07:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=884473

Политичките одлуки околу „заклучувањата, односно т.н. локдаун) ограничувањата за патување и физичкото дистанцирање за време на пандемијата на коронавирус ќе бидат под микроскоп со почетокот на следната фаза од истрагата за Ковид-19 во Велика Британија. Работата на владата на Обединетото Кралство за време на кризата ќе биде под лупа во текот на следните недели, бидејќи истрагата ги испитува клучните одлуки во Вестминстер помеѓу јануари 2020 и февруари 2022 година, кога беа укинати конечните ограничувања поради Ковид-19 во Англија. Истрагата, предводена од бароницата Хедер Халет, ќе ги испита и одлуките зад регионалните ограничувања, работа од дома нарачки; совети за носење маски и гранични контроли, јави ДПА. Ќе ги испита податоците за моделите на научниците, кои дадоа проценки за трансмисијата на вирусот и стапката на смртност. Министрите и другите владини функционери се очекува да дадат докази за време на вториот модул од истрагата, насловен како „основното одлучување во Обединетото Кралство и политичкото управување“. Во улога на сведоци ќе има стручни советници, вклучително и членови на Научната советодавна група за итни случаи (SAGE); државни службеници и здравствени службеници од Националната здравствена служба (NHS), Одделот за здравство и социјална заштита и сега веќе непостоечката јавно здравство Англија. Истрагата соопшти дека „ќе посвети посебно внимание“ на одлуките донесени од тогашниот премиер Борис Џонсон и неговиот кабинет.  Клучниот доказ најверојатно ќе ги вклучи пораките на Џонсон во WhatsApp. Уредот што тој го користел за време на клучните периоди на пандемијата на коронавирус треба да содржи пораки кои се однесуваат на наредбата за три заклучувања во 2020 година, наведува Би-Би-Си. Истрагата ќе одржи и конкретни сослушувања за „стратешките и сеопфатните прашања“ во Шкотска, Велс и Северна Ирска. Јавните расправи за вториот модул на истрагата ќе започнат денеска во Дорланд Хаус во Лондон. Јавната истрага не е судски случај или кривично судење и нема санкции на крајот од процесот. Претседавачот нема овластување да испрати некого во затвор или да изрече парична казна.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istraga-vo-obedinetoto-kralstvo-zaradi-odlukite-za-zatvorane-povrzani-so-kovid-19/feed/ 0
Британија ја одложи забраната за продажба на нови автомобили на бензин и дизел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odlozhi-zabranata-za-prodazhba-na-novi-avtomobili-na-benzin-i-dizel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odlozhi-zabranata-za-prodazhba-na-novi-avtomobili-na-benzin-i-dizel/#respond Wed, 20 Sep 2023 20:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=880012

Конзервативниот британски премиер Риши Сунак денеска ги забави плановите на Велика Британија за справување со климатските промени, најавувајќи одложување на забраната за продажба на нови бензински автомобили за да ја задржи јавната поддршка за транзицијата кон нула емисии. Сунак нагласи дека останува посветен на правно обврзувачката цел за постигнување нула емисии до 2050 година, но и дека Велика Британија може да си дозволи побавен напредок бидејќи е „далеку пред која било друга земја во светот“. За да ги ублажи, како што ги нарече, „неприфатливите трошоци“ за енергетската транзиција за британските домаќинства, Сунак го одложи спроведувањето на забраната за продажба на автомобили на бензин и дизел, од 2030 на 2035 година. Тој најави олеснување на транзицијата од плински бојлери и дека нема да ги тера домаќинствата да ја подобрат изолацијата. Сунак рече дека ја менува мерката затоа што претходно властите пребрзо се движеле кон целта за нула емисии, без да ја добијат поддршката од јавноста. - Ако продолжиме по тој пат, ризикуваме да ја изгубиме поддршката од британскиот народ, а реакцијата што ќе резултира не само што би била против конкретните политики, туку и против самата поширока мисија, рече Сунак на прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odlozhi-zabranata-za-prodazhba-na-novi-avtomobili-na-benzin-i-dizel/feed/ 0
Една година од смртта на кралицата Елизабета Втора https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-godina-od-smrtta-na-kralitsata-elizabeta-vtora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-godina-od-smrtta-na-kralitsata-elizabeta-vtora/#respond Fri, 08 Sep 2023 08:30:44 +0000 https://kurir.mk/?p=875945

Велика Британија денеска со приватни почести без јавна церемонија ќе ја одбележи првата годишнина од смртта на кралицата Елизабета Втора, која владееше 70 години, а чиј престол го наследи нејзиниот син, Чарлс Трети. Кралицата Елизабета Втора (96) почина на 8 септември 2022 година во нејзиниот замок Балморал во Шкотска, каде традиционално летуваше. Потоа започна период на национална жалост во кој стотици илјади Британци чекаа со часови да и оддадат последна почит на кралицата и да се поклонат пред нејзиниот ковчег. Една година подоцна, ниту еден голем јавен настан не беше планиран за комеморација. - Со голема наклонетост се сеќаваме на нејзиниот долг живот, нејзината посветена служба и сето она што таа значеше за многумина од нас. Исто така, длабоко сум благодарен за љубовта и поддршката што ни ја покажувате на мојата сопруга и мене оваа година, бидејќи правиме сè што можеме за да ви служиме на сите вас, истакна кралот Чарлс Трети во снимена порака. Според неодамнешната анкета, Кралот Чарлс е помалку популарен од неговата мајка односно 59 отсто од Британците веруваат дека кралот добро си ја врши работата, додека 17 отсто го мислат спротивното. Како симбол на поврзаност со речиси целосно изумрената генерација која се бореше во Втората светска војна, Елизабета Втора беше единствениот монарх кој најголем дел од Британците го паметат. Елизабета Втора го презеде тронот 1952-та година по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ 6-ти. Беше крунисана на 2-ри јуни 1953-тата година на возраст од 27 години. Децениите кои следуваа донесоа огромни промени, со колапсот на Империјата во некогашните колонии и драматичните промени во британското општество и неговите ригидни норми во текот на 60-тите години. Елизабета Втора како шеф на британската држава, во согласност со правилата на уставната монархија, во текот на своето владеење соработувала со дури 15 британски премиери, започнувајќи со Винстон Черчил и завршувајќи со Лиз Трас, на која и го додели мандатот пред само неколку дена. Со британските премиери во текот на своето владеење таа не престанала да одржува средби еднаш неделно. Во промените услови, британските историчари оценуваат дека таа ја реформирала монархија, фокусирајќи се повеќе на присуство на јавни настани и средби со своите поданици. Од бракот со својот сопруг, Принцот Филип, Елизабета Втора имаше четири деца. Нивниот прв син Чарлс е роден 1948-та година, потоа принцезата Ана, родена две години подоцна, принцот Ендрју 1960-тата година и принцот Едвард во 64-тата година. Од своите деца, Елизабета беше баба на 8 внуци и прабаба на 12 правнуци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-godina-od-smrtta-na-kralitsata-elizabeta-vtora/feed/ 0
Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја, вели најновото истражување на лондонски Тајмс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-poveke-ne-mozhe-da-se-opishe-kako-hristijanska-zemja-veli-najnovoto-istrazhuvane-na-londonski-tajms/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-poveke-ne-mozhe-da-se-opishe-kako-hristijanska-zemja-veli-najnovoto-istrazhuvane-na-londonski-tajms/#respond Wed, 30 Aug 2023 17:00:41 +0000 https://kurir.mk/?p=872644

Резултатите од најновото истражување на лондонскиот весник Тајмс покажуваат дека три четвртини од свештениците на Англиканска црква изјавиле дека Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја. На прашањето дали мислат дека „Британија може или не може да се опише како христијанска земја“, само една четвртина (24,2 отсто) од свештениците одговориле дека Велика Британија денес може да се опише како христијанска земја. Од друга страна, речиси две третини (64,2 отсто) оцениле дека Велика Британија може да се нарече христијанска земја, „но само историски, не моментално“, додека 9,2 проценти од испитаниците одговориле со „не“. Според податоците од пописот во 2021 година покажуваат дека процентот на луѓе кои се идентификуваат како христијани во Англија и Велс првпат е под 50 односно 46,2 отсто, со истовремен пораст на „нерелигиозни“ лица, чиј процент изнесува 37,5. Истражувањето исто така откри дека повеќето свештеници сакаат црквата да одобри истополови венчавки и да се откаже од своето противење на предбрачниот и геј сексот. Повеќе од 53 отсто од анкетираните свештеници поддржуваат црковни венчавки за истополови парови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-poveke-ne-mozhe-da-se-opishe-kako-hristijanska-zemja-veli-najnovoto-istrazhuvane-na-londonski-tajms/feed/ 0